Аналајз дис

27 Апр 2014

 

Аналајз дис

 

Вистина, пренесување на факти…истражување…информирање на читателите, предочување на фактите и информациите пред неговото височество читателот или гледачот. Што тресам јас овде “зелени”, што се занесувам ко скопски фраер пред охриѓанка. Какви вистини….какви факти…Мислени именки за нашите медиуми, посебно за онлајн порталите. За воља на вистината, има едно “проектче” за лапање грантчиња од великодушни и “добронамерни” такс пејерс од америчкине стејтои, кое треба да се занимава со вистината и да биде “сервис на граѓаните за проверка на фактите во медиумите”.

Епа…кредибилитетот на сервисот и неговите проверки на фактите ни се добро познати, а неговите анализи имаат тежина и се релевантни исто како забрана за пушење во чајџилница во Мала Речица. Но сепак, еве ќе ги повикам…освен анализите кои во најмала рака се тендециозни и чиста пропаганда со опозициски шмек, да направат анализа и на следниве два текста. Сигурен сум дека има уште неколку, исти ко ископирани, но ете нека бидат овие два.

ТЕКСТ 1

ТЕКСТ 2

Бомбастично е објавена вест која вели дека Макдонија според некој институт била рангирана на 11 место во светот според индекс на сиромаштија. КАТАСТРОФА. Каква вест, и тоа баш во предизборен молк. Ние сме биле сиромашна замја. Колку е релавантен институтот и каков е кредибилитетот на неговото истражување јавноста знае исто колку и за парењето на дождовните гуштери од Амазон. Веројатно и ова истражување е релевантно исто колку и анкетите и прогнозите за првиот изборен круг кои ги објавуваше агенцијата Рејтинг.

Ама тоа не е важно. Исто така ни едниот ни другиот портал не најде за сходно да објави дека на таа листа пред Македонија според индексот на сиромаштија, кој најмногу го чини невработеноста но и степенот на инфлација и цените, се наоѓаат две земји од ЕУ (Грција и Шпанија) и две земји од БРИКС (Бразил и Јужна Африка)????? Значи четири од десетте земји посиромашни од Македонија се од Европската унија и од БРИКС? Ма…па не е битно тоа.

За воља на вистината, Србија која е исто така далеку пред нас според сиромаштијата, и во двата текста е спомената. Исто така, патем, колку да не заборавиме ни напоменуваат дека сите земји од регионот се помалку сиромашни од нас. Не знам само Грција и Србија во кој регион се наоѓаат? Толку од независноста, вистината, неутралното информирање и етиката кај некои од нашите новинари и медиуми.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s