Инстант ѕвездите инстантно се гасат

14 Апр 2014

 

Инстант ѕвездите инстантно се гасат

 

И сега што?

Пискотници ечат по планини и полиња житни.

Од  Тафталиџе преку Стража

До вевчанско Горно маало

Плаче и коси корне и младо и старо.

Оти новиот херој на соушл мидиа, генијалниот поет и космополитот-хипстер  замина во својата приватност. Навреден и без јакна. А да не му студи…да не е тажен? Се повлече мирно, во стилот “попаметниот попушта” или  само сакаше да ни покаже дека навистина  “намерно си пукаше во нога”?  Се чини како со тој потег да сакаше да и даде нова смисла, поинаква димензија на старата “дошао је тихо и ушао у легенду”?  Да беше на запад, до сега FOX гарант документарeц ќе снимаше за него, а NBC ќе му направеше пилот за тв серија. Ма… Хенк Муди и Калифорникејшн вода има да му носеа. Вевчаникејшн. Да, тоа ќе беше новиот вистински хит.

Но тој не остана сам. Храбро и доследно на браникот (ко Јованка Орлеанка на барикадите) на неговата  невиност и безгрешност  застанаа илјадници очајни домаќинки, нервозни и нереализирани службенички и квази интелектуалки. Џоа влијателни градски фаци и инстант љубители на поезијата кои чиниш цел живот заспиваат со Елиот и Бодлер, со индигнација  ги отфрлаа безобразните напади од “сељачиштата неначитани”. Та како тоа херојот да биде неразбран? Како херојот со невина поетска душа безочно да биде нападнат и распнат од “лошине скопјаничишта”  кои нити поезија следат, ни генијалност разбираат а од романтика ич абер немаат. Тие кои по кафани цел ден седат и на невини поети  џакетчињата им ги крадат уште и херојот ќе го бербатат?  И бубле гуми на газови да му  лепат? Го избркаа. А сега иљадниците обожавателки чии слики на десктоп ќе држат? Дур пеглаат или ручек готват чии стихови ќе си мантраат. Со колешките напатени по внимание(не само за Осми март) и поезија чии фејсбук статуси ќе прераскажуваат и коментираат? Се потроши приказната до некоја следна. А замисли утре да  добие Нобел? Па како можевте да го избркате момакот напатен ој… скопјаништа лоши? Рече-“ Чао Facebook се гледаме! Може да, а може и не…”и го фати автобусот на Охрид експрес во 15.15….Стана легенда уште пред да стисне ентер. Патетиката смрди та за очи штипе.

Не Боби, не е прашањето “Чие е Скопје”. Барем не во случајот со “јакната на поетот”. Во овој случај во прашање се вистинските вредности  и искреноста или фолирантите и апологетите на нешто што е неодбранливо.  Не, не мислам на вредноста на поезијата  на фејсбук јунакот и неговата уметност. Уметноста секој ја перципира интимно, со своите лични сетила. Не сум јас тој кој ќе суди за литературните вредности на неговите песни. Прво, оти не сум квалификуван за тоа, иако тоа не ме спречува да имам свое мислење на истата тема. И второ, затоа што го разбирам Дарко. И јас , ко и тој ја имам маката наречена “нестрпливи прсти по замастена тастатура”. И јас ко и тој морам мислите кои ме чешаат в глава да ги извадам и да ги напишам во ворд, да ги споделам со некого јавно. Ја разбирам таа мака. Ова ти го пишува човек кој лебот свој насушен го заработува заедно со луѓе од  7 нации и со 3 различни бои на кожата. Никогаш човекот немој да го судиш според тоа од каде потекнува или каква му е бојата на кожата.  Гледај ги неговите постапки, неговите дела. Во случајов воопшто не се работи за односот помеѓу скопјаните или скопјаништата и луѓето од внатрешноста. Во овој случај во прашање е доблеста да се признае грешката. Никој не е совршен, безгрешен. Сите грешиме. Дарко згреши кога сите скопјани ги стави во исти кош и ги нарече крадци, сељачишта, шупаци и дегени. Дарко згреши кога на сите “ни се намоча во Скопјето”. Згрешија и неговите пријатели и “креаторите” кои наместо да го советуваат да се извини или дури и да биде поголем фраер од оние кои со право му одговорија и да направи шега на своја сметка, го “бранеа” и оправдуваа.

Со ваквото однесување само покажа дека не е ништо повеќе од исфрустриран, суетен  и напатен по популарност обичен млад човек какви ги има илјадници насекаде околу нас. Какви што  помалку или повеќе сме биле сите ние. Исфрустриран млад човек кој откако славата му удри в глава почна да се однесува како  “Карлеуша кога ќе и се скрши ноктот”.  Прашањето е и кој погреши  и зошто го испромовира во звезда и небаре нов Жак Превер човекот којете со овој чин, и со несакањето да признае дека погрешил и да се извини, само покажа дека не е тоа за кое јавноста го поимаше. Или поточно, дека не е тоа кое јавноста незаслужено и избрзано го направи да биде.

Впрочем…ако во скопски локал ја изгубил јакната(или му ја украле…сеедно) дали тоа значи дека сите скопјани се крадци??? Дали погрешија скопјаните што му ја украдоа јакната на “генијалниот поет”? Дали скопјаните треба да крадат јакни само од “обични смртници” а не од големите звезди?  Генерализирањето и навредувањето на сите скопјани само говори за суетата, леснотијата  да се судии плиткоста на карактерот на нашиот јунак. Да се осуди цел еден град и неговите жители без факти и докази. Проблемот лежи кај  поетот а не кај скопјаните. Постои само едно решение. Само треба да се биде доблесен и да се признае грешката. И едноставно, Дарко треба да им се извини на Скопје и на скопјаните. Ма какви и да биле тие. Ако не му се допаѓаат, ако скопјаните не се достојни да бидат во друштво на  неговиот интелект и генијалност, ако не се на доволно високо ниво за него,  едноставно нека ги избегнува, нека не дозволува да му се судираат патиштата со лошите скопјаништа. Ете го Вевчани, Охрид, Њу Јорк, Токио…таму нема лоши скопјаништа, таму не крадат јакни.Некој во целава приказна си го покажа вистинското лице. Не е само Дарко. Мислам дека и дел од скопјаните се тие кои го покажаа вистинското лице.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s