Паталци

04 Декември 13

Паталци

Не знам дали сте слушнале, но има една голема и важна новост. Да. Последниве неколку месеци во МВР и сите негови структури се работи на измени на подзаконските акти и сите правилници. Да…иако не е официјално најавена и претставена на јавноста, сепак оваа активност е многу интензивна и на големо се работи на овие многу значајни измени. Во интерес на одредени здруженија на граѓани со специјални потреби, МВР започна со подготовки за имплементација на новите процедури во работењето.  Граѓаните со специјални потреби се многу важни во нашето општество, затоа МВР одлучи да им помогне.

Браво. Но за што се работи? Кои се и какви се тие здруженија на граѓани со специјални потреби? Здружение на глуви и наглуви лица? Не. Сојузот на слепи?  Инвалиди на трудот, Сојуз на борци….? Не..не.  Ништо од тоа. Тоа се здруженија на заслужни граѓани или  граѓани со посебни потреби. Во овој случај се работи за граѓани со “специјални” потреби. МВР и досега излегуваше во пресрет на овие здруженија, но овојпат се работи за сериозни измени и унапредувања на постоечките правилници , а се со цел да им се олесни животот на граѓаните кои припаѓаат на групата граѓани со специјални потреби.

Значи, се работи за нешто  сосема друго, ново здружение на граѓани со многу посебни, специјални  потреби. Малку необичното име гласи: “Сојуз на граѓани ПАТАЛЦИ” Членови на оваа асоцијација се:

  • граѓани/активисти со оштетени колена од  активности во канцеларијата  на политичкиот комесар,
  • граѓани со изразена потреба од активизам заради  себе промовирање и прибирање значајни средства од ЕУ грантови,
  • хронични снобови,
  • граѓани самонаречени бранители на човекови права и слободи на ЛГБТ популацијата и  на бесправно и неправедно кривично гонети  опозиционери
  • и граѓани и политички активисти кои се многу напатени од неостварена желба за власт и од преголема желба за остварување на личната вендета кон некој поединец-член или кон политичката партија на власт во целост

Да , навистина напатени и исфрустрирани граѓани. Но еве за да биде по практично, ќе ги наречеме ПАТАЛЦИ. Да појаснам. Според типовите и карактеристиките на членовите, делува дека се работи за голема групација на граѓани, но податоците говорат за тоа дека всушност една мала група исти граѓани спаѓаат во повеќе од посочените категории. Еве еден пример кој пластично ќе ја илустрира вистинската слика за повеќето членови на оваа асоцијација. Значи,

  •  лицето Н.Н е по вокација новинар (како мал учителките секогаш му ставале срценце и смајли на рачето кога пишувал песничка за пролет) кој со цел за себе промовирање во потенцијален ПР директор, портпарол, Секретар за информирање во градска организација на комираната опозиција , или барем на некоја општина или (дај што и да е) урбана заедница, често пристапува кон оштетување на своите колена од активности во кабинетите на политичките комесари.
  •  истото лице Н.Н е активист со огромна потреба од средства заради хроничниот снобизам  (два елемента кои се право пропорционално поврзани-што поголем е снобизмот, повеќе средства се потребни за исполнување на потребите на снобот)
  •  истото лице Н.Н е бранител на човекови права и слободи  на припадници на ЛГБТ и невини опозиционери  осомничени за криминал  ( тесно  поврзано со предходниот елемент-за да се задоволат потребите од погоре, преку активности во НВО кое се бори за правата на “напатените” лицето се активира и со максимална посветеност дава се од себе за средствата од ЕУ грантовите безбедно легнат на негова сметка)
  •  и конечно, истото лице Н.Н е напатен граѓанин кој уште од  дете (кога Мики за еден глас поткупен со ужинка му ја зема функцијата Претседател на 4 б оделение)  сонува конечно да заземе некоја владејачка позиција, посебно затоа што истиот Мики веќе неколку години чисто за негов инат е во владејачката гарнитура на висока позиција.

Значи, МВР, за да им излезе в пресрет на  ПАТАЛЦИ групацијата, започна со активност и во насока на  измени кои значат дека секоја акција на униформираниот дел на полицијата, и специјалните единици, насочена во правец на лишување од слобода на лице барано од судот, или лице осомничено за  криминал, а член на горе споменатата асоцијација мора уредно да биде пријавена до Акциониот тим на групацијата ПАТАЛЦИ наречен Гандиеви внуци.  Акциониот тим може да биде контактиран и преку веб страната clenstvotoznacimirisloboda.sds .

Доколку по некоја случајност МВР не ја извести групацијата ПАТАЛЦИ за одредена акција, тогаш веднаш се активира Гандиеви внуци  тимот, и почнува со интензивно известување на сите ЕУ институции вклучувајќи го портирот Хелмут и хигиеничарката, тетка Моник.

Според договорот, потпишан со посредување на нашите пријатели од ЕУ, акциите на МВР мора да бидат објавени во Службен весник и во најмалку еден дневен весник и една телевизија со национална концесија a од опозициона провиниенција најмалку 3 дена пред терминот на акцијата, а субјектот ( осомничениот ПАТАЛЕЦ) мора да биде известен со уредна достава, потпишана од осомничениот и најмалку 3 членови на неговото семејство и еден сосед со кој не е искаран (овој услов се испостави како многу тежок за исполнување).

Акциите мора да бидат надгледувани од третата засегната страна, Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает”, и  од Гандиеви внуци тимот, а примената на сила при апсењето мора да биде во корелација со движењето на звездите на небото. Односно, припадник на МВР смее да примени сила врз лице кое треба да се лиши од слобода само ако додека трае акцијата падне некоја ѕвезда. За таа цел е ангажирано Астрономското здружение Соларис, кое учествува во секоја акција на МВР со еден свој член кој континуирано го надгледува небото. Во облачни ноќи забранета е примена на секаква сила, напротив, обврска е  на припадникот на МВР е да му понуди кебенце на осомничениот. Облачно небо подразбира ниски температури и настинки, а никој тоа не го посакува. Аналогно на ова, апсење во дневни услови не смее да содржи примена на сила оф ени кајнд, а кебенцето може да биде заменето со чај од нане со лимун (2 кришки) и 3 месечна претплата на списанието “Здравјето на ПАТАЛЕЦОТ – наш приоритет”.

Доколку се јави потреба од итна акција, односно доколку член на Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает” или на ПАТАЛЦИ групацијата има неодложна потреба од криминална активност, а припадник на МВР се најде во негова близина, постојат две опции. Или припадникот на МВР да се оддалечи од местото на случувањето или да го замоли господинот да биде по внимателен зошто може некој да го забележи.

Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает” имаше забелешки на оваа нова пракса на МВР, и бараше известувањето да биде доставено заедно со доказ за уплатени 2000 денари на сметката на Фондот на трагично уапсените членови на здружението-“Идризово младост моја”. Заеднички јазик е најден и договор е постигнат со помош на Гандиеви внуци, и сега се уплаќаат средства во висина од 1000 денари и секој уапсен добива бесплатен примерок од Билтенот на Гандиеви внуци “Патам значи постојам”.

Досегашната примена на овој договор покажа неколку слабости, но не значителни. Во неколку случаи заради не редовна достава на лимон, чајот бил послужен без истиот. Гандиеви внуци се обврзаа секогаш да имаат по еден лимон со себе за во случај на недостаток на истиот кај органите на МВР. Општо гледано, задоволството е големо кај сите партиципиенти, а “Здружението на граѓани повредени при пад од висината на своето его на висината на својата интелигенција” најави свое учество во активностите за подршка на ПАТАЛЦИ.

Во знак на благодарност, Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает”, најави дека редовно ќе ги посетува домовите на сите членови на Гандиеви внуци и  ПАТАЛЦИТЕ, во време кога домовите им се празни, со цел да им помогнат истите да бидат  исчистени и  да се ослободат од сиот непотребен а вреден  имот. И онака Гандиеви внуци се познати по спартанскиот живот и непотребниот луксуз ги оптоварува. Освен Луј Витон и Сваровски, но тоа е сосем друга приказна.

П.с. Познато е дека кај нас гласините брзо се шират, така и веста  за овие измени во работењето на МВР веќе е раширена помеѓу жителите на КПД Идризово и Истражен затвор Шутка и потенцијалните нови ПАТАЛЦИ таму. Најдобар доказ за тоа се резултатите од последната анкета спроведена меѓу овие наши сограѓани, жители на овие институции. На прашањето што најмногу ви недостига во затворот, одговорите биле следни:

  1. – Сармата на мама – 11 %
  2. – А1 телевизија – 5 %
  3. –  Резервна батерија за мобилен , модел Самсунг Галакси С4 – 21 %
  4. –  Членска книшка од СДСМ – 63 %

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s