Поголем католик од Папата

20 Декември 2013

Поголем католик од Папата

Ете, повторно е тој период од годината. Драма, притисоци од сите страни, нервоза и непотребна вознемиреност кај големото мнозинство од нацијата. Не…не мислев на приближувњето на датумот на можната реприза од ланскиот “црн понеделник” во Парламентот и  “драматичното” изгласување на буџетот.  Драматично најмногу заради познатата “филмска”сцена со големите ново откриени нејчурал таленти на македонското глумиште, натуршчиците Шема и Рада, во која главниот јунак сосема несебично и храбро (како херој од некој познат италијански “јуначки” еп) ја спасува принцезата од канџите на аждерот и на раце ја изнесува надвор од опасната зона. Ех, да непукнеш…се наежив…

Не мислав на тоа, иако Парламентот деновиве ни донесе уште еден настан кој го привлече вниманието на јавноста посебно на стручната. Да, на членовите на националната Асоцијација на  психијатри и на едно чудо хејтери  и онлајн плукачи кои по овој ивент си ги излижаа плуканиците кои до вчера  во огромни количини ги исфрлаа кон сега веќе новиот хироу оф ди ауар. Чудо едно колку само малку кај нас фали хејтаниот и исмеван да се претвори во нов идол на напатените, лидер на “угнетуваната” портал заедница и ударната тупаница на килавата опозиција,  спасител на притиснатите медиуми и замолчените новинари кои се до толку замолчени што само уште што не почнале секое утро ластици да му маваат на Грујо и да му бараат извештај за видот на пастата за заби која ја користел,бојата на пижамите во кои спиел и што појадувал.

Да, погодувате. И овојпат собранието беше сцена на која видовме говори на неколку класични примери на претставници на групата граѓани за кои пишував пред неколку колумни. Односно граѓани и политички активисти кои се многу напатени од неостварена желба за власт и од преголема желба за остварување на личната вендета кон некој поединец-член или кон политичката партија на власт во целост. Точно…се работи за ПАТАЛЦИ по власт, моќ и внимание од политичкиот комесар, од групата новинари, подрупа ПЕЧУРКИ (термин авторизиран од Фрчко). Нема да се повторувам, само ќе кажам…ако до сега мислевте дека гледањето и слушањето настапи на парламентарците ви беше траума, ви ја навредуваше интелигенцијата и ви предизвикуваше мачнина  и чуство на срам заради туѓите постапки и сожалување заради дефицитот на морални вредности како каратерни особини кај истите, тогаш надзорната расправа во Собраниската комисија за политички систем  на која говореа новинарите и “новинарите” ви покажа дека имало од лошо и полошо. Да, секогаш има и полошо. Сега знаете , посебно после настапот на ПАТАЛЕЦОТ од прв ред, кратовчанецот кој се одзива на никот АНАЛитико или ПОЛИКЛИНИКО, како сакате. Ете…после неговиот настап знаете, меѓу другото, зошто жалат и колку им е тешко на неговите родители кога сфатиле што креирале и колку заради тоа сознание им е мака што немало некој да ги упати дека би им било подобро во критичниот момент да користат кондом.

Но не е настапот на ПАТАЛЕЦОТ толку битен и нешто многу посебен. Тој е секогаш таков. Не, лажам….На почеток на неговата “кариера” настапите му беа во друг правец, повеќе како подршка на власта, во обид да се закачи на некоја буџетско-маркетиншка цицка. Но, откако ниедна владина институција не му се најде за молзење, тој ете, како и мнозинствто ПАТАЛЦИ, го заврте листот и стана најголем опозиционер, ма дури и  “поголем католик и од Папата”. Тоа што и од опозицијата го есапеа исто како и прерискиот зајак од Чиле и неговите проблеми за време на менопаузата, го исфрустрира до тие граници да откако испоплука се живо и мртво од политика и естрада, почна да се кара со својата сенка.

Значи, не беше АНАЛитико тој, туку реакцијата на неговите хејтери/обожаватели е хајлајтсот по овој настан. И да баравме немаше толку лесно и по само еден 5-6 минутен настап пред камерите да добиеме потврда на нашата позната:

“Кога сум безизлезна ситуација на очај и безидејност, а со изгледи за победа како оние на жабата против шлеперот, непријателот на мојот непријател екпресно станува мој пријател, иако до вчера сум се мајтапел со него и сум го плукал насекаде и при секое споменување на неговото име сум се гадел и сум правел пу..пу..пу…”.

Навистина, колку само ефектно испливаа на површина сите  повраќаници изблуени врз  “новинарскиот” вонаби  дисидент од Кратово а од смрдеата на  реакциите на неговите нови симпатизери екосистемот во државата се наруши и загаденоста на воздухот во Скопје драстично се зголеми. Ма не се дише веќе, па  би ве замолил сите, дајте му на ПАТАЛЕЦОТ што бара, ма дајте му се, само нека престане со предизвикување вакви реакции кај пишман-аџиите. Нека престанат да ја трујат и загадуваат околина. Смрди мики,  корне, до толку да творовите во Северна Америка почнале со масовни самоубиства, а последните членови на племето Смрдлива Уста започнале потпишување петиција со која бараат од властите да им се издаде државјанство на сите довчерашни хејтери а сега најголеми фанови и подржувачи на АНАЛитико за да можат да ги примат како почесени членови на племето.

Ма смрди и труе повеќе и од оној генијалец, професорот (за кој ќе се потрудам никогаш да нема можност да ги труе моите деца) кој јавно признава дека е неспособен и  дека е дел на друштво на неинвентивни, политички импотентни  и безидејни ликови за да ја анимираат гласачката јавност на своја страна па затоа бара странци да ни ја кројат судбината. Да го инсталираат на власт него, како најгенијалниот во државата де. Да, втора шанса, затоа што кога имаше шанса и кога беше на власт во деведесетите беше индиспониран и не беше во форма баш (за малку ќе му го убиеа претседателот а тој купуваше коњи и рејбани за полицијата) и не можеше да се истакне се некоја активност  и резултати за општо добро. Освен она сега веќе познато, според сведоци од тоа време, креирање новинари во деведесетите и нивно одгледување “како печурки во подрум, на темно, и хранети со измет”. И после ние се чудиме зошто ни смрди во медиумите? Иако, оваа негова активност со печурките, од денешна перспектива покажува резултати само за неговата партија. Па така де…прво за себе и блиските…а за останатите ако остане, или ако заслужат. Нејсе…

Не мислев на ова. Мислев на “Празици се ближат, кредитни картички се пеглаат и лижат”. Да, забележавте дека се наближува најголемиот македонски празник после Златна Бубамара, Сент Валентајн деј и Нова Година ( 1 Мај е вон конкуренција заради двојното значење заедно со 2 Мај и традиционалната “скара на дождот, пиво во реката и мравки во салатата”). Точно, добро забележавте, доаѓа Кристмас. Па како може некој да не забележи? Нашите медиуми, посебно генијалните музички уредници и радио продуценти повторно здраво се потрудиле, како и секоја година да не потсетат дека се ближи најголемиот католички верски празник.

Да, нашите радио, па и телевизиски станици се однесуваат како “поголеми католици и од Папата” и редовно секојдневно низ програмите со оригинални свечени Кристмас џинглови не потсетуваат дека во земја во која 69 % од населението е со Православна вероисповед, 29% од населението од Исламска вероисповед  а  дури 1% од населението е од Католичка вероисповед се наближува католичкиот Кристмас. Браво. Ма сигурен сум ни радио Ватикан не го прави ова по посветено. Па сега едноставно мора да поентираме и да испратиме порака до ЕУ. Гледате ли како ние во Македонија се грижиме за верските права на малцинствата? По цел ден Мери Кристмас, Мери Кристмас и џинглбел песнички. И малите деца кај нас си ги потпевнуваат.

Тука секако треба да им се оддаде признание и на маркетинг агенциите кои секогаш многу инвентивно,  кај нас, во овој период од годината за нашиот пазар ги користат рекламите направени во Америка или Западна Европа. Нормално, тие реклами се наменски, празнични и се обраќаат до публиката која ако не во огромно мнозинство, барем  во пристоен број од 50-60 % е со Католичка вероисповед. Така нашите медиуми многу посветено верски ни ги едуцираат нашите деца. Со Кока Кола, елките, звончињата и подароците под елките. И веќе немојте да ве изненадува кога сите почнаа и Халовин да го празнуваат, го слават Сент Валентајн а не Свети Трифун, сите потпевнуваат џингбел а немаат никакво познавање за Божик и Бадник, и го исмеваат кршењето на погачата и паричката во неа. Е, уште и Тенксгивинг и мисирките ни фалат.

Да, знам…има и атеисти, луѓето имаат право на избор и се тоа. Јасно ми е. Но знам и дека јас како Православен христијанин имам право во мојата држава ако веќе на останатите им се посветува толку внимание и промоција, да му се посветува достојно внимание и на мојот најголем Православен празник Божик, по мојот верски календар и на мојот јазик.  Не само од државата и државните институции. Помодарството и снобизмот не изедоа и не направија медиумски преврзок во џебот на корпорациите и трговските гиганти од западот, за притоа да забораваме на своите јазик, култура, религија и традиционални вредности заради кои нашите низ историјата гинеле и кои помогнале да опстанеме како нација. До кога туѓото ќе ни биде помило од своето?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s