За Скопје и скопјаништата

14 Ноември 2013

За Скопје и скопјаништата

 

Да се разбереме. Не сум фан на Јунајтед, фејсбук игрици не сакам, бела боја и наменски постови не поштуем. Ретко пишувам тематски, на дадена ситуација ил ивент. Али за Скопје и моите омилени скопјаништа ќе напраам изузетак.

Ја ја иам таа среќа да на 13 новембар се родиле двете веројатно најважни (после моите Ема и Дино) нешта у мој живот. Мојата животна сопатничка (не дека патиме заедно…туку “патуваме”, да не речам трипуеме заедно) Даниела и мојот животен сопатник Скопје (пошо тој физички не може да патува, ваљда патиме заедно). Така да на 13 новембар ја секоаш сум на дабл дејт. Осим у ситуација као сега, коа сум фар фар ауеј, да не речам Богу иза леџа. Нејсе.

Пошто сум по дифолт контраш и увек весници почнуем да читам од средина, а не као сите од задна страна, и така ете сите пишуваат на 13 Новембар за Скопје, ја пишувам на дванаести или на четрнаести. Пошто Скопје го сакам, уште поише ги сакам скопјани. Нормално, но мет`р уат, безусловно. Као родителите шо се сакаат. Као децата што се сакаат. Не се објаснуе…се осеќа. Знаеш…коа некого сакаш, а не знаеш зошо. Љубиш и маните не ти сметаат, туку баш ти се симпатични. 

Добро, да не претерам. Ми смета по некоја мана али покушавам да ја видам у добро светло. Као на пример кај на друго место има луѓе као нашите сограѓани и како можеш да не ги сакаш нашите скопјани као главен елеменат на чорбата наречена Скопје. Скопјаничишта, скопски педерчиња, шминкери, лигуши, како ли се не не викаат нашите браќа од внатрешноста во државава и околу…ама ние пак сме си уан оф а кајнд…Затоа ги сакам и почитувам моите скопјаништа.

• Скопјани као јуник егзампл на луѓе кои секоаш идат кај шо никој не ги сака (Охрид, Битола, Грчка, Бугарија, Бит Пазар, Матка и у Веро). И за инат, за сите пари, ги трошат парите што уште не ги заработиле, да изгорат ко хепо коцки, да се здрват ко земја, да се налокаат ко мајка и да изедат ќотек ко деца…и така пак и пак. И следниот пат…со допунска услуга…фарбање хауба у Солун у пастелни бои и кршење задни светла на аутото. Плус таканаречена “хебларина”, порез за оштетените охридски хебли од скопските аута и грбовите на скопјани као посетители…


• Скопјани као луѓе кои секогаш 
се совесни возачи и освен душек за пливање останат од викендот у Охрид од  последниот 2 Август, остатоци од ќумурот од последната скара на Марков манастир, празни флаши пиво за кауцијата и фикусот на таштата кој требаше да и го однесе последниот пат коа заглави на по една со Јоцо, секогаш во гепек имаат и безбол палица. Џаст ин кејс. Оф топик….А зошто некој не основа бејзбол клуб у Скопје. Мислам, со толку бејзбол палици…???

• Скопјани кои секогаш имаат пари за добри аута, а никоаш немаат пари за паркинг (па после ги користат безбол палиците за да се разберат со дечкото од каса или пајак службата)


• Скопјани кои увек колата ја поправаат пред зграда и увек ја викаат саканата од седми да дојде да им ги заврти рукавите од кошулата. А 10 минути после пак ја викаат да се симне и да им го извади упаљачот од џебот на фармерките
. Да не се испрљаат зошо мислат на неа дека пак треба да укључуе машина за перење

• Скопјани кои ти се брат нејбр френдли тотално. Глеаш како коа Ноле тепа, ние сме хепи да покажеме дека комшијата си го сакаме више него себе, дека не има више и дека сме погласни него у Београду и ако треба и рафал ќе потрошиме…од тераса, брат…за брата Нолета…Нема везе шо поима неаме шо е форхенд… тај брејк ил гејм. Коа не е Столе и нек е Ноле брат, наше горе лист…


• Скопјани кои се едини и најбољи у свет потрошачи на далеку познатиот скопски бурек со сирење, посебно у ситни саати. Посебно е препорачливо да си стап напраен, да не знаеш кај си пошол и да не памтиш кај си јадел бурек сабајлето, за да избегнеш опасност коа ќе се освестиш да сакаш да го најдеш бурекџијата и да му ги преброиш ребрата
 (пак со палицата) пошо од бурекот пролив те растури ко Барса шо го растури Милан некни...

• Скопјани као редовни муштерии у маалски гранапи кои продаваат кинески фротирки по 80 денара (од кои се осеќаш ко да си се избришал со шмишајбна), тазе јајца (само секое трето се испилува коа ќе ги однесеш дома), сите можни петарди кои ретко пукаат, а најчесто додека ти се у џеб, паштети со рок на траење кој случајно е изгребан и прва класа оргинал урда за бурекот со сирење…И се тоа на рабуш, заради кој ти секој крај на месец правиш вуду магии да му се слоши на газдата, или се молиш  газдата да има дуг према УЈП и дека утре дуќанот ќе го раздени нов газда. Ако процедурата не успее, пристапуваш кон пријавување на газдата за не издавање фискални и за продавање алкохол по 19.00. И тоа некни коа пола саат го молеше да ти учини оти имаш друштво за утакмица и ти требаше пиво…


• Скопјани кои го измислија ноќниот живот на Балканот и даље. Ноќен живот кој е уште у главите на неколку генерации и се препричава ко легенда, ко мит, кој е на ниво на фантазмагорија. Као митот за скопскиот менаџер кој една вечер не излегол од дома и тоа изазвало помор на 
Гренладските бели патки и потрес на азиската берза и неколку покушаи на самоубиство…не потврдени од полиција. Ноќен живот од кој се изродија многу нови млади скопјанчиња, и многу нови тајкуни и газди. Ноќен живот у кој се измислија промотери и менаџери (за да полесно се дојде до изи риба и  фри алкохол и да не мора при дневните активности често да се користи гореспоменатата палица) кои увек беа ин, најчесто у некоја млада и амбициозна цура од внатрешноста која се ќе даеше да се уклопи.


Ноќен живот кој ги измисли гратисите, за некого највеча идеја на угостителско туристички бизнис после таканаречените “крстени пијачки”, шо е сасвим друга прича. За некого гратисите беа добар начин да се постигне ефектот популарност и 
изи риба и фри алкохол. За газдите значеа многу пари. Одеше вака некако. Менаџерот кој е бог и батина, секс гуру и дечко кои обечава се и свашта ќе подели гратиси за одреден кафе-клуб, со најава за могучност дека….”таму ќе има гратиси за оној другиот клуб, а таму е правата журка”….оваа процедура се повтара 3-4 пути, од клуб на клуб, а жртвите на “гратисирањето” уште не се свесни дека од клуб на клуб ги ебале парите, се начукале у нада дека ќе се омрсат веќе у следниот клуб, и на крај завршуваат ко оној скопјанецот од погоре шо се омрси, ама само коа јадеше бурек со оргинал урда на место кое поима нема кај е. И боље шо не знаеше пошто беше пијан и прејаден недопечен бурек, се истури од пролив и повраќање и ако знаеше кај ли јадел бурек вчера ќе беше ..кај е палицата…Фак…

Мики…како некој може да не ги сака ваквите свои сограѓани. Ваквите брилијанти не брусени, ваквите луѓе со срца поголеми од новчаниците и од паметот. Луѓе кои го прават градот град. Зградите не се тие , мостовите и улиците не се тие што го прават Скопје град кој го сакаме, но мет`р уат. Некоја генерација се сакаше пред Ванила, некоја висеше пред Путник или се испраќаше на аутобус на Рекорд. Некои се збираа на Коцката, некои дремеа кај Фонтана парк. Сега некои нови, нашите деца ќе се собираат кај Јустинијан или Цар Самоил…некои ќе се љубат под Воинот пред фонтаната, некои ќе висат во Скопје Сити Мол или Рамстор, ама сите тие прекрасни луѓе се душата на моето Скопје и секоаш ќе бидат…само Скопјани и луѓе кои увек ќе ги сакам…но мет`р уат…


п.с. Се жалат луѓе на Скопје. На тоа дека се сменил, дека не е истиот. Па нормално 
мики…и ние се мењаме. Растеме и старееме заедно. Кај и да сме, секоаш заедно и со риспект. Тој што плука по Скопје, но мет`р уај, тој не е Скопјанец. Скопје и Скопјани се сакаат…безусловно…као родителите, као децата.

 

Advertisements

12 comments

  1. Веднаш штом наидам на текст во кој што се употребуваат непристојни и несоодветнолитературни зборови кои не се среќаваат во нашиот достоен мајчин Македонски јазик, чувствувам дека немам потреба ни да го прочитам споменатиот текст. Се надевам дека во иднина ќе посветите внимание на вашиот писмен речник, кој истиот ќе го збогатите и ќе го направите да наликува на МАКЕДОНСКИ текст, затоа што јас навистина неможам ни половина да разберам од напишаново.
    Секое добро.

    1. Јас и моите пријатели цел живот го користиме овој речник и овој скопски говор или сленг. Кој не разбира…негов проблем. Значи, овде нити пишувам докторска дисертација, нити некое литературно дело со не знам какви големи претензии да остави траги на јавноста. Едноставно…со уличен говор, каков се говори во Скопје, изнесувам мои ставови за одредена тема. Велат колку јазици говориш, за толку луѓе вредиш. Јас на пример, многу малку разбирам струмички или гевгелиски, па не се обидувам да ги натерам луѓето од тие краеви да го сменат својот говор. Овој текст е намерно напишан на скопски сленг…всушност, не е ни комплетно употребен сленгот во сиот негов раскош и убавина, и немам потреба никому да се правдам заради тоа. Останатите текстови се пишувани со македонски литературен јазик, колку е тоа во моите можности и знаења. П.С.Па и не мора секој, посебно не арогантен и надуен вонаби лектор да ги чита моите текстови.

      1. Kje recev kratko ………ali jebitachno 🙂 ama ne e kratok odgovorov na “vonabi” (ko)Lektoron od ozgora, taka da, samo jebitachno ostana :).
        U sekoj sluchaj – Django puca prvi a za shabani kao Makso – kamaj si druze, kamaj !

  2. ne se zboruva vo skopje polu vranjanski , ako e moda , e dobro ke ja prifatime , moda si e moda , inaku nad 200 god e tuka mojata familija i nikoj uvek ne upotrebuva i ne upotrebuvale tie sto se zaminati. sekoja cest za tekstot , ne mi treba odgovor , so odgovorot na prosliot komentar vo red e .

    1. Јас имам 48 години и роден сум и израснав во Скопје и на скопските улици( не буквално) Тоа што го пишувам од секогаш сум го зборел и јас и сите околу мене. Јас не сум измислил некој мој сленг. Како се зборело пред 200 години во Скопје не знам. Може мислиш на Скопје и скопски сленг у пеести и шеести, и у право си. Тогаш други зборови се користеле, за разлика на скопскиот у седумдести и осумдести.А глеаш у девеести па скроз други фори беа у оптек. Секоја генерација и секоја деценија има умешано прст у скопски сленг. Последниве 10-15 години донесоа сленг со модифициран енглеско-технолошки термини и кога се тоа ќе се измикса го добијаме денешниот скопски “Увек” се користело и се користи и сега. Рука вика ноги зуби астал никад …Пример, “мене рука никад не ме болела ама синоќа зуби си искршив коа се опнав од асталот. На ноги не сум можел да застанам. Тибам, ватевр… Ја сум по дифолт у секој скопски ивент и од мене нема чаре.” И више никад нема моето зборење да го објаснуем овде. Извини Пиги морално беше. Узми цефку и работи.

  3. Макси не е културно да не се преставиш, а да коментираш. А фторо (со Ф) зимај даљинското и оди на друг ЛИТЕРАТУРЕН сајт.

  4. Da de Кumanovci mozev da zboriv na Кumanovski, v Ohird moze da zborvit na Оhridski, в Prilep zboraAat na Prilepski, v KavadarCi che zboruuat na KavadarEchki, a Skopjani ke se praat KREMCI pa ke zborat ko sho nikoj nikad ne zborel od Matka do Belvi i nazad. Aj ik tamu u disko menadziraj ne prodavaj literatura na skopjanchishtaa moreee.

  5. 48 годишен си, а велиш дека од секогаш се употребувале сленговите како “дифолт, ватевр и сл..”. Врска нема…. Тоа се релативно новоприфатени сленгови.
    Туку пријателе, најди си друго хоби, не си аби времето, драгоцено е.

    1. Јас во коментарот убаво напишав “Секоја генерација и секоја деценија има умешано прст у скопски сленг. Последниве 10-15 години донесоа сленг со модифициран енглеско-технолошки термини и кога се тоа ќе се измикса го добијаме денешниот скопски “ Ама ти зошто би го читал тоа кога веќе по дифолт имаш негативен став кон мојот текст, а можам да се кладам дека ист таков став имаш и кон времеска прогноза, водич за тв програма и телефонски именик. Знаеш што, не ме интересира и тоа си е твое право. Нема да ти наметнувам ништо, ни што да правиш ни што да не правиш. Твој живот и твоја работа. Е гледаш во тоа се разликуваме. Ти мене ми кажуваш што да правам или не. Зошто те интересира што правам јас? Ако не ти се допаѓа, а ти не читај и не си го троши драгоценото време. Остани со здравје.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s