Да мики, сите сме луди на свој начин

27 Фебруари 2014

Да мики, сите сме луди на свој начин

 

Во оваа прилика би сакал да елаборирам   неколку мои опсервации на темата “Социјалните мрежи и интернетот општо,  како значајни елементи во процесот на созревање на адолесцентите и градењето на нивниот карактер под влијание на истите”, со посебен осврт на ”Влијанието на политичко-социолошко-општествените девијации и личните сексуални фрустрации во секојдневното користење на социјалните мрежи и интернетот”  …да не речам…кои се и какви се мрчаторите и хејтерите по фејсбук и твитер (затоа што  G+ е  сеуште ирелевантен исто  како  даночна пријава во Кондово или македонски новинар на твитер). Значи какви не има :

1.Политички дегенерирани фрикови (ПДФ)

– Луѓе кои буквално го сватиле она дека човекот е политичко битие, и за нив политикаа  е се. Кога се запознаваат (прифаќаат пријателство на ФБ  или заследуваат некого), прво провераваат политички бекграунд, национална припадност според историски период (антички или старословен-македонец) и:

-дали на профилот има присутни фотографии каде централно место има  македонско знаме со звездата од Кутлеш  (дали се користи Кутлеш или Вергина е многу битно)  а локацијата е најчесто во кафана на маса, или на свадба на прва братучетка.  Што по испотен е носителот на знамето, значи попосветен е на одбрана на истото, односно дека играл на патриотски песни.

-дали на профилот има присутни фотографии со споменици или барокни фасади (задолжително  присутен Воинот и фонтаната, т.е. кандидатот е присутен  на сликата а мудата на Букефал  висат во позадина)

-дали на профилот има присутни статуси и твитови со честитање верски празници и 8 Септември (се мери ниво на посветеност на верникот, дали е споменато Чудото во Св. Димитрија  и во кој контекст…хемиска реакција, Божје чудо  или  политички трик…)

-дали на профилот има присутни статуси или твитови  со бодрење на Македонска репрезентација (било која) со можност за додатно линкање до песната “Излези момче” и спомињање на “клетите душмани”

-дали на профилот има присутни линкови од Јутјуб со патриотски песни со коментари (тука задолжително  се проверува  дали е присутно спомнување на предавници и нивната блиска родбина од женски пол во смисла на пеглање и онадување…пример… “Да им е*ам се живо женско што имаат дома”. Во  некои ситуации се спомнува и мртво, ама тоа се екстремни сексуални девијации, што е сосем друга тема…)

-дали на профилот има присутни барем 3 големи кавги со политичка тематика (тука посебно се внимава на кавга со лице во родбинска врска, што поблиска подобро) и која страна се зазема во кавгите.

-дали на профилот има присутни твитови или статуси со хејтање на се што асоцира на Влада или држава (тука посебно се проверува квалитетот и нивото на хуморот кој се користи и тежина на личните навреди кон членови на Влада)

-дали на профилот има присутни  твитови или статуси со хејтање на се што асоцира на опозиција и предавници (тука се проверува  квалитетот на сексуалните пораки и до кое колено се оди во пцовките…деца, внуци или се живо…или мртво..)

-дали на профилот има присутни твитови со плукање по #Скопје2014 или #барок (се внимава на употреба на изрази каkо француски клуч/да живее Фрчко, топење бакар и  најава на сексуални активности спрема уметничката-творец на истите)

Ако овие елементи се присутни, стануваш пријател  или заследуваш или обратно ако не се присутни стануваш пријател или заследуваш, во зависност од твоите афинитети и колку е ликот политички контаминиран и од која политичка опција.  Ако случајно некој кандидат е маскиран во невин њуби корисник и го помине овој филтер, на прв знак на појава на некој од овие елементи се пристапува  кон бришење (со предходно добро изанализирани методите и активностите на Ванковска), под  итно анфолоу или блокирање на дотичниот, со предходно плукање и употреба на погрдни зборови.

Кај  ПДФ ликовите не важат родбински врски и непотизам, ако не исполнуваш политички критериуми, едноставно те игнорира или можно е само еднаш годишно честитање на роденден преку ФБ (само текс, без слика со шампањ). Кај овие ликови многу ретко приватниот живот е присутен на личен профил или твитер. Прво рано наутро, се пристапува кон социјалните мрежи и блуење и плукање по се живо од другатата партија а потоа се лајкуваат статуси и профили или се ретвитува од свои политички истомисленици. Следењето на овие принципи и ваквите корисници на социјални мрежи се нај битен елемент во процесот  на регрутација од страна на  партиите на нови политички елементи (лепачи на плакати) наречени КУРТОН-и(Кадидат за Ултра Ревносен  Трол во Организација кај Нас)

2.Сексуално загорени ликови (СЗЛ)

Мики, ова ти се типови и типки спремни за опсервација од Мастерс (не се мисли на тениски турнир) и Џонсон (не се мисли на Меџик). Потенцијално се сексуално опасни, посебно ако не онаделе или биле онадени (да не речам пеглани) во последно време. Што од друга страна ги прави многу  достапни за изи фри секс, без обврски…да не речам уан најт стенд. Ќе ги познаеш по:

– постојано постирање фотографии со еротика:

А) отворена еротика -голотија во форма на …полицаец облечен само во капа и чизми, а капата е на погрешно место, или девојка  што многу се изненадила кога ја сликале па подзинала или напрчила усни,  се наведнала и цело време нешто бара долу (опасност од  потенцијално настинување на јајници затоа што патем заборавила да облече  гаќички )

Б) прикриена еротика – цвет со пчела на него

-Постојано постирање видео клипови со песни од типот ….Vetar duva kiša sipi a pod nama krevet škripi. или …Mala moja dođi da sviramo malkice, ja dok sviram ti mi skini gaćice…

– Постојано твитање со хаштаг #порнопеток #цицки или слично, као ….”ја само се зезам…”, ама од самите твитови се забележува дека се работи за суша како онаа во Судан 1999….. Или секс  лани ќе имав за малку еднаш…а годинава поретко…

Тука спаѓаат и една подгрупа наречена #форевралоун (поприсутна на твитер) или типови и типки константно напатени по “љубав и пажња”. Слично како погоре спомнатите, со тоа што кај оваа подгрупа сексот е ирелевантен, повеќе се трага по “љубав живота”. Препознатливи се по постирање љубавни стихови и фотоси од згодни фраери и риби во не експлицитно сексуален амбиент(…под палма на плажа,со гитара… во самрак на некоја пољанка со цвеќе околу и слично романтично затупување)…твитаат на хаштаг #љубов многу се мили и нежни при дискусија…Секогаш сонуваат за   принцот на коњ, ама обично принцот го нема туку доаѓа фраер кој се однесува како коњ.

3.Вонаби Диџеј Ликови(ВДЛ)

Ова група е застапена главно на Фејсбук, заради карактерот и спецификите на мрежата, иако екстремисти од оваа групација знаат да се појават и на твитер и таму да го реметат редовниот #порнопеток и да дефокусираат.  Знаат со денови да постираат линкови од видеа со песни од Јутјуб. Од време на време има и по некој коментар на линкот од типот…”…мојата….”, ако се работи за љубовна песна, или …”јој где ме наџе”, или “..шо пие кафана…” ако се работи за турбо фолк.

4.И јас имам дете (ИЈИД)

Оваа група корисници на социјални мреже е заради  карактерот на истите поприсутна на фејсбук. Се карактеризираат со тоа што припадничките на оваа група им водат инат и им прават лиги на цурите  кои се припаднички на погоре спомнатата групација #форевралоун и природниот саат им шиба сто на саат. Се карактеризираат со постојано постирање на фотографии од бебе, најчесто нивно (во екстремни случаи се позајмува од сестра или братучетка, само за да покнат  душманките). Бебето е доказ дека коначно се омажиле и дека ревносно ја следат акцијата на владата за зголемување на наталитетот. Машката популација ретко припаѓа на оваа групација, ама ако потпадне под влијание на”бебе и негов осмех” као најако оружје на членовите на ИЈИД , тогаш потполно се посветува на активности од типот…”еве сум со син ми, куре татино да ми ти порасне поголемо…”. Некои повозрасни  корисници се членови на оваа групација дури и кога ќе добијат втора генерација за фалење…таканаречени  “внуци”. Во  екстремни ситуации кај корисници на кои ептен многу им се брза…”да и покажам на онаа кучкана од Центар дека и јас можам”, доаѓа до постирање фотографии кои се  во категоријата…”дај не ме јеби”…односно…”ја мислв дека сум луд, али ова е”…каде се постираат и ехо снимки…од некаде 6-7 месец трудноќа. Да…и ова е видено…

  Човекот мики, ти е најчудното животно  на денешницава….Кој помалку кој повеќе.  А да не беа социајлните мрежи, како ќе ги познаевме ситните лудости на нашите пријатели или непријатели? Да се разбереме…јас најверојатно сум по малку  во секоја од овие групи, ама тоа не ми пречи  да продолжам да се лечам, токму со користење на социјалните мрежи. И полесно ми е. Затоа што секогаш можам да  видам дека има и полуди од мене.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s