По што ќе знаеш дека си во Авганистан

05 Фебруари 2014

По што ќе знаеш дека си во Авганистан

 

Мики, во оваа прилика би сакал да елаборирам неколку  битни елементи суштински за полесно да се разбере како изгледа животот во Американска воена база во Авганистан. Се разбира…се ова важи како општа констатација и џенерал  дискрипшн, а детали и нијанси секогаш има различни во зависност од микролокацијата да не речам базата во која се наоѓаш. Значи кога си во Авганистан:

– На почеток, како гуштер, легнуваш на земја дури и коа ќе пукне ауспух од некое ауто. После некое време и при вистински рокет атак стоиш на отворено и си ја мантраш онаа старата “Гром во коприва не удира….гром во коприва не удира… гром во коприва не удира…” додека гледаш наколу да видиш каде ќе падне гранатата.

– Нај интимен контакт кој го имаш во последните неколку месеци е контактот со завесата од туш кабината. Кога ќе ја заменат, си викаш …”Еј…њу бејб ин д таун …” и имаш чуство исто ко да си фатил нова женска. Прајслес. Негативно во овој случај? Постои можност да навлечеш фетиш на најлон или гума и кога ќе се вратиш дома да станеш редовен муштерија на јавна куќа кај што се исполнуваат спешл риквестс.  Или можеш да добиеш оток на лево око од боксот кој ти го мавнала девојка ти кога си и купил најлонско-гумен веш за да го облече за тебе. Значи ова  може да биде или скапо или болно задоволство.

– Лежиш под кревет со шлем на глава и панцир на тебе  и на жена ти по телефон и викаш…”Ма нема ништо, ништо не се случува…досадно е, тоа па тоа…” . Корисно во оваа ситуација е што  си ги наоѓаш гаќите што ти ги снема прошлиот јули и гледаш дека парот глувци кои се доселија пред две недели сега веќе имаат принови.

– Од другата страна на оградата кај комшиите, има и зелена тревичка и се изгледа идилично, ама ти никако не сакаш да си таму. Посебно по последниот случај кога излезе дека некој од комшиите од надвор слабо вози па се заби со камионот во капијата од базата. А замисли, камионот бил натоварен со 3 тона експлозив. Па кој ли им дава возачки дозволи на луѓево овде?

– Гледаш околу тебе Индијци, Кенијци и Филипинци и тие те поздравуваат со “Ша има брате” или “ Куде си земо, да ти ебу д`н до пладне”, а од нивните  црвени маици ти се смее аплицирано шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

– Количината на песок во твоите чизми е приближна со количината песок во твојот нос. Твоја среќа што змиите можат да ти се пикнат само во чизми, а во уста и нос само шкорпиите и пајачиштата големи ко еден просечен смартфон. Тоа ако спиеш со отворена уста, што се разбира не е препорaчливо.

– Едноставното одење на туширање во јануари бара припреми како да си аплицирал за астронаут во спејс шатл. Чизми и капа се обавезни, батерија и рефлектив белт сакаш да имаш за да не те изгазат камиончиштата, а топлата вода понекогаш е наградата затоа шо си успеал да стигнеш жив и здрав до тушот.

– Твојот вајарлес интернет е трипати поспор од твојот интернет дома во 1997г , а трипати поскап од твојот интернет дома во 2014г. Кога ќе ти снема вајарлес, значи големиот грд камион пак се паркирал пред врата.

– Не ти треба будилник, те будат хеликоптери или во полош случај … БУУУМ …“Рокет атак, рокет атак…дис ис нот а дрил…ај рипит… дис ис нот а дрил…рокет атак…” Ти стануваш лупајќи ја со глава светилката што ти виси над кревет и пцуеш се живо и си викаш утре давам отказ и си одам дома. Барајќи го прекидачот да запалиш светло ја истураш лименката Фанта точно во левата чизма. Покрај чизмата, најчеста жртва во вакви ситуации е твојот лаптоп кој се крши дефинитивно и неповратно затоа што синоќа гледајки “цртани филмови” (и тоа упорно и до крај за да видиш дали младите на крај ќе се земат)  си заспал со него во кревет. Кога ќе се заврши узбуната си викаш “…значи кој фраер сум јас…. мала криза одма гомна да се јадело…пих…отказ…како не…седи си тука…будалче…земи си уште некоја платичка…”

– Бришење прашина од мебел има сосема друго значење. Кога ќе ти се смачи од оваа активност, едноставно го исфрлаш мебелот надвор и сам си правиш друг. Ова, се разбира никако не смее да го дознае жена ти.

– Се ориентираш во просторот со помош на бункерите…”Кај големиот бункер лево…па кај вториот мал десно…” Е сега, тоа што сите бункери се исти, само ќе ти помогне полесно да се изгубиш. Често поминувајки покрај бункер можеш да налеташ на филмски сцени од софт порн филм. И тоа во сите можни комбинации, машко+женско, машко+женско+машко(пазач од другата страна на бункерот), машко+машко, машко+порно списание и слично.

– Со комшиите стално се расправаш за таканаречената “Ничија земја”. Како што е “Ничија земја”? Па  калта во ходникот од шаторот кај што спиете, а за која никој не признава дека е негова и не презема одговорност.

– 40 степени во сенка е баш пријатно време. На 50 степени во мај си викаш “Тибам…летово изглеа порано ќе дојде годинава” и пожелно е кога сакаш да отвориш врата, пред да ја фатиш кваката да си ставиш заштитна ракавица. Од 60 степени па натака веќе не ти треба струја за да си свариш кафе. Пржење јајца на хауба е преценета работа и изгустирано одамна, па скоро и во Скопје да можеш да го направиш истото.

– После секое јадење, стануваш и ги фрлаш тањирите во канта. Ова никако не смее да ти стане навика, посебно не кога си на ручек кај родителите на жена ти.

– Те казнува воена полиција за возење многу над дозволената брзина, а ти возиш дури 23 км на саат. Ова, посебно ако си од Скопје, и не е ништо ново за тебе и веднаш се вклопуваш, само што многу ти недостигаат семафорите и кавгите со другите возачи.

– Најлесно го наоѓаш патот до најблискиот туш само гледајќи во земја. Само гледај доле и следи ги изгубените гаќи, пасти за заби и сапуни. Плус можеш да си ја збогатиш својата колекција папучи и козметика.

– Има толку добри фризури што гледајќи ги војниците и нивните фризури ќе помислиш дека времето застанало во 2002 за време на светското во фудбал во Кореа и Јапан и си викаш “Оној Роналдо бил далеку пред времето”

– Дур си поврзан дома преку скајп и гледаш утакмица од Лига на Шампиони, никако не прекинуваш дури ни кога ќе чуеш пукање на оградата од базата. Се разбира дека почнуваш да крчиш со уста, правиш разни звуци и го прекинуваш скајп муабетот секогаш кога женати ќе те праша да му позајмите пари на вујко и.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s