Тие ќе го направат светот подобро место за живеење

21 Фебруари 2014

 

Тие ќе го направат светот подобро место за живеење

 

Чудно. Гледам пред некој ден на CNN правеа накаква журка или банкет, нешто славеа. Среќа и возбуда кај целата екипа. Насмеани и среќни сите, иако вестите велат дека во Атланта повторно паднале дури 2,5 сантиметри снег и дека луѓето масовно ги напуштаат и ги оставаат возилата по патиштата и безглаво бегаат трчајќи кон своите домови. Сликата по патиштата  е чиниш сцена од некоја епизода од зомбистичната телевизиска серија Вокинг Дед. Не им е лесно на америте. Да, ние си имаме целодневни турско-индиски затупувања на нацијата а тие јадни глава не можат да кренат од зомбија и апокалипси. Кој што си заслужил, нели? Нејсе…

Гледам еуфорија во CNN и си реков нешто битно се случило. Веројатно Путин конечно ги сменил анти геј законите во Русија. Да, се понадевав дека после притисоците и лобирањата од западни формални и неформални групи и здруженија (плус CNN) Путин решил да попушти. Ако не друго, барем геј активистите кога ги апсат заради пропаганда, веќе да не ги врзуваат за радијатор како до сега туку за специјално за таа намена поставените сејфти метални држачи на плафонот. Да, дечките многу били немирни  им се мрдале при “превоспитувањето” и тоа предизвикувало оштетување на радијаторите и проблеми со греењето, па потоа геј активистите настинувале. Здравјето пред се, нели. Па ако се разболат, како потоа луѓето да одат на дообука по “Човекови права, еднаквост и љубов за сите” со акцент на “секс” и “бич”со посебен осврт на темата “Сите сме еднакви, ајде да кршиме камен со исти токмаци” во Институтот за превоспитување  и дообразование “Ребренко Кичменски” во областа Позадибоговскаја (Првуј поларниј круг) тука веднаш, две авионски станици  после Сибир. Ама не, не ќе да е тоа причината.

Или можеби  во CNN слават затоа што на Путин конечно му паднало жал и сакал да им “учини” на оние (исто ко и нашион Саше АНАЛитико) вонаби дисидентки, членките на  Пуси Рајот. Гревчиња, таман излегоа од “дупка” од реонот Позадибоговскаја, веднаш отидоа кај Аманпур во CNN на бендисување и “баци рака” па решија малку Олимписко сонце да ги огрее. Кога….оп… таму налетаа на козаци. Остај се, кај козаци, па тие уште и полицајци да ти биле со коњски камшици. А плус, Путин сосема не демократски донел во Сочи козаци кои воопшто да ти немале смисла за хумор,  не следеле музичко-политикантски трендови, не знаеле што се тоа перформанс, уметнички “дојам” и авангардна уметност со драпање гениталии на јавно место. Налетале Пуси Рајот на  Козаци без ронка сочуство за “цурите” (ова намерно во наводници затоа што извори од “Ребренко Кичменски” велат дека нивната женственост е во најмала рака куесчнабл енд даутфул и не биле сигурни дали да ги сместат во машкиот или женскиот оддел) и нивната потреба да го одработат грантот и хонорарот од гореспоменатите формални и неформални групи  и здруженија кои упорно работат на тема “Како максимално да го изнервираш Путин и да му го сјебеш задоволството од успешна Олимпијада”.

Тука најактивни секако се CNN.  Екипираноста и квантитетот на известувањето од Олимпијадата најдобро говори за тоа. Информациите од терен велат дека луѓето од CNN темелно и сеопфатно се  подготвиле за престојот во Сочи исто како да одат во Авганистан или Сирија, со панцири и шлемови, со акциони планови за извлекување на екипата во случај на немири и тероризам. Јанлаш…до сега ништо, најголема опасност и драма до сега е само по некое залутано џукелче по ходниците од хотелите.  Кога сме кај кучињата. Фрустрираноста и немоќта да влијаат на Путин да го смени законот за забрана за посвојување на руски дечиња сираци од  страна на американски семејства со посебен додаток и посебна забрана за геј парови да посвојуваат деца од Русија, доведе до тоа да добро инструираните америкаски олимпијци решаваат (од пусти инат) да почнат да посвојуваат кучиња скитници од Сочи. Да, почнаа да се однесуваат како шинтери и да собираат “јадни и жални” кутриња по Сочи, и нормално…се тоа е неколку десетици пати репризирано на CNN. Случајно некој загрижен борец за човекови и анимал права од Тенеси да не не ја видел сторијата и за да може доследно да продолжи да го мрзи Владимир Владимирович. А извештаите велат дека на Путин после тој прилог уште две многу значајни влакна му побелеле. Ама не, не е тоа причината за партито кај CNN.

Да не е заради успехот на некој од десетината специјални известувачи на CNN  од Сочи конечно да најде некој спортист не Американец кој не е задоволен од сместувањето и организацијата на Олимпијадата. Случајно да не успеале во Сочи да најдат некој кој не е Американец а кому му пречи што во Олимпиското село, во тоалетите тоалетната хартија стои лево од веце шољата, а не десно како што е “нормално” во фрикинг Вајт Харт Спринг (население 214 лица), Мичиген. Ма ништо…прославата во CNN не беше заради тоа. Подоцна дознав. Русите на Олимијада изгубиле на турнирот во хокеј и нема да освојат медал. Тоа е причината за бескрајна радост и среќа.

За сега Американците имат еден медал  повеќе од Русите и тоа многу ќе им значи од психолошки аспект и позитивно ќе влијае на моралот на сите оние 48 000 бездомници во Њу Јорк. Америка е подобра од Русија!!! Тоа е успех и тоа е значајно. Значајно е CNN да известува за анти геј законите на Путин, за кучињанта скитници и вратите во Сочи кои имаат кваки на “погрешна” страна или се отворале на лево наместо на десно. Важно за CNN е да го тролаат Путин затоа што не дозволува руските сирачиња да станат легално бело робје кај белосветските изроди и фрикови. Па “побогу” таквиот однос на Путин не е хуман и не е прифатлив за Западните демократии и меѓународната заедница.

А прифатливо е и не е многу битно што една компанија платила на друга за софтвер…фрикинг софтвер за чатање, трачање и онлајн затупување неразбирливи и необјасниви, не логични 19 милијарди долари. Пари кои се еднакви на годишниот бруто производ на 25 просечно развиени земји, пари со кои може на сите бездомници во САД да им се купат не по една куќа…туку по седумнаесет. Да живее истражувачкото новинарство и моќта и желбата на светските медиуми да помогнат да го направиме овој свет подобро место за живеење.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s