Умната теткица која сака да банира

07 Фебруари 2014 

 

Умната теткица која сака да банира

 

Теткици почитувам многу. Посебно оние од друштвото на Рон Џереми или Роко. Ама теткици кои мислат дека се од Бога дадени да делат памет на сите наоколу, без мерка или респект кон луѓето и нивните чувства, е тоа не можам да поднесам. Одењето во Црква не те прави верник, како што ни седењето во гаража што не те прави БМВ. Исто така ни бескрајното одење по школи и факултети не те прави интелектуалец. Интелектуалец е дел од карактерот кој го имаш или не, а не е бесцелно бубање како замена за недостатокот од пријатели или забава во тинејџерските години, најчесто предизвикани од мајка природа која кога те креирала била на тешки дроги, или во најмала рака мртва пијана.

Една “мудра” теткица дели памет по интернет, поточно на Фејсбук. Јас само ќе ја поздравам и ќе и порачам дека пред се треба да си човек, добар човек, човек со срце, со разбирање за оние кои не се исти како тебе, толерантен и пријателски расположен и кон оние кои не го делат твоето мислење. Професор се станува со парче хартија, човек се раѓаш. Ако не, тогаш си грешка на природата. Ароганцијата и надуеноста, посебно поткрепени со исфустрираност и нетолерантност не можат да се прикријат со ниту една диплома на светов.

Мој коментар на еден статус на генијалката:
“Ако Македонија не е држава…па зошто уште сте тука…Зошто живеете на сметка на Македонија и буџетот? И вие себе се нарекувате професорка? Зошто се бламирате по Фејсбук и се расправате со луѓе кои немаат исто мислење со вас. И кога немате аргументи ги бришете? Дали тоа значи дека ако во живо разговарате, тие со кои не се согласувате ги бришете физички…на сила?? Вие “професорке” можеби имате школо и титули, ама вие немате човечки квалитети за да бидете професорка. Вие ги навредувате и омаловажувате луѓето само заради тоа што немаат ист став како вашиот. Ќе се погрижам никогаш да немате можност да им предавате на моите деца. И на крај….ќе се обложам дека не можете да ме избришете…мислам од ФБ. Инаку вие би ме избришале и од лицето на земјава. Каква исфрустрираност и каква искомплексираност…не можам да верувам…Човек може дисертација да напише. Поздрав и уживајте во својата мизерија…”

Ова е настан од пред една година. Секако дека генијалката ме избриша и ме блокираше. Не…не одговори на коментарот. Типично, кога на исфрустрирана и искомплексирана личност ќе и укажеш на ароганцијата и нетолерантноста со која се однесува кон останатите, тоа го постигнува максималниот ефект и едноставно доаѓа го покачување на егото на субјектот на опасно високо ниво. Во вакви случаи се јавува потреба од користење на заштитна опрема затоа што постои опасност од паѓање на дотичната личност од екстремно високото ниво на его на далеку пониското ниво на интелигенција и човечки квалитети кои ги поседува субјектот.

Но, ете…карма из а бич, нов бунар копај-во стариот не плукај, немој да му го правиш на другиот она кое не сакаш да ти го прават другите на тебе и многу, многу други. Ма, знам…генијалката има толку наобразба за да ги знае овие поговорки и факти од најдобрата школа на светот и векот – животот.

Кога својата ненадмината и неприкосновена генијалност, знаења, стручност и човечки-лични квалитети умната теткица од фејсбук реши да ги стави на располагање на нацијата и сосема скромно да се понуди да ни биде Претседател, објективната ситуација налагаше дека јавноста, обичните граѓани и станаа и тоа како потребни на теткицата. Социјалните медиуми се алатки кои секој кој сака да биде присутен во јавноста и да понуди нешто пред истата мора да ги свати сериозно. Но теткицата заборавила да направи список на сите под нејзиното ниво со спротивни ставови и неподобни за да бидат дел од нејзините социјален живот, па сосема “малку” арогантно и со високо ниво на демократски капацитет ги блокирала и избришала од Фејсбук. Па не е саде фејсбук…не попусто ги нарекуваат во множина…социјални медиуми. Да, твитер е еден од нив. Нејсе.

Умната теткица решила дака јас порано неподобен и недоволно добар за нејзино “друштво” на фејсбук само заради тоа што замислете се осмелив да не се согласам со нејзиниот став (кој нели треба да се изгравира во мермер и да се изложи и покаже на граѓаните како реликвија) одеднаш сум подобен и потребен и дека треба да ме следи на Твитер. Не…јас не ја следам. Не сум доволно едуциран, не климам со главата на нејзините ставови и го немам нејзиното ниво. Да, знам…вие со голема сласт би притиснале на копчето block. Јас не…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s