Аплауз во авион

02 Јануари 14

Аплауз во авион

Истура. Како монсун во Карачи. Врне ко да нема утре. Целата ситуација, атмосферата околу тебе те тера да се чуствуваш како да си во  холивудски блокбастер. Ти си ликот што случајно влегува во супермаркетот каде што баш во тој момент треба да се случи апокалипсата. А ти чекаш секој момент да се појави Брус факинг Вилис и да ја среди баграта бандити со лош акцент од Источна Европа кои му ја закачаат цурата која работи на каса и патем имаат план да ја убијат и слободата и демократијата во земјата на слобода и демократија. Или Том импосибл Круз да седне во кокпитот на топ ганот и да ја спаси ситуацијата. Ама нема. Нема мики, супер херои во овој мој филм нема. Само јас, Цацко кумановац, уште 3-4 колеги кумановци….некои пешеесе други јадници, 2-3 лепушкасти стјуардеси и факинг смрзнат и упорен дожд на 2 јануари 2010, на 4000 фити над Истанбул, во Ербас 300 на линија Кувајт Сити-Истанбул, во фаза на слетување на Ататурк Интернешнл Ерпорт.

– Добро…дооообро…пол`к… пол`к…не запињај…не запињај…да ти ебу аматера…пол`к…тети га па он…пол`к к`д ти кажују…па авион е овој бре  а не фергусон на њивче за јесење дубоко орање…

Слушам од позади, а столицата почна да ми се тресе. Се тресе цел авион, ама ова е малку повеќе од обично. Се тресе како што ми се тресеше предницата на стокецот кога мајстор Славе ми стави половни рамења и јабучици и ме убедуваше дека се скоро нови а мојот кец играше брејденс по скопскиот асфалт. Ма се тресе скоро ко јас што се тресев 1984 на Маракана  кога сватив дека сум влегол на погрешна трибина и со погрешен шал и знаме.

– Ај с`г ….пол`к га исправи….Таааакој…такој…исправи га…можеш…можеш мајсторе….немој да ме онодиш…знам дека можеш…ма можеш ти…можеш…цреп…цреп скапан…куде с`с тај памет….јоште малко…лелееее…

Тресењево почна да ме нервира многу, како сејфти митинг секое сабајле во 6,  како узбуна за инкаминг или граунд атак додека јас во шатор на индискава сателитска гледам Лига на шампиони. А и Цацко почна да ме нервира, како тргнал, ќе ја откорне столицава. Се фатил за неа од позади мене и цело време лупа по неа и му дава инструкции на пилотот. Гледам низ прозор, и ми текна на онаа фамозна сцена од “Твајлајт зоун”. Знаеш…сцената…типот кога паничеше во авион, божем нешто му се причинува, дека некој или нешто седи на крилото. Добро, го смирија некако, го покрија со кебе, и го затворија капакот на прозорот. Ама, типов не може да седи мирен…го влече нешто да ѕирне уште еднаш. Нешто не му дава мир. Само уште еднаш да ѕирне низ прозорот од авионот, да се увери дека не полудел, дека не му се причинило, дека навистина нешто седи на крилото на авионот . И толку, му пука филм…се врти, го подига капакот и …бам…на прозорот пред него залепена фаца на некој фрик, некоја животиња како оној симпатичниот створ од Елиен (кај нас генијално преведен како Осмиот патник). Језиво мики, језиво.

Мене оваа сцена ми паѓа на памет секогаш кога сум во авион и заради оваа сцена секогаш ми е шубе кога го отварам капакот од прозорот. Овој пат капакот беше отворен и гледам дека надвор е бајаги драматично. Озбилен и заебан смрзнат дожд, светка на секаде, муњи и громови, а Мацко решил да паничи ко битолчанец пред скопска дискотека коа ќе се најде сам пред вратарите.

– Види не мога` да га исправи…пу да ти ебу пилота…исправи га авион…таааааакооој…исправи га….да ти ебу живот…мене овк`в пилот да ми се падне…да ти ебу лебац да ти ебу, токмак…

Пилотот ко за инат…де ќе сврти на лево, де ќе сврти на десно…турбуленции колку сакаш, како кај нас на политичка сцена пред усвојување на буџетот.
-Да ти ебу и дож и авион и Кувајт, да ти ебу пилота и громови и муње…и Авганистан да се не види….Ја будала…жену к`д слушам….”сви идев…ти килав ли си…ај седињај у авион и паре да си донеја”… ма цело лето да се дере по мене, квачка недоквакана. Ете ти паре…с`г паре за што ти са…свеќе да купујеш…

Секогаш уживам кога сум во друштво на кумановци, ама овој пат се одземав  од смеење.  Да, како кумановци кои кога излегуваат, “пред кафану се збирав, а у кафану се одзимав” Смеата на страна, мислев срце ќе му искочи на човеков. Ми текна на онаа сцена од “Има ли пилот во авионот” кецот, кога главниот јунак почна да паничи во авионот, и кога му се наредија сите да го смируваат, кој со хебла, кој со боксерски ракавици или со базука…Цацко за малку ќе се најдеше во таква ситуација.

-То мајсторе…такој се лета с`с авион…да ти ебу невреме, за малко да се умочам….Томааас…овај пилот да није у вечерњу пилотску бија, отсек хорор и ноќне море…Скопскииии, слушаш ли ме…жив ли си…

Подрипнува Цаци и целиот окезен ме влече за рамото. Јас не знам дали да се смеам, дали да плачам. Микст емоушнс, ама штом Цаци контролорот на летање се опушти, веројатно ќе преживееме.

Слетавме. Среќа пилотот успеа да го исправи ербасот и да слетаме на Ататурк, а Цацко остаре едно 5 години, ама во исто време стекна летачко искуство за внуци и правнуци да слушаат приказни за добра ноќ.  И ете ти…аплауз. Пилотот беше награден со аплауз. Инициран од Цацко. Тоа беше прв пат да слушнам аплауз при слетување на некој аеродром, а да не сум на Александар Велики.  Немаше аплауз дури ни кога во Дубаи слетувавме со една пукната гума која експлодира при полетување од Кандахар.  Да…Александар Велики е најпознат по тоа. Пилотите пред лет за Скопје вежбаат автограм и поза за пред камерите на пресреќните и благодарни  патници. Да, затоа што останале живи. Кај нас пилотите добиваат овации на отворена сцена при секое слетување. Па како??? Па како да му изразиме благодарност  што останавме живи?? Ние првите 2-3 лета пред да се опуштиме, секогаш кога влегуваме во авион се збогуваме со животот и ако случајно слетаме здрави и живи, пилотот го наградуваме со аплауз и со овации. За воља на вистината, историјата на нашето цивилно воздухопловство го оправдува таквото однесување. Овој апауз беше сосем оправдан, а јас и Цацко среќно слетавме во Истанбул. По ова патешествие, во следните 4 години имав околу педесетина летови со авион и дваесетина со хеликоптер, ама ни еден лет не беше како овој. Го немав Цацко кумановац со мене. Легенда.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s