Крај на 2013. Каде е моралот?

15 Јануари 2014

Крај на 2013. Каде е моралот?

Ете. Заврши 2013. И по нов и по стар календар. Заврши калабалакот околу промената на датумот на календарот и завршетокот на уште еден круг од вечниот пат  на планетата Земја околу Сонцето. Заврши труењето на нацијата од страна на медиумите со кристмас и џингл белс песни од кои се чуствувавме како да  живееме во  Вирџинија или фрикинг Монтана и уште што не почнавме да џвакаме тобако и пиеме кафе од тенџериња кои ги мкнеме со себе по цел ден.  Ако продолжат вака за некоја година сите ќе почнеме да се поздравуваме со Мери кристмас, на продавачките ќе им се обраќаме со екскјузми мем и ќе гледаме мажишта (море ко да видов и женска лига да имаат) во хеланки и со оклопи како се млатат во спорт кој се нарекува фудбал, а нити се игра со топка нити пак се шутира со нога.

Завршија прејадувањата со сарми и руски салати, заврши  локањето греана ракија при обидите уште повеќе да се загади скопскиот воздух со уништувањето на нашите шуми во паганскиот баднички ритуал на палење огнови и во обидите за зближување на комшиките кои инаку цела година збор не прозбореле, освен кога заедно ја оговараат онаа третата. По маалската огнена вечер  и изгужваните чаршави и флекосаните чинии на комшиката Мира, по  шоуто на комшијата Цаци кој оваа година конечно успеа да испие повеќе од Микац а само два пати да поврати и само еднаш да се измоча во лонецот со гравче, комшиките ако не подолго, барем до 8 март ќе имаат повеќе теми за трач. Што секако е една од најголемите придобивки од празниците, покрај онаа најважната, која рака на срце им оди во прилог само на елегантно пополнетите ( да не речам здрави и црвени во образите) наши сограѓани. Да, тие од сега па до Сент Валентајн слободно можат да ги пуштат стомаците и задниците на увид на јавноста и за својот изглед наречен  “полесно да се прескокне отколку да се заобиколи” да ги обвинат празниците и богатата трпеза. Аааа ….да не се залажуваме, секако дека сите знаеме дека и пред празниците бевте полнички. Нели?

Туку, годината заврши и сега се сетив дека всушност ништо посебно ни драматично не ни се случи. Освен, се разбира, шмекерските “мовембар” мустаќи на Макрадули и хуманитарната акција за собирање парична помош која многу несебично сам за себе си ја организираше Саше АНАЛитико. Не, сериозно…што всушност катастрофично, каква катаклизма требаше да се случи во Македонија во 2013 година? Да де…па зошто инаку парламентарците ни го изрежираа холивудскиот трилер со примеси на хичкоковски  хорор, дајхардовска акција (Б.Ц. и Заев против барикадите) и елементи на романса (Шема ја спасува Рада и на раце ја изнесува надвор од опасноста) многу инвентивно (од каде ли им текна името) од нашите медиуми наречен  “Црн понеделник”? Нели ако се усвоеше буџетот каков што беше предложен следуваше крај на светот и содома и гомора, а апокалипсата чекаше пред  врата и нејзините јавачи ги тимареа коњите чекајќи нестрпиво  орни за акција. Буџетот беше усвоен  каков што беше предложен, годината си измина нормално…и…?

Кога ги споменав медиумите. Нашите медиуми покрај секојдневната црна хроника и лешинарството како нивен редовен топ топик, знаат и повремено да се залетаат како тинејџер на порно сајт, или ко циганчиња на коледе со некоја “онион” вест како оваа последната за ХАРП –от кој ете требало да експериментира со климата во Србија ама се “расипал” и ледениот бран “случајно” ја зафати Америка наместо Србија. А главниот инжинер “случајно” има српско презиме.  И по ова, (и предходните неколку слични случаи) јас на сите “онион” сајтови би им советувал да си се заштитат од нашите недоучени полуписмени уредници кои преземаат нивни текстови и можни тужби од истите , и како што американските компании на пример дури и на феновите за сушење коса имаат истакнато предупредувачка информација “ Не е препорачливо да се јаде”, да си истакнат дисклејмер со текст –  “ Внимание. Само за македонските веб портали и медиуми. Вестите презентирани овде се шега. Да, се зезаме. Не, не сме сериозни. Навистина се шегуваме. Немојте да не сваќате сериозно. Лажеме. Немојте да ни верувате” Или, втора опција, во онион текстовите на онион  сајтовите, на секој втор пасус да стои смајли и на македонски да пишува ШЕГА. Уредници…гуглајте…

Гледајќи што се случува со Ивона Талевска и хајката што се води против неа морам да заклучам дека уште еднаш се потврди познатото правило дека новинарите повеќе си ги сакаат политичарите отколку своите колеги. Се поставуваат неколку прашања. Дали новинарите се рамноправни со останатите граѓани и смеат ли новинари кај нас да водат бизнис или треба да бидат платени од политичките структури? Дали тендерот во овој случај содржел ограничувања за новинари? Дали се почитувала тендерската постапка и дали имало криминал? Ако имало, постои ли доказ за истиот? Ако немало,  зошто од одредени “независни” медиуми се води хајка против новинарката која (без разлика дали, кога и како ја напуштила фирмата) законски добила тендер и фирмата го одработила истиот? Морал? Етичност? Добро…најважното прашање до оние кои повикуваат на морал. Зошто тие “независни” медиуми  во овој случај прават хајка, а не спроведоа хајка против лидерот на една опозициска партија за кој постоеја индиции и документи дека како избран градоначелник , од позиција на власт, доделувал тендери на фирми блиски до неговото семејство? Двојни стандарди?  Погледнете се во огледало. Каде е моралот?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s