Пентиум кец повеќе од анонимци и дигитални тролови

03 Јануари 2014

Пентиум кец повеќе од анонимци и дигитални тролови

Социјални мрежи, “жими мајка” поети, “јас тебе војводо, ти мене сердаре” интерет “влијателни” ликови, дигитални ѓоамити активисти, “многу сакам да сум смешен” твитерџии/препишувачи, умислени професори и пискарала кавгаџии по интернет, луѓе кои од некои за мене неразбирливи причини сакаат да бидат никој и ништо и висат по ФБ и твитер како анонимци.

Ништо…сето тоа е празно, се е ситна боранија. Заради таквите ликови жалам што интернетот стана достапен и евтин, па секој може да се фати за тастатура. Заради таквите ликови почнав и вајфајот да го мразам. Ехххх ….Пентиум 1 со процесор “моќен” колку сегашна месарска вага, модем златен Јуес роботикс, 28.8 Kbps, телефонски кабел, и огромни телефонски сметки (мојата прва интернет+телефон беше 3500 германски марки)…

Колку не има што можеме да кажеме дека го знаеме и го користевме интернет и пред Лари и Сергеј да се сетат дека им е доста учење и да го направат Гугл? Кој уште може да каже дека го користел Виндоус 3.11 и Нетскејп Навигатор? Е времиња златни…и убав народ по интернет. А сега? Направи лажен профил и трчај по туѓи зидови и по форуми и тролај луѓе и расправај се без аргументи и заради лажливи политичари. А својот вистински профил користи го за Фарма или кенди креш или како и да се викаат игричките. Идентитет? Па не треба Грците да ни го негираат идентитетот, кога пола нација сама си го брише личниот идентитет и сака да биде анонимец.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s