Синдром на стадо

28 Јануари 2014

Синдром на стадо

 

Се е релативно, освен апсолутно глупавото препукување и шамарање со имотни листови и фирми меѓу нашите новинари. И се разбира, се е политика. Посебно кај нас. Па нормално, од политика никако да куртулат  и хејтањето како наш национален онлајн спорт број еден, и нашата најомилена професија (веднаш по кладењето), свевишниот сезнајко во секој спорт – спортскиот селектор. И кога на оваа сама по себе експлозивна комбинација ќе и додадеме доза екстра зовриени национални чуства кога е во прашање жолто-црвениот дрес, секогаш имаме сосема пристојна драма, со елементи на квалитетна и плодна почва за развој на уште една во низата, нова  и уште поголема национална трагедија. Трагедија која како и што  најчесто бива, така и во случајот “Ракомет/Латас/Лазаров” е дополнително засилена со двојна доза од нашиот добро познат и ненадминат “синдром на стадо” според кој без поговор рефлексно, на прва реагира најголемиот дел од јавноста.

Не можам да разберам како само може една ваква  ситуација константно и во сите области на животот да ни се повторува и никако да и најдеме лек. Да, затоа што е несватливо како може секој од нас кој седи пред телевизорот додека играат нашите селекции секогаш да има свој став и да ја знае најдобрата тактика , ма подобра и од легендарната од Алан Форд  (парафразирано “Ako hocemo da pobedimo, ne smemo da izgubimo”) или од нашата специјална “клавајте појќе голои” . А потоа, пост фестум, на јавно изнесен став околу истиот ивент кој е макар и за нијанса различен од оној на “експертите”, големото мнозинство да изреагира како ЈНА гуштер кој послушно и без вклучен мозок заедно со сите наоколу од водот скока во калта дури и при дванесетиот остав по наредбата “атомски слева”. Секако, за ваквите реакции на масата највиновни се медиумите и новинарите. Да, точно е дека немаме критички настроени спортски коментатори и новинари (чест на еден-два исклучоци, се знаат кои се) и дека најголемиот дел од нив од различни причини “не таласаат” многу-многу, за да не им влезе вода во кајчето и да не им се наводенат папучите.

Медиумите? Медиумите се виновни затоа што толерираат новинари  и уредници кои немаат свој став и кои секогаш, посебно кога е во прашање национална селекција, преферираат комотно да пливаат низводно и да ја следат струјата. Самоцензурата и стравот од конфронтација со авторитет во спортот им е постојано во главите и потоа се чудиме зошто најголем дел од публиката  ни размислува како лоботомиран зомби. Па затоа што публиката ни е научена некритички и без поговор да им верува на авторитетите и на медиумите. Да се разбереме. Не направи Латас ништо посебно. Да, ништо. Освен што викна “Царот е гол” и го кажа она што требаше спортските новинари да го кажат одамна. Латас го кажа она што мнозинството гледачи, или барем оние кои малку од малку подлабоко и со ладни глави следат спорт го знаат одамна. Да, го знаеме, а Латас само “се дрзна” тоа да го каже јавно.

Секако, и вие го знаете тоа. Да, да…мислам на Кире и неговото добро познато “ќе дадам седум гола а ќе промашам седумнаесет шута и 3 пенала и кога ќе изгубиме ќе се однесувам “ко енглеска краљица” со сите привилегии а без одговорност и загрнат со македонското знаме ќе зборувам за патриотизам”.  Секоја чест, респект за патриотизмот, тоа е лично чуство и не навлегувам во тој дел. Е гледаш, друг е моментот. Тука требаа нашите новинари и коментатори  кои се и опинион мејкери и сабџект метр експерти да “нагазат топка” и на зовриените глави  кои спортот го следат само со  жолто-црвена диоптрија, да им објаснат дека со толку многу промашувања, дури ни 14 гола на Кире нема да ни помогнат да победиме. Потоа што, ќе се тешиме со головите не Кире? А победите каде се? И кога по се, афтерпарти, ќе се појави некој и јавно, на глас ќе го каже она што мнозинството од нас го мислиме, знаеме и чуствуваме, (ама некако баш не ни се допаѓа и се си се залажуваме и се надеваме дека со секој следен меч и следен гол на Кире конечно ќе победиме и ќе не напуштат тие одвратни еретички мисли), ние сакаме да го линчуваме.

 И сега доаѓаме до шизофрената ситуација. Чудно се однесуваат и некако ми се збунети во рекциите по овој повод и едните и другите, и најтврдите опозиционери и најголемите подржувачи на власта.  А посебно лост ин спејс делуваат групата новинари со “по неколку фирмичина и енџиоа”, ама крајно нископрофитабилни и основани онака, колку да им се најде место на факс машината и фикусот од подрум. Изгледа дека Геро и друштвото новинари (кои од немукает де, малку послабо се бават со фирми и бизниси, а  се нафатирани ко Баја Патак) како да се затекнати со развојот на настаните по Европското во ракомет. Разбирам јас дека немаат многу време луѓето, плус “фирмичина” и бизнисче, но требало во паузите помеѓу практикувањето на жесокото “независно” ама “помалкуцка”  против владино новинарство и константните “ко од пред кооперација” кавги со неистомисленици по социјалните мрежи малку и спорт да следат. Ма по директива ако треба. Колку да се знае како да се реагира на една ваква збунувачка ситуација.

Како зошто збунувачка? Па имаме збунувачки елементи. Прво – репрезентација која на предходното првенство, замисли успеја да ја израдува нацијата во време на “мракот предизвикан од сталинистичката диктатура на талибанците и фашистите на чело со маоистите ” (ако смеам така, сликовито да се изразам во стил на вонаби дисидентот АНАЛитико) ,  второ – спортисти кои беа славени како вечни јунаци под Порта Македонија и споменикот на Александар и трето – новинар кој важи за подржувач на владините политики кој во случајов го критикува херојот и капитенот на националниот состав. ЕРЕС.  Кец на десетка, пенал во девеесет и четврта минута, седмерец плус исклучување на две минути, што повеќе сакаат првоборците на опозицијата? Но ништо, нема реализација на шансата. Веројатно зафатени со интензивното целодневно дежурање во катастар и барање имотни листови на провладини новинари и нивни роднини до четврто колено, пеналот не го ни забележаа. Или не се ни обидоа да поентираат од страв дека можеби повторно се работи за некоја замка.

Од друга страна, вечните и безусловни патриоти со жолто-црвена крв во вените исто така се збунети. Како сега, некој се дрзна Кире да го напаѓа? Херојското дело да го плука и бербати? И, замисли ти тоа, напаѓачите не се соросоидните предавници туку лично Латас? Нормално дека нивната реакција е иста како реакција на Јапонски офицер од Втора Светска војна кому командантот му наредил да остане и да го брани големото “стратешко”дрво покрај баричката на островот Хачаманаук. Човекот “фино-лепо” си го брани дрвото во следните 40 години но метр уат. Иако дрвото одамна се искршило, се распаднало. Само…од големината на глупавата слепа посветеност, безмалку идолопоклонството и заслепеноста од сјајот на звездата, кој да го види дотрајаното и искршено дрво. Многу ме интересира какви ќе бидат реакциите  на дежурните бранители на каузата кога конечно некој ќе им каже и објасни дека дури и баричката е одамна веќе исушена.

Многу забавно ни тргна во 2014 година. 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s