Фашизам или идиотизам

06 Јануари 2014

Фашизам или идиотизам

Не можам да верувам дека ова постои кај нас, дека вака се однесуваат Македонци. Па вие јадници, да не имате некоја генетска грешка, да не сте случајно потомци на Дуче? Сега што е следно, напади врз неистомислениците и тепачки по улица и обележување на луѓето со жолти ленти на ракавот? Зошто? Заради “погрешна”политичка определба? Каков идиотизам.  Ало генијалци, како може да судите за човек каков актер е, механичар, готвач или физичар според тоа која политичка опција ја подржува? Како можете да осудувате  новинар или водител заради интервју со политичар? И тоа заради интервју во кое политика не се ни спомнува. Па Кристијана Аманпур имаше интервју со Претседателот  на Иран Хасан Рухани. Значи ли дека треба Американците да ја линчуваат, а CNN телевизија да ја запалат заради интервју со “непријателот” и “крвникот” кој “гради нуклеарни боеви глави”? Па тогаш што треба да му се случи на Денис Родман, кој веќе неколку пати оди на кафе кај Ким Џонг Ун во Пјонгјанг?

Колку само омраза, каква пизма е всадена помеѓу народот не можам да верувам. Стигматизирање и етикетирање на луѓе заради обичен контакт со политичкиот “непријател”. Дочекавме ли хомеинизација во  денешна Македонија и политичка фатва за неистомислениците? Барате ли Салман Ружди помеѓу јавните личности? Омраза кон човек кој направил интервју со политичар во кое политика воопшто не е спомената. А замисли да се работеше за политичко интервју. Што тогаш? Ќе го чекавте Тони пред студио за да го казните? Па треба ли според вас утре да го бојкотираме (или не дај Боже полошо) маркетот каде политичарите купуваат, или да не ги запишуваме нашите деца во училиште каде што учат нивните деца? Треба ли да ги исмеваме и напаѓаме нивните бербери или фризери затоа што се дрзнале да ја допрат косата на “душманот”? Треба ли да не одиме по улиците по кои “тие” одат? Фашизам од најортодоксен вид помеѓу Македонците? Хитлерјугент и гестапо ќе ни ги повампирувате? Ма, да е фашизам и не е толку страшно, има решение и за тоа. Ова е идиотизам мики, идиотизам во најтежок облик. Идиотизам кој се заканува општеството да ни го доведе во терминален стадиум? Не…не е општеството во смртна постела. Се уште не. Тоа само некои поединци и мали групи сакаат да не отрујат со омраза и да не закрват до коска.

Одбираш своја политичка опција, од за тебе познати причини. Затоа што Кики комшиката, онаа со зелените очи е во нивната младинска организација, за инат на Мики кој како клинец секогаш имал повеќе стрипови од тебе и никогаш не ти давал да ги читаш, за инат на Вики “кокошката” која секогаш и го зема паркигот на жена ти, заради тоа што овие другите не ти даваат тендерче или улога во новиот театар. Не ме интересира зошто. Гласаш за таа опција, агитираш кај комшиите, лепиш предизборни плакати, одиш на митинзи, му ја кречиш викендицата на лидерот, не ме интересира…твоја лична определба, и твои колена се во прашање. Бараш подршка од своите најблиски, од другарчињата, агитираш кај нив да ја подржат вашата партија и политичка опција? Добро…легитимно и легално.

Но, во моментот кога ќе излезеш на медиумска сцена, пред широка публика, кога широката јавност преку медиум ќе ја бомбардираш со твоите лични вендети и фрустрации од несреќното детство и недостаток на родителска љубов и внимание од спротивниот пол, а се тоа преточено во повик за насилно рушење на демократски избрана власт подржана од половина милион гласачи и тоа во неколку циклуси, е тогаш имаме проблем. Имаме проблем кога наместо да понудиш решенија, програма, идеи или да посочиш неправилности за кои имаш докази (а не само “јас мислам” или “рекла-казала” аргументи) ти повикуваш на линч и насилство, и осудуваш јавни личности затоа што не го подржуваат линчот и замисли, разговарале на телевизија со главниот “талибанец”. Имаме проблем кога почнуваш да навредуваш и клеветиш семејство и деца на јавни личности затоа што не ја одбрале твојата политичка опција. И притоа посакуваш смрт на јавна личност затоа што во твојот извртен ум истата таа личност не е добар пример за јавоста и не е доволно ангажиран во твоето лудило кое го нарекуваш “борба за демократија”. Имаме проблем и кога твоето лудило почнуваат да го прифаќаат и да го шират луѓе по социјалните мрежи. Тогаш имаме шизофрена ситуација која мора да се запре. Или тоа, или да го забраниме плурализмот во Македонија, и само твојата партија да ја оставиме и вечно да си владеете, нели тоа ви е природно дадено право. По раѓање, како на горе споменатиот севернокореец.

Демократија, слободен пристап до информации, слобода на говор. Повеќе партиски систем и борба на програми и политички платформи и решенија. Пазар на идеи. Конкуренција помеѓу политички субјекти и борба за гласови. Одбираш кој е најблизу до твојот светоглед и твоите разбирања на економија, надворешна политика, социјални прашања, здравство и ја подржуваш својата опција. Но,  како тоа, кога некој друг го прави истото, ти сакаш да го ставиш на клада? Макар тој некој друг и да се вика Јанко, Тони или Латас. Макар тој друг се вика Бетмен, Игор, Трендо и кој и да е,  кој според твојот шизофрен мозок не е доволно “борбен” и не блуе наоколу за некакви талибанци кои егзистираат само во твојот ум, или против пастирот и стадото кое е слепо.

Зборувате за слобода на говор и независни медиуми? Јас сум прв за тоа. И јас пишувам и јавно ги искажувам своите ставови. Но мора да постои граница. Мора да постои линија преку која не смее да се оди. Не може поединци кои очајно патат по некаков финансиски успех (нели, немале за млеко) и чуство на моќ заради кои душата би си ја продале на ѓаволот, за ситни пари да си направат порталче и потоа да блујат со отровен, уличарски и полн со говор на омраза речник наоколу и да повикуваат на линч. Слобода на говор нема врска со ова. Психијатриски третман во овластени стручни  установи за ваквите “првоборци”, да. Нема друго чаре. Само лечење, и тоа  задолжително, пред да ни се случи и “другата страна” да одговори со иста мерка, или поостро.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s