Ај шишај ме ко Роналдо

17 Јуни 2014

 

Ај шишај ме ко Роналдо

 

Злато, кажуј што имаш да кажеш денес и следните триесет дена да не ти чујам глас, освен кога ќе ме прашаш дали сакам уште едно ладно пиво. Утре почнува Светско првенство во фудбал.“

Ајде сега признајте колку од вас во средата на 11 јуни сакавте ова да им го кажете на жените. Сакавте, ама да се биде маж не е секогаш лесно. Посебно знаејќи го фактот дека жените често се многу нервозни и опасни по околината. Ситуација која е најекстремно изразена во три-четири случаи. Кога имаат добиено, кога нема да добијат, кога онаа гускана од работа Роза, за свадбата на шефот ќе облече исто ко моето тиркизно хаљинче со гол грб и посебно кога има цели 30 дена фудбал на телевизија.

Рака на срце, а даљинското во другата рака спремен да го бранам како Русите Ленинград, морам да се признаам дека многу мажи храбро ко провладин новинар и дрско како опозициски експерт/активист го направија овој потег и на крај дебело им се исплатеше. Или само така се чинеше. Тактиката “шизик на ризик“ најчесто се исплати, освен кога СДСМ го бојкотира Парламентот а Филе ќе им откаже љубов и ќе им збрца нож во грб како некои бивши А1 новинари на опозициската кауза.

А жените од друга страна реагираа во зависност од тоа колку ги чуле приказните на ниво на еротски легенди од постарите колешки со нивните предходни искуства со слични ивенти за некои таму исунчании набилдани Италијани кои трчкаат наоколу во шорцеви. Некои не доволно информирани а понесени од општо познатиот факт дека мажите во средни години се привлечни скоро како и работно место во државна администрација, се прелажаа и очекувајќи и надевајќи се дека фудбалот се игра до пензија а поучени од предходните првенства и посебно моментите на размена на дресови, мислеа дека пак ќе ги гледаат Баџо или Алесандро Неста. Со доза на алиби протест како кога центарфор ќе промаши зицер од 2 метри па после ќе се убие од карање со судијата за да добие корнер, така и тие “си легнаа на брашното“ и прифатија триесетдневно фудбалско “мачење“.

Други пак кои се потрудиле и изгуглале “Роналдо ужива на плажа“ или “Балотели повторно ги покажа стомачните“ на изненадување на посилниот пол без поговор прифатија и со две раце потпишаа да учествуваат во “тортурата“. Ама со додадена мала фус нота колку за тактичка финта “аман више од ова фудбалот ама ќе ти учинам и само ако те чујам да се жалиш кога со другарките од работа ќе одам на викенди у Грчка “.

Така им успеа трикот во исто време да излезат жртва, а плус да добијат убава шанса пак да го гледаат оној Шпанецот “како ли се викаше на Шакира мужот“ и да навиваат Португалија да влезе бар во полуфинале а Роналдо секој свој, па и туѓ гол да го слави со соблекување на дресот пред камера. Подоцна се покажа дека и двете категории на “напатени госпоѓи“ измачени од глупавиот фудбал и нервозниот маж кој никако да излезе од дома цел месец и плус мораат да му прават разни мезиња, додатно се “напалија“. Да, точно си пишува…“напалија“ а не “напатија“. Посебно откако ги видоа испотените млади Италијански фудбалери во новиот модел тесни стреч дресови. Чекај, чекај…фудбалот сепак бил интересен спорт. И ете ти ги дамите седнати пред телевизор окезени од уво до уво како навивачи на трибина кога ќе се видат на семафорот и ќе сватат дека пола свет ги гледа на телевизија.

А мажите? Па ние ете попусто се уште живееме во заблуда дека фудбалот е само наша “машка пасија“ и надеж дека барем во страста по трчање по бубамарата ќе се одвоиме и гордо ќе се издигнеме над приземните страсти на нашите госпоѓи. Ма тешко. Абе никако. Посебно одкога светот се смени и откако се повеќе фудбалерите личат на фото модели и манекени, манекените личат на девојчиња, а манекенките личат на дванесетгодишни момчиња. Ако не можеш да ги победиш…придружи им се.

Прашањето од почетокот на колумнава под притисок на околностите и извештаите од Пентхаус, или Фридом Хаус беше, сеедно…мутираше. “ Жено, ај седи да гледаме. Еве Хрватите пак ќе играат. Да де…оние што ги сликаа голи во базенот. Сакаш да донесам по едно пиво? Ај, а после ќе одам до теретана“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s