Повратник од Авганистан е чудна ѕверка

24 Јуни 2014

 

Повратник од Авганистан е чудна ѕверка

Да мики, “авганистанец“ ти е апсолутно чудно и ретко животно. Нешто  како  новинар во Македонија без свој њуз портал, наша телевизија без турско-индиско-шпанска серија или скопјанец кој не платил казна за паркирање во Охрид. Малку не има и максимално сме гастро-ентеро измачени (од крвавиот стек и лутиот табаско сос или индиското кари) и психосоматски дегенерирани и девастирани (од стресниот и исцрпувачки онлајн  шопинг по Амазон и И беј). Ама затоа имаме свој банкар и курсот на доларот секогаш ние е на тикер на мобилниот или на десктопот од најновиот ајмек или ајпед.

Како ќе препознаеш Авганистански ветеран кој конечно се вратил во “нормален“ цивилен живот?

Има најмалку два дреса. Еден од тимот од НБА, НФЛ или НХЛ за кој навива неговиот шеф американец и еден од некоја македонска репрезентација, по можност со апликација со сонцето од Кутлеш (никако Вергина).

Парите само што ги орочи, инаку секако дека ќе ти дадеше на заем.

Карго панталони со многу џебови носи и на свадба. За да има место каде да ги стави соковите  и тортата кои ќе ги понесе за по пат.

Секогаш кога влегува во продавница на продавачката и вели – “екскјузми с`р”.

Има фејсбук пријатели од барем 3 континента и знае како на бившата колешка  да и честита роденден на Свахили.

Секогаш знае да најде  барем три-четири скришни локации за пушење на место каде пушењето е строго забрането.

Одеднашпочна  на сите комшии да им вика добар ден и пријатно.

Од Седмица купува најголем дупли-трипли хамбургер со екстра помфрит и мајонез и пие Кока Кола- ама таа задолжително мора да е лајт.

Веќе не го лиже капачето кога ќе отвори нова тегла  Нутела ( зошто Еуро крем е многу мејнстрим).

Никогаш не вози побрзо од 20 км на час, а пред  да влезе во кола бара чек листа за да потпише.

Од дома не излегува без шише вода со себе и рефлектна лента и батериска ламба во џебот.

Секогаш кога ќе види група од тројца на улица, застанува во ред  до нив.

Почна да гледа безбол и знае имиња на барем 2-3 бејзбол тимови, 6 бивши американски претседатели и најмалку 45 од американските држави.

Задолжително на Фејсбук профилот има барем 5-6 фотографии со друштво во кафана со полна маса скари и пијачки, а тој секогаш е на чело на масата, и сите место во камера гледаат во него.

Има сосема пристојни познавања на важни геостратешки теми и американската макроекономска политика ја знае како својот џеб.

Веќе не игра спортска. Кладилниците ги посетува од чисто спортски побуди. За да им фаќа сеир на комшиите кога промашуваат само за една.

Користи аеродромско-авионски термини и зборува исто како да е пилот на Ербас А330.

Најголем стручњак е за талибанци и терористи, и  знае со денови да раскажува ловџиски приказни на таа тема. А најблиску до талибанци и терористи бил кога еднаш еден војник му ги покажа на слика, па дури и му дозволи да ја држи сликата во рака.

Барем еднаш неделно со децата има сејфти митинг на тема “Водата е извор на живот. Четири сигурни знаци на дехидрација” и “Пиј вода и кога не си жеден“

Новиот Голф секогаш го паркира на тротоар пред комшиите, а гаражата ја користи за складирање на стариот мебел.

Кога ќе заврши со ручекот, станува и чиниите ги фрла во канта за ѓубре.

Секогаш има апдејтувано резиме и на секоја вест за воен конфликт, проверува онлајн која компанија добила контракт и веднаш подготвува апликација за работа.

Веќе не се губи по аеродроми и сега знае локации на лаунџови и на кој аеродром во кој лаунџ за платени  4 часа, можеш да останеш 6.

Знае да опцуе на барем два Азиски и еден Африкански јазик.

Кога некому на разминување ќе му пресече пат секогаш вика “сори с`р”

Секогаш има ајфон од најновите и најчесто го користи само како будилник.

Секогаш е галантен во друштво и плаќа пијачки, а тој лично пие само Џек Даниелс (иако шанкерите секогаш му точат коњак). Не е битно..нема да ситничариме сега…

Плескавицата ја вика стек, а пржените лебчиња-френч тоуст.

Редовно одржува контакт со бившите колеги од старата работа пред да замине во Авганистан. Посебно со оние кои му се смееа кога трчаше по документи и се спремаше за пат. И секогаш пред нив се појавува со новоиот Голф.

Веќе не го интересира и не проверува дали сијаличката во фрижидерот се изгаснала откако ја затворил вратата.

Американски филмови гледа без превод.

Кристмас и Нова Година на Фејсбук секогаш честита четиријазично. На босански, англиски, македонски и кумановски.

Е, такви сме. Многумина не не сакаат премногу, освен кога им треба позајмица за крштевката или за регистрација на аутото. Многумина ни завидуваат иако никогаш нема да разберат колку е тешко кога ќе пропуштиш неколку родендени на синчето или  поаѓањето во прво одделение на ќерќичката, колку е “забавно“ кога место будилник те буди аларм за гранатирање, или како  е да спиеш 4-5 години во шатор полн со граѓани од земјите од “третиот свет“ и понекоја отровница од чие каснување се умира за 12 секунди.

Многумина не споредуваат со “кучиња на војната“ и поробувачи на напатениот Авганистански народ иако ние само менуваме филтри на климите, работиме по канцеларии  или печеме плескавици. Повеќето од нас одамна веќе  не се ни обидуваме  да објаснуваме  дека  сме отишле на крајот на светот со главата во торба само колку да се обидеме на децата да им обезбедиме подобра иднина. Цената за тоа ја знаеме само ние и нашите најблиски. Мислењето на останатите не ни е важно. Важно е само дека ова лето за најголем дел од нас значи “хоум фор гуд“. Време е.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s