Биди геј, Македонец не е курентна роба

21 Мај 2014

 

Биди геј, Македонец не е курентна роба

 

Борци за човекови права, еднаквост и демократија, невладини активисти, новинари и експерти за и слобода и толеранција постојано пишуваат изјавуваат и се залагаат за еднакви права на секој граѓанин, маргинализираните групи и  сите индивидуи без разлика на верска, политичка или сексуална ориентација. Сите се сложни и во еден глас ги подржуваат различностите како вредност, се залагаат за почитување на правата на различните и малциствата од секој вид и најстрого ги осудуваат говорот на омраза и нетолеранцијата. Браво! За секоја пофалба. Но…имаме еден мал проблем .

Проблемот е во нивната хипокризија и  двојните стандарди. Истите луѓе кои своите опоненти и јавните личности ги обвинуваат за нетолерантност, користење на говор на омраза и повикување на насилство и линч кон оние кои се различни, всушност самите  се служат со истите методи. Постојаното користење на термините диктатура, режим и фашизам кога се говори за актуелната  власт, нејзините политики и начин на владеење е ништо друго туку навреда и говор на омраза кон членовите на владејачката партија и сите оние половина милион гласачи кои во неколку изборни циклуси како големо мнозинство ја подржале таа политичка опција.

Користењето на таквиот речник, споредувањето на демократскиот начин на избор на оваа власт, потврден од сите релевантни меѓународни фактори во последните осум години, со изборот и доаѓањето на власт на Хитлер во фашистичка Германија или нарекувањето на оваа власт ненароден режим е токму тоа-чист говор на омраза, нетолеранција и навреда на чуствата на дел од населението кој има различен политички  став и различен поглед на одредени политички прашања. Како на пример различниот однос кон спорот кој Грција го наметна за употребата  нашето Уставно име. Почитувајте ги различностите, нели?

Од  друга страна, по Евровизиската победа на миленикот на ЛГБТИ лобито и подржувачите на различностите од Европа, голем дел од европската јавност отворено застана во подршка на индивидуалните права  и слободите на изразување на сексуалноста на ранливите и маргинализирани групи граѓани. Се истакнува рамноправноста, толеранцијата и сексуалните права и слободи и подршката која сите различни и обесправени малцинства треба да добија од широката јавност. Некои официјални лица и дел од европскиот естаблишмент, како на пример Австрискиот Претседател јавно ја изразија својата среќа што ете Европа ги подржува еднаквоста, човековите права, малциските и сексуални слободи а граѓаните ја препознале и подржале различноста и гласале за австрискиот преставник. Одлично.

Имам две прашања. Првото е до сите оние Европјани, вклучувајќи го Австрискиот Претседател, кои со сите сили и средства на располагање, отворено, упорно и настојчиво ги подржуваат граѓанските  права, еднаквоста и сексуалните слободи и различностите на сите граѓани,  дали слушнале за Томислав Гошевски? Веројатно 99.9999999999 % никогаш не слушнале за мене. Впрочем исто како што ни јас нити тие не слушнале за некој Ханс Милер од Рајна Вествалија кој е припадник на ЛГБТИ заедницата, на пример. Сигурен сум дека господинот Милер е пресреќен по победата на Кончита Вурст и дека по обемните лобирања и милионите потрошени евра за заштита на неговите права, сега се чуствува многу послободен и порамноправен со мене или со било кој друг граѓанин на Европа. И јас сум среќен заради неговата среќа.

Но Господа, прашајте ме мене дали се чуствувам рамноправен со сите други европјани, вклучувајки го и Ханс. Јас сум жив и постојам. Јас сум човечко суштество со сите потреби, емоции, стравови и чувства, со еднаква желба за нормален живот во љубов и хармонија. Запрашајте се дали како Македонец, како припадник на мала заедница на различни луѓе, со различни посебности и карактеристики, моите права се заштитени? Дали можеби се чуствувам загрозен и обесправен затоа што не смеам да го користам вековното и уставно име на мојата татковина и мојот јазик. Дали сум навреден од одбивањето на соседна земја и нејзината влада да го признае моето постоење и моите права како Македонец. Впрочем исто како и Кончита и Ханс Милер, и јас постојам, и јас сум човек и јас имам права и јас имам потреба од почитување на мојата различност и идентитет.

Господа европски демократи, што направивте вие да ги заштитите мојот идентитет, мојата посебност како Македонец? Знам…непријатно прашање. И знам дека ако сакате, можете да ми помогнете да се чуствувам рамноправен и еднаков со Кончита и со Ханс, да се чуствувам достоен граѓанин на Европа и сите да го почитуваат мојот идентитет како Македонец. Поинаков, свој, различен. Почитувајте ги различностите. Или треба сите колективно да станеме Ханс или Кончита за да се случи тоа?

Второто прашање е до домашните господа борци за права, еднаквост, демократија и заштита и промоција на различностите. Вашите активности се присутни  насекаде околу нас и вашата борба за заштита на ЛГБТИ популацијата како малцински и маргинализирани групи граѓани во Македонија е нотирана и помалку или повеќе носи резултат. Што направивте вие господа, какви и кои се вашите активности во правец на заштита на Македонците како маргинализирана и обесправена групација/нација во рамките на Европа. Што направивте за да запре притисокот од ЕУ за промена на името на нашата татковина? Каде и кога протестиравте против обидите за обезличување на македонскиот јазик и идентитетот на Македонците? Дали за вас правата на еден дел од населението се поважни отколку правата на цела една нација? Не може индивидуалните права да ви бидат поважни од колективните. Тие се комплементарни и мораат да се почитуваат и заштитат. Дали за вас Македонецот и неговите права не се курентна роба за да го заслужи вашиот активизам и ангажман? Јас го знам одговорот, вие одговорете си сами на себе и на својата совест.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s