Планот

16 Мај 2014

 

Планот

 

Поучен од искуството со граѓанската иницијатива за подршка на Вања Лазарова да добие статус национален уметник и национална пензија и успехот на истата, јас имам предлог до опозицијата за сет на активности кои би донеле многу поголем ефект за нивната кауза од кршењето на хауба на уште една Лада Нива и неповратната загуба на плати и дневници на несудените насилно верифицирани народни пратеници од нивните редови.

Се надевам дека господата од опозицијата вклучувајќи ги и главните иницијатори на чисто граѓанската иницијатива за подршка на Вања Лазарова која случајно нели, изроди повеќе политички поени за нив отколку целата опозициска предизборна кампања , сватија дека тоа е најдобриот начин на политичка борба. Бидејќи Вања Лазарова е згрижена, а Сашо Тасевски, Ориѓански и Ацо Поповски се млади за пензија (плус јас сум убеден дека тие со индигнација би одбиле такво признание и кеш од овој ненароден режим) еве неколку предлози за делување

1.)    Да се испратат тимови на млади, наивни ама политички неконтаминирани новинарчиња (ова од милост а не со пејоративно значење)кои случајно ќе најдат граѓани кои во Веро,Тинекс и Рамстор купуваат посебна салама од евтината со 0.3 % месо (онаа со повеќе месо во цревото во кое е спакувана одколку внатре)и да направат драматичен прилог за нив и нивната тажна судбина. Препорачливо е во прилогот да се вметнат слики од озлогласените споменици од Скопје 2014 (со акцент на барок) и изјава на Грчев дека со еден од лавовите на мостот Гоце Делчев ќе може да се купат 376 455 посебни салами со 1.2 % месо и да се субвенционираат-помогнат напатените граѓани. Оти исто така правеле и во Њу Јорк.

-Внимание- да се провери некој од граѓаните случајно да не купува од евтината посебна за маалските  кучиња и мачки скитници. Во тој случај да се изгледа целата “Анти Путин” кампања на CNN за време на Олимпијадата во Сочи во која  се снимаа напатените улични кучиња и  главна поента беше…”Кога за кучињата не се грижи, како ли се грижи Путин за своите сограѓани, посебно ЛГБТ заедницата”

2.)    Да се организира тим на млади независни активисти (кои предходно потпишале изјави  дека активизмот им е идеја водилка во животот и дека и од редовниот секс еднаш годишно  ќе се откажат ама од граѓански активизам и идна политичка кариера никогаш) да дежураат пред бензинските пумпи и да евидентираат граѓани кои полнат гориво од она со пониска цена. Да се провери годината на производство  на возилото и да се вметне изјава на некој од големите дилери на возила дека “Ново си е ново” и дека “Стара кола е ортак на џебот” и дека законот за увоз на половни возила ни ја уништува атмосверата и зеленилото и дека секој треба да си купи ново возило.

-Внимание- да се провери некој од граѓаните да не е од Галичник и околината па од чисто локалпатриотско-традицинални (змија в џеб) причини купува од евтиното гориво.

3.)    Да се направи акција помеѓу членството и посебно на твитер и фејсбук како паралелни универзуми и најревносни граѓани активисти,  да се собираат средства за да се купат неколку возови. Овие два што сега ги има МЖ се малку за да се постигне саканиот ефект на неорганизирана власт, небезбеден сообраќај а со тоа и небезбедна држава и режим кој на својот напатен  народ  не му дозволува на раат да си помине на спуштена рампа и црвено светло. Да се направи кампања на социјалните медиуми со наслов “Зарем ќе дозволиме рампите да не запрат на нашиот пат кон иднината”, влијателните онлајн ликови да направат билбоарди и да ја подржат истата.

-Внимание- Да се консултира Бранко Героски како нашиот најнов и најдобар сообраќаен стручњак, со специјализација на спуштени рампи, црвени светла  и историја на несреќите во Македонија и како човек кој секогаш, па и во траорните деведесети  бараше одговорност за паѓање на авионите и атентатите на нашите Претседатели. Се сеќавате нели.

Јас лично гаратирам дека овие мерки ќе донесат повеќе резултати од сите досегашни опозициски активности вклучувајки го и Саше АНАЛитико и сите колумнисти на Геро заедно.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s