Ама можеби со некоја друга Влада…

Според дел од нашите медиуми кои не сакаат да чујат да добијат “валкани и корумпирачки“ пари од сопствените граѓани преку некаков маркетинг на Владата ами за разлика од “купените владини мегафони“ се апсолутно чесни и независни и пишуваат објективно а со тоа нели и секогаш…ама баш секогаш и против владините проекти, случувањата на Битпазар и пред Судот се очекувани. Според неутралните и некорумпирани медиуми кај нас кои се крајно професионални и не дозволуваат да бидат купени, освен што новинарите од овие медиуми леб и млеко за дома купуваат од парите на странска фондација (чиј газда јаден и напатен не може навечер да заспие загрижен за слободата на говор и демократијата во Македонија и не фер изборниот амбиент и атмосфера), немирните протести на Албанците пред Судот се сосема оправдани.

Да, и тоа најмногу заради невработеноста меѓу младите.  Невработеност која пак ете сите гледаме дека постојано се намалува. Ама какви се тие вработувања кога се отвораат фабрики и се бараат само работници, а не и шефови и директори и “капетани на белу лаѓу“. Фабрики? Та џабе ли една друга власт ги затвораше фабриките во деведесетите? Па да, за да се спаси народот од валкана работа во фабрика. Па сигурно, подобро народот дома да си седи и да гувее пред папата додека легендарните македонски перјаници на новинарството кои независните и прогресивни медиумите во деведесетите ги основаа во канцелариите на министрите, без омекнувач му го перат мозокот.

Значи според “независните борци за слобода“ Албанците фрлаа дрвја и камења кон судот и заради одвратниот барок, спомениците од Скопје 2014 и купените гласачи. Протестите се случиле заради немање слобода на говор во медиумите, заради недемократскиот режим, изборните измами, Црниот понеделник на 24 декември, сечењето дрва пред Бристол, заради “глупавиот“ народ ној никако да се освести и да почне гласа за опозицијата.

Протести на Албанците со насилство врз полицијата секако немаше да се случат ако се формираше “техничка Влада“ која е ингениозна како идеја само што никој не знае како треба да изгледа и што треба да работи. Чекај…Ако некому не му беше јасно зошто ни е потребна “техничка Влада“ и што таа ќе работи кога и врапците знаат дека Влада не организира избори, еве Фрчковски ни објасни. “Техничката Влада“ би требало да да го реши спорот за името со Грција. Како? Многу лесно, лидерот на опозицијата кој е познат по еластичната кичма ќе ни каже.

Младите Албанци ќе беа среќни и задоволни и никако немаше да протестираат пред судот ако “фашистичкиот режим“ му ја вратеше слободата на народот кој замисли живее во општество со најмногу медиуми по глава на жител во Универзумот кои се финансирани од странски центри на моќ, а сепак ете нема место каде да ја изрази својата загриженост за демократијата.

 

01-bad-translations

Како што вели една вечно независна и меЏународно позната по борбата за демократија новинарка…“Ама можеби со друга Влада ова немаше да се случи?“ Или како што јас велам…“Ама можеби во друга држава ваквите генијалки ќе беа еднаш за секогаш отфрлени од јавноста и ќе се занимаваа со козметика и фризерај или некоја навистина општествено корисна работа како одгледување живина…на пример…“

п.с. По ова, очекувам дека истите медиуми конечно ќе ја отфрлат смешната теорија на “провладините“ новинари дека ХААРП-от е виновен за невремето на Балканот и поплавите предизвикани од истото и дека декларативно и со заедничко соопштение за природната катаклизма ќе ја обвинат актуелната Влада. Нели….Ама можеби со друга Влада облаците ќе се смилуваа и немаше да врне…

 

Advertisements

One comment

  1. Мислам дека и ти имаш погрешен пристап кон решавање на проблемите. Ти го гледаш тоа што излегло на површината, го толкуваш и некој обвинуваш. Но каде ти е разумот да помислиш дека сето тоа има причина за неговата појава. Затоа јас навлегов во длабочината на проблемот, ја согледав причината, и советувам тоа да биде предмет на расправа, да се дејствува на отстранување на причината, а не отстранување на последиците. Штом причината не се отстрани, дејствувањето врз последиците има значење на тресење празна слама. Еве ја причината /изворот/: Погрешно е устроен системот, неговата идеологија тврди дека крајниот резултат- профит или загуба припаѓа на газдите. Под хитно треба народот да свати дека ова грешка што ја има системот го осиромашува, делот што му следува од профитот, или обврската што треба да ја прифати во врска со загубата, кое секогаш салдото е профит, присвојувајки го газдите со тоа му ја одземаат можноста за богатење. Газдите од него немаат корис, тоаа што го праваат е неоправдано, бидејки на тој начин понудата што одговара на тој дел од пари, а која се наоѓа кај нив, не се во можност да ја продадат, погрешно се убедуваат дека се богати, сметајќи ја и таквата понуда во богатство, а таквата понуда постојано се трупа и ја закочува работата немајќи за неа пуштени пари за да се потроши. Таквата понуда без покритие се вика вишок на понуда и таа е причина за појавата на кризи, а за време на кризите се додека не се уништи неможе да отпочне развој, поточно откочување на работата. Сите кризи, војни,сиромаштија и неваработеност се последици на оваа грешна идеологија на системот. Тоа колку му следува на трудот од профитот или загубата, а колку на газдите, параметарот е вложената вредност, која за трудот се содржи, како најблика, вложениот труд во вредност на остварената нето плата, а за парите, вложените сопствени и кредитни пари.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s