За авторот

Добредојде. Моето име е Томислав Гошевски, имам 48 години (знам, и јас се чудам…не е грешка, толку се,ама сум многу младолик), женет (доброволно), татко на 2 деца. Последниве четири години живеам (уживам) и работам (да знае само менаџерот колку, тешко мене)  на Блискиот Исток. Од 26 ноември 2009 започна мојата Аваган(истан)тура најпрво во Кувајт па потоа во  Авганистан во Американска воена база. Овде  ги објавувам  моите мисли и забелешки (мрчам) или илиустрирам на сите можни начини кои се достапни денес (мим, де-мотиватори, фејк фејсбук статуси и сл.) на теми од секојдневието кои ме интересираат (нервираат) и инспирираат. Не мора да се сложувате со моите ставови, но не мора ни заради тоа да ме мразите (да ме чекате во некоја темница со безбол палица). Можеби  треба само да се замислите малку. Но хард филингс.

68 comments

    1. Немам никакви информации за бази во Дубаи и Саудиска Арабија,но тоа не значи дека ги нема.Но веројатно дека други компании работат таму,а не Флуор и Дајнкорп кои се главни за Авганистан.Ти можеш да ја бркаш работата и во двете.Среќно.

  1. Bi sakal da zaminam vo Avganistan. Aplicirav na poveke rabotni mesta vo vrska so mojata rabota preku FLUOR. Bi mozele li da mi kazete kako najbrzo bi mozel da zaminam vo Avganistan. Po zanimanje sum elektricar i imam rabotno iskustvo 30 godini. Imam 50 godini i navistina bi sakal da dobijam sansa za rabota. Ve molam ako mozete da me kontaktirate nekako i da mi dadete vrska so nekoj covek od Skopje ili od nekoj drug grad koj bi mi pomognal. Vi blagodaram mnogu!

    1. Пријателе,
      Јас не можам да ти помогнам освен со овој блог и со информациите кои веќе ѓи имам напишано овде.Мислам дека никој не може да ти даде контакт, и така да отидеш на работа во Авганистан.Процедурата е јасна,треба да аплицираш и да чекаш да те повикаат на интервју.Ако резимето ти е добро и имаш големо искуство,сигурно ќе те викнат.Генерално проблем кај нашите луѓе е што не сваќаат дека можно е во тој момент да немаат потреба од таков кадар,да немаат слободна позиција.Кога ке се погоди да има и слободна позиција и да е добро резимето,тогаш се случува се да се заврши за неколку дена.Значи биди стрплив и упорен.Среќно.

  2. BRAVO DRUZE TI POSAKUVAM MNOGU SREKA, I DA SPECALIS MNOGU, PARI INACE I JAS SUM EDEN POTENCIJONALEN KANDIDAT, ZA RABOTA VO AFGANISTAN, SO TOA STO JAS VEKE EDNASKA BEV I TOA BESE 2002/03 INACE SUM KUVAR I TOA GO RABOTEV, MOZE BI KE SE SRETNEME TAMU

  3. tomislav mnogu sreka i pari ti posakuvam.
    podnesuvav dokumenti za vo dubai i plativ 400 evra vo agencija u skopje “nahil invest” i ne zafrknaa. sega baram bilo kakva rabota i bilo kade samo da zaminam od mizerijava i prevarantite u mk. tvoj predlog??

    1. Пријателе,се надевам дека го прочита целиот блог.Тоа значи дека веројатно имаш приближно слика за целава оваа работа овде.Можеш да почнеш процедура со тоа што ќе подготвиш добро резиме/CV,и на десната страна од блогот имаш линкови до двете компании кои моментално регрутираат луѓе за Авганистан,Флуор и Дајнкорп.Направи профил и побарај позиција која ти одговара и аплицирај.Ако твоето резиме им се допадне,односно ако одговараш за таа работа за која аплицираш,ќе те повикаат на интервју.Тоа значи дека веќе голем дел од работата е завршен.Овде нема потреба од давање пари.Тој што ти бара пари,те лаже.Со среќа.

  4. Pocituvan gospodine Gosevski,
    deneska slucajno vlegov na vasiot blog i mnogu vnimatelno preocitav se sto ste objavile……navistina blagodaram za site iscrpni i korisni informacii konecno mozeme da dobivame info od prva raka (blagodaram)

  5. Pozdrav Tomislav, sakam da te prasam na kakva pozicija rabotis ti i dali za taa pozicija kade sto rabotis sega aplicirase ili vo rezimeto imase i drugo rabotno iskustvo i te povikava za drugo rabotno mesto. Pozdrav i samo napred

    1. Јас работам како фуел оператор,прием и издавање на гориво,и да за тоа аплицирав во декември….и тоа ми стоеше во резимето,имав и друго искуство,ама поодамна.Последното искуство ми бише за гориво.Поздрав.

  6. Tomislav pozdrav pak jas sakam da te prasam dali mozes da mi go pratis sivito sto si go pratil za da mi sluzi kako urnek da napravam i ja nesto slicno zasto ti imas prestava kako izgleda uspesno sv. Pozdrav .(senkov@hotmail.com)

    1. Жалам….не можам да ти го дадам моето резиме.Има на интернет илјадници примери како треба да изгледа едно резиме.Потоа можеш да користиш изрази и цели реченици и од сајтови каде што има објаснување на одредени работни позиции.Има се на интернет.Да е жив Google.

  7. Sakam na edno prasanje da mi odgovorete za koe mislam deka mi e precka za ostvaruvanje na mojata zamisla, najprvo bravo za vasata hrabros i odlucnosta za takvo podracje, inaku i jas sum strasno zainteresirana vo posledno vreme da zaminam isto vo Avganistan, no problemot e vo toa sto ima slabo poznavanje od angliskiot jazik, a inaku po profesija diplomiran pravnik, naskoro M-r. Dajte mi sovet sto da prezemam okolu ovoj problem

    1. Постои разлика од позиција до позиција накоја ќе работиш колку ќе ти треба познавање јазик.Најпрво познавање јазик треба за да го поминеш интервјуто.Мислам дека два-три месеца се сосема доволни за да се научи доволно јазикот,дури и да нема човек никакви познавања.Треба да се научат конкретни поимови и изрази кои се поврзани со работното место за кое се аплицира.
      Има на интернет многу сајтови кои објаснуваат како се поминува интервју и кои прашања се поставуваат на интервју.А за во Авганистан зависи каде си и што работиш,односно дали имаш некој да ти се најде,да ти помага.Јас имам случај на луѓе кои не прозбореле еден збор овде на Англиски,а тука се неколку месеци.Ама таква им е работата, и никој не ги прашува ништо, или секогаш има некој да им помогне.
      Но што ако не си во таква средина,или на таква работа.Инаку и во Кувајт за време на процесингот видов како еден Индиец вратија дома заради не знаење на јазик,пред мене седеше,и немаше никој до него да му помогне,а Американците го забележаа дека не ги разбира што зборуваат,требаше нешто да пополнуваме некои формулари.Го вратија дома.Затоа има време,учете јазик.

  8. Sakam da te prasam za platata zatoa samo sto potpisav preddogovor vo SK , me interesira dali glasinite sto se sirat na osnovnata plata imas i 75% dodatoci za nekoj raboti ili sve e nekoj vid na laga, toa go imam slusnato od luge sto treba da odat isto kako mene.Pozdrav

      1. Rabotam na proekt na USAID vo Avganistan. Dobivame 70% plus od osnovna plata (hardship and post differential). Ovoj dodatok vazi za site partneri na USAID (developmental companies and NGOs). I onie sto rabotat za UN imaat dodatok na osnovna plata zavisno od tipot na dogovor. Pozdrav od centarot na Kandahar.

        1. Здраво Ана,
          Ти благодарам за информацијата,но кога се работи за компании контрактори,плаќањето оди поинаку.Американците(expat)добиваат 80 % на првите 40 часа работа во седмицата,но истото не важи за нас не Американци,или FN(foreign nationals)како што не нарекуваат нас.
          Имаше некоја најава дека Американската влада му одобрила на Дајнкорп да исплаќа аплифт на основната плата на сите вработени,но за жал не се случи тоа.Твојата компанија е “поголема” и “подобра” од нашите…:):)….се шегувам.Ти си во Кандахар сити….хм…имам некои пријатели војници кои заминаа таму….изгледа не е баш најпријатно да се живее и работи таму….Инаку…ми се допаѓа твојот блог….Поздрав од Апачи….Stay safe!!!!

    1. Пријателе,јас мислам дека не би требало да имаш проблем…сепак консултирај се со регрутерите,прашај.Инаку знам случај на човек кој со проблеми со видот помина лекатски и работи тука.

  9. Veke 8 meseci apliciram za fluor i DYNCORP uporen sum no izgleda sega napraviv greska .Go izbrisav profilot od Fluor i staviv novo CV nov e-mail i nov broj a pak aplicirav, voedno prativ direkten e-mail do nekoi regruteri od koi dobiv odgovor deka na nivnata WEB strana imaat 2 razlicni CV i zatoa veke nema da go razgleduvaat mojot slucaj????? Dali imas ideja kako da prodolzam??
    Blagodaram
    LAS

    1. Ех пријателе….што да ти кажам сега….има многу луѓе што згрешиле вака,тебе барем ти кажале дека те фатиле.Другите не знаат,и само попусто се надеваат и чекаат.И потоа се прашуваат зошто не ги викаат на интервју,или зошто нема карта и виза.Некој постојано ги лаже нашите во Македонија,секакви приказни се шират,и потоа луѓето си имаат проблеми.

      Постојано велам дека треба прво се да се разгледа убаво.Па ако не друго,прочитајте го блогов цел,па ќе имате појасна слика за се.И не слушајте секого.Не е препорачливо да се менува резимето.Затоа прво најдете некоја добра позиција,позиција која можете да ја работите,и направете резиме за таа позиција,но внимавајте,потоа е тешко да се промени.И со едно резиме аплицирајте.Но тоа резиме нека прикажува дека имате искуство во таа бранша,за која аплицирате.Не да стои во него дека сте работеле 4 различни работи,и со него да аплицирате за 4 позиции.Тоа тешко поминува кај Американците.

      А ти пријателе…не знам…можеби има шанси ако презимето или имeто ти има некоја ш или ч…па да ги прикажеш како sh или ch,и направи друга меил адреса и пробај пак.И ова веројатно ти се случило во една компанија.Префрли се на другите…има уште многу….и никако пишување на регрутери директно.И за ова цело време зборувам…но не…луѓето се нестрпливи,и потоа си имаат проблеми.Само следете ја процедурата.

  10. Ова што го правиш Томислав е за ГОЛЕМ респект, следам што пишуваш некаде од Јуни месец. После долго прашување по луѓе каде, што, како, колку и зошто случајно налетав на твоето ДЕЛО. Од тогаш па наваму ги добив сите одговори. За разлика од тебе и од мојот драг пријател СОКОЛОТ (кој е подолго во Афганистан и ми го потврдуваше сето твое кажано) сите други љубоморно ги чуваа за себе и никој не ја кажуваше вистината. Сакам само да ти се заблагодарам и да ти посакам се најубаво. Се надевам дека ќе те сретнам таму или во Македонија. Јас пробувам скоро една година за да дојдам таму, ама никако да ми се посреќи, слабо стојам со англискиот па на интервју не поминав. Поздрав до сите МАКЕДОНЦИ во Афган.

    1. Пријателе….што да ти кажам освен…седни и учи англиски…има време…за 2-3 месеца ке можеш да се подготвиш за интервју.Да си поучел малку за оваа година,сега ке си имал повеке шанси.Има уште време,ова ке трае подолго.

  11. Tomislav blagodaram za site instrukcii i blagodarnost do tvojata golema pomos okolu ovaa rabota. Mojata molba(prasanje) e “sakam da znam preku koja agencija imas aplicirano” ? pozdrav se najdobro mozebi ke se sretneme …

    1. Па пријателе…за работа во странство не се аплицира само преку агенции.Веке неколку пати напишав дека јас првиот договор го потпишав за Аџилити,а кога тие го изгубија договорот,прејдов во Дајнкорп со помош на МПИ-Кувајт и мојот пријател Вал.

  12. D.C ima vo momentov oglas za poveke rabotni mesta ,pa bi sakal da te zaprasam kao e pozicionirano rab mesto HEAVY VEHICLE MAINTENANCE Foreman vo odnos na god. plata. Bi mozel da go ocenis so ocenki od 1 do 10 ne mora da izrazuvas pari. Se razbira ako si zapoznat(priblizno) .Gi pratam nekoe vreme tvoite napisi i konecno se odluciv da pisam, a i ova rabotno mesto najmnogu odgovara na mojte kvalifikacii.Ova za platata ta prasav bidejki imam spremnno CV i dobra prporaka za ovaa pozicija.

    1. За платите не можам да ти кажам,и воопшто за платите не верувам дека некој ке ти каже…малку е комлицирано сега,има доста измени,постои “европска” и “азиска” платна листа,и до сега повекето Балканци добиваат “азиска” плата,што е погрешно.Сега помалку почнува да се менува тоа и веке се нудат поголемите плати од “европска” листа.Инаку до сега таа позиција беше некаде околу 20 000 долари годишно.

  13. Zdravo Tome,

    Denes “slucajno” ja otkriv stranava! Veruvam deka nisto ne e slucajno i samo cekam da vidam sto novo ke mi donese ova iskustvo! Kako da bese vcera koga stoevme vo Skopjanka, jas vraten od brod za da ostanam vo Skopje, ti celiot radosen deka odese za nekoj den na prv dogovor. Iskreno da ti kazam, znaejki te tebe i tvojata familija, mi bese strav i zal deka ke odis. Dolgo vreme nemozev da se pomiram so faktot sto se morame da pravime za da obezbedime normalna egzistencija za semejstvoto.
    I sega ja gledam stranava i ne mi se veruva!
    Znaci si se snasol, uzivas i tvojot talent doagja do izraz duri i vo tie uslovi. Neverojatno mi e milo sto go gledam ova!
    Jas sum vo potraga po nacin za dobivanje rabota vo Afgansitan, bidejki ne sakam da mi propadne seto toa iskustvo sto go steknav vo Amerika, a i preporakite. Sega za sega bev vo Aleksandar Palace i verojatno treba pak da odam. Cuvstvuvam deka mi falat informacii i mozda gresam vo neki raboti, ama zatoa sledam forumi i vaka od prijateli po nekoj sovet:) Kako i da e, se nadevam deka eden den ke se vidime tamu. Ako ne, togas vo Skopje:) Pozdrav doma!

    1. Драган,
      не знаеш колку пријатно ме изненади.Се сетив на се од времето кога ти заминуваше на брод пред 6-7 години,и колку желба имав јас да заминам.Се сеќавам на секој детал.И колку бев радосен кога ќе добиев меил од тебе од Карнивал.Знам дека се обидуваше да ми помогнеш и ти благодарам.Се надевам дека овој блог,а и форумот Авгантура барем малку ке ти помогнат.Инаку наскоро ке бидам дома и ке се видиме.Поздрав пријателе.

  14. Ovi moi prasanje se postaveni na uste edno mesto. Ne znaev kade da gi postavam tocno. Pa gi objaviv na dve mesta, ednoto neka bide izbrisano
    ______________________________________________
    Tomislav,
    Prvo, moram da ti go pofalam sevo ovaa sto go imas sraboteno. Imas mnogu dobri zivci, moram da zabelezam.
    Imam nekolku prasanja, a bidejci ne najdov odgovor na istite ce moram da te davam tebe.
    Da li ima electrical foreman ili electrical supervisor, koj e dojden od ExYu prostorite?
    Da li imas cueno za power gen supervisor ili foreman, koj e dojden od ExYu prostorite?
    Istovo ovaa bi te prasal i za maintenance.
    Da li imas informacii kolku bi trebalo da bide plata po noviot platen raspored (evropski) za gore navadenite pozicii.
    Uste nekoe prasanje, (ne najdov odgovor na ovie prasanja, a gi procitav site pisuvanja i ovdeka i na forumot).
    Da li imas informacia na koj nivo bi mozel da bide testot sto se polaga za rabotnoto mesto work control supervisor. Vidov deka e naveden test za proverka na angliskiot jazik.
    uste dve prasanja i ne te davam povece.
    Kako e reseno snabduvanjeto so cigari vo bazite vo koi nema PX.
    Kako e reseno perenje na vesot (se nosi vo loundry ili imate masini koi sami si gi koristite), a ako mora da se nesat na perenje, kolku dena se ceka.
    Zaboraviv da prasam uste dve raboti.
    Porano aplikantite za DynCorp sami si vrsea lekarski pregledi ovdeka, pa gi ispracaa tie rezultati nekade, pa povece ne znam.
    Sega imam dobieno informacija deka ovde se pravat lekarski pregledi (vo Skopje ili Tuzla), a procitev ovdeka deka nekio lekarski se pravat vo Dubai. Pa nisto ne mi e jasno. Kade sto se pregleduva i koj gi pokriva trosocite na istite.
    Isto taka procitev deka moze da se sluci da se dobie edna ponuda za plata vo Skopje, a druga vo Dubai. Pa bi skal da prasam sto se slucuva ako ne sakam da ja prifatam novata ponuda vo Dubai? Da li sum dolzen da snosam nekakvi trosoci poradi toa?
    Te pozdravuvam

    1. За било која позиција,па и за тие што прашуваш,најдобро и најсигурно ке провериш на страницата на Дајнкорп,каде што се објавени позициите.Ако пред името на позицијата пишува FN тогаш таа позиција е достапна за Балканците.Ако нема FN пред името,тогаш е само за Американци.Јас не сум видел електричар или пауер ген формен или супервизор ,но не значи дека нема.Платите сите би требало да бидат во две категории.Обичен работник…38600 долари годишно,а формен 46 800 долари годишно.За супервизор не знам,и малку ретко се добива таа позиција…

      За тестовите немам информации….прашај на форумот Авгантура…а има и тест за Англиски,за сите позиции.За снабдување веке пишував,имаш локални работници во секоја база,и се ке ти снабдат,ако нема пиекс…кога може да се купи сателитски систем,може и цигари.И за перењето пишувава…кај нас има машини…си ставаш прашак и си переш и си сушиш…а ако има лондри сервис,тогаш таму носиш и после ден – два си ги зимаш работите.Лекарски се прави во Дубаи…комплтно.Нема различни понуди за плата.И се ова е веке пишувано или овде или на форумот Авгантура….и после неколку дена пак некој друг ке ме праша за истиве работи.Што да кажам веке…луѓе…читајте…или да прекинам да пишувам.Што друго.

  15. Sto i kolku rabotat soferite na kamioni.jas ke vozam kamionpa me interesira posto vo dogovorot(offer leter),mi pisuva deka rabotnoto vreme mi e 12h.na den 7 dena vo sedmicata,a inace treba da rabotam na cisterna na nafta,pa ottuka i pogolema sansa da se sretneme.CUVAJ TE SE!!!POZDRAV

    1. Пријателе….убава работа си добил.Во зависност од база до база,возач на цистерна може да има и 2-3 часа дневно работа,но и 6-7.Значи,во базите,цистерните,се работи за цистерни од 4 до 10 тона,работат на полнење на генераторите со гориво.Зависи колку генератори ке имаш,толку и работа ке имаш.Зависи и колку цистерни се во базата.Значи,ја полниш цистерната,и возиш по ред,од генератор на генератор,со тебе имаш уште еден оператор и тој со цревото ги полни генераторите.Ништо посебно.Можно е да имаш две тури во денот,наутро…30-40 генератора,и навечер уште толку…ако има две цистерни,уште поубаво.А ако си нокна смена,најубаво…тогаш ке имаш само 2 саата работа,како кај мене во Апачи.Многу едноставна работа…само да не се погодиш некаде да има 80 генератора,а само еден камион…иако тоа веке не е веројатно,зошто сигурно има повеке камиони.Инаку,и јас го имам ова работено десетина дена,со мала 4 тонска цистерна…иако немам ни Ц ни АДР дозвола…мораше,немаше кој.Поздрав.

  16. ZDRAVO TOMISLAV.
    Ovde vo skopje poslednive nekolku dena se sirat gluposti,vo stilot deka dyn corp go izgubila dogovorot,t e deka dyn corp se zatvara.dali imas nekoja informacija okolu ovaa,jas bi rekol dezinformacija?pozdrav do site “AFGANISTANCI”

  17. Da,i konecno dojde do toa kancalarijata na DYNCORP vo Aleksandar Palas se zatvara vo cetvrtok,no neznaci za sekogas,mozno e pak da se otvori po nekoe vreme ili pak da ja otvori (kancalarijata) nekoja druga kompanija.Informacija direkno od kancalarijata…..POZDRAV DO SITE !!!

    1. Па ништо…ке си аплицирате онлајн,како и до сега.Ке чекате телефонско интервју и потоа понуда за работа,виза и карта за Дубаи.Така беше и порано,пред мај месец лани…и така е вообичаено.Ништо чудно или страшно.Само следета ја процедурата.

  18. Zdravo Tome sekoja cest izgleda deka sum naj nov vo ovaa rabota .Procitav se sto si pisuval pa me interesira dali mozam cv da go odnesam dirakno vo A.PALAS ili po meil dali za dvete kompanii e ista procedura i dali mozam da proveram za rabotnite mesta pred da go ispratam cv jas pobarav ama ne mozam za Fluor da gi najdam ili na mi gi otvara .Pozdrav

    1. Пријателе,веќе ти одговорив на ова прашање.Нема корист и сто пати да ме прашаш истото,истиот одговор ке го добиеш.Туку потруди се да го најдеш тоа што ти го објаснувам.На десната страна имаш една сликичка со логото на Флуор.Кликни на неа.Ке ти се отвори страницата на Флуор.Имаш пишува search openings.Кликни на тоа и ке ти се отвори страницата за претрага на слободните позиции. Одбери Авганистан и подолу кај Keyword напиши која позиција те интересира и кликни на search.Ке ти се појават позициите кои си ги барал.Или остави го празно тоа поле и кликни на search и ке ти се појават сите слободни позиции.Навистина е малку незгодно вака да објаснувам “кликни овде кликни онде”.Луѓе,најдете некој кој знае интернет и нека ви помогне,или отидете на краток курс за користење компјутери и интернет ,не е скапо, а ке ви користи во животот.Во Александар Палас нема никој од Флуор, а и Дајнкорп не прима веке апликации на лице место,мора само онлајн.

  19. Pozdrav Tomislav,kako e tamo? Ovde vo Skopje se vrati zimata.
    Sakav da te prasam dali znaes za kolku vreme se zaminuva za Dubai od potpisuvanje na oferleterot?Jas potpisav na 10 .02.2011,a dokumentite gi dostaviv na 17.02?Nemam trpenie ovde ne se izdrzuva(bezparica drugar).CUVAJTE SE!!!

    1. Пријателе…нема правило.Кога ке има потреба ,или кога ке биде готова визата и картата,ке ги добиес и ке заминеш.Има луѓе кои заминале за две недели,има кои чекаат 4 месеца.

  20. zdravo….
    Vec duzi vremenski period imam predat cv i svu ostalu potrebnu dokumentaciju predatu u Tuzli u Daynercopu…..
    JOS ME NIKO NIJE POZVAO…..
    Pa me zanima dali mogu preko vas naci posao ili da mi preporucite nekog ko pouzdan za odlazak u Avganistan….
    Zovem se Sadika imam 43 godine zivim u Tuzli (BIH)….
    ako mi ikolko mozete pomoci javi te mi mailom….
    hvala….

  21. Pocituvan gospodine za zal od ovie site sto ve prasuvat a vie im odgovarate vnimatelno procitav se vo 2007god bev za hjuston za KBR,posto mi go promenija sajtot me pratija za IRAK i jas se otkazav mislev deka e polosa situacija nego ne bilo taka,eve sega aplicirav za FLUOR i pak me viknaa ama toj pust jazik i mene me izjade a dali vi se veruva samo edna aplikacija pustam i odma me vikaat se na blef ama koga ke mi se javat i toa sto znam se zaboravam heeeee!!!!i zatoa nemozam da otidam pozz i sreknoo…..

  22. Tomislave, jas sum momentalno vo TK vo Afganistan i cesto odam na stranata http://slobodni.net pa vo delot Posao. Pri poslednoto vleguvanje gi najdov ovie napisi pa bi sakala da gi spodelam so site. Na ova strana http://slobodni.net/showthread.php?82856-Azijski-ugovori-Dyncorp se napisite i site mozete da gi procitate komentarite.

    EVO PA VI SAD VIDITE. Danas u Woltonu ljudi balkanci su prestali sa radom, mozda uskoro i ovdje bude tako. Napetost se osjeca u zraku. All European employees currently in FN/TCN – A rates will not automatically be moved into a FN/TCN – E rate. There currently must be an available FN/TCN – E position online for the employee to apply towards for placement. Additionally, European employees cannot hold FN/TCN – A positions after their current FSA expires. If there are no FN/TCN – E positions available, employment will end when FSA expires.

    Da pokusam ja.
    Svi radnici iz Evrope koji trenutno imaju “Azijsku Platu” nece automatski biti pomjereni na “Evropsku platu”. Evropska pozicija mora trenutno biti otvorena na kompanijoj zvanicnoj web stranici da bi radnik direktno aplicirao da bi ga kompanija postavila na istu. U dodatku, Evropski radnici ne mogu biti na Azijskim pozicijama kada njihovi trenutni ugovori isteknu. Ako u tom trenutku nema otvorene evropske pozicije, zaposlenje ce zavrsiti (dobiti ce otkaz) kada ugovor istekne.

    Dyncorp saka samo da ne iskoristi kako eftina rabotna sila i posle da ne otfrli, a na nase mesto da donese azijci koi ne se taka pametni kako nie.
    Pozdrav do site

    1. Драгана….јас не мислам баш така.Нема да се случи Дајнкорп да зависи од работата на Азијатите.Најмногу затоа што сите знаеме дека тие не се некои работници,и дека кога треба некоја работа да се одработи,ние ја завршуваме најдобро.Еве го мојот пример.Кај мене има Непалец формен кој поима нема ни од работа ни од живот,и го ставивме во ноќна смена,а целата работа јас ја работам како формен(иако не сум)и три пати го менував менаџерот вкупно преку шест месеци работев како вршител на функкција менаџер,одговорен за се на гориво.
      Тоа нема никој Азијат да го заврши како ние,и Америте го знаат ова.Второ…Азијатите не се сигурни заради проблемите со визи.Многу одат на одмор и не можат да се вратат.Не може Дајнкорп да се потпре на нив како сигурни.Нивните држави не им дозволуваат да работат овде.
      И јас го имам добиено тој меил,но не гледам толку трагично на тоа.
      Значи треба да се аплицира на крај на првата година за да се добие договор за втората година.Ништо страшно.Нашиот менаџмент,на гориво,тврди дека сите Балканци ке останат на работа и ке добијат Европски плати на крајот на првата година.Само треба да се аплицира.Е…сега за некои позиции може и да се случи да Дајнкорп реши дека Европјани му се скапи,и да не отвори позиции за втората година.Едноставно…ке си вработи локалци,или Азјати.Но не може тоа секаде и на повекето позициии им требаат Европјани.
      И што друго може да се направи.Ако компанијата реши дека моето или твоето работно место ни им одговара ние да го држиме…никаков штрајк не помага.Подобро аплицирајте на време и барајте некоја позиција…па и друга да е,ама сигурно ке добиете Европска плата.Поздрав

  23. Здраво, прв пат ти писувам и ја гледам страницава. Многу е добра и корисна и мило ми е со има таков човек што ги пишува своите искуства во Авганистан со цел да им помогне на другите. Иако веќе имам аплицирано и чекам може 3 месеци, имам уште надеж и желба да отидам, сепак знаеш каква е ситуацијата во Македонија преживуваш од месец за месец. Како и да е ти 19 месеци си чекал тоа ми даде повеке мотив да се надевам.
    Стварно секоја чест за идејата и реализацијата на сајтов.
    Све најдобро

  24. druze sakv da te prasam posto na forumot ne mi odgovorija
    sakam da konkuriram za pozarnikar ili vodovodzija pa me interesira od prilika za rabotata kolku se bara i od prilika kako odaad platite pozdrav.

  25. Pocituvan g-din Gosevski, jas sum dipl.gradezen inzener, momentalno rabotam magisterskata teza. Imam 3 godisno iskustvo vo RM vo gradeznistvo i toa vo site oblasti: proektiranje, nadzor, revizija na proekti i konsultantski uslugi i toa na pogolemi investiciski objekti vo RM. Bi sakal da Ve zamolam dokolku ste vo moznost da mi pisete dali moze da najdam aplikativna rabota vo Afganistan.
    Ke Vi bidam blagodaren dokolku prodolzime so komunikacijata. Pozdrav

  26. Здраво комшија………..Комшиии сме барем во Афганистан.Фоб Апачи од едната страна на улицата а ФОб Лагман од другата страна.Оддамна го немав отворено твојот блог,па си реков ајде да видам комшијата што напишал.Браво навистина за почит и за пример како треба со информации да се поткрепат нашите луге за да успеат.Се надевам дека ке продолжиш и понатаму.Поздрав од Лагман

  27. zdravo zainteresiran sum za rabota vo nekoja od firmite so koi sorabotuvas ti .ako mozi da mi kazis kade mozam da apliciram i sto dokumenti mi se potrebni .imam iskustvo i diploma na elektro tehnicar i toa go imam raboteno .fala pozzzz

  28. pozdrav od doma..na ARENAR sum pominaa 4 meseci ..Tomce fala ti za sed sto preku ovoj tvoj BUKVAR gi nauciv site lekcii za tamu..pozdrav do site sto se tamu kade si ti i jas pozdrav do Ruka koj e doma i pozdrav do site sto sakaat da ni se pridruzat vo pustinskite predeli..

  29. dogovorot na DYNCORP sigurno ke prodolzi ..a i da ne prodolzi ke ja zeme rabotata druga poznata firma…bidete uporni vo apliciranjeto i ucete jazik luge zosto bez toa ste nikoj i nisto tamu…jas sum bus driver i znam kako mi bese od pocetokot ..mislev deka znam ustvari nisto neznam[ za da razberes eden teksasanin ti treba sposobnost a toa e jazikot ..vladeenje na jazikot..pozdrav i ne se predavajte ..ne e taka loso ama..nemojte da mislite deka i e tolku lesno[edno e jasno za mene ..poglupava podosadna i poplatena rabota vo zivotot nema da najdam]pozdrav

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s