блогерај

Како поминаа минатогодишните блогерски и твитерџиски награди-фото сторија

РЕПРИНТ

Големиот настан се случи вчера вечер во МКЦ. Македонската јавност(и дијаспората) со нетрпение го очекуваше најбитниот настан за 2012 година кој се однесува на социјалните мрежи и блоговите. Блогерски и твитер награди за најуспешните во изминатата година. Видени со мојот малку извртен ум(не замерајте…Авганистан, пустина, војна, рокет атак,…твитерџии шо ме нервираат)…

Еден сосема обичен млад пар….

Има луѓе на кои не им се битни социјалните медиуми…..

Комисијата на @blogirame ги утврдуваше кандидатите за награди….

Некои блогерки и твитерџики беа среќни….

Некои помалку….

Конечно номинации…

Се беше подготвено за најважната вечер за Македонските блогери и твитерџии….да не речам за целата јавност кај нас.

Луѓе од сите краеви…блогери и блогерки…твитерџики и твитерџии се упатија кон МКЦ…

Главните играчи на нашата блогерско–твитерџиска сцена пристигаа, борејки се со товарот на славата.

Некои имаа лични дилеми и неодговорени прашања…

Фановите и пријателите на главните ѕвезди беа пред МКЦ…но немаа сите среќа….

Имаше дешаванки и пред врата….

Конечно….

…долго очекуваното…

Некои се сеуште во ред…

Некои се незадоволни…

Некои мислеа за после…

Најважниот момент дојде…

Момент на вистината…


Имаше и незадоволни….

Надвор уште чекаа  најупорните фанови…

Внатре се делеа наградите…

Имаше и музика….

…и танчери…

Имаше и афтерпарти….

Како и да е…забавата беше на високо ниво. Заслужено опуштање за сите. На крајот….

Уште подоцна….

После оваа фото сесија сигурно секој од вас кој не присуствувал на ивентот на годината има вистинска слика за тоа што се случувало. И јас исто… Како резултат на тоа…и на се што се случуваше вчера, јас преземав некои мерки за следната година.

п.с. Се надевам дека оваа манифестација ќе стане традиционална.Предлог за следната година. Можеби ова ќе даде малку шмек на целиот настан…

2012 in review

The WordPress.com stats helper monkeys prepared a 2012 annual report for this blog.

Here’s an excerpt:

4,329 films were submitted to the 2012 Cannes Film Festival. This blog had 29.000 views in 2012. If each view were a film, this blog would power 7 Film Festivals

Click here to see the complete report.

Не, не е лавот…

Не, јас не сум многу стар. Иако го памтам времето на Тито, иако сум бил војник на една туѓа држава, сум одел на “наше море” во Дубровник или на Хвар, сум одел на шопинг во Трст по “КарИера фармерице” и монтки и памтам кога се викаше “дужен си ко Грк”(добро ова важи и сега) и кога за “една червена”во Софија можеше да се купи што сакаш . Не сум многу стар(иако по лична карта некој ќе рече не е така), јас само памтам долго. Памтам веројатно двојно повеќе години од колку што години имаат сега нашиве млади и надежни општествено освестени активисти, квази борци за демократија кои жив би те запалиле ако случајно си неутрален или не дај Боже да имаш спротивен став од нивниот. Памтам доволно долго за да можам да кажам дека ако не повеќе, барем од Втората светска војна навака никогаш Македонец не дигнал рака на Македонец. Се до 24 декември.

Еве 3-4 дена се обидувам да разберам што е тоа толку битно, што е од животна важност за да те натера да излезеш на улица, и да дигнеш рака на свој сонародник, комшија, можеби и некој втор братучед, другар од средно или сестра на девојка ти, а кои застанале на другата страна, затоа што ете се случило да имаат различно мислење од твоето. Што е толку важно да те натера да дигнеш рака на полицаец, сосема обичен човек кој има морална и професионална должност да си ја одработи работата за која сите ние плаќаме.Зошто да дигнеш рака на полицаец кој сигурно како и јас и ти има две деца дома, на кои мака мачи како да им купи нови чизми или зимска јакна, а има и две неплатени сметки за струја, или има 35 години и уште не е женет и не може да се ожени зошто нема каде да живее, па уште спие во станот на тато и мама, во собата што некогаш беше детска. Кога слепо ги следиш своите водачи, сети се дека сите, сите што досега ја водеа државата, кој помалку кој повеќе се криви за таквата ситуација во која се наоѓа и полицаецот и јас и ти, а веројатно и мнозинството Македонци.

17

Што е тоа што те натера да дигнеш рака на колегата пратеник, или уште полошо пратеничка. Се обидувам да разберам зошто некој кој е платен од народот, сака да го линчува вториот човек во државата кој по дефиниција е Институција, наша, државна, на сите нас, без разлика за кого сме гласале, а кој во моментов случајно се вика Трајко Вељановски и е од спротивната партија. И на крајот, зошто некој кој има власт и сите алатки на власта се кај него, би бил нестрплив и дозволи да биде испровоциран и нервозен за да направи грешка, па да ги избрка новинарите од Парламентот. Што има тајно и скришно кога само си ја работиш својата работа, по правила и прописи. Нечија туѓа грешка не може, не смее да биде изговор за мојата. Зошто сето ова?

Мотивот е двигател на се во животот. Велат, во саваните на Африка, во Кенија, некој Кениец бегајки од лав, успеал да се спаси така што скокнал преку  амбис широк 7 метри. Сигурно во нормални услови нема да може да прескокне ни една третина од тоа. Добро…кој беше лавот во понеделникот на 24 декември. Што беше лавот за запенавените, запалените и настрвени политичари да ги поведат исто таквите сограѓани во судир со полицијата и “другите”. Буџетот? Да, буџетот е лав, од големите со големи заби и канџи? Зарем некој верува во тоа. Борба за демократија и слобода? Борба против фашистите, како што едните се почесто ги нарекуваат другите, а притоа самите се однесуваат како најревносни следбеници на Ил Дуче. Пратениците и политичарите воопшто, кои се платени од сите нас, си земаат за право, наводно во наш интерес да го бранат или да го запрат буџетот, кој исто така се полни со наши пари. И сега заради тоа, кое според нив е највисок приоритет, ние треба да се убиваме меѓу себе? Не…

Запалените глави треба да се оладат веднаш. Политиката се води во Парламентот и во институциите на системот, а не  на улица. Ние не сме Сирија или некоја си Никарагва. Иако истите тие политичари ако дозволиме, уште малку ќе направат да не знаеме кои сме и што сме и заради тоа да се испотепаме меѓу себе. Нема изговор за насилничко однесување на улиците, кога според сите релевантни Европски институции и извештаи, Македонија е сосема нормална правна држава каде што владее правото и Уставот. И сега не ме интересираат сите генијалци и “уставотворци” кои ќе кажат “уставот се крши”…”режимот е не демократски”…или не знам што. Тоа си е само лично чуство на поединци или одредена група луѓе и и нивно право е да мислат како сакаат. Не треба сега сите да подлегнеме на нивните чувства. Што ако се погрешни. Има кој е задолжен и кој треба да каже дали има или нема кршење устав, и дали има или нема демократија. И тоа не се прави преку улицата. Некој ќе рече Уставниот суд е претворен во продолжена рака на партиските лидери. Да? А да се сетите кој го направи тоа? Па има ли некој од политичарите барем малку образ. Како можеш да обвинуваш некого дека прави нешто спротивно од морал, етика и закони, а ти самиот си го правел тоа.

Што ако другите, поттикнати од своите лидери и медиуми речат, …”не, не се крши уставот” и излезат на улица, како што излегоа. Ама што ако следниот пат не останат мирни?. Некој сега ќе рече “аха…прават контра протести”. Да…од кога твоето право на протести го поништува неговото право на протести, макар и против твојот протест. Едноставно, група луѓе не се согласува со твојот протест. Сосема нормално. Не се оспорува право на протест никому и не смее да се оспорува. Тоа што и двете страни имаат “црни фондови” за плаќање протестирачи е сосема друга работа. Битен е начинот на кој се прави и дали со тоа се загрозуваат институциите на системот и безбедноста на граѓаните.  Ако некој не е задоволен со Буџетот и начинот на кој е донесен, нека излезе на протест и нека го искаже тоа. Но не насилно, со газење на полицијата и со  напад врз Претседател на Собрание. Мирно искажете протест, известете ја јавноста и таа на избори ќе знаее како и за кого да гласа.

Дека работата оди во погрешен правец и целата ситуација не е ни малку розова говори и случајот од пред 2 дена. Испровоциран од настаните на 24-ти декември, Сашо Мацановски-Трендо, на порталот кој тој го уредува off.net.mk објави видео клип од архивите каде се гледа дека при донесувањето на Буџетот за 1998 година, лидерот на тогашната власт а сегашна опозиција Црвенковски, со исти аргументи го брани донесувањето на Буџетот, за кој беше обвинуван и напаѓан од лидерот на тогашната опозиција а сега негов коалиционен партнер Георгиевски. Опозицијата го критикуваше дека Буџетот е неразвоен и дека има ставки кои треба да се изменат. Црвенковски со своето Парламентарно мнозинство си го изгласа Буџетот. Немаше протести и напад на свои сограѓани и полицијата. Хипокризија? Луѓето кои до вчера во Трендо скоро да гледаа свој идол, онлајн активистите, твитерџиите одеднаш се изненадени и навредени од постапката на Трендо. Одеднаш тој е скоро еретик, предавник на нивната кауза. Само затоа што се осмели да изрази свој став и тоа тој став да не е во правец на подршка на нивната кауза. Човекот само им покажа дека и “нивната кауза” има маани и дека и нивниот лидер се однесувал исто. Само им ја кажа вистината, им ја плесна во лице. И сега…дојдовме во ситуација кога луѓе заради искажан политички став треба да се осудат, екскомуницираат и анатемисаат? Зошто? Заради болни политички амбиции. Каде одите луѓе, амбисот е напред. Или ќе го чекате лавот.

п.с. Во понеделникот на 24-ти и работата на институциите и безбедноста на граѓаните беа во опасност. Немојте да дозволите болните по власт и моќ политичари да  ве доведат во ситуација да бидете одговорни за безбедноста на нашите семејства. Во ситуации каква имавме на 24-ти декември фали само една искра да запали оган кој потоа тешко ќе го изгаснеме и последиците ќе бидат катастрофални, ЗА СИТЕ НАС. На крајот, на избори, секој од нас си кажува што мисли за власта, ама и за опозицијата, а не на улица насилно. И, вољата на гласачите треба да се почитува. И за Трајко Вељановски гласале луѓе, исто како и за Андреј Петров. Некој добил повеќе гласови и ја добил власта да управува со државата и со нашите пари. Почитувајте го тоа. Се додека не се појави лавот. Она во понеделникот на 24 Декември, оној срам за Македонија не беше лавот.

Бубашвабите

Мала криза одма гомна да се јадело. Извини, ова ГОМНА требаше да го ставам Г***А…а не вака ГОМНА. И ја па више претеруем. Тошо Малерот е легенда и ја поштуем негови ставови. Овој тачно одговараше на последниве дешаванки у Македонија. Мислам, онаа журката од малку поголем карактер пред и во собрание вчера. Мислам….ха..како да ти објаснам, смејурија бе брат…смејурија. Како не ми текна да собирам наслови, изјави, твитови и стауси на “генијалци” од сите категории и да се изнасмееме сите овде заедно. Нешо као…”дојде денот Д…”…”Египетска пролет во Македонија…” ….”Народот одлучно вели не…”…”фашизмот да се победи”…” Бранко е крив…”…”умре демократијата..” Ало бре…со кого јас делам ист кислород. Идиотизам…Суетите ви се на три нивоа повисоко од нивото на вашата интелигенција  а си земате за право да гњавите цела држава. Ова еднаш мора да запре. Решиле неколку фраери да ни го сјебат денот и се запенавиле да го направат тоа шо по ефектно.

34-funny-pictures-296

Па маме му ебам, зошо бе дома не си се ебавате со жените, со швалерките, со ебачите или со кучињата…ако така веќе сакате? Дилдо да ви купиме? Немојте нас да не ебете. Па кој ви рекол дека сте интелектуално на доволно високо ниво со нас да се заебавате? Ало бре…Па не може бе исфрустрирани дебили со сексулен дисордер у младост и со хроничен фелацио синдром насочен према авторитети(избриши си го белото околу уста) да не замараат и да мора да им обраќаме пажња скоро као на бубашвабите по рафтови у самопослугите на бивша Славија.

Прво, бубашвабите мора да ги потсетам дека знаеме дека секогаш ќе најдат НЕКОЛКУ ликови као нив и дека фелациото некој ќе го продолжи, ама најбоље да си се фатите сите у поза 69 и да си напраите по еден фелацио еден на друг, а не да не реметите нас. Ние не се прљаме со гниди као вас. Второ…ама ич бе не ме заболе за вашите болни амбиции преку фелацио или анал да добиете напредување во кариера или нешто малку поише кеш. Остајте не на раат да си живееме у оваа мизеријава у која сите вие заедно у последниве 20 години не доведовте. Остајте не сами да си го најдеме чарето, коа више не сте способни, или не сте доволно луѓе со човечки карактеристики и начела, па да направите нешто добро за народот кој рмба и се малтретира да преживее и уште мора и вас да ве плаќа. Доста само на себе мислите. Или ние ќе почнеме само на себе да мислиме, а вие тој филм не сакате да го гледате, траст ми.

Ферка…У мое мало се викаше ферка. Еден на еден ќе се измлатиме, ќе се фатиме за гуша…ќе се исповалкаме у прашината на школски двор у Сава Ковачевич и….И после пак заедно ќе играме баскет. Исто ко шо оној  плачконо, битолчанецон играл баскет по скопските мала…аха, мај ес..Зашто бе не си напраите ферка, па да си ибете мамата и да не не гњавите нас. Доста бре ни праите стресови да мораме да се секираме за нашите деца и фамилии. Ако многу не секирате, може да се деси да зееме тоа секирите, па да ве насекираме сите вас заедно. Истово важи и за сите болно исполитизирани партиски кондоми што не знаат што значи да се има демократски капацитет и политичка толерантност. Може пример да ви бидат американците, и лани и оваа година имаат блокада на буџет, па никој не реши преку тоа да лечи комплекси или сексуални фрустрации па да повикува или да плаќа луѓе да дојдат пред конгрес за да се тепаат или да прават инциденти. Ферка бре ….дебилчини…ферка. Ќе ти кажам се, и дека мислам дека не си у право, и дека твојот лидер е ружен ко лопов, и дека нема везе од економија. Ќе ми кажеш дека ја поима немам од политика, дека мојот лидер е буљаш или крадел…и…шо? После ќе праиме муабет за андроид , или за Мас ефект 3 и Манчестер Јунајтед…Не мора да одиме пред собрание и да се млатиме? Или нечии мал мозак е многу мал за да го разбере сето ова?

п.с. …”Шта се то дешава код тебе у земљи, Томе мој…” ме прашува пред малку Емир, другар ми “из Тузле”…

…”Политика, све да им јебем, ускоро су избори…”…му реков јас…

Имам генијална идеја

Некои луѓе едноставно знаат што прават, и кога ќе речат нешто речено е…
Имам генијална идеја…
…рече скопски сообраќаец , го исклучи семафорот и застана на раскрсница…
…рече Боки 13 и ги облече хулахопките…
…рече македонски твитерџија, го отвори македонско-српскиот речник и заследи стотина српски твитерџии…
…рече скопјанец , жено од сега ќе се грееме на парно и се приклучија на Топлификација…
…рече Галијани и го продаде Златан Ибрахимовиќ…

work

…рече Љубе Бошковски и отиде да држи говор на опозиционен митинг…
…рече дромец, влезе у ВилХил и за сите пари  уплати сингл на Милан…
…рече скопјанец и отиде со кола во Грција на шопинг…
…рече Глигоров и потпиша согласност да не именуваат како  БЈРМ за рок од три-четири месеци…
…рече Двајт Хауард и потпиша за Лејкерси…
…рече скопјанец и влезе во охридско такси…
…рече Филип Петровски и потпиша пристапница по 17 пат за седмата партија во негова кариера…
…рече “влијателен” твитерџија и почна да пишува блог…
…рече девојка од центар  и влезе во колата на дромец…
…рече радишанец  возејки низ Чаир, застана и излезе од ауто за да купи цигари…
…рече диџеј во охридски кафиќ, и изгасна музика…

Biggest-Mistakes

…рече скопска  шмизла  и отвори твитер акаунт…
…рече Принц Фердинанд и отиде во Сараево…
…рече Бранко Геровски и го стартуваше дванаесетиот медиумски проект…
…рече кумановец и по 9-ти пат се обиде да го најде излезот од аеродромот во Хјустон…
…рече битолчанец, жено, ќе штедиме во ТАТ…
…рече скопски таксист, и го фрли  сапунот во канта…
…рече Црвенковски, во Македонија ќе вработам по еден член на секое семејство…
…рече Тим Кук, директорот на Епл, не ни треба Гугл, ќе си правиме наши Епл мапи…
…рече београдски геј и отиде на геј парада…
…рече Гулабица и сними спот…
…рече кумановски партизановец и отиде на дерби во Белград-на погрешна трибина…
…рече Марк Цукерберг  и го стави Фејсбук на берза…
…рече моторџија, и го паркира моторот пред  зграда во Топаанско…
…рече талибанец и почна со чекан да удира по гранатата…
…рече скопјанец, ќе одам со кола на работа…
…рече мојот комшија, ќе се женам и отвори твитер акаунт…
Се потоа е само историја….

Да се согласиме дека не се согласуваме

 

Анкетата која ја спровел Mashable покажа дека за време на претседателската кампања во САД, 47 отсто од корисниците признале дека избришале дел од своите пријатели заради “досадните политички статуси од спротивно политичко убедување”. Веројатно очекувале статуси или твитови од типот…”Досадно ми ееееее…”…”шо ли да облечам за вечер…”…”од сите денови во неделата најмногу го сакам #порнопеток  заради #цицки…”. Бај д уеј и порното и цицките најчесто се у доменот  на “лани за малку еднаш, а оваа година поретко…”, ама за тоа друг пат.

Искрено, јас мислев дека таквиот идиотизам, да бидеш “казнет” со недружење или изолирање заради искажан “погрешен” политички став само кај нас го има. Очигледно дека не. Овој феномен е присутен насекаде(тролс ар евривер). Aко ме избришеш или одследиш заради мој политички став, тогаш:

  • Никогаш не си ми бил пријател(си мислел дека ќе имаш некаква корист од мене и затоа си ме додал на фејсбук или си мислел дека сум влијателен па си ме заследил на твитер-со еден збор дупелижач или аскисер по нашки)
  • Ти си тотално политички не писмен( различните политички ставови се нормална работа за нормални луѓе, а ти тоа не си…најверојатно и жена ти(ако уопште некоја сака да ти биде) ја нокаутираш кога ќе ја видиш дека гледа вести на “другата”, не “адекватна” телевизија)
  • Ти си арогантен, исклучив и немаш демократски капацитет(со други зборови, ти си трол, и девојка ти ја шамараш  дури и ако погледне у дечко на слика на билборд)
  • Неколку години си чекал да бидеш крстен(толку си грд/а  што твоите неколку години не можеле да најдат поп за да те држи гол додека те крсти…неколку попови дури биле исклучени од црквата заради тоа)

 

  • Татко ти како дете те кршел од ќутек(веројатно затоа шо на брат ти никоаш не си му давал од сладоледот или намерно си му ги кршел играчките)
  • Другарчињата не си играле со тебе и те викале дебел(види предходна точка  во делот за играчките и сладоледот, пошо си го јадел сам и затоа си се здебелил. На ова само додади тужакање и стомак голем као тракторска гума)

 

  • Девојките/дечковците  те избегнувале како да си шугав(види предходни две точки, само додади природна ружноќа и дебилност…заради шо последна девојка/дечко со кој/а  си бил/а  од срам се одселија во Манитоба-Северна Канада-блиску до поларниот круг)
  • Навиваш за Манчестер Јунајтед(ова е само по себе објаснето, да не речам селф експленетори)

 

Нашето секојдневие само ги потврдува овие точки погоре. Се повеќе луѓе влегуваат во кавга, или екскомуницираат свои познаници, пријатели па дури и роднини заради искажан политички став кој не е ист со нивниот. Ало бре, ало ….доста е….Научете да се почитувате. Научете да се согласите дека не се согласувате, и летс мув он, потоа пак играјте NBA 2013 на твојот компјутер или заедно одете на Таксират. Научете да бидете џентлмени  и фер и почитувајте ги другите, иако не се сложувате околу фискалната политика или факинг споменици и барок.

И не се само “идеолошко политичките разлики” причина за хејтање и изолација. Дури и нормални животни активности како комуницирање,  социјални мрежи и активизам стануваат причина за идиотско однесување спрема секој кој проба да покаже дека има друга идеја…дека мисли различно од “политички подобните”( кој само им кажал дека се подобни?) Активизмот не мора да повлекува политичка припадност или став. Можеме да бидеме и аполитични, и да имаме партиски книшки од различна боја, ама тоа не треба да не спречи заедно да покажеме дека не ни се допаѓаат скопските улици за возење точак. Нееее…мора да си со нас…или си против нас. Еден момак убаво вика…тенк ју енд фак ју. Ја викам ебете се со краставици…пардон мај френч…

Ако мене ми е убава жичарата, затоа шо можам мојата 75 годишна мајка да ја качам горе, на врв(а не затоа шо Коце или незнам кој ја направил, а не твојот) не мораш заради тоа да ме жигосаш или мразиш. Дури и да носам маица со слика од Коце со напис “Коце е најбољи” сепак тоа не е причина за хејт. Научете веќе да живеете како нормални луѓе со нормални активности, кои не зависат од политика и политичка определба. Хејтањето стана спорт број еден во Македонија, на социјалните мрежи посебно. Луѓе бре…почнавте сами себе да се мразите, зошто не ви остана друго…веќе се живо е исхејтано. Калм даун енд гет а лајф…Уште имате шанси да станете нормални луѓе…Додека не стане касно…Живејте малку…

 

п.с. Еден читател во коментарите на гореспоменатиот напис на Mashable,  дал идеја како да се реши проблемот:

 

  • People have to come together. We need one party! One united group!

          – @unitedwithone Генијалец….летс риинвент комунизам…

Еден друг читател на истиот напис му одговара(по малку збунет и изненаден):

  • I believe that what we need is more than one party. One party sounds a lot like Cuba.

         – Cuban_Nerd

Сва среќа што во светов денес  ”збунетите и изненадени” се помногубројни од “генијалците”

 

п.с.с. Поздравете си ги хејтерите и немојте да ги мразите. Поздравете ги моите хејтери. Не ме читаат и не ме “дружат” затоа што некогаш сум искажал политички ставови различни од нивните.. Јас не ги мразам и не се лутам. Само ги сожалувам. Не ми фалат. Само, штета е да се ограничуваме на комуникација само со група луѓе кои имаат ист политички став со нашиот. Мнооогу се осиромашуваме заради тоа…многу…Али…наш народ рекол…”со сила убаина не бидуе”…и буквано и фигуративно…

Блогерски и твитерџиски награди-фото сторија(како јас ги видов)

Големиот настан се случи вчера вечер во МКЦ. Македонската јавност(и дијаспората) со нетрпение го очекуваше најбитниот настан за 2012 година кој се однесува на социјалните мрежи и блоговите. Блогерски и твитер награди за најуспешните во изминатата година. Видени со мојот малку извртен ум(не замерајте…Авганистан, пустина, војна, рокет атак,…твитерџии шо ме нервираат)…

Еден сосема обичен млад пар….

Има луѓе на кои не им се битни социјалните медиуми…..

Комисијата на @blogirame ги утврдуваше кандидатите за награди….

Некои блогерки и твитерџики беа среќни….

Некои помалку….

Конечно номинации…

Се беше подготвено за најважната вечер за Македонските блогери и твитерџии….да не речам за целата јавност кај нас.

Луѓе од сите краеви…блогери и блогерки…твитерџики и твитерџии се упатија кон МКЦ…

Главните играчи на нашата блогерско–твитерџиска сцена пристигаа, борејки се со товарот на славата.

Некои имаа лични дилеми и неодговорени прашања…

Фановите и пријателите на главните ѕвезди беа пред МКЦ…но немаа сите среќа….

Имаше дешаванки и пред врата….

Конечно….

…долго очекуваното…

Некои се сеуште во ред…

Некои се незадоволни…

Некои мислеа за после…

Најважниот момент дојде…

Момент на вистината…


Имаше и незадоволни….

Надвор уште чекаа  најупорните фанови…

Внатре се делеа наградите…

Имаше и музика….

…и танчери…

Имаше и афтерпарти….

Како и да е…забавата беше на високо ниво. Заслужено опуштање за сите. На крајот….

Уште подоцна….

 

После оваа фото сесија сигурно секој од вас кој не присуствувал на ивентот на годината има вистинска слика за тоа што се случувало. И јас исто… Како резултат на тоа…и на се што се случуваше вчера, јас преземав некои мерки за следната година.

 

п.с. Се надевам дека оваа манифестација ќе стане традиционална.Предлог за следната година. Можеби ова ќе даде малку шмек на целиот настан…