Живот

Дома

Се започна многу порано од 26 Ноември 2009 кога за прв пат полетав кон Блискиот Исток на пат за Кувајт и потоа Авганистан како моја конечна дестинација. На мојата авгантура и претходеа дваесетина месеци аплицирање, непроспиени ноќи и висење по интернет форуми и портли за работа во воена зона и собирање информации како да се добие работа. Тие кои ме познаваат знаат најголем дел од мојата Авганистанска приказна. Тие кои не ме познаваат, можеби еден ден ќе имаат прилика моите мисли, сеќавања и приказни да ги прочитаат во некое печатено издание во вид на збирка раскази. Здравје.

1694. Толку денови поминаа од првиот лет во непознато. Толку ноќи поминаа во најголем дел преспани во шатор полн со граѓани од земји од Третиот свет, преполн со прашина, шкорпии, глувци и пајаци големи колку кутија за кондури и понекоја змија, нормално…отровна, затоа што во Авганистан не постојат не отровни змии. Половина од времето во овие 1694 деноноќија ги поминав во една канцеларија 2х2 со едно биро, две столчиња, една кинеска клима, корејски телевизор со индиски тв канали и јапонски фрижидер. И многу, многу тага и носталгија, по малку работа, многу одговорност,  нервоза, возбуда, онлајн среќни моменти со најблиските и пријателите, во живо несреќни моменти со гранатите и непријателите.

Видов и срушени хеликоптери, уништени тојоти како Хулк да ги згужвал и удрил од земја, пукање околу канцеларија…гранатирање и самоубиства…ранети и заробени талибанци…убиени војници додека играат фудбал…На едно место заградено со зидови од 4 метри,  со големина на едно просечно скопско маало а наречено ФОБ Апачи, видов и среќа и несреќа во количини колку за три просечни и нормални држави. Непосредно работев со дваесетина луѓе од 7 различни нации и уште поразлични карактери. Креирав преку 20 000 документи, испратив преку 13000 мејлови, примив уште повеќе. Заработив една пнеумонија, седа и проретчена коса, болки во кичмата од седење, стрес од алармите, пристојна сума долари на сметка и маки и јадови заради пропуштени мигови на радост и блискост со најмилите. Заработив и пријатели какви никаде и во никакви други животни ситуации и околности просечен човек нема шанси ни да ги сретне.

Дојде време да се заврши мојата Авганистанска авантура. Дојде време да ставам крај на едно поглавје од животот. Никогаш немој да жалиш за нешто што си направил во животот. Треба да ти е жал за нешто што си можел и си требал да го направиш, но не си го сторил тоа. Јас не жалам за ништо што сум направил во овие 1694 денови. Се надевам дека моите најблиски го мислат истото и дека ја разбраа мојата авгантура како неопходен дел од нашите животи. Знам дека е така, и токму заради тоа и заради нивната подршка јас се ова повторно би го направил.

На 18 Јули 2014 година завршува мојот престој во Авганистан. Се враќам дома.

 

Што научивме вчера бр.19

АДИ_wm19aСкриен маркетинг на проектот на Владата за многудетни семејства. Слушајќи ги рекламите за одмор во Грција кои велат дека деца до 12 години не плаќаат ништо, едноставно ти доаѓа мака што немаш уште едно 2-3 деца.

Не постои странска инвестиција која не може да се спинува и “минира“ – стара опозициска.

Кристијано Роналдо е на Миконос, а Ирина Шаек е во Лондон. Узбуна помеѓу амбициозните и тазе за плажа издепилирани Македонки и понекој “нежен“ Македонец.

Идеја! Опозицијата да се активира во проверка на Авто сервисите во Германија каде што се сервисираат Мерцедесите со електрониката и каблите произведени во Дрекслмаер во Кавадарци. Што знаеш, се е можно. Ги виде пораките на етикетите на фустаните од Кина?

Полека но сигурно “познат скопски адвокат“ станува поприсутно во нашите црни хроники отколку “познат скопски бизнисмен“.

Јапонците се одличен пример за нас. Јапонски политичар плачеше на прес-конференција затоа што ненаменски трошел народни пари!!! Да…ама исто така и јапонската опозиција беше опозиција цели 50 години. Со признавање изборни резултати и без бојкотирање Парламент.

Маргарита Цаца-Николовска повикува политиката да ги тргне рацете од судството??? Некои луѓе го преживуваат цел живот со образ ѓон, од оние рапавите за на снег.

Косово почна да го гради автопатот од Приштина до Блаце. А за преку граница се уште ќе се користат планинските патеки и магарињата “џејмишеј“ и “клинтон“.

Кога Владата плаќа реклами во некој медиум, тоа е корумпирање на медиумите? А кога СТРАНСКА фондација плаќа новинари и медиуми преку анти владини “проекти“ и грантови тоа е борба за демократија? Сериозно?

#ШтоНаучивмеВчера

Што научивме вчера бр.17

АДИ_wm17aКога  Луиз Суарез бил мал секогаш кога ќе се удрел родителите го тешеле со “Ма ништо не е тоа, ќе ти помине како на кутре“

Значи кога си обична невработена Ромка со 6 гладни деца не смееш да заминеш за Германија заради неисполнување на условите на “Договорот за визна либерализација“ со ЕУ. А кога си Ромка успешна актерка тогаш “мораш“ да заминеш за Германија без разлика дали ги исполнуваш условите за патување. Дискриминација? Кој кого?

Македонштина. По примерот на Капиштец и Аеродром кога победува Ноле, во Чаир и Гази Баба со пукотници и швајцарски знамиња беше одбележана големата победа на “нашата“ Швајцарија.

Веќе не мораме да се печеме и да гориме по плажите за да докажеме дека сме биле на море. Сега е тука чек ин и таг на фејсбук.

Твитер е место за дружење каде постојат неограничени можности за чалам на нови наивни жртви кои глупаво наседнуваат и шират стари вицеви и фори а дури не се ни свесни за тоа.

Шокантна вест ! Според сведоци од лице место, нашите земјаци “Земјаните“ веќе 17 години на Марс и во околината војуваат против “Марсовците“ и останатата космичка багра која се обидува да ја уништи нашата планета. Героски на ова би рекол – Ете ги “куририте“ пак сакаат да дефокусираат од тиранијата на недемократскиот режим.

Најважното прашање на Светското во моментов е – Дали Португалија ќе помине во следното коло за да Кристијано Роналдо има шанса да ги покаже другите 3-4 планирани фризури.

Поучени од примерот на македонската опозиција, Шпанците побараа од Холанѓаните “ферски“ да формираат заеднички тим и така да продолжат понатаму во следната рунда на Светското првенство.

#ШтоНаучивмеВчера