медиуми

Ама можеби со некоја друга Влада…

Според дел од нашите медиуми кои не сакаат да чујат да добијат “валкани и корумпирачки“ пари од сопствените граѓани преку некаков маркетинг на Владата ами за разлика од “купените владини мегафони“ се апсолутно чесни и независни и пишуваат објективно а со тоа нели и секогаш…ама баш секогаш и против владините проекти, случувањата на Битпазар и пред Судот се очекувани. Според неутралните и некорумпирани медиуми кај нас кои се крајно професионални и не дозволуваат да бидат купени, освен што новинарите од овие медиуми леб и млеко за дома купуваат од парите на странска фондација (чиј газда јаден и напатен не може навечер да заспие загрижен за слободата на говор и демократијата во Македонија и не фер изборниот амбиент и атмосфера), немирните протести на Албанците пред Судот се сосема оправдани.

Да, и тоа најмногу заради невработеноста меѓу младите.  Невработеност која пак ете сите гледаме дека постојано се намалува. Ама какви се тие вработувања кога се отвораат фабрики и се бараат само работници, а не и шефови и директори и “капетани на белу лаѓу“. Фабрики? Та џабе ли една друга власт ги затвораше фабриките во деведесетите? Па да, за да се спаси народот од валкана работа во фабрика. Па сигурно, подобро народот дома да си седи и да гувее пред папата додека легендарните македонски перјаници на новинарството кои независните и прогресивни медиумите во деведесетите ги основаа во канцелариите на министрите, без омекнувач му го перат мозокот.

Значи според “независните борци за слобода“ Албанците фрлаа дрвја и камења кон судот и заради одвратниот барок, спомениците од Скопје 2014 и купените гласачи. Протестите се случиле заради немање слобода на говор во медиумите, заради недемократскиот режим, изборните измами, Црниот понеделник на 24 декември, сечењето дрва пред Бристол, заради “глупавиот“ народ ној никако да се освести и да почне гласа за опозицијата.

Протести на Албанците со насилство врз полицијата секако немаше да се случат ако се формираше “техничка Влада“ која е ингениозна како идеја само што никој не знае како треба да изгледа и што треба да работи. Чекај…Ако некому не му беше јасно зошто ни е потребна “техничка Влада“ и што таа ќе работи кога и врапците знаат дека Влада не организира избори, еве Фрчковски ни објасни. “Техничката Влада“ би требало да да го реши спорот за името со Грција. Како? Многу лесно, лидерот на опозицијата кој е познат по еластичната кичма ќе ни каже.

Младите Албанци ќе беа среќни и задоволни и никако немаше да протестираат пред судот ако “фашистичкиот режим“ му ја вратеше слободата на народот кој замисли живее во општество со најмногу медиуми по глава на жител во Универзумот кои се финансирани од странски центри на моќ, а сепак ете нема место каде да ја изрази својата загриженост за демократијата.

 

01-bad-translations

Како што вели една вечно независна и меЏународно позната по борбата за демократија новинарка…“Ама можеби со друга Влада ова немаше да се случи?“ Или како што јас велам…“Ама можеби во друга држава ваквите генијалки ќе беа еднаш за секогаш отфрлени од јавноста и ќе се занимаваа со козметика и фризерај или некоја навистина општествено корисна работа како одгледување живина…на пример…“

п.с. По ова, очекувам дека истите медиуми конечно ќе ја отфрлат смешната теорија на “провладините“ новинари дека ХААРП-от е виновен за невремето на Балканот и поплавите предизвикани од истото и дека декларативно и со заедничко соопштение за природната катаклизма ќе ја обвинат актуелната Влада. Нели….Ама можеби со друга Влада облаците ќе се смилуваа и немаше да врне…

 

Не постои инвеститор кој не може да се “минира“- стара опозициска

time4_wm

Поплава од чувства

Емоционалната катарза која кај нацијата последниве две-три недели  се билдаше како охридски фраер а.к.а.  “галебот од влашка маала” пред почетокот на сезоната и налетот на  холандските “очајни домаќинки”од различни возрасти и облини,  конечно експлодира и се излеа врз нас како небото над Скопје некни. Оф топик…другар ми Зозо кога прв пат слушна за серијата “Очајни домаќинки” мислеше дека се работи за порно наслов. Со право, и јас такво име би му дал на порно од  МИЛФ карактер.

Значи, толку емоции помеѓу народот немам видено и почуствувано од времето кога Англија ја победивме со 2:2 a Аце Шакири на Дејв Симан му даде гол од корна и го прати во пензија. Толку наежен и исполнет со чуства народ немам видено од враќањето на Брат Љубе од Хаг и воведувањето на екстерното тестирање во училиштата. Значи навистина, последниве две недели човечноста и солидарноста кај нас се покажа и докажа уште еднаш. Несреќа ги погоди соседите и блиските ни по рестрикции, самоуправување, еурокрем, Голи Оток, вегета  и Тито балкански народи и ние едноставно подадовме рака.

1ApplauseCard

Добро, за воља на вистината во другата рака ни беа мобилните или камерите за да го овековечиме моментот на несебично помагање на браќата, ама тоа не ја намалува нашата хуманост. Само малку ја истакнува нашата “скромност” и фотогеничност. И нормално дека потоа сите бевме горди и исполнети со себе како по победа на предвремени избори или драматична епизода од Величествениот со хепи енд, додека се гледавме на фотографиите на интернет изданијата на балканските и светски медиуми. Колку само годеа написите од типот “Хвала брачо Македонци” и слични со по неколку илјади лајкови и коментари под нив каде комшиите се тркаа кој поголемо и поубаво и со повеќе срценца во коментарот  фала ќе ни каже. Да бидеме искрени, сите оние пораки за помош на Босна и Србија од светските фаци по малку ни предизвикуваа и некој необјаснив и збунувачки филинг. Некој микс од чувство на помала вредност и, Бог да чува, љубомора или завист. Зошто по ѓаволите Роналдо, Ноле и Тимберлејк не не спомнаа. ММЕ и во една поплава не можеме да бидеме рамноправни со браќата од север? Па до кога вака?

Но, катарзата со овие полнења на егото и суетата само се одложуваше се до денот Д и нашата поплава. Да драги мои,  скришно  толку многу посакуваната наша сопствена поплава и мини катаклизма. На разочарување на одредени ликови, веројатно ХААРП-от бил подиспразнет и при крај на смена па затоа добивме мини невреме и потоп. Како-така, 24 часовното висење на балкон со камерите и мобилните во рака и покрај здодевните и постојани  кавги  дома околу недоварениот грав, незавршеното домашно, неиспегланите кошули или неисфрленото ѓубре сепак некому му се исплатеше.  Повторно влеговме во фокусот на интерес на медиумите од регионот плус  Бранко Героски и Трифун Костовски. Да, Геро и Трифун ја искористија “трагедијата” за да ни кажат дека за невремето и поплавата виновни се Скопје 2014, барокот, лошата макроекономска политика, нарушените меѓунационални односи и нефер атмосферата на изборите. Веројатно кога ќе стоиме пред спомениците во барок сеќавајќи се на отровот на трујачите на меѓунационалните и смрдеата на илето од поразот на избори која само поразениот не ја чуствува сите почнуваме да плачеме од “радост” знаејќи дека се ова ќе продолжи да ни се повторува  како сите колективно да сме се телепортирале во билмарејовскиот граундхог деј. И така придонесуваме за поплавата. Плус, соседите многу ни се загрижија над тажната судбина. Како тоа братскиот македонски народ кој толку несебично праќаше толку многу помош а уште повеќе фотки од тоа како праќа помош сега да биде казнет од стихија.

Искрено, ќе бев разочаран и изненаден ако не се појавеа сите они фотографии со две поплавени коли под Стоковна Мост, “критичното”место кое за волја на вистината вистинските скопјани знаат дека се поплавува и секогаш кога има дерби на Филип Втори и навивачите поминувајќи тука вршат мала нужда, да не речам мочаат. Оф топик…оваа ситуација требаше да ја искористи некоја маркетиншки добро подготвена компанија кај нас  и редовно следејќи ги временските прогнози да предвиди ваква ситуација и да си постави рекламно пано на Стоковна Мост. Бум…невиден пи ар.  Цел Балкан ќе те има на дланка, по сите можни портали и на фејсбук твоето лого и оној поплавениот Форд  ќе се вртеа ко ударна вест. Добро за воља на вистината тајмингот на се ова не е лесно да се утврди  заради фактот дека нашите временски прогнози се прецизни како прогнозата на агенцијата “Рејтинг ” на последните избори. Но вреди да се обидеш. Бек ту топик.

Сепак, малку сум разочаран како никој не се сети да фрли 2-3 кучиња под Стоковна Мост. Голем пропуст. Па зар го заборавивте искуството од север. Бар со некое куче во вода и негово спасување, кога веќе крава и срна не се во конкуренција заради карактерот на локацијата(покрај се Скопје е град), ќе добиевме на драматика и чуствата ќе беа на левел “оооо…види го душиче” и сигурно дека ќе имавме поплава од реакции и лајкови на фотки од типот #PrayForMacedonia а може и Ноле ќе не спомнеше.

Но сепак интерес предизвикавме како на Балканот, така и кај нашите дежурни чувари на демократијата и промотери на мерки против барок, споменици и поплави. Според нив, освен ХААРП-от, за невремето и поплавата во Скопје виновни се и “мегафоните на власта” и нивниот говор на омраза, барокот, невработеноста, фиксниот курс на денарот, 24 Декември, малите плати во Дрекслмаер  и ниското ниво на новинарски слободи и човекови права. Добар обид за поентирање. Впрочем исто како она “ко рибар на Тиквешко” влегување на Коце со лопата в рака во вода до појас. Во ред, градската администрација се покажа подготвена и дури испрати понуда до граѓаните за пријавување на штетите од поплавата. Некои наши сограѓани се покажаа снаодливи како Даре Панчев во шеснаесетник и оваа “стопроцентна шанса” се обидоа да ја искористат за да си го сменат левото предно крило од аутото кое го искришија лани за Бадник превезувајќиги пијаните комшии.

Според последните информации, деновиве нашето невреме се префрли во Велес и околните општини. Одредени медиуми забележуваат дека ако во блиска иднина невремето не стигне и до Струмица, тој факт ќе ги потврди сомнежите на некои експерти дека ракувачот со ХААРП-от  најверојатно е припадник на опозициска партија. Огромни дози политикантство, чувства и поплави.  Држи се Македонијо.

Добредојдовте во новото време

Утринска програма на едно национално радио. Честитки до слушателите по повод празникот . Временска прогноза, состојба на патиштата и хепи музика. Весели и среќни водители. Желби за среќен празник и пораки до слушателите да се разбудат и да се подготват за важниот ден. Па празник е луѓе…празник е. Кус прилог за тоа како треба да се подготвите за големиот ден. Автомобилот да го проверите уште еднаш, иако водителката знае дека вие тоа сте го сториле веќе два пати минатата седмица. Совети и за офроуд возење, за секој случај . Сите реквизити за излетот да ги сместите во приколката, по редослед по кој најбрзо ќе го подготвите кампот. Децата избањати и облечени во најчистите аутдор парчиња гардероба. Се е во ред, се е подготвено. Среќен Празник драги мои.

Не, не сте се успале. Будни сте. Не се работи за 1978 година. Не се работни ниту за 2 Август или 8 Септември. Ова се случува утрово, на 1 Мај 2014 година. Да празникот над празниците, ова се случува на факинг 1 Мај денот на трудот. Како конечно не ме погоди некој граната, па да си ги скратам маките и и да се спасам од мизеријата која ме опкружува. Национално радио има специјална програма за 1 Мај со посебни џинглови, специјални прилози за празникот се за полесна индоктринација на населението. Се ти се чини сега политичкиот комесар ќе прочита партиска депеша со која не повикува на подобри резултати во работата со паролата “Ударнички за партијата и татковината”. Колку ли само се шокирани странците од дипломатскиот кор. Колку ли само се уплашени “трулите капиталисти” од Бунарџик до Кавадарци.

labor_day_2001

Луѓе, прекинете со труење на сопствените деца, научете ги на вистински вредности. Помислете каде тоа сеуште на ваков начин се слави 1 Мај? Само кај нас, во бившите републики и во Северна Кореја. Продолжувајте наша автентична традиција и славете наши национални празници. 2 Август е нашиот празник над празниците, нашата традиција на која треба да ги учиме нашите деца. На тој ден сите треба да сме среќни и весели, да правиме пикник и да споделуваме позитивна енергија со најблиските. Учете ги своите деца дека 8 Септември е наша гордост и дека тој ден треба да го почитуваме и да го славиме барем десет пати повеќе од 1 Мај.

До кога ќе тонеме во сопствената мизерија, до кога ќе славиме фејк празници и ќе одбележуваме историски настани на тотално погрешен начин? Игнорирајте ги безидејните игноранти – уредници на медиуми и полуписмени новинари кои немаат поим што е национална гордост и чуство и кои се однесуваат како да живет во седумдесетите на минатиот век и чиниш сега ќе почнат со подготовки за пречек на Штафетата на младоста. Живејте сега и овде, во слободна и независна Македонија во 21 век. Празниците од минатото оставете ги таму, во историјата. Сосема друго значење има 1 Мај од она кое му го придавате. Излезете конечно од лажните соц-реалистички “традиции” и почнете да го живеете новото време.

Како слон во продавница за порцелан

Пустата желба за власт на шака пропаднати и безидејни,со еластична кичма и полтички импотентни луѓе од левицата и нивните апологети од новинарската фела не значи дека фактичката состојба во државата е очајна и дека ете, од “Бога дадените” мора да ја преземат власта и да не “спасат”. И тоа не со преземање на власт преку битка на идеи и понуда на решенија и квалитетни луѓе, преку демократски процес и на избори, туку со бунт, бојкот на институциите и демократските процеси или со помош на странска интервенција.

Се работи за лична перцепција на група новинари и квази елитисти од левицата дека кај нас нема демократија и слободи или заостануваме во реформите. Значи, господата сакаат да ни кажат дека пола милион луѓе кои во неколку изборни циклуси ја подржуваат владеачката десница се глупави што гледаат со свои очи напредок и во реформите на системот и приближување кон ЕУ кој патем е нотиран во 4-5 извештаи од ЕУ, и во економските показатели кои исто така се нотирани во извештаите на ЕУ, Светска Банка и останатите релевантни институции. А ние замисли да сме ти живееле во “фашизам со талибанско маоистички методи на тиранија зачинети со сталинизам”. Гласачите биле или под притисок или поткупени. Функционалната држава, странските инвестиции и вработувањето, субвенциите за земјоделците, зголемувањето на платите, зголемување на пензиите и социјалната помош, финасиска помош за младите за започнување бизнис и со тоа отворањенови работни места за овие луѓе било поткуп на гласачите. Не. Затоа што истите мерки се применуваат и во ЕУ. Не, затоа што овие мерки се само нормално функционирање на државата, нешто што овие луѓе никако не можат да го разберат и прифатат.

Capturegen

И не само тоа. Истите тие, една шака опседнати со власт и моќ новинарски лешинари одат до таму да отворено ја повикуваат опозицијата на бојкот и напуштање на институциите на системот и со тоа да предизвика парламентарна криза. Парламентот за нив не постоел. Други пак експерти (за пубертетот на поларните мечки) не советуваат дека морало нешто да преземеме затоа што само кај нас од целиот регион сеуште не бил запален Парламентот. Директен повик на насилство. Отворено ја негираат вољата на безмалку половина милион гласачи и изборите ги нарекуваат “кражба и кланица”. Истите избори кои во првиот круг според меѓународнната заедница и набљудувачите минаа во најдобар ред, беа фер и демократски и гласачите слободно можеа да ја изразат својата воља. Се обидувам да бидам толерантен, да имам разбирање за секоја индивидуа и различните политички гледишта или ставови спротивни на моите. Но ваквите повикувања и хушкања на методи кои можат само на сите да ни наштетат и да предизвикаат голема политичка и безбедносна криза едноставно не можам да ги разберам и да ги прифатам.

Не, не ми е мака заради 320 илјади гласови за опозицијата. Опзицијата и треба да има гласови и подржувачи. Силна опозиција само може да ни користи на сите нас, вклучувајќи ја и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Мака ми е само кога гледам дека има луѓе кои кликнале лајк и читаат порталина новинарикои директно повикуваат на политички потези кои нам како држава можат само да ни наштетат а на оние кои не не признаваат како македонска нација и држава само да им користат. Мачно ми е да гледам како на тие портали и медиуми народот кој има спротивно мислење, гласачите кои поинаку ја поимаат реалноста и секојдневието, постојано се жигосувани и навредувани.

Новинар кој пишува 20 години и кој е искусен треба да е мудар и да застане и да се освести дека никако нема да помогне да се срушат “талибанците ” со тоа што ги навредува обичните граѓани, гласачите. Тие исти граѓани утре зад параванот кога ќе треба да гласаат секако дека ќе се сетат дека некој новинар или “експерт”кој ја подржува СДСМ ги нарекувал “небањати”, “неписмена багра” или “антички сељаци” и “кучиња вмровски” или на Фејсбук им порачал “ви го начукавме шупци едни”. Па добро, кој тоа ја дели нацијата и ги закрвува комшиите а пријателите ги хушка едни против други?

И после вакви “мајстории” на “новинарските легенди” на нашата медиумска сцена, што друго да се каже? Со кого насекаде по социјалните мрежи и по интернет и во реалниот живот ние дискутитраме? Со кого разменуваме аргументи и браниме политички ставови? Овие луѓе се катастрофа за македонскиот медиумски простор. Катастрофа за Македонија. Невоспитани и арогантни, нетолерантни и без демократски капацитет да се прифати дека некој има спротивен став од нивниот. Да се прифати дека некој друг понудил подобра опција, програма и решенија кои на гласачите им нудат подобра иднина. Да прифатат дека мнозинството од гласачите подржува некоја друга опција а не нивната. И јас сега како гласач треба да го купам нивниот весник или да го отворам нивниот портал и да се информирам за политичката платформа на опозицијата, и утре да гласам за неа?

Здравиот разум и основната политичка писменост вели дека за Заев е подобро да излезе со соопштение дека се оградува и им се заблагодарува на вакви креатури да ги промовираат и бранат ставовите на СДСМ и со тоа веднаш ќе добие 20 % повеќе гласови. Но Заев ги демантира здравиот разум и политичките норми и повторно си пука во колено. Со однесувањето како “слон во продавница за порцелан” и најавата дека ако неговата партија не победи на изборите на 27 Април ќе повика на “улична демократија” која по дифолт значи и можни насилства, Заев само потврди дека е целосно политички неписмен, комплетно залутан во политиката и дека станува опасен за опстанокот на СДСМ како партија, но и за стабилноста на држават и мирот на граѓаните.

Има една работа која ја забораваат и Заев и неговите медиумски апологети. И покрај тоа што тие мислат дека народот е глупав и секогаш кога не гласа за нивната опција дека греши, се лажат. Со толку посветеност и жар се обидуваат да не убедат дека црното е бело и дека народот е мутав и заблуден, што не можат да видат дека го прават спротивното. Од својата суета и занесеност дека му прават услуга на “глупавиот и неписмен” народ и дека само тие можат да му ги отворат очите не можат да видат дека одамна се прочитани, и дека со нивните активности само предизвикуваат револт кај граѓаните и сосема спротивен ефект. Оружјето во вид на пенкало и гласачко ливче е кај гласачите. Одговорот следи.

Инстант ѕвездите инстантно се гасат

И сега што?

Пискотници ечат по планини и полиња житни.

Од  Тафталиџе преку Стража

До вевчанско Горно маало

Плаче и коси корне и младо и старо.

Оти новиот херој на соушл мидиа, генијалниот поет и космополитот-хипстер  замина во својата приватност. Навреден и без јакна. А да не му студи…да не е тажен? Се повлече мирно, во стилот “попаметниот попушта” или  само сакаше да ни покаже дека навистина  “намерно си пукаше во нога”?  Се чини како со тој потег да сакаше да и даде нова смисла, поинаква димензија на старата “дошао је тихо и ушао у легенду”?  Да беше на запад, до сега FOX гарант документарeц ќе снимаше за него, а NBC ќе му направеше пилот за тв серија. Ма… Хенк Муди и Калифорникејшн вода има да му носеа. Вевчаникејшн. Да, тоа ќе беше новиот вистински хит.

Но тој не остана сам. Храбро и доследно на браникот (ко Јованка Орлеанка на барикадите) на неговата  невиност и безгрешност  застанаа илјадници очајни домаќинки, нервозни и нереализирани службенички и квази интелектуалки. Џоа влијателни градски фаци и инстант љубители на поезијата кои чиниш цел живот заспиваат со Елиот и Бодлер, со индигнација  ги отфрлаа безобразните напади од “сељачиштата неначитани”. Та како тоа херојот да биде неразбран? Како херојот со невина поетска душа безочно да биде нападнат и распнат од “лошине скопјаничишта”  кои нити поезија следат, ни генијалност разбираат а од романтика ич абер немаат. Тие кои по кафани цел ден седат и на невини поети  џакетчињата им ги крадат уште и херојот ќе го бербатат?  И бубле гуми на газови да му  лепат? Го избркаа. А сега иљадниците обожавателки чии слики на десктоп ќе држат? Дур пеглаат или ручек готват чии стихови ќе си мантраат. Со колешките напатени по внимание(не само за Осми март) и поезија чии фејсбук статуси ќе прераскажуваат и коментираат? Се потроши приказната до некоја следна. А замисли утре да  добие Нобел? Па како можевте да го избркате момакот напатен ој… скопјаништа лоши? Рече-“ Чао Facebook се гледаме! Може да, а може и не…”и го фати автобусот на Охрид експрес во 15.15….Стана легенда уште пред да стисне ентер. Патетиката смрди та за очи штипе.

1239004_10151877989573343_264251988_n

Не Боби, не е прашањето “Чие е Скопје”. Барем не во случајот со “јакната на поетот”. Во овој случај во прашање се вистинските вредности  и искреноста или фолирантите и апологетите на нешто што е неодбранливо.  Не, не мислам на вредноста на поезијата  на фејсбук јунакот и неговата уметност. Уметноста секој ја перципира интимно, со своите лични сетила. Не сум јас тој кој ќе суди за литературните вредности на неговите песни. Прво, оти не сум квалификуван за тоа, иако тоа не ме спречува да имам свое мислење на истата тема. И второ, затоа што го разбирам Дарко. И јас , ко и тој ја имам маката наречена “нестрпливи прсти по замастена тастатура”. И јас ко и тој морам мислите кои ме чешаат в глава да ги извадам и да ги напишам во ворд, да ги споделам со некого јавно. Ја разбирам таа мака. Ова ти го пишува човек кој лебот свој насушен го заработува заедно со луѓе од  7 нации и со 3 различни бои на кожата. Никогаш човекот немој да го судиш според тоа од каде потекнува или каква му е бојата на кожата.  Гледај ги неговите постапки, неговите дела. Во случајов воопшто не се работи за односот помеѓу скопјаните или скопјаништата и луѓето од внатрешноста. Во овој случај во прашање е доблеста да се признае грешката. Никој не е совршен, безгрешен. Сите грешиме. Дарко згреши кога сите скопјани ги стави во исти кош и ги нарече крадци, сељачишта, шупаци и дегени. Дарко згреши кога на сите “ни се намоча во Скопјето”. Згрешија и неговите пријатели и “креаторите” кои наместо да го советуваат да се извини или дури и да биде поголем фраер од оние кои со право му одговорија и да направи шега на своја сметка, го “бранеа” и оправдуваа.

Со ваквото однесување само покажа дека не е ништо повеќе од исфрустриран, суетен  и напатен по популарност обичен млад човек какви ги има илјадници насекаде околу нас. Какви што  помалку или повеќе сме биле сите ние. Исфрустриран млад човек кој откако славата му удри в глава почна да се однесува како  “Карлеуша кога ќе и се скрши ноктот”.  Прашањето е и кој погреши  и зошто го испромовира во звезда и небаре нов Жак Превер човекот којете со овој чин, и со несакањето да признае дека погрешил и да се извини, само покажа дека не е тоа за кое јавноста го поимаше. Или поточно, дека не е тоа кое јавноста незаслужено и избрзано го направи да биде.

Впрочем…ако во скопски локал ја изгубил јакната(или му ја украле…сеедно) дали тоа значи дека сите скопјани се крадци??? Дали погрешија скопјаните што му ја украдоа јакната на “генијалниот поет”? Дали скопјаните треба да крадат јакни само од “обични смртници” а не од големите звезди?  Генерализирањето и навредувањето на сите скопјани само говори за суетата, леснотијата  да се судии плиткоста на карактерот на нашиот јунак. Да се осуди цел еден град и неговите жители без факти и докази. Проблемот лежи кај  поетот а не кај скопјаните. Постои само едно решение. Само треба да се биде доблесен и да се признае грешката. И едноставно, Дарко треба да им се извини на Скопје и на скопјаните. Ма какви и да биле тие. Ако не му се допаѓаат, ако скопјаните не се достојни да бидат во друштво на  неговиот интелект и генијалност, ако не се на доволно високо ниво за него,  едноставно нека ги избегнува, нека не дозволува да му се судираат патиштата со лошите скопјаништа. Ете го Вевчани, Охрид, Њу Јорк, Токио…таму нема лоши скопјаништа, таму не крадат јакни.Некој во целава приказна си го покажа вистинското лице. Не е само Дарко. Мислам дека и дел од скопјаните се тие кои го покажаа вистинското лице.