твитер

Мамо, мамо…сакам да бидам пратеник…

Advertisements

Умната теткица која сака да банира

Теткици почитувам многу. Посебно оние од друштвото на Рон Џереми или Роко. Ама теткици кои мислат дека се од Бога дадени да делат памет на сите наоколу, без мерка или респект кон луѓето и нивните чувства, е тоа не можам да поднесам. Одењето во Црква не те прави верник, како што ни седењето во гаража што не те прави БМВ. Исто така ни бескрајното одење по школи и факултети не те прави интелектуалец. Интелектуалец е дел од карактерот кој го имаш или не, а не е бесцелно бубање како замена за недостатокот од пријатели или забава во тинејџерските години, најчесто предизвикани од мајка природа која кога те креирала била на тешки дроги, или во најмала рака мртва пијана.

Една “мудра” теткица дели памет по интернет, поточно на Фејсбук. Јас само ќе ја поздравам и ќе и порачам дека пред се треба да си човек, добар човек, човек со срце, со разбирање за оние кои не се исти како тебе, толерантен и пријателски расположен и кон оние кои не го делат твоето мислење. Професор се станува со парче хартија, човек се раѓаш. Ако не, тогаш си грешка на природата. Ароганцијата и надуеноста, посебно поткрепени со исфустрираност и нетолерантност не можат да се прикријат со ниту една диплома на светов.

Мој коментар на еден статус на “генијалката”:
“Ако Македонија не е држава…па зошто уште сте тука…Зошто живеете на сметка на Македонија и буџетот? И вие себе се нарекувате професорка? Зошто се бламирате по Фејсбук и се расправате со луѓе кои немаат исто мислење со вас. И кога немате аргументи ги бришете? Дали тоа значи дека ако во живо разговарате, тие со кои не се согласувате ги бришете физички…на сила?? Вие “професорке” можеби имате школо и титули, ама вие немате човечки квалитети за да бидете професорка. Вие ги навредувате и омаловажувате луѓето само заради тоа што немаат ист став како вашиот. Ќе се погрижам никогаш да немате можност да им предавате на моите деца. И на крај….ќе се обложам дека не можете да ме избришете…мислам од ФБ. Инаку вие би ме избришале и од лицето на земјава. Каква исфрустрираност и каква искомплексираност…не можам да верувам…Човек може дисертација да напише. Поздрав и уживајте во својата мизерија…”

Ова е настан од пред една година. Секако дека генијалката ме избриша и ме блокираше. Не…не одговори на коментарот. Типично, кога на исфрустрирана и искомплексирана личност ќе и укажеш на ароганцијата и нетолерантноста со која се однесува кон останатите, тоа го постигнува максималниот ефект и едноставно доаѓа го покачување на егото на субјектот на опасно високо ниво. Во вакви случаи се јавува потреба од користење на заштитна опрема затоа што постои опасност од паѓање на дотичната личност од екстремно високото ниво на его на далеку пониското ниво на интелигенција и човечки квалитети кои ги поседува субјектот.

Но, ете…карма из а бич, нов бунар копај-во стариот не плукај, немој да му го правиш на другиот она кое не сакаш да ти го прават другите на тебе и многу, многу други мудрости. Ма, знам…генијалката има толку наобразба за да ги знае овие поговорки и факти од најдобрата школа на светот и векот – животот.

Кога својата ненадмината и неприкосновена генијалност, знаења, стручност и човечки-лични квалитети умната теткица од фејсбук реши да ги стави на располагање на нацијата и сосема скромно да се понуди да ни биде Претседател, објективната ситуација налагаше дека јавноста, обичните граѓани и станаа и тоа како потребни на теткицата. Социјалните медиуми се алатки кои секој кој сака да биде присутен во јавноста и да понуди нешто пред истата мора да ги свати сериозно. Но теткицата заборавила да направи список на сите под нејзиното ниво со спротивни ставови и неподобни за да бидат дел од нејзините социјален живот, па сосема “малку” арогантно и со високо ниво на демократски капацитет ги блокирала и избришала од Фејсбук. Та не е саде фејсбук…не попусто ги нарекуваат во множина…социјални медиуми. Да, твитер е еден од нив. Нејсе.

Умната теткица решила дака јас порано неподобен и недоволно добар за нејзино “друштво” на фејсбук само заради тоа што замислете се осмелив да не се согласам со нејзиниот став (кој нели треба да се изгравира во мермер и да се изложи и покаже на граѓаните како реликвија) одеднаш сум подобен и потребен и дека треба да ме следи на Твитер. Не…јас не ја следам. Многу ми смрди тавото друштво. Плус, не сум доволно едуциран, не климам со главата на нејзините ставови и го немам нејзиното ниво. Да, знам… вие со голема сласт би притиснале на копчето block. Јас не…

Пентиум кец повеќе од анонимци и дигитални тролови

Социјални мрежи, “жими мајка” поети, “јас тебе војводо, ти мене сердаре” интерет “влијателни” ликови, дигитални ѓоамити активисти, “многу сакам да сум смешен” твитерџии/препишувачи, умислени професори и пискарала кавгаџии по интернет, луѓе кои од некои за мене неразбирливи причини сакаат да бидат никој и ништо и висат по ФБ и твитер како анонимци.
signs_funny_garbage_trash_desktop_1024x768_hd-wallpaper-919186
Ништо…сето тоа е празно, се е ситна боранија. Заради таквите ликови жалам што интернетот стана достапен и евтин, па секој може да се фати за тастатура. Заради таквите ликови почнав и вајфајот да го мразам. Ехххх ….Пентиум 1 со процесор “моќен” колку сегашна месарска вага, модем златен Јуес роботикс, 28.8 Kbps, телефонски кабел, и огромни телефонски сметки (мојата прва интернет+телефон беше 3500 германски марки)…

Колку не има што можеме да кажеме дека го знаеме и го користевме интернет и пред Лари и Сергеј да се сетат дека им е доста учење и да го направат Гугл? Кој уште може да каже дека го користел Виндоус 3.11 и Нетскејп Навигатор? Е.еее… времиња златни…и убав народ по интернет. А сега? Направи лажен профил и трчај по туѓи зидови и по форуми и тролај луѓе и расправај се без аргументи и заради лажливи политичари. А својот вистински профил користи го за Фарма или кенди креш или како и да се викаат игричките. Идентитет? Па не треба Грците да ни го негираат идентитетот, кога пола нација сама си го брише личниот идентитет и сака да биде анонимец.

Како поминаа минатогодишните блогерски и твитерџиски награди-фото сторија

РЕПРИНТ

Големиот настан се случи вчера вечер во МКЦ. Македонската јавност(и дијаспората) со нетрпение го очекуваше најбитниот настан за 2012 година кој се однесува на социјалните мрежи и блоговите. Блогерски и твитер награди за најуспешните во изминатата година. Видени со мојот малку извртен ум(не замерајте…Авганистан, пустина, војна, рокет атак,…твитерџии шо ме нервираат)…

Еден сосема обичен млад пар….

Има луѓе на кои не им се битни социјалните медиуми…..

Комисијата на @blogirame ги утврдуваше кандидатите за награди….

Некои блогерки и твитерџики беа среќни….

Некои помалку….

Конечно номинации…

Се беше подготвено за најважната вечер за Македонските блогери и твитерџии….да не речам за целата јавност кај нас.

Луѓе од сите краеви…блогери и блогерки…твитерџики и твитерџии се упатија кон МКЦ…

Главните играчи на нашата блогерско–твитерџиска сцена пристигаа, борејки се со товарот на славата.

Некои имаа лични дилеми и неодговорени прашања…

Фановите и пријателите на главните ѕвезди беа пред МКЦ…но немаа сите среќа….

Имаше дешаванки и пред врата….

Конечно….

…долго очекуваното…

Некои се сеуште во ред…

Некои се незадоволни…

Некои мислеа за после…

Најважниот момент дојде…

Момент на вистината…


Имаше и незадоволни….

Надвор уште чекаа  најупорните фанови…

Внатре се делеа наградите…

Имаше и музика….

…и танчери…

Имаше и афтерпарти….

Како и да е…забавата беше на високо ниво. Заслужено опуштање за сите. На крајот….

Уште подоцна….

После оваа фото сесија сигурно секој од вас кој не присуствувал на ивентот на годината има вистинска слика за тоа што се случувало. И јас исто… Како резултат на тоа…и на се што се случуваше вчера, јас преземав некои мерки за следната година.

п.с. Се надевам дека оваа манифестација ќе стане традиционална.Предлог за следната година. Можеби ова ќе даде малку шмек на целиот настан…