Ама можеби со некоја друга Влада…

Според дел од нашите медиуми кои не сакаат да чујат да добијат “валкани и корумпирачки“ пари од сопствените граѓани преку некаков маркетинг на Владата ами за разлика од “купените владини мегафони“ се апсолутно чесни и независни и пишуваат објективно а со тоа нели и секогаш…ама баш секогаш и против владините проекти, случувањата на Битпазар и пред Судот се очекувани. Според неутралните и некорумпирани медиуми кај нас кои се крајно професионални и не дозволуваат да бидат купени, освен што новинарите од овие медиуми леб и млеко за дома купуваат од парите на странска фондација (чиј газда јаден и напатен не може навечер да заспие загрижен за слободата на говор и демократијата во Македонија и не фер изборниот амбиент и атмосфера), немирните протести на Албанците пред Судот се сосема оправдани.

Да, и тоа најмногу заради невработеноста меѓу младите.  Невработеност која пак ете сите гледаме дека постојано се намалува. Ама какви се тие вработувања кога се отвораат фабрики и се бараат само работници, а не и шефови и директори и “капетани на белу лаѓу“. Фабрики? Та џабе ли една друга власт ги затвораше фабриките во деведесетите? Па да, за да се спаси народот од валкана работа во фабрика. Па сигурно, подобро народот дома да си седи и да гувее пред папата додека легендарните македонски перјаници на новинарството кои независните и прогресивни медиумите во деведесетите ги основаа во канцелариите на министрите, без омекнувач му го перат мозокот.

Значи според “независните борци за слобода“ Албанците фрлаа дрвја и камења кон судот и заради одвратниот барок, спомениците од Скопје 2014 и купените гласачи. Протестите се случиле заради немање слобода на говор во медиумите, заради недемократскиот режим, изборните измами, Црниот понеделник на 24 декември, сечењето дрва пред Бристол, заради “глупавиот“ народ ној никако да се освести и да почне гласа за опозицијата.

Протести на Албанците со насилство врз полицијата секако немаше да се случат ако се формираше “техничка Влада“ која е ингениозна како идеја само што никој не знае како треба да изгледа и што треба да работи. Чекај…Ако некому не му беше јасно зошто ни е потребна “техничка Влада“ и што таа ќе работи кога и врапците знаат дека Влада не организира избори, еве Фрчковски ни објасни. “Техничката Влада“ би требало да да го реши спорот за името со Грција. Како? Многу лесно, лидерот на опозицијата кој е познат по еластичната кичма ќе ни каже.

Младите Албанци ќе беа среќни и задоволни и никако немаше да протестираат пред судот ако “фашистичкиот режим“ му ја вратеше слободата на народот кој замисли живее во општество со најмногу медиуми по глава на жител во Универзумот кои се финансирани од странски центри на моќ, а сепак ете нема место каде да ја изрази својата загриженост за демократијата.

 

01-bad-translations

Како што вели една вечно независна и меЏународно позната по борбата за демократија новинарка…“Ама можеби со друга Влада ова немаше да се случи?“ Или како што јас велам…“Ама можеби во друга држава ваквите генијалки ќе беа еднаш за секогаш отфрлени од јавноста и ќе се занимаваа со козметика и фризерај или некоја навистина општествено корисна работа како одгледување живина…на пример…“

п.с. По ова, очекувам дека истите медиуми конечно ќе ја отфрлат смешната теорија на “провладините“ новинари дека ХААРП-от е виновен за невремето на Балканот и поплавите предизвикани од истото и дека декларативно и со заедничко соопштение за природната катаклизма ќе ја обвинат актуелната Влада. Нели….Ама можеби со друга Влада облаците ќе се смилуваа и немаше да врне…

 

Што научивме вчера бр.19

АДИ_wm19aСкриен маркетинг на проектот на Владата за многудетни семејства. Слушајќи ги рекламите за одмор во Грција кои велат дека деца до 12 години не плаќаат ништо, едноставно ти доаѓа мака што немаш уште едно 2-3 деца.

Не постои странска инвестиција која не може да се спинува и “минира“ – стара опозициска.

Кристијано Роналдо е на Миконос, а Ирина Шаек е во Лондон. Узбуна помеѓу амбициозните и тазе за плажа издепилирани Македонки и понекој “нежен“ Македонец.

Идеја! Опозицијата да се активира во проверка на Авто сервисите во Германија каде што се сервисираат Мерцедесите со електрониката и каблите произведени во Дрекслмаер во Кавадарци. Што знаеш, се е можно. Ги виде пораките на етикетите на фустаните од Кина?

Полека но сигурно “познат скопски адвокат“ станува поприсутно во нашите црни хроники отколку “познат скопски бизнисмен“.

Јапонците се одличен пример за нас. Јапонски политичар плачеше на прес-конференција затоа што ненаменски трошел народни пари!!! Да…ама исто така и јапонската опозиција беше опозиција цели 50 години. Со признавање изборни резултати и без бојкотирање Парламент.

Маргарита Цаца-Николовска повикува политиката да ги тргне рацете од судството??? Некои луѓе го преживуваат цел живот со образ ѓон, од оние рапавите за на снег.

Косово почна да го гради автопатот од Приштина до Блаце. А за преку граница се уште ќе се користат планинските патеки и магарињата “џејмишеј“ и “клинтон“.

Кога Владата плаќа реклами во некој медиум, тоа е корумпирање на медиумите? А кога СТРАНСКА фондација плаќа новинари и медиуми преку анти владини “проекти“ и грантови тоа е борба за демократија? Сериозно?

#ШтоНаучивмеВчера

Не постои инвеститор кој не може да се “минира“- стара опозициска

time4_wm