Авганистан

Дома

Се започна многу порано од 26 Ноември 2009 кога за прв пат полетав кон Блискиот Исток на пат за Кувајт и потоа Авганистан како моја конечна дестинација. На мојата авгантура и претходеа дваесетина месеци аплицирање, непроспиени ноќи и висење по интернет форуми и портли за работа во воена зона и собирање информации како да се добие работа. Тие кои ме познаваат знаат најголем дел од мојата Авганистанска приказна. Тие кои не ме познаваат, можеби еден ден ќе имаат прилика моите мисли, сеќавања и приказни да ги прочитаат во некое печатено издание во вид на збирка раскази. Здравје.

1694. Толку денови поминаа од првиот лет во непознато. Толку ноќи поминаа во најголем дел преспани во шатор полн со граѓани од земји од Третиот свет, преполн со прашина, шкорпии, глувци и пајаци големи колку кутија за кондури и понекоја змија, нормално…отровна, затоа што во Авганистан не постојат не отровни змии. Половина од времето во овие 1694 деноноќија ги поминав во една канцеларија 2х2 со едно биро, две столчиња, една кинеска клима, корејски телевизор со индиски тв канали и јапонски фрижидер. И многу, многу тага и носталгија, по малку работа, многу одговорност,  нервоза, возбуда, онлајн среќни моменти со најблиските и пријателите, во живо несреќни моменти со гранатите и непријателите.

Видов и срушени хеликоптери, уништени тојоти како Хулк да ги згужвал и удрил од земја, пукање околу канцеларија…гранатирање и самоубиства…ранети и заробени талибанци…убиени војници додека играат фудбал…На едно место заградено со зидови од 4 метри,  со големина на едно просечно скопско маало а наречено ФОБ Апачи, видов и среќа и несреќа во количини колку за три просечни и нормални држави. Непосредно работев со дваесетина луѓе од 7 различни нации и уште поразлични карактери. Креирав преку 20 000 документи, испратив преку 13000 мејлови, примив уште повеќе. Заработив една пнеумонија, седа и проретчена коса, болки во кичмата од седење, стрес од алармите, пристојна сума долари на сметка и маки и јадови заради пропуштени мигови на радост и блискост со најмилите. Заработив и пријатели какви никаде и во никакви други животни ситуации и околности просечен човек нема шанси ни да ги сретне.

Дојде време да се заврши мојата Авганистанска авантура. Дојде време да ставам крај на едно поглавје од животот. Никогаш немој да жалиш за нешто што си направил во животот. Треба да ти е жал за нешто што си можел и си требал да го направиш, но не си го сторил тоа. Јас не жалам за ништо што сум направил во овие 1694 денови. Се надевам дека моите најблиски го мислат истото и дека ја разбраа мојата авгантура како неопходен дел од нашите животи. Знам дека е така, и токму заради тоа и заради нивната подршка јас се ова повторно би го направил.

На 18 Јули 2014 година завршува мојот престој во Авганистан. Се враќам дома.

 

Advertisements

По што ќе знаеш дека си во Авганистан

Мики, во оваа прилика би сакал да елаборирам неколку  битни елементи суштински за полесно да се разбере како изгледа животот во Американска воена база во Авганистан. Се разбира…се ова важи како општа констатација и џенерал  дискрипшн, а детали и нијанси секогаш има различни во зависност од микролокацијата да не речам базата во која се наоѓаш. Значи кога си во Авганистан:

– На почеток, како гуштер, легнуваш на земја дури и коа ќе пукне ауспух од некое ауто. После некое време и при вистински рокет атак стоиш на отворено и си ја мантраш онаа старата “Гром во коприва не удира….гром во коприва не удира… гром во коприва не удира…” додека гледаш наколу да видиш каде ќе падне гранатата.

– Нај интимен контакт кој го имаш во последните неколку месеци е контактот со завесата од туш кабината. Кога ќе ја заменат, си викаш …”Еј…њу бејб ин д таун …” и имаш чуство исто ко да си фатил нова женска. Прајслес. Негативно во овој случај? Постои можност да навлечеш фетиш на најлон или гума и кога ќе се вратиш дома да станеш редовен муштерија на јавна куќа кај што се исполнуваат спешл риквестс.  Или можеш да добиеш оток на лево око од боксот кој ти го мавнала девојка ти кога си и купил најлонско-гумен веш за да го облече за тебе. Значи ова  може да биде или скапо или болно задоволство.

576563_10202042150989707_668711212_n

– Лежиш под кревет со шлем на глава и панцир на тебе  и на жена ти по телефон и викаш…”Ма нема ништо, ништо не се случува…досадно е, тоа па тоа…” . Корисно во оваа ситуација е што  си ги наоѓаш гаќите што ти ги снема прошлиот јули и гледаш дека парот глувци кои се доселија пред две недели сега веќе имаат принови.

– Од другата страна на оградата кај комшиите, има и зелена тревичка и се изгледа идилично, ама ти никако не сакаш да си таму. Посебно по последниот случај кога излезе дека некој од комшиите од надвор слабо вози па се заби со камионот во капијата од базата. А замисли, камионот бил натоварен со 3 тона експлозив. Па кој ли им дава возачки дозволи на луѓево овде?

– Гледаш околу тебе Индијци, Кенијци и Филипинци и тие те поздравуваат со “Ша има брате” или “ Куде си земо, да ти ебу д`н до пладне”, а од нивните  црвени маици ти се смее аплицирано шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

– Количината на песок во твоите чизми е приближна со количината песок во твојот нос. Твоја среќа што змиите можат да ти се пикнат само во чизми, а во уста и нос само шкорпиите и пајачиштата големи ко еден просечен смартфон. Тоа ако спиеш со отворена уста, што се разбира не е препорaчливо.

– Едноставното одење на туширање во јануари бара припреми како да си аплицирал за астронаут во спејс шатл. Чизми и капа се обавезни, батерија и рефлектив белт сакаш да имаш за да не те изгазат камиончиштата, а топлата вода понекогаш е наградата затоа шо си успеал да стигнеш жив и здрав до тушот.

– Твојот вајарлес интернет е трипати поспор од твојот интернет дома во 1997г , а трипати поскап од твојот интернет дома во 2014г. Кога ќе ти снема вајарлес, значи големиот грд камион пак се паркирал пред врата.

– Не ти треба будилник, те будат хеликоптери или во полош случај … БУУУМ …“Рокет атак, рокет атак…дис ис нот а дрил…ај рипит… дис ис нот а дрил…рокет атак…” Ти стануваш лупајќи ја со глава светилката што ти виси над кревет и пцуеш се живо и си викаш утре давам отказ и си одам дома. Барајќи го прекидачот да запалиш светло ја истураш лименката Фанта точно во левата чизма. Покрај чизмата, најчеста жртва во вакви ситуации е твојот лаптоп кој се крши дефинитивно и неповратно затоа што синоќа гледајки “цртани филмови” (и тоа упорно и до крај за да видиш дали младите на крај ќе се земат)  си заспал со него во кревет. Кога ќе се заврши узбуната си викаш “…значи кој фраер сум јас…. мала криза одма гомна да се јадело…пих…отказ…како не…седи си тука…будалче…земи си уште некоја платичка…”

– Бришење прашина од мебел има сосема друго значење. Кога ќе ти се смачи од оваа активност, едноставно го исфрлаш мебелот надвор и сам си правиш друг. Ова, се разбира никако не смее да го дознае жена ти.

– Се ориентираш во просторот со помош на бункерите…”Кај големиот бункер лево…па кај вториот мал десно…” Е сега, тоа што сите бункери се исти, само ќе ти помогне полесно да се изгубиш. Често поминувајки покрај бункер можеш да налеташ на филмски сцени од софт порн филм. И тоа во сите можни комбинации, машко+женско, машко+женско+машко(пазач од другата страна на бункерот), машко+машко, машко+порно списание и слично.

– Со комшиите стално се расправаш за таканаречената “Ничија земја”. Како што е “Ничија земја”? Па  калта во ходникот од шаторот кај што спиете, а за која никој не признава дека е негова и не презема одговорност.

– 40 степени во сенка е баш пријатно време. На 50 степени во мај си викаш “Тибам…летово изглеа порано ќе дојде годинава” и пожелно е кога сакаш да отвориш врата, пред да ја фатиш кваката да си ставиш заштитна ракавица. Од 60 степени па натака веќе не ти треба струја за да си свариш кафе. Пржење јајца на хауба е преценета работа и изгустирано одамна, па скоро и во Скопје да можеш да го направиш истото.

– После секое јадење, стануваш и ги фрлаш тањирите во канта. Ова никако не смее да ти стане навика, посебно не кога си на ручек кај родителите на жена ти.

– Те казнува воена полиција за возење многу над дозволената брзина, а ти возиш дури 23 км на саат. Ова, посебно ако си од Скопје, и не е ништо ново за тебе и веднаш се вклопуваш, само што многу ти недостигаат семафорите и кавгите со другите возачи.

– Најлесно го наоѓаш патот до најблискиот туш само гледајќи во земја. Само гледај доле и следи ги изгубените гаќи, пасти за заби и сапуни. Плус можеш да си ја збогатиш својата колекција папучи и козметика.

– Има толку добри фризури што гледајќи ги војниците и нивните фризури ќе помислиш дека времето застанало во 2002 за време на светското во фудбал во Кореа и Јапан и си викаш “Оној Роналдо бил далеку пред времето”

– Дур си поврзан дома преку скајп и гледаш утакмица од Лига на Шампиони, никако не прекинуваш дури ни кога ќе чуеш пукање на оградата од базата. Се разбира дека почнуваш да крчиш со уста, правиш разни звуци и го прекинуваш скајп муабетот секогаш кога женати ќе те праша да му позајмите пари на вујко и.

Аплауз во авион

Истура. Како монсун во Карачи. Врне ко да нема утре. Целата ситуација, атмосферата околу тебе те тера да се чуствуваш како да си во  холивудски блокбастер. Ти си ликот што случајно влегува во супермаркетот каде што баш во тој момент треба да се случи апокалипсата. А ти чекаш секој момент да се појави Брус факинг Вилис и да ја среди баграта бандити со лош акцент од Источна Европа кои му ја закачаат цурата која работи на каса и кои патем имаат план да ја убијат и слободата и демократијата во земјата на слобода и демократија. Или чекаш Том импосибл Круз да седне во кокпитот на топ ганот и да ја спаси ситуацијата. Ама нема. Нема мики, супер херои во овој мој филм нема. Само јас, Цацко* кумановац, уште 3-4 колеги кумановци….некои пешеесе други јадници, 2-3 лепушкасти стјуардеси и факинг смрзнат и упорен дожд на 2 јануари 2010, на 4000 фити над Истанбул, во Ербас 300 на линија Кувајт Сити-Истанбул, во фаза на слетување на Ататурк Интернешнл Ерпорт.

– Добро…дооообро…пол`к… пол`к…не запињај…не запињај…да ти ебу аматера…пол`к…тети га па он…пол`к к`д ти кажују…па авион е овој бре  а не фергусон на њивче за јесење дубоко орање…

935842_637659076264824_1093439553_n

Слушам од позади, а столицата почна да ми се тресе. Се тресе цел авион, ама ова е малку повеќе од обично. Се тресе како што ми се тресеше предницата на стокецот кога мајстор Славе ми стави половни рамења и јабучици и ме убедуваше дека се скоро нови а мојот јаден кец играше брејденс по скопскиот асфалт. Ма се тресе скоро ко јас што се тресев 1984 на Маракана  кога сватив дека сум влегол на погрешна трибина и со погрешен шал и знаме.

– Ај с`г ….пол`к га исправи….Таааакој…такој…исправи га…можеш…можеш мајсторе….немој да ме онодиш…знам дека можеш…ма можеш ти…можеш…цреп…цреп скапан…куде с`с тј памет….јоште малко…лелееее…исправи гаааааа….

Тресењево почна да ме нервира многу, како сејфти митинг секое сабајле во 6,  како узбуна за инкаминг или граунд атак додека јас во шатор на индискава сателитска гледам Лига на шампиони. А и Цацко почна да ме нервира, како тргнал, ќе ја откорне столицава. Се фатил за неа од позади мене и цело време лупа по неа и му дава инструкции на пилотот. Гледам низ прозор, и ми текна на онаа фамозна сцена од “Твајлајт зоун”. Знаеш…сцената…типот кога паничеше во авион, божем нешто му се причинува, дека некој или нешто седи на крилото додека летаат. Добро, го смирија некако, го покрија со кебе, и го затворија капакот на прозорот. Ама, типов не може да седи мирен…го влече нешто да ѕирне уште еднаш. Нешто не му дава мир. Само уште еднаш да ѕирне низ прозорот од авионот, да се увери дека не полудел, дека не му се причинило, дека навистина нешто седи на крилото на авионот . И толку, му пука филм…се врти, го подига капакот и …бам…на прозорот пред него залепена фаца на некој фрик, некоја животиња како оној симпатичниот створ од Елиен (кај нас генијално преведен како Осмиот патник). Језиво мики, језиво.

Мене оваа сцена ми паѓа на памет секогаш кога сум во авион и заради оваа сцена секогаш ми е шубе кога го отварам капакот од прозорот. Овој пат капакот беше отворен и гледам дека надвор е бајаги драматично. Сложена ситуација, мики…како нашите евро интеграции и нејм ишјуто со соседите. Озбилен и заебан смрзнат дожд, светка на секаде, муњи и громови, а Цацко решил да паничи ко битолчанец пред скопска дискотека коа ќе се најде сам пред вратарите.

– Види не мога` да га исправи…пу да ти ебу пилота…исправи га авион…таааааакооој…исправи га….да ти ебу живот…мене овк`в пилот да ми се падне…да ти ебу лебац да ти ебу, токмак…

Пилотот ко за инат…де ќе сврти на лево, де ќе сврти на десно…турбуленции колку сакаш, како кај нас на политичка сцена пред усвојување на буџетот.

-Да ти ебу и дож и авион и Кувајт, да ти ебу пилота и громови и муње…и Авганистан да се не виде….Ја будала…жену к`д слушам….”сви идев…ти килав ли си…ај седињај у авион и паре да си донеја”… ма цело лето да се дере по мене, квачка недоквакана. Ете ти паре…с`г паре за шо ти са…свеќе да купујеш…

Секогаш уживам кога сум во друштво на кумановци, ама овој пат се одземав  од смеење.  Да, како кумановци кои кога излегуваат, “пред кафану се збирав, а у кафану се одзимав”. Смеата на страна, мислев срце ќе му искочи на човеков. Ми текна на онаа сцена од “Има ли пилот во авионот” кецот, кога главниот јунак почна да паничи во авионот, и кога му се наредија сите да го смируваат, кој со хебла, кој со боксерски ракавици или со базука…Цацко за малку ќе се најдеше во таква ситуација.

-То мајсторе…такој се лета с`с авион…да ти ебу невреме, за малко да се умочам….Томааас…овај пилот да није у вечерњу пилотску бија, отсек хорор и ноќне море…Скопскииии, слушаш ли ме…жив ли си…

Подрипнува Цаци и целиот окезен ме влече за рамото. Јас не знам дали да се смеам, дали да плачам. Микст емоушнс, ама штом Цаци контролорот на летање се опушти, веројатно ќе преживееме.

Слетавме. Среќа пилотот успеа да го исправи ербасот и да слетаме на Ататурк, а Цацко остаре едно 5 години, ама во исто време стекна летачко искуство за внуци и правнуци да слушаат приказни за добра ноќ.  И ете ти, после се…аплауз. Пилотот беше награден со аплауз. Инициран од Цацко. Тоа беше прв пат да слушнам аплауз при слетување на некој аеродром, а да не сум на Александар Велики.  Немаше аплауз дури ни кога во Дубаи слетувавме со една пукната гума која експлодира при полетување од Кандахар.  Да…Александар Велики е најпознат по тоа. Пилотите пред лет за Скопје вежбаат автограм и поза за пред камерите на пресреќните и благодарни  патници. Да, затоа што останале живи. Кај нас пилотите добиваат овации на отворена сцена при секое слетување. Па како??? Па како да му изразиме благодарност  што останавме живи?? Ние првите 2-3 лета пред да се опуштиме, секогаш кога влегуваме во авион се збогуваме со животот и ако случајно слетаме здрави и живи, пилотот го наградуваме со аплауз и со овации. За воља на вистината, историјата на нашето цивилно воздухопловство го оправдува таквото однесување. Овој апауз беше сосем оправдан, а јас и Цацко среќно слетавме во Истанбул. По ова патешествие, во следните 4 години имав околу педесетина летови со авион и дваесетина со хеликоптер, ама ни еден лет не беше како овој. Го немав Цацко кумановац со мене. Легенда.

* Секако дека името на мојот главен јунак во оваа сторија е измислено. Не сакав  на човекот да му предизвикам несакани проблеми во животот и нарушување на приватноста кое може да настане од ненадејната популарност после овој текст.

Хаџи џиџимиџарница

Пред некое време кај мене у базава локалците отворија 3-4 продавничиња. Јеииии…нови. Шопинг бејб….шопинг…. Не е баш као Скопје Сити Мол, ама ипак е продавница и можеш да најдеш нешто. Обичен, стар транспортен контејнер со еден тон прашина у него, и коа влагаш мислиш као да си у Мумија двојката, и чекаш некое пајачиште да ти падне на глава, а продавачот сигурно може да пројде кастинг за најновиот Индијана Џоунс. Гарант има по некоја шкорпија или отровен вајпер по ќушоите. Не сум видел, али осеќам дека се  таму, негде под купот “оргинални” Битс слушалици со потпис  на докторот.

Секоаш има по 2-3 деца шо скокаат околу тебе и нудат кинески тракатанци, најчесто шо за ништо нема да ти користат. На полиците  по некој нож од типот “се во едно”, а ни едно не функционира, батерии постари од продвачот(обично празни и бренд за  кој никад не си чул или SQNY место SONY). А и по некој пар аБидас оргинал патики.  Монстер енерџи дринк (ваљда украден од некој воен конвој) во пакети оставени на подот. Принглс чипс “мејд ин нешо на арапски или индиски не разбрав”(којзнае што има во него, ама не сум доволно фраер за да пробам) На другиот рафт по некој Хед енд шолдерс шампон од кој гарант или ќе ти падне косата или ќе ти израснат уште два пара уши.

64-funny-pictures-538

Ипак…ова е некаков ивент, и некаква промена. Во првите  2 години, скоро и да немавме никаква продавница. Шо од друга страна душа дало за лечење од шопинг манија, нели. Али мики, веруј…коа после толку време влегуваш у продавница, коа ќе видиш некаков производ кој личи на цивилизација, макар тоа било и Непалски папучи “ала ЧИК Куманово” или Индиски “но нејм” мобилен телефон, ко да си влегол у друга димензија, ко у Фринџ. Се освежуеш и иако надвор е 52 степена, се осеќаш ко тазе излезен од вода на плажана Лабино  у 1984…

Ама. Пази…препорачливо е првите неколку дена да не одиш. Од искуство. Мое…Имаше случај, пред година-две, овде кај мене, коа отворија една слична продавница (хаџи стор е уобичаен назив за таквите објекти) и коа за малку ќе го јадевме. И тоа биг тајм. На влез у базава, на доаѓање на работа, кај локалците шо работат у продавницата у нивно ауто кучињата намирисале експлозив. Неќу ни да помислам шо ќе се десеше да го внесеа експлозивот у база, у продавница, каде пола ден има по десетина војници и цивили. Затоа батка…најбоље првите неколку дена не влагај кај локалците. Ако решиле да пукнат, ваљда ќе пукнат на почетак, осим ако не се слипери, или као у Ирак шо им се десило кај мојот бивши менаџер Дрејк у база. Го гледаш човекот секој ден, цела година-две. Се смешка и сите ги поздравува. Му даваш стари ципели или маици, по некој долар ситно шо ти се мавта по џебови. Еден ден, ко од чиста мира, аут оф блу , шо би рекле америте, доаѓа до најблиската група луѓе , вади пушка и почнува да пука. Е мука ми е. Од вакви ситуации ми доаѓа да излезам од сопственава кожа.  Следниот ден дознаваш дека талибанците му ги киднапирале децата, целото семејство, и морал да пука…го уцениле. Веројатно веќе еден саат по атентатот и тие се убиени. А кој може да знае.

Затоа….заеби…коа се у прашање локалците секогаш на штрек. Шо знаеш, може на кучето на капија му било преку глаа тоа сабајле, го нервирала вруќина и прашина, и не го намирисало експлозивот.  Туку…друго ми беше муабетот…