Апачи

Сонце и вино за три света

Да се биде Македонец, најпрвин е света работа, а дури потоа проклетство и немир.
Петре М. Андреевски

На оваа моја епизода од авганистанскава приказна се сетив пред некој ден, гледајки го Хенк Муди и плавушата шо беше на рихаб како виткаат џоинт во лист хартија скинат од старата библија шо цурата во предходната сцена ја читаше во својата соба. Па џабе ли ја викаат “Добрата книга”, ќе рече плавушата, која бај д уеј се вика Вера.

Мај 2010. Одев од стариот фјул поинт накај операции и кај големиот бункер подзастанав малку, да ѕирнам, да проверам да не има некој, да не прекинам нечии емотивен момент, или сикрет неп после ручек. Имаше ден-два пред тоа еден пар у љубавен занес и размена на емоции, па неќев да бидам лево сметало. Погледнав надоле, десно низ бункерот. Имаше војник, на крајот стоеше и збореше на телефон. Појдовме покрај бункерот еден према друг, и на разминување приметив дека е црвен во лице, ко рак, ко да е надуен, ко да ќе експлодира. Нормално, ко и секој Амер, збореше на Ајфон, а кога дојде поблиску видов дека е многу исунчан, пустинското сонце го и ишарало по лице. Делот од лицето околу очи, кој шо го покривале наочарите беше бел, а остатокот жар црвен, ко мојата маица.

399922_176426469130667_119197801520201_247123_833652630_n

Погледна накај мене, се загледа, ме фати за рамо и ме запре. Телефонот ќе му паднеше. Се збунив, застанав. Од секогаш сум имал респект кон војниците во базава. Не заради друго, туку имаат пушки и пиштоли. Тој ме загледува во маицата, ококорен и среќен, исто ко ја као дете дур трчав до самопослугата Славија со десет динари стиснати во рака, уште што не се стопиле, нестрплив шо побрзо да стигнам и да си купам Снежец . Носев обична црвена маица, купена за 300 денари од Трговски, од трафиката за сувенири. На предниот и на задниот дел голема апликација со Сонцето од Вергина и натпис Македонија на латиница и кирилица.

-“Macedonia….from the Bible, Macedonia …… unbelievable. Macedonia where the Apostle Paul first went to evangelize? Is it in Europe … in which country? Where did you buy this shirt, dude…??? ”

Се насмеав. Му објаснив дека има држава Македонија и дека јас сум Македонец. Ме грабна и ме прегрна…искрено и топло ме гушна. Не…тотали нон геј…чисто френдли. Човекот само беше одушевен шо ме сретнал, што дозна дека има Македонци и Македонија и денес, што сеуште постојат. Почна некако да ме фаќа некој филинг, ко да сум ретка зверка, ко да сум Амурски Леопард или Пелистерски Рис. Нејќев да одам со нашата позната реплика секогаш коа разговараме со странци:
“Маседониа из а смол бат бјутифул кантри уит вери френдли енд кајнд пипл”

Ме мрзеше да му објаснувам цела наша приказна, само му реков дека е добредојден во Македонија, и дека имаме сонце и вино за три света (Џафер, парафразиран)….После си помислив…а ако сите овие добри луѓе шо сум ги поканил да дојдат во Македонија, еден ден дојдат сите наеднаш, ќе иам невидена меѓународна журка, на ниво на мала олимпијада.

”Please brother, bring me some Macedonian soil, a piece of land from Biblical Macedonia” -беа неговите зборови коа му кажав дека скоро одам дома на одмор.

Земја? Па нормално дека на враќање не донесов парче македонска земја. Немаме ние многу земја за раздавање. Ма не…Само останав непланирано долго на одмор, и занев дека неговата едница е веќе замината во времето коа требаше да се вратам. Не разменивме контакт информации, ама батката знае дека е добредојден во Македонија. Секогаш. Ко и секој добар човек со добри намери. Нормално дека пушката ќе ја остави во Сакраменто, Калифорнија.

Advertisements

Амазон и дрвото…

Зевам во ова лаптопов и грицкам амерички пампкин семки од 2 долара за факинг 64 грама. Не само шо се изгор скупи, ама и со скопскине од кај леџендери Зуко не можат ни да се споредат. Друга категорија, скроз. Ама пустиња бе мики, и работава е тејк ит ор лив ит. Гледам на Амазон, од пиле млеко, нема што нема. Ние инаку, ко тазе влезени у америчко консумер сосаети, многу поштуеме онлајн шопинг. Да е жива “пластиката” у новчаник и добриот амерички народ кој на секој 28 дена несебично донира од зелените Бенџамини.

А ние за да бидеме малку фер, сесрдно се трудиме еден дел од сумата да вратиме назад у америчка економија. Многу често купувајки и глупости кои никад нема да ги искористиш, ама ипак успешно лечиме отуѓеност и лонлинес со најдобриот познат лек до сега-шопингот.

Добро, далеку од тоа да ние сеа на пример купуеме спакувани 247 грама земја од Росвел, Њу Мексико за 12.95 $ (оргинал од местото кај шо паднал НЛО) или спакувани 1500 живи бубамари (не се мисли на фудбали) за 12 $, или можда туба од 0.5 галони огринал мочка од волк. Колку за да ги држиш елените подалеку од својот јард, нели. Не…ние овде имаме само шакали, немаме елени, инаку, сигурно некој и тоа ќе купи. Не озбилно…ние онлајн купуеме само чизми 3 броја помали (док не ги научивме америчките големини), вриглис мастики и семки или љупен сончоглед, маџарска чајна кобасица ама изгор љута и футрола за најчесто погрешниот мобилен. И секако, оргинал америчка гардероба “мејд ин Никарагва”, квалитетот вришти, сам се продава. Него друго ми беше муабетот…

Пред некој ден. Неделен ручек. Околу мене луѓе од пола свет…буквално. Само не тие кои ми требаат. Не ручек каков што сакав. Не со најмилите. А што можам? Џаст мув он. Итс џаст анадр бјутифул факинг деј ин парадајз. Седиме на ручек со Амир из Тузле, бивши басиста на Едо Мајка и Шефик-Шеки од логистика. Се огласи разгласот, алармот во базата.

Нов е мислев го тестираат. Откако го намонтираа, неколку пати се вклучи. Мики, по кој знае кој пат реагирам исто. Кога сум ја облекол најновата маица и не ми е до лежење у прашина, или ме мрзи да трчам во бункер, се потсетувам на муабетот дека алармот често се вклучува и кога некој јастреб или орел летајќи над базава, нагло ќе пикира надоле. И си викаш…не е качуша или РПГ, ова мора да е соколчо, начекал некој пацов и му се пуштил од горе. Гласот од разгласот кој се обидува да личи на роботски најавува дека за 5 минути ќе има ‘аутгоинг фајар ’ од базава. Нашиве ќе пукаат према надвор со хаубици.

Ич не го сакам ова. Секоаш коа пукаат надвор, ми текнуе на Рајли и неговиот муабет…“Луѓе. не пукајте бре надвор, ќе му ги погодите плантажите (ти текнуе какви) на некој локален ворлорд, па ќе ни врати”. Прав е сто посто. Ни се има случено кога нашиве пукаат надвор, истата вечер да добиеме качуша 107 назад како “поздрав уз најбоље жеље”.

4403-surviving-tree
Дoдека надвор лупаа топовите, а на масата шишенцата Табаско сос весело подрипнуваа, ние мезевме бејкед солмон и пиевме безалкохолен Кромбахер. И не знам од каде, запраивме муабет за дрва. Не мики…не дрва за огрев или дрва ко оние од Интер сезонава у Калчо. Дрва, обични зелени дрва. Раскажуваме кој кога и после колку време првпат видел дрво овде, во пустелијава. Ја прв, пошто сум најдолго.

После 6-7 месеца откако дојдов во Апачи, отидов да полнам генератори кај комшиите у авганистанска касарна Игл и таму го видов првото дрво по толку време. Се шокирав. За некои работи, дури и најмали ситници и не си свесен колку се битни, се док не ги изгубиш…жива вистина. Амир рече дека после една година на истото место имало и ружи. Прајслес мики…прајслес, ама јас ги видов само на слика, пошто прекинавме да одиме таму. Имаше пукање, некој атантатор се активираше. Епилог-тројца мртви амери. Не фала. Од тогаш овде немам видено дрво.

8 минути…

Еве ја сликата. Авганистанско сабајле во ФОБ Апачи. Не ни знам кој ден е, осим коа е петок. Да, овде петок е некаков ден на црвени маици, и тогаш ќе видиш по некој од цивилите со црвена маица. Имам и ја, ми ја даде менаџерот, за да не носи само он црвено во петок. Ќе го испоштуем еднаш двапути, док Кенијциве у перална не ми ја направат два броја помала. Да, ако наручуваш гардероба онлајн, нема гајле, наручи поголема. Одам до шатор да си земам од цедевитата шо си ја донесов од последниот одмор.

На враќање, проаѓам меѓу шаторите, покрај генераторот голем ко дневна соба и бучен ко локомотива. Пред мене широк земјен пат, прашината можеш со нож да ја сечеш и да ја намачкаш на леб. Жешко е. 8.42 а веќе е 35 степена у сенка. Од десно ми доаѓа цивилен камион, Мерцедес е, трејлер , со немачки таблици. Возачот Авганистанец ми се насмевна проаѓајки пред мене. Не видов добро од прашината, ама ко да сум го видел и порано…

Можно е. Еден локалец кој возеше ѓубретарски камион некаде во 2010 г, па го снема цели две години, наеднаш се појави во базава со друг камионот. Овој пат ги празни септичките танкови. Рипна од камион кога ме виде и грабна да ме гушка…после 2 години. А баш добро чоече, му давав понекогаш стари панталони или маици. Секоаш насмеан од уво до уво, кога ќе ме види, секогаш застанува и излегува од камион да ме поздрави. Не знае јазик, ама нема потреба…одлично се разбираме.

Загледувам уште еднаш лево десно пред да прејдам од другата страна. Базава стана многу прометна, конвои еден куп, по цел ден. Нема многу место, па камиончиштата ги паркираат околу бензинскава, кај шо работам. Ми текна на првите денови у Кандахар. Имаше случај кога некој несреќник бил прегазен на поминување улица. Имаше насекаде објавено оглас, за информација за возилото или возачот убиец нудеа 5 иљади долари награда. Од тогаш отварам четири очи кога преоѓам улица. И избегавам да возам. Немам возено одамна. Во последниве 2 години, можда 3-4 пати сум седнал у ауто или муле.

944136_10151767317124705_1615074265_n

Од другата страна на патот, пред мене мојата канцеларија и паркирано мулето Кавасаки. Ол тереин виекл, по нашки баги/џипче без врати и прозори. Лево од канцеларијата го гледам Јужноафриканецот Андреас го шета Арк, службен вучјак кој веројатно има спасено животи на неколку десетина луѓе од базава. Да…неколку пати имаат фатено експлозив на влез во базава. Ги сакам кучињава…..ма ги обожавам. Уште по лево го гледам пикапот од Материјали, Непалецот Рам (понитеил) вози накај ECP (чек поинт на влез во база) да ги собере локалците шо работат внатре. Типот е голем фан на Самсунг, и после 3-4 неуспешни нарачки, конечно му стигна Галакси тројката. Ме тера да му инсталирам нешто.

Ги поминав тие десетина метри широк пат и таман да влезам во ладовината на мојата прајслес канцеларија ете ти го Крилич на муле, вози дури 25 на саат и вика на цел глас…

”Старац…шта има брате…Како је, јеси добар???”

За ова старац, ќе му вратам кад-тад…А ова е трети пат од сабајле да се видиме, и трет пат се поздравуваме ко да не сме се виделе со месеци. Па коа отворив врата од шаторот сабајле, прво него го видов пред врата.

Застанав пред канцеларија, го барам клучот у еден од дванаесете џебови од карго панталониве . Влегувам внатре…свежо…пријатно. На лаптопот свири Македонско радио, Радио 2. Не дека ги сакам многу, него има најдобар сигнал, и на овој тапа интернет кој го имам, најчесто само тоа и може да се слуша. Застанав и ја погледнав мапата на Азија позади моето столче и си мислам. Шо барам ја овде? Зошто сум ја овде?…На радио водителот најавува…

”-8. 50 …се враќаме во минатото…ги слушаме АБА и ….Мани, Мани Мани….Останете со нас….”

Се завртев лево, десно. Каде е скриената камера. Кој кого заебава овде?
(тру стори)

Глобализација…

 

Дем ју свет. Да батка.светов, коа ќе размислиш, отиде по ѓаволите.Шо како? Па така, седам у дрвенава канцеларија калкулирајки курсеви, камати и долари на  “оргинал” кинески лаптоп, у Америчка база у Авганистанскава пустиња. Корејски климатизер ме лади док грицкам амерички чипс Рафлс “Мејд ин Пакистан” и пијам узбекистански (којзнае колку е озрачен, Русите на времето кај тестираа нуклеарки?) џус од ананас и на интернет глеам кој се шета пред Бисер у сред радно време.

Док чекам да дојде цистерна со гориво, која бај д уеј е шведска Сканиа со таблици од Осиек  а пуна со кувајтско гориво и ја вози Авганистанец, си викам… светов отиде по ѓаволите. Колегите од Индија и Непал у другата канцеларија слеш контејнер чекаат да дојдат румунските војници со енглески камиони да им напунат гориво. Брцам у џеб од карго панталониве “мејд ин Никарагва” купени за 10.50 долари од факинг амерички Волмарт. Тој исти Волмарт кој коа би бил држава, би бил рангиран као 40-та по богатство држава у свет, а ваму продава тежок шит.

globalisation

Го вадам Самсунг телефонот(кој као шо вика брат ми Крилич Муамер из Тузле вреди ко Голф 3 девес пето годиште) купен у амејзинг Дубаи и глеам колку е саат. Дубаи кој има само 12 % доместик популација а се друго се гастарбајтери од каде уше не. Ма мене јасно и е колку е саат. Јасно ми е дека глобализацијава не изеде, не рестури. Чудо направи. Али човек ти е најголема животиња и се навикнуе на се. У мојава прича у  Авгани-факинг-стан,  најбитно е “нашиве” војници американци кои на пример се викаат  Исмаел Ескобар, Роланд Еквоге (роден у Камерун) или Гонзалез да ги спречат овдешниве “бед гајс” Талибанците да не ме узнемираваат  со Руски  и Кинески ракети. Не за друго, да не остане глобализацискава чорба без еден лисичанец…скопјанец… Македонец … Глобализација…тоа ти е….

Барк

Повеќе од 6-7 години минала овде, во Апачи, мојата база во Авганистан. Веројатно цел нејзин живот.Така ни пренесоа колегите кои беа подолго овде. Секогаш мирна, секогаш пријателски расположена. Освен кон локалните, Авганистански работници, и тоа оние кои повремено доаѓаат да работат овде. Нив не ги сакаше…постојано лаеше кога ке дојдеа во близина на бензинската каде работиме, а каде што таа живееше. Го штитеше својот дом. Кога се преселивме на сосема друг крај од базата, и таа се пресели со нас. Иако кујната и храната се на сосема другата страна на базата, таа дојде со нас. Ние ја храневме и чувавме . Најдовме една вреќа со храна за кучиња и плус секогаш некој од нас и носеше нешто од кујната. И таа нас не чуваше…како само реагираше кога ќе се појават непознати Авганистанци.

Ние за неа бевме пријатели. Пријатели, повеке од година и пол заедно. И сите колеги кои подоцна доаѓаа ја прифаќаа, а и таа нив. На некој начин сите ризикуваме голема казна затоа што ја чувавме и храневме. Имаше и други кучиња, доаѓаа и заминуваа. Таа беше постојано тука, дел од тимот, како член на семејството. Секое утро не дочекуваше со мил поглед и весело мафтање на опашот. Секоја вечер ја остававме со колегите од ноќната смена.

Јас и мојата пријателка Барк

Неколку пати лошите луѓе се обидуваа да ја фатат, да ја отстранат од базата. Не разбирам зошто…никому не пречеше. Имаше некаде податок дека во Ирак, на пример, преку 50000 кучиња се фатени и избркани од Американските бази. Не сакам да помислам дека се убиени. И овде имаше таква ситуација, решиле да ги соберат кучињата(ги имаше неколку) и да ги однесат во најблиското гратче и да ги пуштат таму.

Собраа неколку…но кога дојде редот и на Барк, тогаш проработе нејзиниот инстинкт за преживување. Три пати во неколку дена се обидуваа, дојдоа да ја бркаат околу нашиот фјул поинт со мали баги возила.Таа си вртеше кругови околу. И тие по неа, но не успеаа. Потоа таа почна да крати преку средината помеѓу вреќите со гориво, и војниците се откажаа. По некој ден дојде VECTOR службата за контрола на штетници, кучиња и мачки. Тој постави замка…и успеа да фати едно друго куче…но Барк е по мудра. Не наседна на тоа. И VECTOR службата се откажа.

Конечно дојде еден член на АМ К9 службата која овде работи со дресирани кучиња. Работат на обезбедување на капијата, контрола на влезот со кучињата. Овој беше стручен за кучиња. Но инстинктот на Барк повторно се вклучи. Јас не сум видел побрзо трчање на животно како Барк кога бегаше од К9. Само прашина се гледаше позади неа. Старата Барк кога е опасно трча како гепард. И К9 се откажаа.Еднаш ја фатија , ја однесоа…но таа се врати истата вечер. Не сакаше да го напушти својот дом.

Овој пат за жал успејаа. Не бев присутен, на појадок бев со Оки. Дошле неколкумина, ја нападнале во тесно, кај магацинот зад канцеларијата. Успеале да и стават инекција и да ја однесат. Ја нема од тогаш…веќе четврти ден. Беше стара, уморна. Веројатно и здодеа да бега, веројатно почуствува дека и се ближи крајот.

Оаа го најдов некаде на интернет, убаво напишано за кучињата и луѓето.
“Грижи се за мене и кога ке остарам, оглувам, ослепам, кога забите ке ми паднат и кога ке бидам неподвижен. И за тебе некој ке се грижи. Староста е иста за сите. Испрати ме на мојот последен пат. Немој да речеш: не можам тоа да го поднесам или тоа нека се случи кога јас не сум присутен. Со тебе се е многу полесно, тоа ти е долг за верноста, за нашата убава младост.”

Мака ми е….многу ми е мака што не бев тука да ја испратам. А за лошите луѓе…се надевам дека нема да имаат ни пријатели ни живот, а ни старост каква имаше Барк. Знам дека таа сега е на подобро место, каде што нема лоши луѓе.

 

п.с. Текстов, со мали измени е репринт на текст кој е оргинално објавен во пролетта 2011 година

Авгантура(3) – Видео илустрација – или да знаев само што ме чека

По повод мојата нај нова играчка за големи деца, у вид на топ лап топ(со гејминг абилитис и фул хаде скрин), еве ја решив да се јавам до фамилијата и пријателите со оваа порака у вид на Видео (Смилевски -Бато). Ја сум ок, си купив нови чорапи од тие америчките”мејд ин Никарагва”. Штотуку, пред некој ден добив нов смештај, у поголем станбен простор у вид на шатор за 20 луѓе(има неколку дупки од страна, али зима иде и нема опасност од змии) Не се секирајте, мачката шо ни се омачи пред некој месец под канцеларијава ја згази оклопен транспортер од 14 тона, а едното маче го пративме у комшии кај талибаните, ама предходно го нафилувавме со тнт. Другото испадна жилаво(не се вари 3 саата) па решивме да го остаиме у живот. Сеа глеам потпорасна и почна да ми се свиѓа. Ќе има шанси да остане со нас, осим ако не налета на некој чакал. А треба прво и менаџеров да го убедам, пошо он мачки и глувци у околинава брка со нож и чекан(вика американ уеј било така). А ја мислев дека томахавк(од големите, на ракетен погон) и стелт авиони е американ уеј. Али…. нејсе…

Photo-0001

Приказнава у видеово е скроз аут од контекст, да не речам не е у шема и тајминг на постоиве за Авгантурава(скокнав едно5-6 месеца), али ова му доаѓа ко ванредни избори, а после ќе продужам со експликација на мојата прича “Авгантура или- како се заебав да завршам у пустинава, далеку од турско-шпански серии, дебили у вид на вонаби политичари, скопската магла, гужва на Рекорд  и многу други прекрасни работи кои ми фалат бедли”. Пошо у ствари овде ништо нема, осим пари и пустиња со еден куп шкорпии и змијурини, и по некоја граната за добро утро, ја…(чекај си ја измрсив тастатурава-нова ми е)…значи ја углавном сликав луѓе, ма човеци бре..шо би рекол Бубо Каров…

Луѓе кои ми го правеа ова срањево да изглеа многу подобро и полесно него шо е. Луѓе кои ми фалат…ми фалат као четврт бурек со сирење од Ваташа, као купатило со када(моја и чиста), као десетка со кромид од Дестан, као попладневна дремка испрекината со галама од кај комшијата шо доградува нешто или смејата и кавгите на Ема и Дино. Ми фалат као возење точак со Дино и Ема околу Лисиче, као викенд у Охрид кај Нечески, ми фалат како ГТЦ и кафе на Кеј(чудно али истинито) као партија баскет со Дино, или шопинг у Џамбо со Ема и Данче. Ми фалат….Затоа, у спомен и респект на сите мои пријатели(мада овде се само еден дел од нив)со кои сум делел и добро и зло по Авганистанскиве пустини и кои ми фалат, еве напраив едно парче фотки на едно место у вид на видео. За некого ова е аматерски и е старо и видено, за мене е увек добро и актуелно. Ете…А ќе има и други..

п.с. Ако некој се забезекна за мачките…Се зезав…имаме само една(таа жилавата) и не сме ја вареле…повеќе од еднаш…Ма се зезам бре. Моравме да ја пратиме у комшисково градче, за да не ја фатат службиве и да ја елиминираат(забрането е домашни животни у воена база). Беше у кутија, и у камион и ја однесоа…и после два дена се врати…а не е Леси. Мора да сме добри домаќини, па не може без нас. Сеа ја криеме натака навака…ќе живее…

п.с.с. Лаптопот е топ( се турив играње Крајзиз двојката и Блек Опс) али има една мана. Заглавувам бе брат до 1 по полноќ, а сабајле у 5 треба со воена полиција да ме будат. Ако…шо вика Дрејк…да се почастиме и да напраиме нешто ситно за себе, сме заслужиле. Ете ја напраив ситно, а он си купи едно бед ес колиште од 6000 кубика…Јеби га…не изживеано…Пак се зезам…

Асфалтот…

Како проаѓа време, се више ме мава некој филинг без везе…нешто као да ми фали. Еве више скоро 5 месеца као се вратив у пустињава од последниот викејшн и викам, ваљда е некоја ебена носталгија. Знаеш, деца, жена…дома…ваљда. Кујзнае, комуникација имаме он дејли бејсес , видео чат и то…ама не е тоа тоа. Пред некој ден се шокирав.

Одам наоколу посебно накурчен и наоштрен за кавга со Емир проперти кој стално ме убедуе дека Џеко бил бољи играч од Пандев и идев да му презентирам некои факти и по пут едноставно се шокирав….ДЕТЕ…човече видов дете. Буквално се одземав…Авганец, Амер и дете…седат на хеското до флајт лајн и нешто праат муабет. Чекај…кај отиде муабетов бе…па не сум педофил скраја да е…Едноставно немав видено обично дете 150 дена…и се изненадив. Сум заборавил како изгледаат… Знаеш…ми фалат децата…моите најмили….многу.. .ама и друго е маката…ме изеде нешто друго.

Често се мувам ко лисички лингур-контејнерец по база да убијам бед филинг. Ама ме нервира многу шо одејки по база морам нонстоп да зевам нагоре ко Маџармаалски гулабар. Не заради гулуби или недај боже да не налета некоја честитка у вид на кинеска 107-мица качуша од комшииве талибани. Морам да зевам нагоре да не налета некој хеликоптер од нашите(по радио кодно име –Санта Клаус).Зошо..??.. зошо иаме хеликоптери батка као градски аутобуси у Скопје. Сеа ќе ставале семафори за хеликоптери…брат не се издржуе.

Насекаде ги има….над канцеларија, коа ќе чуеш звук, у прв моменат сакаш да избегаш надвор, ама тие се надвор…кај ќе идеш. Летаат на 10 метри над тебе, пошо слетуваат тука одма на 50 метри од тебе. Јеби га…коа ќе чуеш звук се ежиш, а наши се. Као ли ги доживљават Талибаниве коа ќе чујат препознатлив звук на Апачи коа се доближуе. Нејќу ни да знам…После си викаш ќе сеам овде па што биде. Ама почнаа да паѓаат метални делови друже…не е заебанција. Мене цела клупа од 2 метри и тешка двестина кила ми ја фрли директ у влезна врата. Коа си надвор кај блејдериве со гориво…е тогаш нема каде…си наебал. Ќе те издуваат и ќе се напуниш прашина или снег (у зависност од годишно време) за цел живот. Моли Бога нешто да не летне и да те опне у чело. Отиде ти као колатерал демиџ, настрадан од френдли фајар. Ова пилотиве се понашаат ко богови. Ги боли уво они имаат бесна макина и има да летаат кај сакат бе. Пред некоја недела двата порт-о-џена(кенефи) ги превртеа и ги фрлија десет метра. Замисли да си унутра. Вардар после не те пере. А коа ќе налетаат два чинука, големи ко трикатна зграда, брат нејкеш да си близу…траст ми…Се живо се разлетуе наоколу…Ако не се држиш за нешто, ќе те бараме надвор од база, кај комшиине…

Него…друго ми беше муабетот… Изглеа ми фалат и некои луѓе…некои од дома, ама и некои батки од тука, од пустелијава. Пак, не е малку 2 години со некој мање со некој више делиш и добро и лошо. Делиш благ амерички грав, љуто индиско кари и тсу,или лобстер,  крвав(толку крвав шо уше не ти прозборело телето) амерички стек, и по некад коа ќе напраат босанците од кујна, некој босански бурек, колку да шокираш желудец и да го држиш у кондиција. Делиш со твоите луѓе и Аргета паштета и сирење и ајвар кои си ги донел коа беше последниот пут дома, и по некој аналгин или стрепсилс…иако Америте брат имаат пејн килери од кои ќе се осеќаш као да си на некоја тешка дрога. Кој знае шо е у нив…

Да, со некого си делел и инкоминг…инкоминг…рокет атак…рокет атак…буууум, а богами и граунд атак…хит д банкер….хит д банкер. Јеби га…и тоа има, а делиш и вотка брзосмртка мејд ин Авган(некои мои луѓе многу скупо ги кошташе една таква)или покер или бриџ до сабајле…Делиш и фудбал кај Авганците у касарна, на терен као ораница или као да бил гранатиран скоро. Шо голови сме даале таму со Оки и Трајко, и тоа на голем фудбалски терен. Среќа наша тој Авганот камиказата што пукаше пред некој ден и уби неколку наши не бил на дужност ние коа игравме…иначе ќе го јадевме биг тајм. Фак…и тоа има. Ноубади евер сед ит вил би изи.Со некого си делел и поплави и снег до појас, и дезерт сторм и плус 50 и минус 10…Ама не е само тоа…

Друго нешто ми фали. Нешто друго ме убија у појам и не ми дава мира. Сабајле баш одејки накај дифек да зеам од тоа донатсот и Арапското млеко шлапајки до колена у кал ми текна шо ми фали осим моите најмили и френдовите. Брат…ми фали асфалт. Ебаму асфалтот…нема да веруеш…ама ми фали. Покрај бензинскава има пут…као главен за у база. На тој пут го имаме единственото парче асфалт не само у базава, туку и у цела провинција. Неам идеја од каде се створил…у сред пустињава…ама ете тука е. Некои 15-20 метри должина и 1,5-2 метри ширина убаво, здраво, цврсто парче асфалт. Скоро као нашиот асфалт у Скопје. Знам дека не е тоа тоа…ама многу личи и кога нема друго, може добро да го замени нашиот домашен асфалт. Не ме води пут од таа страна, малку ми е подалеку…ама увек глеам да пројдам од таму и да изгазам десетина чекори по стариот добар асфалт, некад и напред назад, ако не глеа никој. Не знаеш кој филинг. Скоро као да си дома…Па дури и коа некој од комшииве од другите департменти околу ќе ми понуди превоз со ауто…не…фала…јас ќе си пешачам. Да си го посетам стариот ортак, асфалтот. Да ми кажеше некој дома, пред да дојдам овде дека асфалтот од Скопските улици ќе ми фали, ќе му речев дека сака да ме мафта ко “влијателниве” твитерџии што ги мафтаат новајлиите или ко Топлификација што ги мафта Скопјани со млаки радијатори у сред поларна зима…Ама…Ехххх…Така било…траст ми.

п.с. Овој пут неам п.с. нешо ме фати мука. Иам само експлнејшн на некои термини од погоре. Ми текна дека може не ви се јасни.

-хеско…според мене револуционерен начин на правење монтажна ограда у различни висини и дужини. Од челична жица и специјален материјал од незнам што направени се калапи во разни големини кои се пунат со земја и добијаш зид колкав сакаш и каде сакаш за кратко време. Базите се опкружени со ова технолошко чудо. Тенк не го руши.

– Емир проперти…батка Босанец…френд кој работи со некои бројки и букви и само трча по база и запишуе нешто. Навија за Сити и Џеко и ме нервира коа ми збори за фудбал. Често пиеме хот чоклид заедно. Добар момак, ама ќе се жени следниот месец. Јеби га…но бади ис прфект…му реков.

-дете…младо од цицачот наречен човек. Обично секој пар ги има 1-2 освен у Арачиново или слични вилиџес каде ги има по 7-8, или у некои Скопски семејства кои поверуваа на кампањата “Трето дете” и се надаат на пензии заради тоа.

– лисички лингур-контејнерец… најчесто џукац кој јаде од сметот кој у Лисиче се собира само коа Комунална хигиена ќе го поправи алансерот од едното од сите две камиончиња за собирање смет. Поретко и некое расно кутре кое е оставено на улица пошо више не му е интересно на некое размазено дериште на некои новопечени до вчера паланечки богаташи, кои нели мораат и куче од скапите да имаат као доказ за статус.

– кинеска 107-мица качуша…бед тинг, рили бед тинг. Ракета- граната од 107 мм од кинеско, а може и од руско порекло која никој не ја посакува у своја близина. Талибаните ги користат често за да не поздрават, освен ако не им пукне пред нозе додека покушаваат да ја пратат кај нас….Имав една која падна на работ на базата, и ќе ја памтам долго…филингот ич не е ок… Траст ми..

– Апачи…така се вика мојата база, ама овде се мисли на амерички борбен хеликоптер. Еден од најбољите(ви текнуе оној Рамбо2 или 3 шо го гаѓаше со стрела). Ич неќете да ви биде непријател.

– порт-о-џен..пластиканер, кенеф, мочална, полско веце. Вид на мобилно веце кое се поставува у работните околини, у кое еднаш дневно сакал неќел ќе влезеш(глеај да е сабајле,тогаш се бар чисти). Иначе…нашите јавни вецеа у ГТЦ се апотека за овие. Ја лично преферирам да стискам коа морам и идам 200-300 метри подоле у “нормално” веце.

– чинук…тип на транспортен хеликоптер,некои ги викаме летечи аутобуси(има едни црвено бели цивилни) и стварно се големи као мала зграда. Бед асес од хеликоптери…

-инкоминг…рокет атак…вообичаено коа ќе го чуеш ова, сакаш да легнеш на земја и да молиш бога да системот за узбуна се збунил и дека некоја птичурина го активирала, а не некоја качуша. Јеби га…или бар да е некоја од `87 година и дека нема да експлодира…

– Лобстер…морски специјалитет кај нас познат као јастог кој у холивудски филмови фраери стално го нарачуваат коа сакаат да смуваат риба и да испаднат ташаци на прв дејт. У нормални услови у Европа, у ресторан за да можеш да си дозволиш ова да нарачаш, ќе треба да работиш два месеца у некој кафич. Овде само се жалиме и сереме као не чинело и наоѓаме маани…

– дифек….кујна и трпезарија. Дајнинг фасилити..по некад интересно место, со биг скрин тиви, освен ако Америве не гледаат безбол. Кафе, чај, сокови и грицкалици во секое време фор фри.

-асфалт…навлака од посебен материјал која се нанесува на улиците во градовите и нормалните држави, каква што не е Авганистан. Битен елемент на градското живеење, кој мене ме потсеќа на моето детство коа трчавме боси по него у сред јули и се такмичевме кој ќе издржи подолго на жештината на асфалтот. Дем ит…ај мис дет тајм оф мај лајф…