Бранко Героски

Барањата на СДСМ за нови фер избори

Македонија е на крстопат. “Неделата на срамот” на 27 Април мина токму според предвидувањата на раководството на СДСМ на чело со визионерот Зоран Заев и загрижените за демократијата новинари на чело со медиумскиот могул и гениј на агитпропот, “новинарскиот Роналдо” Бранко Героски-Бојкот. Се мина според предвидувањата освен минорниот превид (за некои критизери наводно многу голем кикс) со синхронзацијата на часовникот на Заев, па наместо во 19.01, тој задоцни и своето историско обраќање “Не признавам” го упати во 19.03 часот. Но, тајмингот е од есенцијално значење за Македонија и за неколку денови следува Конгрес на партијата и секако дека на панел дискусијата и низ телата на партијата  ќе се утврдува одговорноста за овој превид. Зоран Заев ќе мора да ја докаже својата невиност за овој немил настан.

Некои злонамерни и необјективни критичари забележаа дека големиот лидер прво во “неделата на срамот” објави дека СДСМ не ги признава изборните резултати, а дури по неколку дена органите на партијата заседаваа и демократски донесоа едногласна одлука да не се признаат изборните резултати (исто му се фаќа) и пратеничките мандати со индигнација да се одбијат. Апсолутно не битен детал во високо демократскиот амбиент во кој функционира државотворната партија. СДСМ е на еден повисок степен на демократско одлучување од останатите партии и лидерот е телепатски поврзан со членовите на Централниот одбор и знаеше какви се нивните ставови по ова прашање. Уште еден доказ дека СДСМ е партија на иднината.

funny-dog-pictures-now-panic

СДСМ не ги признава резултатите од изборите во “Неделата на срамот” и бара рамноправни услови и демократски амбиент за остварување на намерата конечно да дојде на власт и со тоа да им се оддолжи на:

– членовите на СДСМ – кои се изначекаа и очекуваат победа и награда , согласно со антологиската изјава на лидерот Заев…”…да им кажете дека Заев беше  и рече дека ќе ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат…” или парафразирано…”ќе бркаме се живо, од министер до портир и наши луѓе ќе вработуваме”

– Канибалите – кои се комплетно изгладнети и очекуваат победа, согласно со гурманската изјава на Заев…”…кога ќе дојдеме на власт живи луѓе ќе јадеме…”

-киропрактичарите, масажерите и ортопедите – кои очекуваат зголемен обем на работа по победата на СДСМ, согласно со изјавата на Заев за потребата од “свиткување на кичмата”

– независните новинари – кои се изначекаа и исцедија што дури и фикусите во независните “човек- порталче” редакции почнаа да им венат а и средствата за кафе и дневни трошоци одамна им се потрошија па мораат да брцнат в џеб (плус млекото денес е многу скапо-хинт АНАЛитико)

Од извори блиски до главниот принтер на Бихаќка успеавме да дојдеме до драфт верзијата на акциониот план и барањата на СДСМ за решавање на кризата настаната со “системската кражба” и “купените гласови” во “Неделата на срамот”.

Изборите минаа во не фер амбиент и системска кражба на гласовите со купување на гласачите. Бараме нови избори со мерки за обезбедување фер амбиент за гласање

  1. СДСМ бара Владата да не ги објавува новите странски инвестиции и отворањето на фабрики да остане во строга тајност. Новите вработени во овие странски инвестиции да не смеат никому да кажуваат дека се вработиле, а  и дома на жените никако да не им кажуваат дека одат на работа . Можат да кажат дека одат по риба со другар од средно. Новите кандидати за работа ако се интересираат за новите фабрики нека користат компјутер и преку Гугл Рт нека ја проверуват територијата на Македонија за евентуално нови фабрики. Оние кои ја немаат оваа можност  нека гледаат во гравчиња или на кафе каде се отворила фабрика, или со точак нека шпартаат по Бунарџик и другите зони.
  1. Гласачите кои добиваат субвенции никако да не ја шират таа вест по комшиите и со тоа да шират дезинформации  кај населението. Добивањето субвенции е лажен оптимизам и не е баш добра вест не само затоа што комшиите ќе им завидуваат и ќе им мочаат во парцелата со марули, туку и роднините од четврто колено ќе им бараат позајмица. Можат евентулно да кажат дека добиле на спортска некни кога ја фатија Барса “кец у два”
  1. Зголемувањата на пензиите никако да се објавуваат јавно, а  ако мора да се објават, да биде сторено по 21.00 односно во време кога пензионерите спијат.
  1. Да им се забрани гласање на сите кои ги лајкнале фејсбук страните на Јанко и Миленко, а посебно на оние гласачи кои лајкнале коментари или постови на истите, и за кои се утврди дека на своите фејсбук профили имаат повеќе од една фотографија со споменици од Скопје 2014 или знамето од Кутлеш.
  1. На Ивица Боцевски да му се дозволи во предизборниот период гостување на само 4 телевизии дневно и 2 изјави за онлајн портал, а за време на кампањата ова да се намали за 50%.
  1. Во кампањата да се забрани употреба на зборот проекти и било која цифра поголема од 100, а секоја употреба на зборот отчет по автоматизам да носи 100 гласа за СДСМ.
  1.  Преку колумна јавно дадениот глас за СДСМ од Александар Поповски да се важи за 100 гласа.
  1. Како одговор на предходната колумна, јавно дадениот глас за ВМРО ДПМНЕ на Тони Михајловски да се брои за  минус  10 000 гласа.
  1. Твитер заедницата во Македонија да биде прогласена за паралелен универзум и да им се дозволи таму да си изгласаат свои пратеници во виртуелниот Парламент.
  2.  На НВО Цивил да му се обезбедат средства од буџетот за да може во периодот на кампањата и на денот на гласањето да ангажира сервисери на лифтови во Капиштец и Центар. Сите лифтови мора да работат.
  3. Сите про опозициски портали да добијат рекламни банери од опозициска партија кои ќе бидат платени од специјален државен фонд и тоа по прогресивна стапка и цена на просторот. Правопропорционално, за повеќе навредливи текстови и неаргументирни обвинувања за власта сумата за маркетингот да биде поголема.
  4. Бранко Героски да биде шеф на ДИК-от

Со исполнувањто на овие услови СДСМ ќе прифати учество на нови избори на кои граѓаните слободно и демократски и во фер амбиент ќе можат да гласаат за СДСМ. Други кандидати и не мора да има.

Advertisements

Гугл знае што правевте вчера

don_t_panic_button

За оваа колумна и податоците изнесени во неа искрено и длабоко треба да му се заблагодарам на Гугл. Сте чуле за Google search history? Мики, батките од Гугл сосема посветено (со “мала” доза на орвелизам), професионално и вредно ги собираат и чуваат сите наши пребарувања преку Гугл с`рч. За кого и зошто, (ве поздрави Сноуден) подобро и да не знаеме. Јас дојдов до Google search history на неколку наши јавни личности. Има ли вистина во ова, точно е или не, само еден Гугл знае. И тие самите. А што тие имаат во историјата на нивните интернет пребарувања. Знaчи, што најчесто пребаруваат на интернет:

 

Александар Маленко

-Традиционални имиња на машки деца

-алиментација, нов закон – процедура и утврдување на сумата

-онлајн тренинг-како најлесно да ги запамтиш имињата на сите свои деца

-“Marriage and how to stop doing it” for dummies

-таблети за контрацепција за мажи- упатство за употреба

 

Андреј Жерновски

– онлајн забрзан курс по архитектура “Си правел ли некогаш кули од песок? Значи и ти можеш да бидеш архитект”

– инат, можности и практична примена

-Фото, шарени згради и балкони, Тирана, Мумбаи

– поликолор, понуда на широк асортиман на бои, големи количини

-“Top 10 tips & tricks how to stop the baroque” for dummies

 

Саше Политико

– талибанци, фашисти, сталинисти, маоисти, героисти и уште понавредливи термини и пцовки и како најефектно да ги користиш

-најниска цена на млеко во Скопје, маркет и локација

-сам свој адвокат, забрзан онлајн курс по право и правни норми и КЗ на РМ

– сам свој доктор, параноја, шизофренија дијагностицирање и третман

-“First time in prison” for dummies

 

Бранко Героски

-онлајн регистрација на фирми-брзо и ефикасно

-Андроид апликација-Како најлесно да ја пресметаш квадратурата на своите станови

-како од комунистички уредник да станеш капиталистички газда на медиум, план и инструкции

-www.justask.net  – Дали со отворање на десетиот медиум конечно ќе станам добар новинар

-“100 different ways to offend your President” for dummies

 

Ранко Бубамара

-Иос апликација-Како најбрзо и најлесно да ги пресметаш сите Златни бубамари на К 15 и Трендо

– акустика, капацитет и број на седишта на Арена Филип II

– онлајн доктор-Колку најдолго може да издржи човечка бешика

– Иос апликација –Лоцирај ги сите соученици од основно и средно кои не добиле Златна бубамара

-“Learn how to hold a longer and more boring speeches” for dummies

 

Горан Пандев

-држава во која Рафа Бенитез нема работна дозвола

-малер, магии и клетви, како да ги отстранам

-“20 excellent plans how to save yourself from bad luck coach” for dummies

-држава во која сопругата на Рафа Бенитез не сака да живее

-Андроид апликација “Rejecter-best way to reject a call from a National team coach”

 

Билјана Ванковска

– Сам свој тренер, прва лекција –  “Его и суета, или како да ги зголемам и надградам за да станам подобар професор”

–  www.justask.net – “Денес имав 7 нови лајка на ФБ, дали да се кандидирам за Претседател?”

“Top 10 Facebook tricks how to ban and block people smarter than yourself” for dummies

– Онлајн семинар – Ароганцијата како последица на несреќното дестство и фрустратциите од истото.

– Popular Psychology – ” You are a looser? Learn how to accept it and live with that”

 

Коце Трајановски

– www.justask.net   – Имам уште 943 дена мандат. Уште колку точно барок фасади можам да направам?

– онлајн тренинг – “Како да направиш Ајфелова кула и Статуа на слободата во својот град”

– река Вардар, капацитет и пловност, уште колку мостови и какви бродови може да се изградат

– Иос апликација- “Монументо – најпрецизна евиденција на сите споменици кои си ги изградил”

– ” 101 more things you never dream you can build in baroque” for dummies

 

Секоја сличност со вистината и личностите изнесени овде не е моја вина и немојте мене да ме обвинувате за вашите мали онлајн тајни. Ехеее…само да знае некој јас што се пребатувам. Чекај…па Гугл знае се. Дилит…дилит…shift+delete…shift+delete…

Олимписка мака

Сите добри приказни почнуваат со…”Еднаш…додека гледав карлинг…” Да бе мики…ама за некој фраер од Монтана или фрикинг Манитоба. Јас денес малку гледав Олимписки игри. Не се смеј. Па јас пола ден го поминувам гледајќи извештаи од Олимпијадата во Сочи. Да, само што извештаите се далеку од спортски рапорти и одат на CNN и од нивни известувачи кои во Сочи ги имаа на десетина. Од време на време извештаите од Сочи ги миксаат со оние од Киев и ако не внимаваш, тотално ќе изгубиш ред. Кој новинар беше во Сочи??? Чекај, онаа плавата нели беше во Киев? Ма сеедно, спремни се тие за секоја ситуација. Чиниш ко на времето кога известуваа од “сити оф Шипко-ВИЦА, норт-вест фајром”.

Ма не, сериозно….на игри мислам, гледав спорт…Олимпијада. Вистински спорт гледав. Карлинг…Абе доста се смееш. Сериозно, гледав карлинг. И никако не можам да го прежалам изгубеното време. Цели 4 минути стоев пред телевизорот додека некои американски “војничиња” подрипнуваа од столчињата и се фаќаа за глава. Јас мислев мене ме онадат, онака, како лаик, за да ме збунат. Демек, еве кога нема ни шанса ни гол ние ќе се зезаме со цивилов, па уште и од Европа.  Да мики, за жал овде нас Балканците нон стоп не навредуваат и не нарекуваат Европјани. Ама не…мора нешто сериозно да се случуваше, од очи искри им излегуваа и од време на време ме погледнуваа попреку како “коловоџа” на свадба кога ќе се дрзнеш да се фатиш пред него и да му ја преземеш славата.

curling-demotivational-poster-12395

Мики, закрвавен или искричав поглед мораш да респектираш. Плус, пушките им беа под маса. Гледањето карлинг можело да биде опасно, посебно ако не ги знаеш правилата и не знаеш кога треба да се радуваш, а кога да пцуеш. Подрипнуваа батките и се фаќаа за глава со грч на лицата, а јас барав чаре како нечујно и незабележително ко Јани Макрадули од скопскиот маалски баскет, да се повлечам од теренот.  Мора да била голема драма во прашање, а не падна гол. Сигурно. Изгледа само шанси имаше. Мислам дека не падна, затоа што не припукаа. Е како не е спорт за пукање. Карлинг? А тенис дали е спорт за пукање? Па зошто тогаш кај нас во Аеродром се пука секогаш кога Ноле ќе тепа. Тоа само до финале. Кога ќе освои турнир се пука и во Капиштец.

Карлинг. Колку возбудлив спорт. Мики, ова да го гледа Саше АНАЛитико ќе побели во косата за едно полувреме. Ма повеќе ќе се изнервира и од некни Дуња кога го разочара што не ни дојде со казнена оклопна дивизија и со носач на авиони паркиран во Јонско море. Ма замисли Героски да го гледаше овој драматичен карлинг. Тој па…тој ќе си отсечеше лево уво од нервоза. Ма гарант повеќе ќе се изнервираше и од моментот кога свати дека нацијата е неповратно опаметена и дека весникот му е вијателен ко знак за забрането пушење во чајџилница во Чаир. А јас ништо…без никаква реакција. Освен чуството на мака по изгубените 4 минути кои никогаш нема да ги вратам. А едно време и влечење на јаже на “Јадрански сусрети” ми беше драматично и забавно. Изгледа така беше заради Оливер Млакар…или Хелга Влаховиќ? Кој ќе знае.

Ако го немаш, ќе ти го најдат – имотен лист

Captureil_wm

Ракометарите дефокусираат

1211112g36p6_wm