Бристол

Пошо ги сакам Скопјани…

Да се разбереме. Не сум фан на Јунајтед, фејсбук игрици не сакам, бела боја и наменски постови не поштуем. Ретко пишуем тематски, на дадена ситуација ил ивент. Глеав вчера шо се дешаваше за празникот на нашиот роден град и укратко ќе илустрирам со твитот на @VkSarica,

Скопје 12.11 сите:”Леее одвратен е градов еј”

Скопје 13.11 сите:”Прекрасен граду мој, ТЕ САКАМ”

Скопје 14.11 сите:”Леее одвратен е гр…#мршбре

Шо да кажам…осим дека она првоно ”Леее одвратен е градов еј” кај одредени недефинирани ликови важи увек, но мет`р уат. Само избаци го “градов” и имаш да убациш шо сакаш друго се. Сакаш  државата, сестра му, таксито,  Интер без Пандев, улиците и чорбата у Бристол,  Грујо ил Латас, Макрадули ил бурекот од Ваташа, семафорон на Сандански 116 и облаците, сонцето и кафето на Аминта Трети. Се е батка одвратно кај такви ликови и ја нејќу да се замарам со нив. Нек си живеат у одвратниот свет околу нив. Перцепција е мајка на сите чуства(дал е чуство не сум сигурен, али мајка му е гарант) Таквите фраери не само шо се у филм на одвратна перцепција, него си ја ебале перцепцијата тотално. Као шо ја вчера си ја ебав тренерката(Пума батка, ипак не сум дромец него Лисичанец) на перење кај кенијците у перална. Ми ја смалија за еден број. Друго сакав… Каква перцепција имаат за градот, така ќе го осетат. Градот, мислев…аман..перверзњаци едни. Инаф.

Ја ја иам таа среќа да на 13 новембар се родиле двете веројатно најважни (после моите деца) нешта у мој живот. Мојата животна сопатничка (не дека патиме заедно…туку “патуваме”, да не речам трипуеме заедно) Даниела и мојот животен сопатник Скопје(пошо тој физички не може да патува, ваљда патиме заедно). И тоа патиме од ликови као оние погоре, да не ги спомнуем више. Така да на 13 новембар ја секоаш сум на дабл дејт. Осим у ситуација као сега, коа сум фар фар ауеј, да не речам Богу иза леџа .

И ете…вчера нејќев да праам инцидент и да дозволам на мојата љубена  Скопје да и го украде моментот, да не речам тандерот, и затоа не пишуев за Скопје и неговиот роѓенден. И плус , пошо сум по дифолт контраш и увек весници почнуем да читам од средина, а не као сите од задна страна, и така ете сите пишуат на 13 Новембар за Скопје, ја пишуам на четрнаести. Пошо  Скопје го сакам, уше поише ги сакам Скопјани. Нормално, но мет`р уат, безусловно. Као родителите шо се сакаат. Као децата што се сакаат. Не се објаснуе…се осеќа. Знаеш…коа некого сакаш, а не знаеш зошо. Љубиш и маните не ти сметаат, туку баш ти се симпатични. Добро, да не претерам.  Ми смета по некоја мана али покушавам да ја видам у добро светло. Као на пример кај на друго место има луѓе као нашите сограѓани и како можеш да не ги сакаш нашите Скопјани као главен елеменат на чорбата наречена Скопје. Скопјанишча, скопски педерчиња, лигуши, како ли се не не викаат нашите браќа од државава и околу…ама ние пак сме си уан оф  а кајнд…

  • Скопјани као јуник егзампл на луѓе кои секоаш идат кај шо никој не ги сака(Охрид, Битола, Грчка, Бугарија, Бит Пазар, Матка и у Веро). И за инат, за сите пари, ги трошат парите шо уше не ги заработиле, да изгорат ко хепо коцки, да се здрват ко земја, да се налокаат ко мајка и да изедат ќотек ко деца…и така пак и пак. И следниот пат…со допунска услуга…фарбање хауба у Солун у пастелни бои и кршење задни светла на аутото, плус  таканаречена “хебларина”, порез за оштетените охридски хебли од скопските аута и грбовите на скопјани као посетители…
  • Скопјани као луѓе кои секогаш имаат пари за бејзбол палици(кои се користат  за се само не ради бејзболот)
  • Скопјани кои никоаш немаат пари за паркинг(па после ги користат безбол палиците за да се разберат со дечкото од каса)
  • Скопјани кои увек колата ја поправаат пред зграда и увек ја викаат саканата од седми да дојде да им ги заврти рукавите од кошулата. А 10 минути после пак ја викаат да се симне и да им го извади упаљачот од џебот на фармерките, да не се испрљаат зошо мислат на неа дека пак треба да укључуе машина…

  • Скопјани кои  ти се брат нејбр френдли тотално. Глеаш како коа Ноле тепа, ние сме хепи да покажеме дека комшијата си го сакаме више него себе, дека не има више и дека сме погласни него у Београду и ако треба и рафал ќе потрошиме…од тераса, брат…за брата Нолета…Нема везе шо поима неаме шо е форхенд… тај брејк ил гејм. Коа не е Столе и нек е Ноле брат, наше горе лист…
  • Скопјани кои се едини и најбољи у свет потрошачи на далеку познатиот скопски бурек со сирење, посебно у ситни саати. Посебно е препорачливо да си стап напраен, да не знаеш кај си пошол и да не памтиш кај си јадел бурек сабајлето, за да избегнеш опасност коа ќе се освестиш да сакаш да го најдеш бурекџијата и да му ги преброиш ребрата(пак со палицата) пошо од бурекот пролив те растури ко МЗТ шо ги растури Цедевита некни..
  • Скопјани као редовни муштерии у маалски гранапи кои продаваат кинески фротирки по 80 денара(од кои се осеќаш ко да си се избришал со шмишајбна), тазе јајца (само секое трето се испилува коа ќе ги однесеш дома), сите можни петарди кои ретко пукаат, паштети со рок на траење кој случајно е изгребан и прва класа оргинал урда за бурекот со сирење…И се тоа на рабуш, ради кој секој крај на месец се праат вуду магии да му се слоши на газдата, или се молат газдата да има дуг према УЈП и дека утре дуќанот ќе го раздени нов газда. Ако процедурата не успее, се приступа кон пријавување на газдата за не издавање фискални и за продавање алкохол по 19.00 и тоа некни коа пола саат го молеше да ти учини оти имаш друштво за утакмица и ти треба пиво…

  • Скопјани кои не обожаваат многу шопинг, али коа ќе решат да и учинат на лепша половина и да го напраат тоа, онда го праат у голем стил. Се праи план и програм рада, се проверуе мапа на Гугл `рт, се проверуваат новински извештаи за политички и социјални проблеми и можни штрајкови  и протести и се трасира рута. Кај се иде прво, кој Мол или трговски, кај се паркираш и како се избегнуе плаќање паркинг, со посебен безбедносен додаток-проверка дал е палицата у гепек у случај на непоштовање на познатото скопско право на предимство на разминување на раскрсница кое вика…”Прв проаѓа кој прв си каже, кој има појака сирена и браници или кој е најнервозен, шо се утврдуе по брзината на изрекување псовки, нивниот квалитет  и нивото на децибели на  изрекување на истите”. Кој не го знае ова правило најчесто завршува као жртва на веќе споменатата палица.

Самиот шопинг се одвија у три етапи. Прва етапа…се закажуе контакт у живо на стари другари од маало “на по една” на локација по могучност у сам  Мол или у круг не поголем од 400 метра колку е доволно да се стигне на време за да се спречи катастрофа од прекумерна потрошња на значајни парични средства. Втора етапа…убедуење на понежниот пол дека контактот е многу битен…”Мики има човек кој знае човек кој има братучед чија тетка работи у социјално. Е она има внук кој може да ми најде муштерија за моторчето шо ми седи у подрум. После ќе купиме нови завеси”. Трета етапа…понежниот пол приступуе на извршуење на самиот шопинг, а скопјанецот на извршуење на контактот…”на по една”. Епилогот е најчесто следен….Понежниот пол завршуе со шопинг и најчесто купуе сасвим тринаеста работа која требало да ја купи прошлиот мај, али сеа ја имале правата боја, а скопјанецот завршуе со контактот негде околу полноќ. Рачунот од двете социјално економски дешаванки  вика дека овој случај не смее да стане пракса поише од два пути месечно, пошо следи финасиски крах на домашниот буџет као крахот на Милан годинава у калчо.

  • Скопјани кои го измислија ноќниот живот на Балканот и даље. Ноќен живот кој е уште у главите на неколку генерации и се препричава ко легенда, ко мит, кој е на ниво на фантазмагорија. Као митот за скопскиот менаџер кој една вечер не излегол од дома и тоа изазвало помор на сибирските бели патки и потрес на азиската берза и неколку покушаи на самоубиство…не потврдени од полиција. Ноќен живот од кој се изродија многу нови млади скопјанчиња, и многу нови тајкуни и газди. Ноќен живот у кој се измислија промотери и менаџери(за да полесно се дојде до фри риба и алкохол и да не мора при дневните активности често да се користи гореспоменатата палица)кои увек беа ин, најчесто у некоја млада и амбициозба цура од провинција која се ќе даеше да се уклопи.

Ноќен живот кој ги измисли гратисите, за некого највеча идеја на угостителско туристички бизнис после таканаречените “крстени пијачки”, шо е сасвим друга прича. За некого  гратисите беа добар начин да се постигне ефектот популарност и фри риба и алкохол. За газдите значеа многу пари. Одеше вака некако. Менаџерот кој е бог и батина, секс гуру и дечко кои обечава се и свашта ќе подели гратиси за одреден кафе-клуб, со најава за могучност дека….”таму ќе има гратиси за оној другиот клуб, а таму е правата журка”….оваа процедура се повтара 3-4 пути, од клуб на клуб, а жртвите на “гратисирањето” уште не се свесни дека од клуб на клуб ги ебале парите, се начукале у нада дека ќе се омрсат веќе у следниот клуб, и на крај завршуваат ко оној скопјанецот од погоре шо се омрси, ама само коа јадеше бурек со оргинал урда на место кое поима нема кај е. И боље шо незнаеше пошо беше пијан и прејаден недопечен бурек, се истури од пролив и повраќање и ако знаеше кај ли јадел бурек вчера ќе беше ..кај е палицата…Фак…

Батка…како некој може да не ги сака ваквите свои сограѓани. Ваквите брилијанти не брусени, ваквите луѓе со срца поголеми од новчаниците и од паметот. Луѓе кои го права градот град. Зградите не се тие , мостовите и улиците не се тие шо го прават Скопје град кој го сакаме, но мет`р уат. Некоја генерација се сакаше пред Ванила, некоја висеше пред Путник ил се испраќаше на аутобус на Рекорд. Некои се збираа на Коцката, некои дремеа кај Фонтана парк. Сега некои нови  ќе се собираат кај Јустинијан ил Цар Самоил…некои ќе се љубат под Воинот пред фонтаната, некои ќе висат во Скопје Сити Мол ил Рамстор, ама сите тие прекрасни луѓе се душата на моето Скопје и секоаш ќе бидат…само Скопјани и луѓе кои увек ќе ги сакам…но мет`р уат…

п.с. Се жалат луѓе на Скопје. На тоа дека се сменил, дека не е  истиот. Па нормално батка…и ние се мењаме. Растеме и старееме заедно. Кај и да сме, секоаш заедно и со риспект. Тој шо плука по Скопје, но мет`р уај, тој не е Скопјанец. Скопје и Скопјани се сакаат…безусловно…као родителите, као децата.