Геровски

Еден пример за политичко-новинарско-професорско-талибанско-предавничка толеранција и медиумска култура

Capturefb0a1

 

 

 

 

 

Advertisements

Втор дел од објавениот таен документ-ЕУ извештај за медиумски слободи и медиумска култура

image

Објавен таен документ-ЕУ извештај за медиумски слободи и медиумска култура

image

Мали вагинални тајни на големите мајстори на журнализмот

Не би рекол дека  некогаш многу сум ја сакал математиката и броевите. Уф..сосема спротивно. Иако учев економија, со броевите никогаш не сум бил многу близок. Можеби и заради тоа студирав социологија, а не некоја од природните науки. Но…”никад не реци никад”. Денес броевите ми го направија денот. Егзактна наука батка…тоа ти е. Нема бегање. Освен ако не земеш да ги преправаш и менуваш или да манипулираш, броевите си говорат сами за себе. И не само за себе, броевите одлично говорат и за нас.

Мојот омилен партал…опс…портал, сори, оној познатиот де каде новинарите не биле многу платени, ама затоа не биле измеќари на Груевски , денес на сите нас ни покажа што е новинарство и како треба да се обраќаме на потенцијалната читачка публика. Да…господинот Геровски, алиас  “мистер Проект” со неколку “мошне успешни медиумски проекти”, кои постојано некако згаснуваат, “легендата” на македонските медиуми, и неговата одбрана екипа која е од неизмеќарска провиниенција денес ни покажа дека за голема посетеност и читаност треба да имаш …ВАГИНА. Тоа брате….па јас одсекогаш знаев дека вагината е многу важен елемент во човековото живеење. Посебно што сите ние од таму оригинално потекнуваме,од таму сме излегле, а мажите(добро и по некоја жена) не знам зошто потоа цел живот се обидуваат да се вратат внатре. Нејсе…

Според броевите на посетеност или читаност написот Каков вкус има вагината на познатиот независен  портал е најчитан во последниве 24 часа. Во време додека го пишувам ова, овој едукативно-сексуално-порнографско-еротски  напис е прочитан 7758 пати, енд гоинг ап.  Нормално…никој не е потпишан под текстот. На насловната страна на порталот долго овој напис во рубриката најчитани беше на првото место, но веројатно заради реакции или не знам зошто , по некое време е симнат од таму. Иако сега како најчитан е назначен написот Бојо го шири бизнисот, ама ќе го тужи “Капитал”, тој напис според броевите е двојно помалку читан, само 3705 луѓе го отвориле овој линк. Од кога 3705 е повеќе од 7758. Откога ќе се избламираш и ќе ти се смее  цела јавност. Егзактна наука…броевите си говорат сами за себе. Порталот кој претендира да биде независен политички коментатор и известувач и критичар на нашата политичка реалност, посебно на власта, излезе дека е одличен сексуално еротски едукатор на јавноста. Дунда…батка…дунда рулс…

Попусто е сега и да го тргнат овој сексиљав(што би рекол Трикс) текст. Веќе се виде читаноста и интересот на јавноста кон ваквиот тип на вести. Но се виде и интересот на публиката и кон овој портал конкретно и што од неизмеќарите е нај интересно  за широката читачка публика. За илустрација…колумната не еден новинар  за кој се вели дека бил многу искусен и професионалец со стаж(не значи дека ако една работа ја работиш 30 години дека мора да си успешен и добар во тоа) е прочитана 3221 пат,  што е помалку и од текстот за Бојо…а до вагината не може ни да се приближи.

 

п.с. Веројатно по огромната читаност на текстот за тинејџери и тинејџерки со сексуални фрустрации, “легендата” на новинарските проекти кај нас сега размислува да направи уште еден проект. Да…нешто како сексуален советник за млади и не еманципирани читатели и читателки, каде ќе преовладуваат текстови од типот …”Дали имате редовен секс и зошто не”…или ” Зошто минатата година имав секс еднаш, а оваа година малку поретко “. Верувам дека и на пенисот ќе му се посвети доволно внимание. Без добар пенис ништо….посебно за припадниците на “ранливите категории” како ЛГБТ.

Етика, професионалност и објективност…па потоа декриминализација

Декриминализацијата на клеветата која сега се третира како кривично дело е тема на дискусии одамна, но последниве месеци по интезнивно. Веќе се одржуваат и средби помеѓу новинарите(ЗНМ),преставници на Владата и Обвинителството. Новинарите бараат декриминализација на клеветата, односно нејзино преквалификување од кривично во прекршочно дело, намалување на висината на казните и воведување каскадна одговорност, односно доколку се утврди одговорност, паричната казна да падне на трошок на сите инволвирани, од  новинарот преку уредникот па се до сопственикот на медиумот.

Јас на оваа тема веќе пишуваав овде. Ова подолу е мојот одговор на написот на новинарот Бранко Геровски на еден портал, каде тој се осврнува на изјавата на Јавниот обвинител Шврговски за барањето за декриминализација на клеветата. Сметам дека е добро да го објавам и овде.

“Новинарите и новинарската фела се сами виновни за перцепцијата која постои за нив кај јавноста , па ако сакате и кај Шврговски и кај власта. Не можете со ништо да ја убедите јавноста дека кај нас нема стотици обиди на лично и политичко дискредитирање на одредени личности од страна на новинарите. Тоа сите и постојано го гледаме по пишаните, електронските а најмногу по онлајн медиумите. Се пишуваат измислици и невистини, не се поткрепува веста со никаков доказ, се нанесува штета на угледот на личноста и потоа кога ќе следи тужба се жалите. И тука не се работи само за политика, туку и бизнис интересите се с` повеќе во игра.
Господине Геровски…јавноста не е мутава или слепа. Па медиумите постојано имаат по некоја кампања на оцрнување на некоја компанија или некој бизнисмен. И тоа одеднаш ќе престане, но не зарди тоа што нешто се сменило во однос на посочениот проблем или ситуација, туку откако ќе ги видиме рекламите на таа иста оцрнувана компанија или бизнисмен на ударно место во медиумот кој ја водел кампањата. Ова некаде се нарекуваше рекетарство. И ова не можете да го негирате, ова е општо познатат факт потврден во многу ситуации, и медиуми .

 

И кога се ова се случува во време кога клеветата е криминализирана, замислете што би се случувало кога би ја декриминализирале клеветата и навредата. Веројатно ќе имаме отворена ловна сезона на политички неистомисленици или бизнис конкуренти. Господине Геровски, многу сопственици на медиуми и новинари си го имаат медиумот и новинарството не како орудие за изнесување на вести и на вистината пред јавноста, туку како орудие за лична пресметка било да е од политички или бизнис побуди. Е за таквите новинари и сопственици треба да има парични казни, и тоа големи. Ако сакате да практикувате истражувачко новинарство, правете го тоа професионално и поткрепувајте ги вашите стории со докази. Јавноста за тоа ќе ве награди со читаност, гледаност и посетеност на сајтовите, што од друга страна ќе ви помогне да финансиски бидете помоќни и помалку подложни на притисоците.

 

За оваа целокупната ситуација вината ќе си ја барате кај вас. Новинарската фела треба да се погледне во огледало и да се проанализира самата себе си. Да се запрашате дали и колкава вина има кај вас за ваквата ситуација во која се наоѓа новинарството. На запад новинарството е тоа кое има моќ, интегритет и заслужува респект, а политичарите се обидуваат да го добијат вниманието и респектот од новинарите и медиумите. Кај нас е обратно. Бирањето на една политичка страна во дуелот меѓу најголемите политички партии не е забрането, и тоа го има секаде во светот.

 

о медиумот кој тоа го прави, кој е деклариран подржувач на една опција, свесно влегува во ризик на губење на добар дел од публиката и со тоа и огласувачите. Но не можете потоа да се жалите дека Владата е таа која ви прави финансиски притисок . Пазарот го прави тоа. Неутралноста и објективноста сигурно се тешки да се достигнат, но финансискиот дел од колачот е поголем во случај на објективност на медиумот. А ако свесно влезете во политички дуел и потоа заради задоволување на интересите на менторот вашите новинари фабрикуваат и клеветат…тогаш мора да се соочите со последиците и со кривичните пријави.

 

Можам да се сложам со барањето за каскадна одговорност. Мислам дека тоа би допринело во намалувањето на манипулациите и клеветењето. Во ситуација кога каскадно би се одговарало за клевета, и самите газди ќе се откажат од вршењето притисок кон своите новинари да пишуваат невистини во интерес на своите газди. Пракса која мора да признаете дека е многу честа кај нас. И можеби до некаде ќе се сложам со Шврговски кој смета дека е рано за декриминализирање на клеветата. Новинарите со своето не професионално однесување и работа до сега само ја потврдуваат оваа теза на Шврговски.”

 

Уште еднаш. Нашето новинарство, какво што е сега, со не професионалноста, не објективноста и манипулативното пишување и спинување апсолутно не смее да се ослободи од кривична одговорност заради изнесена клевета, односно навреда на угледот и честа. А дека кривичното гонење на новинари заради клевета ги намалува медиумските слободи или слободата на говорот кај нас никако нема да се сложам. Впрочем, фактите од кој дел изнесов вчера овде, кажуваат се.

Постои мало влошување на слободата на медиумите но тоа е случај не само кај нас туку и во Франција, Италија, Турција, Унгарија, Албанија, Црна Гора, Романија ,Србија. Но тоа влошување е последица на економската криза од 2008 и порастот на невработеноста и несигурност на работните позиции, кое пак предизвикува страв и самоцензура кај новинарите. Владата и кривичното гонење заради клевета нема никакво влијание на ова, посебно ако се земе в предвид  дека само 6 % од судските случаи завршиле со парична казна за новинар. Прво исполнување на професионалните стандарди, етичност и објективност, па потоа декриминализација.

п.с. Граѓанските слободи  во Македонија се безмалку на исто ниво со Франција, Италија, Бугарија и Хрватска, а доста подобри од колку во Србија, Црна Гора, Турција, Албанија и Босна. Тоа е факт и може да се прочита во извештајот на Институтот Economist Intelligence Unit, инаку дел од познатиот весник The Economist . А каков е и на кое ниво е квалитетот на нашето новинарство спореден со овие земји?

 

 

Спасители на демократијата…по кој знае кој пат

Редовно ги следам медиумите кај нас. Додека сум надвор од земјата секако само електронските(не и печатените) медиуми и интернет изданијата на весниците. Редовно ги следам и интернет порталите и њуз сајтовите на Македонски. Веројатно може да се каже дека сум добро информиран, или дека ги следам настаните кај нас и во светот.

Добро “побогу” зошто не кажувате вакви работи. Јас за малку да го преспијам нај значајниот момент годинава, досега, се разбира. До крај на годинава кој знае што ќе се случи. Таков значаен момент во животот на Македонците не се случува секој ден. Нов блесок  на Македонското  медиумското небо да ти се случил, а јас да не сум информиран. На Македончето не му се случува секој ден нов весник.

Добро…освен кога Геровски (и неговата екипа) стартува нов “проект”(веќе трет или четврт дневен весник досега и незнам колку неделници).  Излегува дека да не е Геро, нема кој да отвори нов весник кај нас. Олмајти Геро ту д рескју.Човекот отвара нови весници скоро исто како што се отвараат кладилници кај нас или како што Трајановски отвара нови плажи.

Веројатно во секоја населба во Скопје ќе има по еден весник на Геровски. На пример “Чаирско огледало”, или “Гласот на Тафталиџе”(имам авторски права на имињата).  Не се сеќавам зошто го напушти Дневник? Ќе ме потсети некој? Или зошто му пропаднаа другите неколку проекти? Но сепак еднаш во животот се случува да излезе новиот дневен весник Фокус, макар и Геровски бил во тимот…сепак браво.  Значи заедничкиот непријател  сепак ги спои.  Не сакам да му кобам на Младенов, ама со Геро во тимот ќе му треба многу среќа(базирано на досегашното искуство на пропаднати проекти). Инаку…на Младенов ни еден проект  не му пропадна, Фокус е жив сведок. Џаст сеинг.

Па добро, веќе една седмица од првиот број мина, и никој се уште не пријавил во Брисел? Како тоа? Кога некој бизнисмен процени дека весникот не е економски исплатлив и реши да отпушти новинари, или дури и да го затвори весникот, веднаш се активира кодошкиот елемент кај новинарската фела. Веднаш имаме…”мрак во Македонскиот медиумски простор”,…или “црн ден за новинарството во Македонија”…или “човековите права и слободи нарушени во Македонија”…И сето тоа во Брисел, депеша, препорачано писмо, со голуб, само некако да стигне. Се разбира потоа Брисел ќе фрли некое “коскиче”(во форма на проектче за неколку десетици иљади евра) како награда за џукелите.

Ете гледаш сега…нема депеши до Брисел. Нема сега…”сонце во Македонскиот медиумски простор”…или… “…подобрување на човековите права и слободи во Македонија…” Е нема…нема “евренца”…нема извештаи за Брисел.

Искрено сметам дека е добро што некој  проценил дека на пазарот на печатени медиуми има место уште за еден дневен весник. Неделникот Фокус досега секогаш бил критички настроен кон власта, кој и да бил на власт, и тоа е за поздравување. Се разбира , не се за поздравување еден куп “новинари” кој пишувале и пишуваат за неделникот Фокус, а кои ги менуваат своите ставови(за според тоа и весникот за кој пишуваат) според тоа кој е на власт. Не се за поздравување  “сончогледите” што досега минаа низ неделникот на Младенов, а кои пишуваат за Фокус само кога ВМРО е на власт. Многу ме интересира дали “екипата” на Геровски уште ќе пишува за Фокус и кога СДСМ ќе биде на власт?

Инаку ме интересира дали Младенов  има дома компјутер, вајд скрин телевизор или некаква електроника.  Веројатно има…па исто така и мнозинството од неговата публика. Сеуште не ја разбирам идејата да нема електронско издание на Фокус. Можеби за неделникот и некако да разберам…иако..не знам…. зошто? Заради продажбата? Но за дневниот Фокус…не гледам зошто не. Па примарна цел на медиумот да допре до читателот, каде и да е. Во 21 век , во ерата на невиден технолошки напредок на човештво, интернетот е присутен во секој дом, на секое работно место. Ете начин како да се допре до читателите. Дури и да се жртвува тиражот за некоја одредена бројка. Нели , целта е да се информира, да се пренесе информацијата до јавноста, нели “кај нас нема демократија”, нема “човекови слободи и права”…има “корупција во државните органи”…Нели публиката треба да го дознае тоа? Или можеби целта е да се заработи?

Како сега на интернет, некој сајт цитира некој напис на Фокус, и место да го линкува написот, постира само фотографија од насловната страна на Фокус. Како јас ќе знам дека тоа е навистина напишано од Фокус…”на жими мајка”. Политичките партии ја сваќаат веќе моќта на интернетот, а сопственик на медиум се бори да продаде некој број од весникот повеќе, и заради тоа не оди онлајн. Па потоа ние неговите изданија ќе ги прераскажуваме како “народни преданија” од колено на колено? Или едноставно нема да не интересираат штом не можеме да дојдеме до нив? А?