Героски

Поплава од чувства

Емоционалната катарза која кај нацијата последниве две-три недели  се билдаше како охридски фраер а.к.а.  “галебот од влашка маала” пред почетокот на сезоната и налетот на  холандските “очајни домаќинки”од различни возрасти и облини,  конечно експлодира и се излеа врз нас како небото над Скопје некни. Оф топик…другар ми Зозо кога прв пат слушна за серијата “Очајни домаќинки” мислеше дека се работи за порно наслов. Со право, и јас такво име би му дал на порно од  МИЛФ карактер.

Значи, толку емоции помеѓу народот немам видено и почуствувано од времето кога Англија ја победивме со 2:2 a Аце Шакири на Дејв Симан му даде гол од корна и го прати во пензија. Толку наежен и исполнет со чуства народ немам видено од враќањето на Брат Љубе од Хаг и воведувањето на екстерното тестирање во училиштата. Значи навистина, последниве две недели човечноста и солидарноста кај нас се покажа и докажа уште еднаш. Несреќа ги погоди соседите и блиските ни по рестрикции, самоуправување, еурокрем, Голи Оток, вегета  и Тито балкански народи и ние едноставно подадовме рака.

1ApplauseCard

Добро, за воља на вистината во другата рака ни беа мобилните или камерите за да го овековечиме моментот на несебично помагање на браќата, ама тоа не ја намалува нашата хуманост. Само малку ја истакнува нашата “скромност” и фотогеничност. И нормално дека потоа сите бевме горди и исполнети со себе како по победа на предвремени избори или драматична епизода од Величествениот со хепи енд, додека се гледавме на фотографиите на интернет изданијата на балканските и светски медиуми. Колку само годеа написите од типот “Хвала брачо Македонци” и слични со по неколку илјади лајкови и коментари под нив каде комшиите се тркаа кој поголемо и поубаво и со повеќе срценца во коментарот  фала ќе ни каже. Да бидеме искрени, сите оние пораки за помош на Босна и Србија од светските фаци по малку ни предизвикуваа и некој необјаснив и збунувачки филинг. Некој микс од чувство на помала вредност и, Бог да чува, љубомора или завист. Зошто по ѓаволите Роналдо, Ноле и Тимберлејк не не спомнаа. ММЕ и во една поплава не можеме да бидеме рамноправни со браќата од север? Па до кога вака?

Но, катарзата со овие полнења на егото и суетата само се одложуваше се до денот Д и нашата поплава. Да драги мои,  скришно  толку многу посакуваната наша сопствена поплава и мини катаклизма. На разочарување на одредени ликови, веројатно ХААРП-от бил подиспразнет и при крај на смена па затоа добивме мини невреме и потоп. Како-така, 24 часовното висење на балкон со камерите и мобилните во рака и покрај здодевните и постојани  кавги  дома околу недоварениот грав, незавршеното домашно, неиспегланите кошули или неисфрленото ѓубре сепак некому му се исплатеше.  Повторно влеговме во фокусот на интерес на медиумите од регионот плус  Бранко Героски и Трифун Костовски. Да, Геро и Трифун ја искористија “трагедијата” за да ни кажат дека за невремето и поплавата виновни се Скопје 2014, барокот, лошата макроекономска политика, нарушените меѓунационални односи и нефер атмосферата на изборите. Веројатно кога ќе стоиме пред спомениците во барок сеќавајќи се на отровот на трујачите на меѓунационалните и смрдеата на илето од поразот на избори која само поразениот не ја чуствува сите почнуваме да плачеме од “радост” знаејќи дека се ова ќе продолжи да ни се повторува  како сите колективно да сме се телепортирале во билмарејовскиот граундхог деј. И така придонесуваме за поплавата. Плус, соседите многу ни се загрижија над тажната судбина. Како тоа братскиот македонски народ кој толку несебично праќаше толку многу помош а уште повеќе фотки од тоа како праќа помош сега да биде казнет од стихија.

Искрено, ќе бев разочаран и изненаден ако не се појавеа сите они фотографии со две поплавени коли под Стоковна Мост, “критичното”место кое за волја на вистината вистинските скопјани знаат дека се поплавува и секогаш кога има дерби на Филип Втори и навивачите поминувајќи тука вршат мала нужда, да не речам мочаат. Оф топик…оваа ситуација требаше да ја искористи некоја маркетиншки добро подготвена компанија кај нас  и редовно следејќи ги временските прогнози да предвиди ваква ситуација и да си постави рекламно пано на Стоковна Мост. Бум…невиден пи ар.  Цел Балкан ќе те има на дланка, по сите можни портали и на фејсбук твоето лого и оној поплавениот Форд  ќе се вртеа ко ударна вест. Добро за воља на вистината тајмингот на се ова не е лесно да се утврди  заради фактот дека нашите временски прогнози се прецизни како прогнозата на агенцијата “Рејтинг ” на последните избори. Но вреди да се обидеш. Бек ту топик.

Сепак, малку сум разочаран како никој не се сети да фрли 2-3 кучиња под Стоковна Мост. Голем пропуст. Па зар го заборавивте искуството од север. Бар со некое куче во вода и негово спасување, кога веќе крава и срна не се во конкуренција заради карактерот на локацијата(покрај се Скопје е град), ќе добиевме на драматика и чуствата ќе беа на левел “оооо…види го душиче” и сигурно дека ќе имавме поплава од реакции и лајкови на фотки од типот #PrayForMacedonia а може и Ноле ќе не спомнеше.

Но сепак интерес предизвикавме како на Балканот, така и кај нашите дежурни чувари на демократијата и промотери на мерки против барок, споменици и поплави. Според нив, освен ХААРП-от, за невремето и поплавата во Скопје виновни се и “мегафоните на власта” и нивниот говор на омраза, барокот, невработеноста, фиксниот курс на денарот, 24 Декември, малите плати во Дрекслмаер  и ниското ниво на новинарски слободи и човекови права. Добар обид за поентирање. Впрочем исто како она “ко рибар на Тиквешко” влегување на Коце со лопата в рака во вода до појас. Во ред, градската администрација се покажа подготвена и дури испрати понуда до граѓаните за пријавување на штетите од поплавата. Некои наши сограѓани се покажаа снаодливи како Даре Панчев во шеснаесетник и оваа “стопроцентна шанса” се обидоа да ја искористат за да си го сменат левото предно крило од аутото кое го искришија лани за Бадник превезувајќиги пијаните комшии.

Според последните информации, деновиве нашето невреме се префрли во Велес и околните општини. Одредени медиуми забележуваат дека ако во блиска иднина невремето не стигне и до Струмица, тој факт ќе ги потврди сомнежите на некои експерти дека ракувачот со ХААРП-от  најверојатно е припадник на опозициска партија. Огромни дози политикантство, чувства и поплави.  Држи се Македонијо.

Планот

Поучен од искуството со граѓанската иницијатива за подршка на Вања Лазарова да добие статус национален уметник и национална пензија и успехот на истата, јас имам предлог до опозицијата за сет на активности кои би донеле многу поголем ефект за нивната кауза од кршењето на хауба на уште една Лада Нива и неповратната загуба на плати и дневници на несудените насилно верифицирани народни пратеници од нивните редови.

Се надевам дека господата од опозицијата вклучувајќи ги и главните иницијатори на чисто граѓанската иницијатива за подршка на Вања Лазарова која случајно нели, изроди повеќе политички поени за нив отколку целата опозициска предизборна кампања , сватија дека тоа е најдобриот начин на политичка борба. Бидејќи Вања Лазарова е згрижена, а Сашо Тасевски, Ориѓански и Ацо Поповски се млади за пензија (плус јас сум убеден дека тие со индигнација би одбиле такво признание и кеш од овој ненароден режим) еве неколку предлози за делување

funny-sign-picks-384152_350_319

1.)    Да се испратат тимови на млади, наивни ама политички неконтаминирани новинарчиња (ова од милост а не со пејоративно значење)кои случајно ќе најдат граѓани кои во Веро,Тинекс и Рамстор купуваат посебна салама од евтината со 0.3 % месо (онаа со повеќе месо во цревото во кое е спакувана одколку внатре)и да направат драматичен прилог за нив и нивната тажна судбина. Препорачливо е во прилогот да се вметнат слики од озлогласените споменици од Скопје 2014 (со акцент на барок) и изјава на Грчев дека со еден од лавовите на мостот Гоце Делчев ќе може да се купат 376 455 посебни салами со 1.2 % месо и да се субвенционираат-помогнат напатените граѓани. Оти исто така правеле и во Њу Јорк.

-Внимание- да се провери некој од граѓаните случајно да не купува од евтината посебна за маалските  кучиња и мачки скитници. Во тој случај да се изгледа целата “Анти Путин” кампања на CNN за време на Олимпијадата во Сочи во која  се снимаа напатените улични кучиња и  главна поента беше…”Кога за кучињата не се грижи, како ли се грижи Путин за своите сограѓани, посебно ЛГБТ заедницата”

2.)    Да се организира тим на млади независни активисти (кои предходно потпишале изјави  дека активизмот им е идеја водилка во животот и дека и од редовниот секс еднаш годишно  ќе се откажат ама од граѓански активизам и идна политичка кариера никогаш) да дежураат пред бензинските пумпи и да евидентираат граѓани кои полнат гориво од она со пониска цена. Да се провери годината на производство  на возилото и да се вметне изјава на некој од големите дилери на возила дека “Ново си е ново” и дека “Стара кола е ортак на џебот” и дека законот за увоз на половни возила ни ја уништува атмосверата и зеленилото и дека секој треба да си купи ново возило.

-Внимание- да се провери некој од граѓаните да не е од Галичник и околината па од чисто локалпатриотско-традицинални (змија в џеб) причини купува од евтиното гориво.

3.)    Да се направи акција помеѓу членството и посебно на твитер и фејсбук како паралелни универзуми и најревносни граѓани активисти,  да се собираат средства за да се купат неколку возови. Овие два што сега ги има МЖ се малку за да се постигне саканиот ефект на неорганизирана власт, небезбеден сообраќај а со тоа и небезбедна држава и режим кој на својот напатен  народ  не му дозволува на раат да си помине на спуштена рампа и црвено светло. Да се направи кампања на социјалните медиуми со наслов “Зарем ќе дозволиме рампите да не запрат на нашиот пат кон иднината”, влијателните онлајн ликови да направат билбоарди и да ја подржат истата.

-Внимание- Да се консултира Бранко Героски како нашиот најнов и најдобар сообраќаен стручњак, со специјализација на спуштени рампи, црвени светла  и историја на несреќите во Македонија и како човек кој секогаш, па и во траорните деведесети  бараше одговорност за паѓање на авионите и атентатите на нашите Претседатели. Се сеќавате нели.

Јас лично гаратирам дека овие мерки ќе донесат повеќе резултати од сите досегашни опозициски активности вклучувајки го и Саше АНАЛитико и сите колумнисти на Геро заедно.

 

Како слон во продавница за порцелан

Пустата желба за власт на шака пропаднати и безидејни,со еластична кичма и полтички импотентни луѓе од левицата и нивните апологети од новинарската фела не значи дека фактичката состојба во државата е очајна и дека ете, од “Бога дадените” мора да ја преземат власта и да не “спасат”. И тоа не со преземање на власт преку битка на идеи и понуда на решенија и квалитетни луѓе, преку демократски процес и на избори, туку со бунт, бојкот на институциите и демократските процеси или со помош на странска интервенција.

Се работи за лична перцепција на група новинари и квази елитисти од левицата дека кај нас нема демократија и слободи или заостануваме во реформите. Значи, господата сакаат да ни кажат дека пола милион луѓе кои во неколку изборни циклуси ја подржуваат владеачката десница се глупави што гледаат со свои очи напредок и во реформите на системот и приближување кон ЕУ кој патем е нотиран во 4-5 извештаи од ЕУ, и во економските показатели кои исто така се нотирани во извештаите на ЕУ, Светска Банка и останатите релевантни институции. А ние замисли да сме ти живееле во “фашизам со талибанско маоистички методи на тиранија зачинети со сталинизам”. Гласачите биле или под притисок или поткупени. Функционалната држава, странските инвестиции и вработувањето, субвенциите за земјоделците, зголемувањето на платите, зголемување на пензиите и социјалната помош, финасиска помош за младите за започнување бизнис и со тоа отворањенови работни места за овие луѓе било поткуп на гласачите. Не. Затоа што истите мерки се применуваат и во ЕУ. Не, затоа што овие мерки се само нормално функционирање на државата, нешто што овие луѓе никако не можат да го разберат и прифатат.

Capturegen

И не само тоа. Истите тие, една шака опседнати со власт и моќ новинарски лешинари одат до таму да отворено ја повикуваат опозицијата на бојкот и напуштање на институциите на системот и со тоа да предизвика парламентарна криза. Парламентот за нив не постоел. Други пак експерти (за пубертетот на поларните мечки) не советуваат дека морало нешто да преземеме затоа што само кај нас од целиот регион сеуште не бил запален Парламентот. Директен повик на насилство. Отворено ја негираат вољата на безмалку половина милион гласачи и изборите ги нарекуваат “кражба и кланица”. Истите избори кои во првиот круг според меѓународнната заедница и набљудувачите минаа во најдобар ред, беа фер и демократски и гласачите слободно можеа да ја изразат својата воља. Се обидувам да бидам толерантен, да имам разбирање за секоја индивидуа и различните политички гледишта или ставови спротивни на моите. Но ваквите повикувања и хушкања на методи кои можат само на сите да ни наштетат и да предизвикаат голема политичка и безбедносна криза едноставно не можам да ги разберам и да ги прифатам.

Не, не ми е мака заради 320 илјади гласови за опозицијата. Опзицијата и треба да има гласови и подржувачи. Силна опозиција само може да ни користи на сите нас, вклучувајќи ја и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Мака ми е само кога гледам дека има луѓе кои кликнале лајк и читаат порталина новинарикои директно повикуваат на политички потези кои нам како држава можат само да ни наштетат а на оние кои не не признаваат како македонска нација и држава само да им користат. Мачно ми е да гледам како на тие портали и медиуми народот кој има спротивно мислење, гласачите кои поинаку ја поимаат реалноста и секојдневието, постојано се жигосувани и навредувани.

Новинар кој пишува 20 години и кој е искусен треба да е мудар и да застане и да се освести дека никако нема да помогне да се срушат “талибанците ” со тоа што ги навредува обичните граѓани, гласачите. Тие исти граѓани утре зад параванот кога ќе треба да гласаат секако дека ќе се сетат дека некој новинар или “експерт”кој ја подржува СДСМ ги нарекувал “небањати”, “неписмена багра” или “антички сељаци” и “кучиња вмровски” или на Фејсбук им порачал “ви го начукавме шупци едни”. Па добро, кој тоа ја дели нацијата и ги закрвува комшиите а пријателите ги хушка едни против други?

И после вакви “мајстории” на “новинарските легенди” на нашата медиумска сцена, што друго да се каже? Со кого насекаде по социјалните мрежи и по интернет и во реалниот живот ние дискутитраме? Со кого разменуваме аргументи и браниме политички ставови? Овие луѓе се катастрофа за македонскиот медиумски простор. Катастрофа за Македонија. Невоспитани и арогантни, нетолерантни и без демократски капацитет да се прифати дека некој има спротивен став од нивниот. Да се прифати дека некој друг понудил подобра опција, програма и решенија кои на гласачите им нудат подобра иднина. Да прифатат дека мнозинството од гласачите подржува некоја друга опција а не нивната. И јас сега како гласач треба да го купам нивниот весник или да го отворам нивниот портал и да се информирам за политичката платформа на опозицијата, и утре да гласам за неа?

Здравиот разум и основната политичка писменост вели дека за Заев е подобро да излезе со соопштение дека се оградува и им се заблагодарува на вакви креатури да ги промовираат и бранат ставовите на СДСМ и со тоа веднаш ќе добие 20 % повеќе гласови. Но Заев ги демантира здравиот разум и политичките норми и повторно си пука во колено. Со однесувањето како “слон во продавница за порцелан” и најавата дека ако неговата партија не победи на изборите на 27 Април ќе повика на “улична демократија” која по дифолт значи и можни насилства, Заев само потврди дека е целосно политички неписмен, комплетно залутан во политиката и дека станува опасен за опстанокот на СДСМ како партија, но и за стабилноста на држават и мирот на граѓаните.

Има една работа која ја забораваат и Заев и неговите медиумски апологети. И покрај тоа што тие мислат дека народот е глупав и секогаш кога не гласа за нивната опција дека греши, се лажат. Со толку посветеност и жар се обидуваат да не убедат дека црното е бело и дека народот е мутав и заблуден, што не можат да видат дека го прават спротивното. Од својата суета и занесеност дека му прават услуга на “глупавиот и неписмен” народ и дека само тие можат да му ги отворат очите не можат да видат дека одамна се прочитани, и дека со нивните активности само предизвикуваат револт кај граѓаните и сосема спротивен ефект. Оружјето во вид на пенкало и гласачко ливче е кај гласачите. Одговорот следи.

Синдром на стадо

Се е релативно, освен апсолутно глупавото препукување и шамарање со имотни листови и фирми меѓу нашите новинари. И се разбира, се е политика. Посебно кај нас. Па нормално, од политика никако да куртулат  и хејтањето како наш национален онлајн спорт број еден, и нашата најомилена професија (веднаш по кладењето), свевишниот сезнајко во секој спорт – спортскиот селектор. И кога на оваа сама по себе експлозивна комбинација ќе и додадеме доза екстра зовриени национални чуства кога е во прашање жолто-црвениот дрес, секогаш имаме сосема пристојна драма, со елементи на квалитетна и плодна почва за развој на уште една во низата, нова  и уште поголема национална трагедија. Трагедија која како и што  најчесто бива, така и во случајот “Ракомет/Латас/Лазаров” е дополнително засилена со двојна доза од нашиот добро познат и ненадминат “синдром на стадо” според кој без поговор рефлексно, на прва реагира најголемиот дел од јавноста.

Не можам да разберам како само може една ваква  ситуација константно и во сите области на животот да ни се повторува и никако да и најдеме лек. Да, затоа што е несватливо како може секој од нас кој седи пред телевизорот додека играат нашите селекции секогаш да има свој став и да ја знае најдобрата тактика , ма подобра и од легендарната од Алан Форд  (парафразирано “Ako hocemo da pobedimo, ne smemo da izgubimo”) или од нашата специјална “клавајте појќе голои” . А потоа, пост фестум, на јавно изнесен став околу истиот ивент кој е макар и за нијанса различен од оној на “експертите”, големото мнозинство да изреагира како ЈНА гуштер кој послушно и без вклучен мозок заедно со сите наоколу од водот скока во калта дури и при дванесетиот остав по наредбата “атомски слева”. Секако, за ваквите реакции на масата највиновни се медиумите и новинарите. Да, точно е дека немаме критички настроени спортски коментатори и новинари (чест на еден-два исклучоци, се знаат кои се) и дека најголемиот дел од нив од различни причини “не таласаат” многу-многу, за да не им влезе вода во кајчето и да не им се наводенат папучите.

stand out from the crowd(6)

Медиумите? Медиумите се виновни затоа што толерираат новинари  и уредници кои немаат свој став и кои секогаш, посебно кога е во прашање национална селекција, преферираат комотно да пливаат низводно и да ја следат струјата. Самоцензурата и стравот од конфронтација со авторитет во спортот им е постојано во главите и потоа се чудиме зошто најголем дел од публиката  ни размислува како лоботомиран зомби. Па затоа што публиката ни е научена некритички и без поговор да им верува на авторитетите и на медиумите. Да се разбереме. Не направи Латас ништо посебно. Да, ништо. Освен што викна “Царот е гол” и го кажа она што требаше спортските новинари да го кажат одамна. Латас го кажа она што мнозинството гледачи, или барем оние кои малку од малку подлабоко и со ладни глави следат спорт го знаат одамна. Да, го знаеме, а Латас само “се дрзна” тоа да го каже јавно.

Секако, и вие го знаете тоа. Да, да…мислам на Кире и неговото добро познато “ќе дадам седум гола а ќе промашам седумнаесет шута и 3 пенала и кога ќе изгубиме ќе се однесувам “ко енглеска краљица” со сите привилегии а без одговорност и загрнат со македонското знаме ќе зборувам за патриотизам”.  Секоја чест, респект за патриотизмот, тоа е лично чуство и не навлегувам во тој дел. Е гледаш, друг е моментот. Тука требаа нашите новинари и коментатори  кои се и опинион мејкери и сабџект метр експерти да “нагазат топка” и на зовриените глави  кои спортот го следат само со  жолто-црвена диоптрија, да им објаснат дека со толку многу промашувања, дури ни 14 гола на Кире нема да ни помогнат да победиме. Потоа што, ќе се тешиме со головите не Кире? А победите каде се? И кога по се, афтерпарти, ќе се појави некој и јавно, на глас ќе го каже она што мнозинството од нас го мислиме, знаеме и чуствуваме, (ама некако баш не ни се допаѓа и се си се залажуваме и се надеваме дека со секој следен меч и следен гол на Кире конечно ќе победиме и ќе не напуштат тие одвратни еретички мисли), ние сакаме да го линчуваме.

 И сега доаѓаме до шизофрената ситуација. Чудно се однесуваат и некако ми се збунети во рекциите по овој повод и едните и другите, и најтврдите опозиционери и најголемите подржувачи на власта.  А посебно лост ин спејс делуваат групата новинари со “по неколку фирмичина и енџиоа”, ама крајно нископрофитабилни и основани онака, колку да им се најде место на факс машината и фикусот од подрум. Изгледа дека Геро и друштвото новинари (кои од немукает де, малку послабо се бават со фирми и бизниси, а  се нафатирани ко Баја Патак) како да се затекнати со развојот на настаните по Европското во ракомет. Разбирам јас дека немаат многу време луѓето, плус “фирмичина” и бизнисче, но требало во паузите помеѓу практикувањето на жесокото “независно” ама “помалкуцка”  против владино новинарство и константните “ко од пред кооперација” кавги со неистомисленици по социјалните мрежи малку и спорт да следат. Ма по директива ако треба. Колку да се знае како да се реагира на една ваква збунувачка ситуација.

Како зошто збунувачка? Па имаме збунувачки елементи. Прво – репрезентација која на предходното првенство, замисли успеја да ја израдува нацијата во време на “мракот предизвикан од сталинистичката диктатура на талибанците и фашистите на чело со маоистите ” (ако смеам така, сликовито да се изразам во стил на вонаби дисидентот АНАЛитико) ,  второ – спортисти кои беа славени како вечни јунаци под Порта Македонија и споменикот на Александар и трето – новинар кој важи за подржувач на владините политики кој во случајов го критикува херојот и капитенот на националниот состав. ЕРЕС.  Кец на десетка, пенал во девеесет и четврта минута, седмерец плус исклучување на две минути, што повеќе сакаат првоборците на опозицијата? Но ништо, нема реализација на шансата. Веројатно зафатени со интензивното целодневно дежурање во катастар и барање имотни листови на провладини новинари и нивни роднини до четврто колено, пеналот не го ни забележаа. Или не се ни обидоа да поентираат од страв дека можеби повторно се работи за некоја замка.

Од друга страна, вечните и безусловни патриоти со жолто-црвена крв во вените исто така се збунети. Како сега, некој се дрзна Кире да го напаѓа? Херојското дело да го плука и бербати? И, замисли ти тоа, напаѓачите не се соросоидните предавници туку лично Латас? Нормално дека нивната реакција е иста како реакција на Јапонски офицер од Втора Светска војна кому командантот му наредил да остане и да го брани големото “стратешко”дрво покрај баричката на островот Хачаманаук. Човекот “фино-лепо” си го брани дрвото во следните 40 години но метр уат. Иако дрвото одамна се искршило, се распаднало. Само…од големината на глупавата слепа посветеност, безмалку идолопоклонството и заслепеноста од сјајот на звездата, кој да го види дотрајаното и искршено дрво. Многу ме интересира какви ќе бидат реакциите  на дежурните бранители на каузата кога конечно некој ќе им каже и објасни дека дури и баричката е одамна веќе исушена.

Многу забавно ни тргна во 2014 година.

 

 

ЕУ предлог решение за медиумска (не)култура (non paper)

  

Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во процесот на евро интеграциите е веќе објавен. Најмногу внимание предизвика делот од извештајот каде се говори за Медиумските слободи, слободниот пристап до информации и за првпат употребениот термин медиумска култура. Еве еден дел од извештајот кој остана сокриен од јавноста. Ексклузивно.

eu-flag-color 

Media freedom and human rights report

 

1.     Пристап до информации

 

  • Секое утро Премиерот да поднесува извештај до опозициските медиуми за тоа колку точно минути ги миел забите (со која рака и со каква паста). Пастата мора да биде купена од про опозициски маркет и рекламите за истата да бидат присутни на најмалку 30 (триесет) опозициски портали плус онаа смешка од портал на оној Саше…Саше забравам му името. 
  • Миленко Неделковски да објави колку точно кози има, од која раса (оргинална боја и старост потврдена со извод од ветеринарна болница). Болницата мора да биде на опозиционер ветеринар (ќе се утврди од неговиот ФБ профил со статуси против СК 2014 и барок). Исто така Миленко да објави кој му ги моча шарпланинците и во кој парк или шума и од кој тендер е платен човекот. Исто така да објави кој му ги дресираше да лајат само по соросоиди и дали додека беше во Кина научи како да ги дресира да мочаат само по колите на соросоиди. 
  • Јанко Јади Бурек да објави колку инчен му е мониторот во студио и која резолуција е. Иста резолуција да му се овозможи и на Бранко Героски (со по пристапна цена заради тоа што е тингл /отвори нов 37-ми весник). Јанко да објави со каква Виледа се чисти истиот и колку пати се пере истата и дали платил сметка за вода, на кој датум и да ги видиме сериските броеви на новчаниците од 1000 ден. Дали се користи Сјај или Доместос (слободен ЕУ пазар) и да се наведе и теткицата од каде купува бурек со месо за појадок. Ако бурекот чини 35 ден. во чии џепови завршуваат 5-те денари кусур (теткицата или продавачката) Ако Јанко ги бара назад, срам да му е.

 

 2.     Медиумски слободи и медиумска култура

 

  • Да се создадат услови и да му се овозможи на Бранко Героски слободно да отвара медиуми (весници, портали, а посебно петпарачки весничиња). Наместо досегашните 3 (три) медиуми годишно бројот се зголемува на  минимум 5 (пет) годишно, а за секој трети со приложени купони од Владата да добие лонци од инокс (за секој петти плус и тенџериња). За еден весник по избор на Героски да му се обезбеди киријата да ја компензира со одредена количина на дневни изданија на весници кои се посебно погодни за амбалажирање (завиткување на тегли со ајвЕр, или по избор љутеница). Месарите на Буњаковец да престанат да му плукаат во меленото месо кое му го продаваат како тазе кучешко, а уствари кучето најчесто е умрено пред Велигден. 
  • Да се создадат услови за Миленко Неделковски кога во својата емисија ги обележува колегите новинари со кругови, да го прави тоа со повеќе медиумска култура и на ниво и да користи фломастери во боја адекватна на бојата на гардеробата на новинарите (да бидат во тон). Секогаш кога споменува давајгази и педери да прави јасна динстинкција дали се мисли на педери у душа или педери по сексуална определба, односно кого сака да го навреди повеќе. Да се направат напори Миленко да престане своите соросоидни колешки новинарки да ги нарекува кози, затоа што со тоа и наштетува на македонската економија, односно, неговите кози се чуствуваат навредени и не даваат соодветна количина на млеко. 
  • Да му се наложи на Драган Павловиќ Латас во една колумна да не употребува БАНДА повеќе од 30 (триесет) пати, а секогаш кога пишува бандо соросоидна да покаже малку медиумска култура и да користи голема буква (Б и С).

top-secret-thumb-medium

Неколку точки од извештајот и препораките за понатамошна реализација ќе ги објавам во друга прилика, кога ќе созреат условите.