Гошевски

Репринт: За Волт, кучињата и мачките и за Библиска Македонија

Овојпат за две кратки и навидум неповрзани приказни кои мислам дека ќе ви дадат убава слика на случувањата и на луѓето кои живеат овде во Апачи, а и воопшто во Американските бази во Авганистан. Секако дека овие настани убаво ја отсликуваат живеачката овде, но исто така и генерално даваат убав пример на различни човечки судбини, ликови и карактери.

Пред некој месец, вообичаено “мувајки” се наоколу по базата и обидувајќи се да потрошам малку време, ме запре еден Американски војник. Човекот стоеше и разговараше на телефон, но кога ме забележа, едноставно ме фати за рамото и ме запре. Малку ме збуни, но подоцна сватив во што е проблемот. Носев маица со апликација на  Македонско знаме со сонцето од Кутлеш на предниот дел и натпис Македонија, и човекот штом го виде тоа, веднаш ме запре, го прекина разговорот, дури и телефонот  ќе му паднеше од рака.

Беше воодушевен од тоа што го виде. Покажувајки кон маицата постојано повторуваше ”Македонија…Македонија од Библијата…неверојатно…Македонија каде што Апостол Павле по налог на Исус прв пат отишол да проповеда  христијанство….”. Човекот ме прегрна и ме испраша се за Македонија, беше пресреќен…мислеше дека само така ја носам маицата, не знаеше дека постои држава Македонија, и беше радосен што запознал некого од Библиската земја.

Поминавме петнаесетина минути во пријатен разговор, и човекот на крајот ме замоли кога ќе одам дома , ако можам да му донесам парче земја од Македонија. ”Please brother, bring me a piece of land from Biblical Macedonia” беа неговите зборови.

За жал….тој  замина во неколкудневна мисија, а јас дома на одмор. Кога по триесетина дена се вратив во базата, тој веќе не беше тука. Целата единица беше замината. Не разменивме контакт информации.

За мојата пријателка, старата кучката Барк веќе пишував во некој од минатите написи. Но не сум ја споменал Принцезата. Да , во базата имаме и мачка, која има и мали маченца. Пред некој месец Принцезата се омачи, а мојот пријател Американецот Волт ја вдоми  заедно со мачињата во својата соба под креветот. Секое утро човекот одеше во кујна по млеко и храна за мачката и мачињата.

И така, се грижеше за нив Волт скоро 2 месеца, но мораше да замине на одмор, а Принцеза заедно со мачињата се пресели кај мене, во просторот кај цистерните со гориво. Таму е мирно, не влегува никој освен јас еднаш дневно, и тоа влегување го користев да им однесам храна и вода на моите нови соседи. Така, на смена заедно со Волт успеавме да и помогнеме на Принцеза да ги одгледа мачињата.

Мачињата ги гледам потпораснати наоколу, а мајката е сеуште редовно населена кај Волт. Но ова не е приказна за Принцезата, туку е пред се приказна за Волт.

Човекот ми раскажа случка од неговиот живот која мислам дека е убаво да ви ја пренесам. Пред да дојде во Апачи, Волт има поминато  4 години во Ирак. За време на престојот во Ирак, во базата се спријателил со некое кученце скитник. Се грижел за него и го израснал, и кога дошло време да си замине дома, Волт сакал својот нов пријател да го поведе со себе.

Но тогаш настанале некои административни проблеми, и властите не му дозволувале да го земе кучето со себе во Америка. Човекот решил да оди до крај, се обратил на сите можни места во својата земја, ангажирал адвокат, се активирале новинарите, и на крајот му се обратил и на  конгресменот од неговата држава. И конечно успеал во својата битка со бирократијата. Кученцето заминало заедно со него од Ирак. Сеуште живее во неговиот дом во Америка.

 

п.с. Овој пост оригинално е објавен на 13 септември 2010 на стариот блог Авгантура. Сметам дека е корисно и новите читатели на Авгантура-МК  да го прочитаат, посебно во контекст на спорот околу нашето Уставно име и некои залагања на опозицијата да прифатиме некаква промена на името заради зачленување во заедница која се распаѓа. Пример какво мислење имаат некои странци за Македонија. Приказната за Волт е безвременска и секогаш актуелна.

Advertisements

Идиоти или идијоти…сеедно…

Ако  зборуваш два јазика, вредиш колку за двајца. Ако  зборуваш три јазика, вредиш колку за тројца. Ако  зборуваш само еден јазик, тогаш мора да си Американец. Ова е шега која Американците ја кажуваат на своја сметка, но е жива вистина. Иако…за многумина од нив може да се каже дека слабо го владеат и соптвениот, мајчиниот јазик. Посебно пишувањето, спелувањето на некои многу слабо им оди. А за употребата на сленг и уличен говор и да не зборувам. Човек од Бруклин и човек од Тексас меѓу себе тешко се разбираат.

Кога сум кај мајчиниот јазик. Светост. Нема потреба повеќе да објаснувам. Мајчиниот јазик е светост за секого. Немам намера  сега и тука да пишувам за нашата ситуација со Европската Комисија и неупотребата на придавката Македонски  за јазикот во последниот (па и во предходните) извештај за Македонија. Мојот став за нашиот однос со ЕУ и нашата интеграција во Евро-атлантските институции  е таков  да едноставно не ми е грижа што ЕУ мисли за Македонија и за нашата интеграција. Ако не ме сакаш ваков каков што сум, со сите маани и доблести, и јас нема да те сакам. Ту изи (што би рекол Дрејк).

Муабетот ми беше за Македонскиот литературен јазик и неговата употреба во секојдневниот говор, во пишувањето и зборувањето преку медиумите. Тука посебно мислам на онлајн медиумите, интернет порталите, социјалните мрежи, блоговите. Мислам дека секој што објавува на интернет, постира на блог, твита, апдејтува статус на фејсбук, треба да се обиде да користи  Македонски литературен јазик. Или можеби не?Вчера имав неколку ретвита на мојот твит за студентите по физика и Бинг Бенг Тиори, а добив и неколку нови фоловери.  Другар ми ме пингна за Таксират, а хаштагот за кошарката беше фул. Имаше најава за еден твитап, а линкот што го постирав на Џи плус  беше шеруван неколку пати, а на ФБ имав осум лајка на последниот статус.(бај д веј, каков богат социјален живот имам, а сам сум во ова пустинава  на 5000 километри од  дома)

Како би изгледале моите последни 2-3 реченици погоре ако би ги напишал на Македонски литературен јазик? Дали некој од моите читатели во тој случај би ме разбрал? Не знам. Сепак мислам дека секаде каде е тоа можно треба да се трудиме да пишуваме литературно. Каде не е можно, мора да се употребат изрази кои едноставно и скоро да не е можно да се преведат на Македонски. Колку што се сеќавам, пред некоја година некоја институција или министерство ли беше имаше обид да промовира ИТ јазик на Македонски. Па така место хард драјв имавме тврд диск, место десктоп имвме работна површина и слични преводи. Што се случи со тој проект, не знам.

Во последно време воочливо е дека  на твитер, по блогови во коментарите на форуми  луѓето почнуват масовно да наоѓаат забелешки за правописот и употребата на литературниот јазик. Се исмеваат одредени личности, па и групи луѓе се ставаат(етикетираат) во категории на население заради неправилната употреба на литературниот јазик или кирилицата. Што е нај интересно,  тие забелешки доаѓаат од лица кои веројатно во основно петка по Македонски имале затоа што “мајка му редовно на наставничката и давала од тие гладиолите што цветаат двапати”, а во средно петка по Македонски добиле кога “татко му бесплатно му го поправи Пунтото на професорот ” а на факултет испитот Македонски јазик го положил кога “вујче на професорот му најде прозорци и врати за викендичката по стара цена”.

И сега тие луѓе  наоѓаат забелешки за употребата на литературниот јазик најчесто во текстови каде не им одговара содржината, па се бават со формата, или во написи на луѓе со кои имаат спротиставени ставови, најчесто политички.

Искомплексираните и исфрустрирани луѓе секогаш се служат со навреди и омаловажување на по добрите и по успешните од себе. Дали ке напишам идиоти, или идијоти…сеедно, сите ќе ме разберете  што сакам да кажам и што мислам за таквите луѓе.

п.с. Сите граматички грешки во написов се случајни, а можеби и не се….

Факти

Малку факти,но не поврзани со политика…туку сосема спротивно.Занимливи факти кои можеби не сте ги знаеле.

  • Најдолгото име кое сеуште се користи е Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiw en uaitnatahu ,ритче во Нов Зеланд.
  • Кондомите Рамзес се именувани по Египетскиот Фараон Рамзес кој имал 160 деца.
  • Двобојот во Парагвај е легален само ако и двајцата учесници се регистрирани дарители на крв.
  • Невозможно е кивањето со отворени очи.
  • Крокодилите никогаш не го надраснуваат базенот каде што живееат.Ако мало крокодилче ставите во мал аквариум,никогаш нема да порасне.
  • Пар возрасни стаорци за 18 месеци може да изроди повеке од 1 милион потомци.
  • Во еден просечен човечки живот секој од нас додека спие ке изеде 70 различни инсекти и 10 пајаци.
  • Невозможно е да си го лижеме лактот.
  • Преку 75% од луѓето сега пробуваат да го си го лижат лактот.
  • Должината на крилата на Боинг 747 е поголема од должината на првиот лет на браќата Рајт.
  • American Airlines заштедиле 40000 долари во 1987г само со ставање на една маслинка помалку во салатите сервирани во првата класа.
  • Јаболката е поефикасна од кафето за расонување наутро.
  • Првиот сопственик на Марлборо фабриката умрел од рак на белите дробови.
  • Волт Дизни се плашел од глувци.
  • Библијата е преведена на Клингонски.
  • Градот Вашингтон има по еден адвокат на секој 19 жители.
  • Канада на индијански значи Големо село.
  • Половина од весниците во светот се печатат во САД и Канада.
  • При старт од место,човекот е побрз од Ф1 во првите 10 метри.
  • Просечен човек во животот произведува доволно плунка да се наполнат два просечни базена.
  • Најмоќната Руска атомска бомба наречена “Цар” имала разорно дејство од 1000 км.
  • Просечна должина на човечкиот живот во 1900 година била 47 години.
  • Просечен 21 годишник им поминато 5000 часа играјки видео игри,разменил 250000 различни пораки и поминал 10000 часа на мобилен телефон.
  • Целосното име на Лос Ангелес е “El Pueblo de Nuestra Senora la Reina de los Angeles de Porciuncula”
  • Канада има повеќе езера од остатокот од светот заедно.
  • Исланд нема железница ни армија.
  • Првото име на Yahoo било’Jerry’s Guide to the World Wide Web’
  • Творецот на симболот на Nike добил само 35 долари за дизајнот.
  • Кога Американскиот ланец продавници Волмарт би се споредувал со државите,би бил 24-та најпродуктивна држава во светот.
  • Куќата на Бил Гејтс е дизајнирана со помош на Мекинтош компјутер.
  • На радиото му требале 38 години,на телевизијата 13 години,а на Интернетот само 4 за дадобие 50 милиони корисници.Сега има повеќе од 1.3 милијарди корисници.
  • 80% од фотографиите на интернет се со голи жени.
  • Во еден од осум бракови во САД партнерите се  запознале онлајн.
  • Првиот домеин било кога регистриран е Symbolics.com
  • Во САД  има повеќе жени отколку мажи милионери.
  • Статистички постои поголема веројатност да загинете одејки да купите лото талон отколку да добиете лото.
  • Отварачот за конзерви е измислен 48 години после конзервата.
  • Ако правилно ја џвакате салатата од зелка,ке потрошите повеќе енергија одколку што би добиле од консумирање на истата.
  • Скорпијата може да се убие ако се полие со обичен оцет.Во таков случај таа сама ке се прободе со отровниот врв на опашот  и ке умре.
  • Од првите три пациенти кои примиле пеницилин воопшто,само еден преживеал.Тоа е 60% смртност,но сепак продолжиле со истражувањето.
  • Многу повеќе луѓе годишно во светот умираат како последица на каснување од пчели или оси околку каснување од змија.
  • 85% од мажите кои умреле од срцев удар за време на секс,всушност ја изневерувале сопругата во тој момент.

Камелеони и двојни аршини

“Амбасадата имаше добра комуникација со Црвенковски. Но, тој е себепромотивен и камелеон кој се менува во променетата средина”

Амбасадорот на САД во Македонија,Филип Рикер, мај 2009, според Викиликс

Мислам дека ова најдобро ја отсликува идејата за овој пост.Како камелеонството стана еден од најпопуларните спортови кај нас?Кога лидерот и државник го практикува камелеонството,тоа е знак за сите следбеници да го практикуваат уште по жестоко и по ревносно.Па така, еден цел мини свет од новинари,интелектуалци,ситни бизнисмени кои плачат по владини тендери,твитерџии,борци за човекови права,НВО фолиранти и коленичари(како што вели Брат Љубе) целиот концепт на камелеонство го имаат доведено на едно уште повисоко ниво.

Еклатантен пример за горенаведеното се последниве настани поврзани со апсењето на Љубе Бошковски.Секако дека се сеќаваме на времето кога бившиот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски беше апсен по Хашкото обвинение.Во тоа време СДСМ беше на власт и секако се сеќаваме дека сите провладини медиуми и подржувачи на СДСМ со доза на потсмев се обраќаа кон Бошковски со Сестра Љубе,додека неговите сопартиијци го бранеа,и нормално го ословуваа со Брат Љубе.

Другото е историја.Човекот одлежа што одлежа во притворот во Хаг,доби ослободителна пресуда,подршка најмногу имаше од ВМРО ДПМНЕ(финансиска подршка и плаќање на адвокати) и се врати како победник-предавник.

Подоцна остана само предавник(за ВМРО)Сега е интересниот пресврт.Камелеонството се појави во вистинско светло.Сега одеднаш пријателот стана непријател и обратно.Сега и ВМРО се покажа како одличен играч во камелеонството-спортот број еден на политичарите.Сега Љубе Бошковски стана Сестра Љубе за ВМРО и неговите членови и симпатизери,а обратно,СДСМ и неговите симпатизери почнаа да го ословуваат со Брат Љубе.Интересно.Неговите пријатели и колеги,неговите бранители сега го напаѓаат и го обвинуваат за предавство. А најголемите негови непријатели и луѓето кои го испорачаа во Хаг сега станаа негови подржувачи и бранители.Дури и неговата кампања беше максимално подржана на А1.

Чист,школски пример за камелеонство.Сега повторно се разбудија неговите бивши непријатели и сега токму тие најмногу го бранат и најжестоко ја напаѓаат власта заради неговото вчерашно апсење.Сите тие кои плукаа по него сега се најжестоки во неговата одбрана.И обратно…тие кои го бранеа и собираа средства за неговата одбрана во Хаг,сега ја подржуваат власта во акцијата за негово апсење.Типично.Македонско политичко камелеонство.Спорт број еден не само за политичарите,туку и за нивните следбеници и подржувачи.Да не е смешно би било трагично.

 

Job well done

Ете….” Justice has been done”….како што вели Претседателот Обама. Најголемиот непријател на САД и на мирот Осама Бин Ладен е мртов. Човекот кој стои зад најголемите терористички напади на Американска територија е убиен при обидот на Американските специјални сили да го уапсат во близина на Исламабад, Пакистан. Пакистанските безбедносни сили помогнале со информации,а акцијата ја извеле Американските специјални сили.Целата операција траела 40 минути,и можно е да е убиен и еден од синовите на Бин Ладен, а уапсени се 2 од неговите жени и 4 деца. Job well done.

Безмалку после десет години од нападите на 9 септември 2001, правдата е задоволена. Ал Каеда остана без основачот, финансиерот и лидерот.

Добро…тоа се новинските извештаи, голите  факти. Што би значело ова практично? И што би значело ова за нас,овде во Авгантурава по Американските воени бази во Авганистан.

Прво, интересно…Осама живеел во вила во Исламабад , а не во пештерите во Авганистан. Попусто се плашевме од него…далеку бил. Шегата на страна. Ако е шефот мртов…не значи и дека организацијата е мртва.Секако, ова е голем удар за Ал Каеда, но не и крај.

Американскиот Стејт Департмент ги извести своите граѓани ширум светот дека се можни терористички акции против Американските граѓани. Се очекува одговор на Ал Каеда. Лошо…ова воопшто не е добро за нас овде.Ке видиме, времето ке покаже. Безбедноста е подигната на највисоко ниво.

Друго, веднаш почнаа реакции од колегите. Дали ова значи дека ке привршува ангажманот на Американските и НАТО силите овде? Дали и компаниите кои работат  ке имаат последици. Не. Нема никако да влијае на нашиот ангажман во Авганистан. Компаниите си имаат договори со Министерството за одбрана,и ке си продолжат со работа. Планот за повлекување на ИСАФ од Авганистан започнува во септември оваа година,но ќе трае до 2014. Со голема можност да продолжи и потоа.А LOGCAP IV договорот е до 2017 година.

Секако ова е важен историски настан,но се надевам ништо драматично нема да се случи со нас овде.

п.с.Драмата беше вчера кога Манчестер изгуби од Арсенал. Октај го искрши зидот од собата, а јас уживав. Што им требаше сега да го нервираат човекот пред пат за дома.

R.I.P. Барк

Повеќе од 6-7 години минала овде,во Апачи. Веројатно цел нејзин живот.Така ни пренесоа колегите кои беа подолго овде. Секогаш мирна, секогаш пријателски расположена. Освен кон локалните, Авганистански работници, и тоа оние кои повремено доаѓаат да работат овде. Нив не ги сакаше…постојано лаеше кога ке дојдеа во близина на бензинската каде работиме, а каде што таа живееше. Го штитеше својот дом.

Сите други беа за неа пријатели, посебно ние од бензиска. Пријатели повеке од 14 месеци колку сум овде. И сите колеги кои подоцна доаѓаа ја прифаќаа, а и таа нив. Имаше и други кучиња, доаѓаа и заминуваа. Таа беше постојано тука, дел од тимот, како член на семејството. Секое утро не дочекуваше со мил поглед и весело мафтање на опашот. Секоја вечер ја остававме со колегите од ноќната смена.

Неколку пати лошите луѓе се обидуваа да ја фатат, да ја отстранат од базата. Не разбирам зошто…никому не пречеше. Еднаш  ја фатија , ја однесоа…но таа се врати истата вечер. Не сакаше да го напушти својот дом.

Овој пат за жал успејаа. Не бев присутен, на појадок бев со Октај. Дошле неколкумина, ја нападнале во тесно, кај магацинот зад канцеларијата. Успеале да и стават инекција и да ја однесат. Ја нема од тогаш…веќе четврти ден. Беше стара,  уморна. Веројатно и здодеа да бега, веројатно почуствува дека и се ближи крајот.

Оаа го најдов некаде на интернет, убаво напишано за кучињата и луѓето.

“Грижи се за мене и кога ке остарам, оглувам, ослепам, кога забите ке ми паднат и кога ке бидам неподвижен. И за тебе некој ке се грижи. Староста е иста за сите. Испрати ме на мојот последен пат. Немој да речеш: не можам тоа да го поднесам или тоа нека се случи кога јас не сум присутен. Со тебе се е многу полесно, тоа ти е долг за верноста, за нашата убава младост.”

Мака ми е….многу ми е мака што не бев тука да ја испратам. А за лошите луѓе…се надевам дека нема да имаат ни пријатели ни живот, а ни старост каква имаше Барк. Знам дека таа сега е на подобро место, каде што нема лоши луѓе.

Колку е мал светот….

Ова се потврдило безброј пати досега. Да… и јас сум бил неколку пати сведок. Не само заради тоа што на едно мало парче земја како што е оваа база каде што сум, имам прилика да запознаам луѓе од Индија , Непал, Кенија, Авганистан, Сиера Леоне, Босна, Романија…

Една ситуација од пред некој ден уште еднаш ја потврди ова изрека. На работа ми пријде еден американец и гледам зачудено ме гледа , ме загледува во маицата и покажува кон неа. На маицата логото на Скопско, а типот ми вели…”еј…чекај…го знам овој знак….што беше ова…чекај…”…јас комплетно збунет, па едно  време му велам…”можеби си го пробал ова пиво некогаш”. Типот наеднаш скокна….”па да…па сум го пиел тоа пиво…живеев една година во Скопје…имав куќа во Сопиште…”, па почна да ми раскажува дека работел на изградбата на новата Американска амбасада во Скопје, и дека многу уживал во Скопскиот ноќен живот, па  бил редовен гостин  по локалите во ГТЦ и на Кеј. Се одушеви човекот што ме сретна. И самиот ми рече…”small world man…small world…”

п.с.  Добра реклама за Скопско…а…нема потреба за плаќање…само сигурно ќе уништам добра количина пиво кога ќе одам на прв одмор…ех бар да го има во Кувајтама ке морам да чекам до Истанбул…..