Дајнкорп

Авганистански ветеран 4

вет3_wm

Advertisements

Вреди ли?

 

На пешеесе метри од мојата канцеларија, малку на запад, југо-запад поточно, се наоѓа оградата од комшиската ни Авганистанска касарна со типично Америчко име-Игл. Ко што ние си го сакаме Шарпланинецот(кој пак сите сакаат да ни го земат) така и Америте си го ценат орелот и нема-нема, оп ќе наречат некое местенце по него. Добро звучи…Игл бејз. До душа они и Шварци си го сакаат и респектираат, па имаат овде една база наречено Терминатор, и Индијанците си ги ценат  па така мојава база ја нарекле Апачи, али тоа е друга прича. Да се вратам на комшиите.

Прво…да не ја објаснувам многу детално позицијата на базата, ради секјурити ризнс. Као кога укључив ГПС на Самсунгот а Кадруш ме опомена на време да не се зезам многу со тоа. Вика дека сеа Талибаните имале технологија и може лесно по ГПС да ме најдат со 5 метри отступање од точна локација.

-“Да не добиеш една руска качуша сто седмица пред врата”..рече Кадруш и ја се опаметив одма. Него , друго ми беше муабетот…

Игл бејз и комшиите. Едно време редовно одев таму. Понекоаш и секој ден бар еднаш. Со цистерната пуневме некои генератори. Или на секој 3-4 дена одев надвор да проверам дали ни дошла цистерна со гориво, за допуна на резервите. Тоа коа бев гуштер овде и немав поим што се дешава надвор од зидовиве. И така се додека не видов уапсен талибанец и неколку ранети авганистански војници. Тогаш малку се ставив у мисла. Него друго ми беше…

Од мојава канцеларија го гледам грејвјардот на возила кај комшииве у Игл. Можда ги има стотина. Од секаков вид. Камиони мали, камиони големи, хамвија, најмногу пикапи. Изгледаат ко Хулк да ги згужвал и акнал од земја. Некоаш си мислам…којзнае колку луѓе изгинале у возилава. И зошто? Првото такво возило разнесено од импровизирана експлозивна направа(“ај и ди” ко што ги викаат Америве) видов пред 3 години. И тоа кај нас, во базава. Беа донесени две Тојоти-џипови што налетале на нагазни мини во околина на базава. Ги гледав Тојотите секој ден. Доаѓаа кај нас по гориво. Ги полневме секој ден. Едната црна едната бела. Ги користеа цивили, Амери главно. Работеа луѓето како тренери на локалната полиција.

Зошто? Ту супорт деир фемилис, ко што сите контрактори викаат кога барат изговор зашто се во Авганистан. Еден од нив беше момак на некои триесетина години, бивш војник. Крупен..набилдан. Го среќавав скоро секој ден у џим. Вежбаше…одржуваше форма. Имаше убава тетоважа на левата рака. Целата рака му беше истетовирана у боја. Некакво стилизирано сонце, некој оган…јеби га. Не му го знаев името…Ретко  овде прашуеш име…не е битно, најчесто користиш кол сајн…Секјурити ту, оперејшнс уан, фјулс ту(мојот кол сајн он  д рејдио). Контрактор си и тоа е.

Ми кажаа дека во белата Тојота загинал дечкото со тетоважата. На полски пат  налетале на противтенковска нагазна мина. Со него биле двајца локални полицајци. Противтенковска може тенк од 20 тона да оштети драстично. Тојотата беше распарчена. Сите тројца мртви на место. И…сега…Вакви работи те оставаат без текст. Вчера човекот беше у џим. Трчаше, работеше трбушни или бенч. Чекаше ред за ручек пред мене. Не знам дали беше женет…дали имаше деца. Обично разговараш некои смол токс муабети, као за кого навијаш у баскет, кој игра у финале на Исток…колку најмногу си дигнал на бенч или… пак во кујна донеле од сладоледот што го немаше цел месец. Лични работи не се прашуваат. Никој нема време за лични работи. Туку нешто друго сакав…

20120909_064805_Anne_Bubble_Peri

Го нашле позади неговата куќарка. Литванците, специјалци…ги има неколку десетина овде. Биле во патрола и го нашле мртов, крвнички искасапен. Не можам да пишувам за деталите кои ми ги кажаа. Мираџудин, Авганистанец од околинава. Работеше во кујна, чистеше изнесуваше ѓубре. Неколку години така…ту супорт хиз фемили. Секоаш насмеан, поздравуваше секого. На неговите комшии, талибанците им сметало што работи за Америте. Можам да замислам каква порака добиле останатите Авгани кои работат тука со нас.

Во Игл бејз има едно игралиште за фудбал. Големо. Трева баш и нема, а дупки има као кратери, ама ако. Го посетувавме. Често нашиве Амери од базава одеа таму да играат бејзбол. Ние, нормално игравме фудбал. На теренот на авганистанската касарна. И тие доаѓаа кај нас често. Вежбаа на шутинг рејнџ овде у близина на мојава канцеларија. Пред некој месец имаше као и секоаш некое пукање. Не излегов надвор, ништо не обично. Мислев тука вежбаат на стрелиштево.

После 2-3 минути долетаа два Апача и еден од малите шпиунски хеликоптери и кружеа ниско над Игл и нашата заедничка ограда. Објавија узбуна. Долетаа два медиевак Блек Хоук-а. Коа имаш медиевак, знаеш не е на арно. Чекаа десетина минути и одлетаа. После дознавме. Пукањето било на игралиштето. Авганистански војник пукал на Америте кои играле бејзбол. Тројца мртви и неколку ранети бил епилогот додека стражата од наша страна не го убила атентаторот. Се ова на помалку од стотина метри од мојата канцеларија, и на местото кај што игравме фудбал. Од тогаш не одиме кај комшиите во Игл. Оди наоружана патрола со блиндирано возило. Ми кажуваше Ралји, мојот прв менаџер овде дека обично талибанците на Авганистанските војници им ги киднапираат децата и така ги тераат да напраат самоубиство и да убијат што поише странци. Него друго ми беше муабетот…

Секој од нас е овде ту супорт хиз фемили. А која е цената, прашал ли некој?

п.с. Имам една слика, као за документи, обично ја користам за коа аплицирам за виза коа идам на одмор накај Дубаи и накај дома. Се сликавме со Лаки цимерот у Кувајт, пред скоро 4 години. Ни бараа слики за некои беџеви додека бевме на процесинг у Кувајт, на пат за навака. Пред некој ден некој од колегиве ја виде сликата и се запрепасти. Вика човеку…си видел ли на сликава колку ти е црна косата? Се погледнав во огледало и ја погледнав сликата. По ова јас се запрепастив. Човече…сум побелел у косава. Обично поискусните контрактори ќе ти кажат…”Една година во Авганистан е исто како 4 години поминати дома.” Толку побрзо се старее овде

Авгантура(3) – Видео илустрација – или да знаев само што ме чека

По повод мојата нај нова играчка за големи деца, у вид на топ лап топ(со гејминг абилитис и фул хаде скрин), еве ја решив да се јавам до фамилијата и пријателите со оваа порака у вид на Видео (Смилевски -Бато). Ја сум ок, си купив нови чорапи од тие америчките”мејд ин Никарагва”. Штотуку, пред некој ден добив нов смештај, у поголем станбен простор у вид на шатор за 20 луѓе(има неколку дупки од страна, али зима иде и нема опасност од змии) Не се секирајте, мачката шо ни се омачи пред некој месец под канцеларијава ја згази оклопен транспортер од 14 тона, а едното маче го пративме у комшии кај талибаните, ама предходно го нафилувавме со тнт. Другото испадна жилаво(не се вари 3 саата) па решивме да го остаиме у живот. Сеа глеам потпорасна и почна да ми се свиѓа. Ќе има шанси да остане со нас, осим ако не налета на некој чакал. А треба прво и менаџеров да го убедам, пошо он мачки и глувци у околинава брка со нож и чекан(вика американ уеј било така). А ја мислев дека томахавк(од големите, на ракетен погон) и стелт авиони е американ уеј. Али…. нејсе…

Photo-0001

Приказнава у видеово е скроз аут од контекст, да не речам не е у шема и тајминг на постоиве за Авгантурава(скокнав едно5-6 месеца), али ова му доаѓа ко ванредни избори, а после ќе продужам со експликација на мојата прича “Авгантура или- како се заебав да завршам у пустинава, далеку од турско-шпански серии, дебили у вид на вонаби политичари, скопската магла, гужва на Рекорд  и многу други прекрасни работи кои ми фалат бедли”. Пошо у ствари овде ништо нема, осим пари и пустиња со еден куп шкорпии и змијурини, и по некоја граната за добро утро, ја…(чекај си ја измрсив тастатурава-нова ми е)…значи ја углавном сликав луѓе, ма човеци бре..шо би рекол Бубо Каров…

Луѓе кои ми го правеа ова срањево да изглеа многу подобро и полесно него шо е. Луѓе кои ми фалат…ми фалат као четврт бурек со сирење од Ваташа, као купатило со када(моја и чиста), као десетка со кромид од Дестан, као попладневна дремка испрекината со галама од кај комшијата шо доградува нешто или смејата и кавгите на Ема и Дино. Ми фалат као возење точак со Дино и Ема околу Лисиче, као викенд у Охрид кај Нечески, ми фалат како ГТЦ и кафе на Кеј(чудно али истинито) као партија баскет со Дино, или шопинг у Џамбо со Ема и Данче. Ми фалат….Затоа, у спомен и респект на сите мои пријатели(мада овде се само еден дел од нив)со кои сум делел и добро и зло по Авганистанскиве пустини и кои ми фалат, еве напраив едно парче фотки на едно место у вид на видео. За некого ова е аматерски и е старо и видено, за мене е увек добро и актуелно. Ете…А ќе има и други..

п.с. Ако некој се забезекна за мачките…Се зезав…имаме само една(таа жилавата) и не сме ја вареле…повеќе од еднаш…Ма се зезам бре. Моравме да ја пратиме у комшисково градче, за да не ја фатат службиве и да ја елиминираат(забрането е домашни животни у воена база). Беше у кутија, и у камион и ја однесоа…и после два дена се врати…а не е Леси. Мора да сме добри домаќини, па не може без нас. Сеа ја криеме натака навака…ќе живее…

п.с.с. Лаптопот е топ( се турив играње Крајзиз двојката и Блек Опс) али има една мана. Заглавувам бе брат до 1 по полноќ, а сабајле у 5 треба со воена полиција да ме будат. Ако…шо вика Дрејк…да се почастиме и да напраиме нешто ситно за себе, сме заслужиле. Ете ја напраив ситно, а он си купи едно бед ес колиште од 6000 кубика…Јеби га…не изживеано…Пак се зезам…