Златна Бубамара

Зависи со кои уши слушаш

Чекај, не ми е јасно…настапот на Сашко Коцев на Златна Бубамара е невиден дострел на стендапот во светски рамки, забавно и смешно е дури да “се помочаш” и хуморот е подобар и од оној на Џими Фелон и Џеј Лено заедно, а истото тоа од Тони (кој ја направи Златна Бубамара и го измисли стендапот кај нас) на партиска конвенција е “селски”…”досадно”…”застарено”…и “за жалење”. Зошто?

images13

Advertisements

Човекот кој никогаш не добил Златна Бубамара

Сите знаеме дека фебруари е најбитен месец во годината. Па да….како не?  Не, не мислев заради олеснувањето кое го чуствува дел од нацијата откако храбро и ко транзициски политичар доследно, а по краткотрајна но напорна борба се откажа од новогодишните ветувања од типот “…од Нова година веќе не пушам… од Нова година не јадам бурек по полноќ…. од Нова година не се расправам на ФБ со луѓе кои не ми значат ништо… од Нова година  нема да му ја плукам кваката од влезната врата на комшијата…” и слично. Не само заради ова, фебруари секоја година сите нестрпливо го чекаат. Посебно во Скопје, каде што освен за кавги дали е во прашање Свети Три(п)фун или е Свети Валентајн,  фебруари служи и како месец на Златна Бубамара.

Уан оф а кајнд и многу значајна дешаванка за Македонија и пошироко па се до Виена. Да, дури до Виена, која пак колку што повеќе се доближуваме до ЕУ полека но сигурно се повеќе го заменува Стамбол како единица мерка за далеку, Да, колку далеку? До Табановце далеку…до Белград подалеку или Виена уџум далеку (јас во случајов сум вон конкуренција, т.е……“у п.м.” далеку). Но за тоа во друга прилика.  Да, знам и јас што претставува Златна Бубамара за нашата макроекономска политика и развојот на металопреработувачката индустрија и индустријата за преработка на легури. Посебно е значајна за новооснованиот  сектор  “Леење на Златни Бубамари” кој од година во година бележи се поголем раст на производството. Го знам јас добро сето тоа, ама после неколкугодишното следење на ивентот, и обемната анализа при која користев специјална, скоро генијална апликација наречена “Голден Лејдибаг винерс аналајзис енд статистикс”, мики јас тотално се шокирав. Ма си останав шокиран како Јеховиниот сведок што се шокира  кога ќе ти заѕвони на врата, а ти излегувајки само ќе го прашаш…”И…така викаш за Исус….Каде треба да потпишам пристапница?”

Winners-and-Losers-in-Medicare-Drug-Benefit

Тибам. Си гризнав долна усна од шок. Ма ми дојде да си го лижнам левиот лакт. Зар малку беше што божицата (и кралицата на јастуците и пубертетските сништа на неколку тин генерации а чија дуплерица можеше да се најде под сечиј кревет) Силвија Кристл, Бог да ја прости, не напушти и не остави во шок. И сега еве, на ваков начин да дознаам дека само јас од комшиите (па и подалеку до Белград а  може  дури и до Виена) и некој Саше…Саше… дечко од Тафталиџе (кој бил скаран со Ранко уште од второ оделение заради некој стрип со Загор што не му го вратил) немаме добиено Златна Бубамара.

Продавачката од месарата “Кеш-Комерц ДОО Три брата” не се смета за релевантна конкуренција затоа што, рака на срце и таа нема добиено Златна бубамара, ама кој и е крив кога три пати по ред на Ранко меленото месо му го пакува во 40 грамска хартија од тешката а позади вагата се гледа дека има 10 грамска немасна хартија. Па замисли и цвеќарката и слаткарката така да првеа? Што ќе ги красеше сега излозите на цвеќарата и слаткарата? Па кај одело добар бизнис без Златна бубамара во излог или на деск? Токму заради тоа експертите (додека ги гланцаат своите Бубамари освоени во категорија “Најдобар школски другар на Ранко кој не му се скарал зошто овој не му даде да препише лектира во втора година а сега е горд спонзор на Радио Бубамара/Златна Бубамара”) велат дека Ранко со ивентот многу придонесува за развојот на нашата економија. И сега, после толку години напорна работа на зголемување на БДП и стабилноста на стапката на инфлација, Ранко за најновата Златна Бубамара излезе со слоганот “ОД ПАРИ СЕ ЖИВЕЕ – НЕ ОД ВОЗДУХ!” и ги објави цените на влезниците. 3000 ДЕНАРИ. Добро, не скокај одма, таа цена е оформена најмногу заради говорот на Ранко кој оваа година ќе траел 50 минути, а не 40 како минатите години.

Ранко па Ранко…Го знаете де Ранко? Ранко Петровиќ (ака Ранко Бубамара) ти е фраер, градско дете или урбан лик по нашки, кој не простува кога нема да му вратиш стрип, посебно со Загор. Љубител на етно музика , Крушево и село(што е апсурд, затоа што е градско дете), угостител и туристички професионалец кој  порано многу почитуваше Маршал (не се мисли на музички појачала) и традиција. Дополнително  се бави со медиуми, во форма на радио и како голем филантроп (малку личи на Дедо Мраз, ама во фебруари) еднаш годишно собира одредена група на специјални луѓе, ги затвара во  Универзална пет и пол саата и на оној кој ќе го издржи до крај “мачењето” а да не се помоча (од смеење од на Сашко форите или  од трите пива за ручек) му дава награда и го пушта во тоалет за да се олесни. Токму заради Сашко и неговите фори, некои посетители почнаа манифестацијата да ја нарекуваат “3 часа стендап со Сашко Коцев и некои луѓе кои трошат 1 час додека да се качат на сцената и кажат фала мамо + говорот на Ранко + пола час чекање ред за во тоалет”

По скопските урбани кругови се раскажува мит дека еднаш на доделување на Златна Бубамара присуствавал гореспоменатиот Саше…Саше, и како “дух који хода”…се појавил за миг и веднаш исчезнал. Тоа е единствен пат во историјата кога некој кој никогаш не добил Бубамара, бил на лице место, да не речам он д фејс оф д плејс. Тимот на Бубамара задолжен за бунтовници кои не ја респектираат честа да добијат Златна Бубамара и со тоа да се чуствуваат рамноправни граѓани е на терен. Потрагата по Саше…Саше е во тек, а со оглед на тоа дека јас сум у п.м. далеку (едно ниво подалеку од Виена), Скопје за сега останува без “човек кој никад не добил Златна Бубамара”. Се додека повторно не се појави Саше…Саше.

Но него никогаш нема да го лоцираат (па џабе ли има читано “Загор Тенеј-дух који хода” како дете)  и да му дадат Бубмара. Има непотврдени информации дека постојат два лика кои само еднаш, повторувам…само еднаш добиле Златна Бубамара, ама тоа е само шпекулација бидејќи не постојат релевантни докази. Последните информации кои јас ги добив од инсајдери од хедквортерсот на Бубамарата, Ранко работи на поправање на потенцијалната грешка и на пронаоѓање на ликовите кои (непотврдено) добиле само една Златна Бубамара. А мене после овој еретички текст ќе ме прогласат за тотална “персона нон бубамара” и ќе ме стават на општонационален игнор и презир и нема да смеам да се вратам. Без гајле, Скопје и понатаму ќе има бунтовници, да не речам отпадници од Златна Бубамара или манифестацијата попозната како “Јас тебе војводо, ти мене сердаре и сите среќни”.

Бест џаб евр

Па што е ова побогу? Кај се уредниците и продуцентите по телевизииве? Мислам на приФатниве. Па што спиете бе батки. Џабе ви се и Султани и (срамота ли е да кажам дека не знам ликови од турски серии?) таму некои јунаци од “светските хит серии” за кои никој подалеку од Балкан не слушнал. Чекај малку бе… пази, некој рече и Бред Пит ќе глумел у некоја од нив. Џабе везеш батка…А кој ќе го надсинхронизира Бред…а? Џабе му е на Бред глума, коа Лилиќ е фраерот со гласот. Еј…имаме ли ние некоја манифестација за избор на “Нај глас у турска серија”. Ете…сеа му дадов идеја на Ранко за у следна “Златна Бубамара”. Значи, спремете се за у фебруар за Универзална. Немојте да пиете вода 2 дена, мочајте 3 пути дома пред поаѓање пошто Бубамарата овој пут уместо 4 саата, ќе трае еден саат поише. Ваљда ќе има 3-4 нови категории. Нешто као…”Најмилозвучен глас на злобен женски лик во Турска серија”…”Најтажен глас на лик на изневерен маж во Турска серија”. Ранко…ноу ворис…можеш да ги користиш категорииве слободно, као к`ртеси фром Авгантура. Нејсе…

За телевизииве. Ве шина МТВ, ве растури ко Маленко шо ги растура женските срца не секои 6 месеци. Стварно, Маленко ти е феномен. Некој не може или не смее еднаш, он бе брат кога сакаш ќе ти се ожени. Еве, за него на пример риврс сајколоџи…речи му…ја глеаш онаа со наочарине, онаа црнката…ај не можеш неа да ја жениш. Што ти требаше тоа…он ти е ко Барни Стинсон од ХАМЈМ бе. Одма…челинџ аксептет и консидер ит доне. Имидијетли пристапуе на дело. Завршуе работа експресно и може јузерс мењуал да напише. Нема проблем. Можда ради пливањето, ама чоеков е издржлив и плива ко риба у брачни води. Додуша, често ги мења водите, баш ко у аквариум. Тоа ќе да е. За него као пливач бракот ти е ко аквариум и он плива одлично. Само брачниве другарки некако брзо му се замараат и мора да ги мења. Остај друго, со таква репутација, сеа и се поише удавачи го бркаат. Па чоекот од прва се жени. Чоече, Маленко им е идол на сите запалени МИЛФ фанови. Како и да е, алал да му е, не може секој така.  Има мој риспект. Друго ми беше….

МТВ 3 бе брат растура со гледаност. Си имаат само една серија и си ја фураат целодневно, а гледаност им е до плафон. Ма све живо и диво ја гледа серијата наречена Собрание. Или со поднаслов…”Како 120 полуписмени идиоти даваат се од себе кој повеќе и подобро ќе не прави мајмуни сите нас”.  Енд деј гединг пејд фор дат. Фантастично. Бест џаб евр. На избори ние им даваме право да живеат на наш рачун, ко конкубини, само повеќе платени и со помалку желба за размислување, а тие ни враќаат со тоа што цело време се понашаат со нас ко да сме краш тест дамис. Ние плаќаме даноци(добро, повеќето од нас и затоа сме кој у Авганистан, кој без ебан динар) а тие си решиле нашите пари да ги користат за да се пресметуваат меѓу себе. Едниве као сакаат да ни дадат од нашиве пари, а другите као сакаат за ”наше добро”ние да не ги добиеме. Шо ќе ти е пензија сега…глеј како ние се грижиме за твоите пари. Оваа година ќе гладуеш уште повеќе, само за да ги заебеме овие на власт. Ќе се жртвуваш за да ние дојдеме на власт, а после ние ќе гледаме да ви ги дадеме вашите пари, а оние другите ќе не спречуваат. Па дајте ни ги сега…а??? А да ги остаите нашите пари и да ни се тргнете од пред очи. Сите…вие ситни души и јадници…

stay

Батка, згрешив…Не било ова погоре бест џаб евр. Не. Па не, штом Макрадули решил дури по цена на солзи и крв да ја мења работата и од пратеник да стануе прв скопјанец. Чекај…сеа тоа ли е амбиција на битолчани? Порано, углавном битолчанки сакаа да станат скопјанки, најчесто со мужење за скопски фраер со ајфон, а сега глеам битолчани сакаат да станат скопјани преку политика. И баскет. Значи прв совет за битолчани коа ќе сакаат да станат скопјани. Играјте баскет со скопјаништана, макар и као водоноши. Да бе, па мора некој и флаши со вода да донесе на баскат. А пошто кај скопјанки не им проаѓа шармот, дај со политика. И тоа не само да сакаат да станат скопјани, него  директива на чело на скопјаните.

Градоначелник е изглеа сега бест џаб евр. Мора да е. Глеаш како Јани потресен од могуЌност да стане прв скопјанец, да не речам мејор, се тури од плачење. И тоа само ради шо Нора му рече. А замисли го истото шефот да му го кажеше. Леле… Ваљда од ексајтмент и адреналин кој го мава при помисла дека ќе биде прв битолчанец кој им станал шеф на скопјаништана. И не само солзи…и крв ако треба ќе пролие бе. И крв ќе пролие. Ама не своја…туѓа, макар и од жена. Глеаш на собраниска комисија. Глеаш како е мотивисан, ко Саше Политико у жеља да стане новинар.   Па ваљда изборен слоган ќе му биде..”Ја можа да ви вета само солзи и крвој ”. Мора да му се признае дека е амбициозен, и тоа многу. И поред тоа шо некој рече дека нема ни еден скопјанец што го познава, се збори дека се јавил еден момак, бивши вратар у МНТ-Опера хаус дискотеката. Да, он рекол дека го познавал  Јани од времето. Увек упорно, со години доаѓал на врата, а дечкиве као ирелевантен никад не го пуштале да влезе. Касније, влегол еднаш…на забава на СДСМ по повод ….”…на 15 септембар…”, али екипата на врата била од “службите”.

П.с. Значи…скопјаништа. Гласајте за Макрадули. Ако не друго, коа ќе стане прв (битолчанец) скопјанец меѓу скопјаните, да не речам градоначалник, сигурно ќе ја рестартира Опера хаус. Може под друго име…нешо као “Блад енд глори” …или “Тиарс оф хепинес”…И после има да влага секој викенд, и тоа без женска. Батка мотивација е многу битен елеменат у мозаик звани успех.

Карти за од 6….

Тибам. Си гризнав долна усна од шок. Шо праите вакви стресови на луѓе шо живеат  у ратна зона бе. Аман, риспект  малку…ќе се изнервирам  и бог да чува ќе напраам глупост на Амазон, Волмарт  и Тајгер директ. Ако дое време шопинг  да ми биде лек, налет. После и цела недела да идам на Зумба  нема да ме релаксира као шо треба. Шо бе немој…Фрерите, ничим изазвани  објавуат фотос без назнака…”внимание, вознемирувачки сцени…” Па ми го сјебавте детскиот сон. Хан Соло на вашево фото изглеа ко дедо му  на Микац. Микац бе од последна седмица,  па дедо му, дедо Јонче . Седумдесе и кусур, еј? Остарел мојот херој бе батка. Шо мораше ова да го видам. И одма, секундарно ми текна на Чубака, и знам дека он уше тогаш имаше 200 години, кујзнае како изглеа сеа. Али добро, кај Вуки на фаца не се познаа дали има 40 мање ил више. Али ова со Хан….Пу да тибам…

Зар малку беше пред некој месец Силвија Кристл, бог да ја прости, шо не напушти и остаи у шок. Шок вечи него  коа дознав дека само јас од комшиите и некој Саше..Саше… момак од Тафталиџе(кој бил скаран со Ранко уше од второ оделење ради некој стрип со Загор шо не му го вратил) неаме  добиено Златна Бубамара, ал тоа е друга прича. Ок…бар глеам минџушата му е уше на уво, има кулнес останато…али немојте така.  Абе бејб….свемир, Ратови звзда…Чубака…Принцеза Леа…Лук Скајвокер…Артудиту и Трипио(ја така си ги викав и ич не ми е гајле за тоа шо тие уствари биле R2D2 и  C3PO…ко шо разбрав дестина години после у третиот дел)ти се главен елеменат на сречно детинство и рана младост на генерации родени по шеестрета. Дем…ке треба сите шест  делои деноиве да ги изгледам уше еднаш, као превентива од даљни стресови на оваа тема. Добро…за до крај да бидам коректен, се смирив допунски коа случајно се заглеав у огледало и видов дека косава ми заличуе на сиво белкаста више него на црна…Не колку на Хан Соло, али ипак…натака иде и мојата…Шо да праиш. Него друго ми беше муабетот….

А ти текнуе ли, кино Култура, или кино Вардр 1 од 4 поручек, со батките од маало Зоки и Палитов идевме бар еднаш неделно…ехххх…Уше ми е у нос мирисот на печена пченка и коштаните на ќушот меѓу кино Култура и кино Вардар. Целата церемонија и процедурата наречена “кино од 4 за седмооделенци” , со поднаслов “како го осознававме светот и животот” остана заувек у мене, со сите мириси и целиот филинг. А шиткачите? …”Карти за од 6…кој е за две…ајде карти за балкон…”.

Не си релевантен  фраер ако бар 2-3 пути редарот не те избркал од сала на пола филм ради грицкање семки или гласни духовити досетки за време на проекција. Увек поише ни се идеше у Вардар 1…ради скалите у двојката, кој ќе се качуе нагоре. Плус често у Вардар 2 играа блокбастери од типот “Опа цупа у кревету” или “Пун аутобус Швеџанки”(жими се имаше филмои со овие имиња, ил бар така беа преведени). Али ние батка  одма свативме дека тоа беа филмои Б продукција, без уметнички вредности и никаква шанса за Оскар, и не ги констатиравме многу. Се док не се појави сензитивната и непревазиџена  госпоџица “Емануела”. Ах..еххх…добро…ствар укуса, нали…

Ко шо викаше момакот у порнотеката позади Градежници доле,(кај Коко и Чешма шо беа со дуќанчето)…”Брат…не се сите еротски фантазии екранизирани…”, коа некој муштерија ќе му побараше некој филм шо он го нема, а со немогуча комбинација од типот…”црнкиња у пар с`с нашега, качени на веш машину…а машина по могуќнос Вирпул да е, с`с доње пунење, од 2500 обртаи… и црнкиња да не биде испод осамдесе кила…” . Бај д уеј…типот имаше фул каталог на филмоите со главни ликои и со кратка содржина, да не речам фабула, заплет и епилог. Леџендери…Епилогот увек беше експлозивен и у течно стање…, а он увек порничите  ги глеаше до крај. За да види дал главните јунаци на крај ќе се земат.

Оф топик. Го слушам колегава до мене на телефон збори. Изглеа куќа прави дома, има некои мајстори. Му објаснуе на другар му молерот за боја на фасадата…”Ало…ти реков фанта боја…Ф А Н Т А …тибам….абе не миринда..глеј бе….ја му викам фанта, а тој….абе нијанса као на оранж нешто, ко на Холандија дресоите. Абе не им се плави, плави се коа играат у гости, дома коа играат им се ко Фанта. Е како бе не си ги гледал дома коа играат, па против нас играа. Тогаш коа на Жути само Сент Мирен или Сент Гален, кој беше… го заеба за 30000. Да….ја имаше прво јаче и не му ја даде….а ти…шо си запнал со таа миранда….лелееее”.

п.с. Со цел на помладата популација, а мои  читатели да им го олеснам читањето и разбирањето на овој пост морам да додаам фуснота со објаснуење на некои термини, поими и имиња. Не реков дека нишо не знаете и дека сте млади и наивни…не брзајте со реакции…

  • Амазон, Волмарт  и Тајгер директ- една од најгенијалните измишљотини на цивилизацијата. Едноставен и лесен начин како на луѓе кои имаат пари а немаат многу време или активни сиви ќелии им продадеш фармерки Левис-оргинал од Никарагва, Адидас тренерка од Виетнам и разни џиџи-миџи шо никад не би им требале, осим да попунат место на таван. Да бидам искрен, и ја сум некад у таа група, али само ради тоа шо сум у пустиња и тука неам Скопје Сити Мол. Значи, нешо као џиџимиџарница од Шутка, само мнооогу фенси и без могуќност за ценкање, као со Елвис на неговата тезга.
  •  Хан Соло(некои после го завикаа и Индијана Џонс, али тоа е друга прича) легендарниот пилот на спејс шатлот  Милениум Фалкон у филмови Стар Ворс, да не речам Ратови Звезда. Мој личен(тотали нон геј)херој на детството и рана младост. Чоек кој сака животињи(као Чубака) не може да е лош. Плус, спашава се живо и пребија лоши момци. Некои го викаа шверцер(више као занимање, а не као навијачко определење), ја би рекол дека е прав Комита, а може да пројде и као Дромец. У еден моменат сваќа дека као подинец е многу битен елеменат од целото(Цело е коа има се) и комплетно се посветуе на заеднички циљ, да се победи злото. Могуче е да у денешно време и биде уапсен у акција на МВР под име “дарт вејдер”, ради неплаќање данок и царински прекршаи. Настан кој кај мене би изазвал да размислам за кого би гласал на следечи избори. Се надам нема да се деси.
  • Чубака. Нешо као Јети(они ги викаат Вуки), интелигентно животинче и најбољи другар на Хан,негов копилот и вингмен коа бркаат женски. Нормално дека 3-4 пути си имаат спасено живот еден на друг и делат се.
  • Силвиа Кристл,“краљица снова” на цела генерација бубуљичави тинејџери у седумдести-осумдести од прошли век. Иначе, Холандска актерка , затоа после сите на Јадранска обала бркавме искључиво Хаоланџанки. Госпоѓица која ни го покажа сиот раскош на женско тело, страст, еротика  и да не речам секс као таков. Право откровение за сите нас. Нејзиниот светол лик и тело на фотографија можеше да се најде под секој тинејџерски кревет или јастук.
  • Ранко Петровиќ(ака Ранко Бубамара) момак, градско дете по нашки, кој не прашта коа нема да му вратиш стрип, посебно со Загор. Љубител на етно музика и село(шо е апсурд, пошо е градско дете), угостител и туристички професионалец кој поштуе Маршал(не се мисли на музички појачала) и традиција. Допунски се бави со медиуми, у форма на радио и као голем филантроп (малку личи на Дедо Мраз, ал у фебруар)еднаш годишно собира одредена група на луѓе, ги затвара у Универзална пет и пол саата и на оној шо ќе издржи до крај а да не се помоча(од смеење)му дава награда и го пушта да се олесни у тоалетот. Се раскажуе мит дека еднаш на додела на Златна Бубамара присуствавал гореспоменатиот Саше…Саше, као дух…се појавил за миг и го снемало. Тоа е једини пут у историја коа некој кој не добил Бубамара, бил на лице место, да не речам он д фејс оф д плејс. Потрагата по Саше…Саше е у тек, а пошо ја сум у џенем далеку, остануе Скопје без “човек кој никад не добил Златна Бубамара”. Се док не го фатат Саше..Саше. Има непотврдени информации дек постојат два лика кои само еднаш, повторувам…само еднаш добиле Златна Бубамара, али не постојат релевантни докази.
  • Зоки и Палитов. Мои комшии и другари од детство. Мило ми е шо и нашите деца денес се дружат, пошо ние малку се одалечивме ради разни причини.
  • Кино. Нешо као сала, место кај шо се збираат различни карактери со иста цел. Да се избега од реалност и да се влезе у чудесен свет на машта, или да се напраи добар петинг со цурата, пошо твоите се секоја вечер дома, а на клупа у парк е ладно и има манијачишта, да не речам пазачи. Најс плејс ту би, осим коа некој ќе полуди и ќе помисли дека е Џокер и почне да пука у киното. Добро…увек има екстремни ситуации. Као коа Милан еднаш тепаше, у прошла сезона мислам беше.Иначе кино е сасвим ок и ја го поштујем максимално. Дел од моје детство и младост. У мрак на кино паднале и први еротски додири. Коа некој со девојка му касно ќе влезе и у мрак покушава да најде столче, а ти случајно баш девојка му ќе ја потсопнеш док проаѓа меѓу седишта, и она ќе ти седне у скут. Прајслес. Добро…да не ви давам лоши идеи. Коа ќе размислам, скопско кино ќе му е нешо као први покушаи на твитање у историја. Седиш у мрак, посматраш настан и ситуација и со сила се праиш духовит коментирајки гласно шо се дешава. А другар ти ретвитуе за публика у десна половина на сала.
  • Коко и Чешма. Мои пријатели, градски ликови…легенди на скопските журки, радија и диџејство. Диџеј(нормално)се викаше дуќанчето позади Градежници кај шо висевме со саати снимајќи и преснимувајќи најнови траки, коментирајќи ночни живот и дешаванки. Кој никад не снимил касета(TDK 90 chrome беа за мене најбољи) кај нив не знае шо е музика или диџејство. Кој не бил у локал кај шо тие пуштале музика, не знае шо е журка(Со дужен репект према сите мои колеги диџеи)
  • Сент Мирен, Сент Гален….Некои градчиња вукојебини у Шкотска или Швицарска беше, кај шо има фудбалски клубови од седма Ц лига. Многу битен елеменат на социолошкиот моменат кладилница и легендарното…”ме заеба само една”. Општествено коцкарски активности поврзани со цело дневно зевање у билтен или телетекст, нарочито за викенди, а проследено со финансиска загуба на пари, и материјални добра. Посебно коа  елементот”една” ќе стапи на сцена. Тогаш материјалното(дал столица,  дал прозор) се претвара у имагинарно(стотици ситни парчиња) и филозофско прашање(кај ли да најдам пари за нов прозор)

п.с.с . Пак ми се иде у Бразил. Не…не сум бил. Пред некој ден ми се идеше, еве сеа пак ми се иде.

Кога просење е ин…

Разговараат Македонец, Косовар и Американец. Добро де, не е ова  некој виц…уствари, разговараме јас , Кадруш и Морис. И сеа некој ќе рече, штом сте у Авганистан, у Америчка воена база, за што ќе разговарате. Војска, талибанци, платата, кога на одмор и тоа. Не…ние чат пат збориме и за рачни саати Инвикта, бренд кој е многу ин по Америчкиве контрактори во Авганистан, или за тоа дека Самсунг Галакси таблетот е топ у своја категорија, и дека аксес поинтот од него, барем кај мене  одлично шљака. Разговараме и за политика, и за тоа каде и како ќе бегаме ако Изрел го бомбардира Иран, а овие па за да вратат ги бомбардираат  Америчките бази овде. Ние не сме многу близу до Иран, али што знае руска ракета што е 400 километра. Ја веќе си договорив еден комплет од гардеробата на мајка му на Азрат за камуфлажа  и едно магаре. Јеби га, мора да мислиме и на ритрит стратеџи, џаст ин кејс.

Туку, кога сме кај Азрат, тој е инаку дваестина годишен Авганистанец кој работи овде во магацин. Пред некој ден дојде да ми донесе нешто и цел вџашен(го сакам овој збор уште од трето оделение и лектирите, а неам поима дали е македонски) и ми вика….” ти си близу до Босна?..”.Му викам …”па и не баш, као вие до Индија…зошто..”. Неам поима дали знае колку е далеку Индија од нив па му реков дека сум запознаен со Босна и околината. Ми вика, цел у прашалници…”зар е можно тоа, зар може луѓе такви работи да прават…” Што е работава батка? Сега ја цел у прашалници, мислев да не имал некој проблем со Босанциве овде во базава. Не…батка, не е тоа. Азрат го гледал на видео “Лепа села лепо горе”, ти текнуе. Човекот не можел три дена да заспие. Шокиран…”неверојатно”, ми вика…”вистина ли во Босна се правеле такви работи као на филмот”…Ти ибам, Авганистанец, чоек од земја која со векови ратува и има талибанци као домашни миленичиња, чоек од земја која преживеа Руска окупација и со векови  има племенски војни, земја во која на жените им се отсекуваат уши и нос као казна ако случајно погледне друг маж, и коа тој е шокиран од крвниците од Балканот, ај рест мај кејс.

Тука е муабетот од почетокот.Разговараме ние тројца, и  едно три дена со Кадруш му објаснуевме на Морис како е можно после Втора светска војна и клањата во тогашна Југославија и Јасеновац, пак Срби и Хрвати да живеат заедно у иста држава. Како му објаснуевме, и сам не знам, ваљда е Тито у прашање и системот, али ете слично се деси и у девеесетите у Босна. И ете сеа после петнаес години, после клањата и крвавите пирови и на едните и на другите, пак у Босна живеат заедно, или бар еден покрај друг. Стрејнџ…баш така. Чудни сорти сме ние на Балканов мајку му.

Коа ги спомнав жените у Авганистан, ми текна на “Златна Бубамара”. На Ранко на времето коа почињаше му викав да земе и да си праи евиденција. Некој софтвер или нешто, кој ќе му помогне да ги стаи на списак сите кои добиле Бубамара, која година и за што ја добиле истата. Исто така  и повратниот ефект за Ранко од истото. Пример, од која агенција шо добила Бубамара, колку реклами добил Ранко назад и колку месеци се пуштале рекламите. Или кој водител колку пути во која емисија му кажал фала или кажал неколку добри збора за Ранко и Бубамарата. Батка, не е едноставно да се евидентира се тоа. Многу народ е у прашање. Мора да си напраи добар софтвер за ова. Сеа слушам ќе ја праеле Бубамарата интернејшнал. Пошто уште малку народ у Македонија остана без награда, а многу луѓе имаат и по 2-3 пати добиено признање, па да не се понављаме. Почиња прво со Србија и Бугарија, па и даље…здравје само. Добар систем е Бубамарчето. Награди ги сите, и сите ќе те сакаат. Имам предлог за нови категории, пошо глеам малку стагнираат со новини. На пример…”Најбољи другар на Ранко од детство, кој секоаш му пишувал домашни”, или  “Продавачка у маалски минимаркет која е најнасмеана коа му вика добро утро на Сашко Коцев”. А може и да направи награда за публиката…”Златна Бубамара за посетителот кој ќе издржи 4 саата до крај на манифестација а да не отиде да моча”. Имам и друг предлог. Пошо сака да се зближи и со соседните ни држави, а тие се баjаги поголеми по популација, за да не му треба седумдесе години за да ги награди сите, да си прави фино лепо Бубамара секој викенд. А…шо викаш, ќе заврши со Балканов за 3-4 години. И после батка пријатели за Ранко колку сакаш. На путарина кај Ниш ќе проаѓа као Новак Џоковиќ да е у прашање, а у Банско увек ќе има паркинг слободен за него. Ако случајно сака да ја прошири нашата најценета манифестација и на Азиски континенат, ја му стојам на располагање. Ќе прифатам да добијам награда “Македонец на привремена работа во странство, посебно во Авганистан, а кој не е од Куманово, кој најдолго издржал да не гледа Златна Бубамара”. За возврат ќе ја промовирам манифестацијата по Блискиот и Далечниот исток.

Туку, за жените беше муабетот. Чоек денес да не е жена. Ако си у Индија, ако дознаат дека треба да се родиш као женско, ќе те абортираат. Затоа со закон е забрането на будучи родители  доктор да им кажуе што треба да им се роди. А ако ипак се родиш као женско, тогаш тешко на татко ти. Треба да се тури од работа и да печали крави или ниви за да  има што да му дае на твојот будучи муж, за да овој се сложи да те земе и да те рани после, а ти мораш да гледаш да раѓаш само мушки деца. За Авганистан ви кажав више. Дали жена имаш дома или куче, исто ти е, плус кучето помалку јаде и не мораш да го осакатуеш ако случајно сака да иде у школо или недај Боже погледне друг муж. Е глеаш како е по светов? А кај нас бе батка женава е као божица. Секоја част и поштовање ја добија и секоаш. Посебно за Осми март. Па тогаш имаш бе брат цвече као да сме Холандија. Секоја дама добија и чат пат по некој доњи веш, или парфем, а сите скоро без искључок добијаат и опа иха. Не мислев на секс…ееее…одма на секс да се мислело. Мислев на опа иха на маса у кафана. Чочеци и турбо фолк бе батка као да им зависи живот од тоа колку поише ќе се изнарипаат по маси и столици на Цеца или Аца Лукас.

Жената е максимално поштована кај нас, осим коа некој у сред вести или на Бубамара ќе ја праша дали сака да се мужи за него. Ја да сум жена и така некој да ме избламира, у најмала рука ќе му речам не, а може  и физички го унаказам. Па што е ова мајку му. Јес да и ја поштуем Амери и посебно нивни долари на мој рачун, и чат пат по некој добар филм или тв серија, али брат…многу се глеало Холивудски романтични комедии кај нас. Па што е ова побогу. Тоа просењето по филмови е бре…а не у живо. Тешко е у живо да се изведе. Шо да праиме сеа ние неаме НБА или  безбол утакмици па на стадион да запросуеме девојка. Кај нас на утакмца ако сакаш да запросуеш, треба многу да се потрошиш. Прво, кај нас утакмица никад не иде на телевизија, нема пренос. Аутоматски немаш аудиторијум. Второ, пошо никој не иде на утакмици, ќе треба да платиш свои луѓе да дојдат као публика, а тоа ем ќе биде скупо, ем нема да биде изненаѓење, девојка ти ќе свати коа ќе види само 30 луѓе на трибина и се твои другари. Неаме сите телевизии и Бубамари на располагање. Немојте бре луѓе да ги расипуете врските на нашиов млад свет. Сеа девојчици гледаат како се проси на телевизија,  и утре брат не прифаќаат ништо испод запросуење на плоштад на споменикот Воин на коњ, ама на коњот горе да пишуе со црвена боја “Вил ју” , а на Палата Македонија со жута боја “Мери ми”, а у позадина Распеани Скопјани да ја пеат “Лав ис ол ароунд”. Лошо тргна работава со просењето(ај некој нека ми каже дали е ова Македонски термин за барање некој да стапи во брак со тебе). Требаше да се почне од обични просења, а не право на вести на телевизија или на пренос на Бубамара. Многу високи стандарди поставуете, сеа младиве се на мука. Како бе да биде некој сеа фраер као Сашко Коцев?

 

п.с. Може мене сонцево ми го спржило мозакот, али ја ипак мислам дека така бе брат ги вреѓаме своите будучи сопатнички во добро или зло. Ипак мислам дека прашањето треба да биде интимен чин меѓу двајца кои се сакаат и сакаат да основаат семејство и заедно да се нервираат за неплатени сметки, за кецовите на децата у средно, за ратите за колата која неаме каде да ја возиме, уште помалку кај да ја паркираме. Заедо у добро и зло. Додуша поише зло него добро, али не им кажујте на будучи младенци….