МВР

Паталци

 

Не знам дали сте слушнале, но има една голема и важна новост. Да. Последниве неколку месеци во МВР и сите негови структури се работи на измени на подзаконските акти и сите правилници. Да…иако не е официјално најавена и претставена на јавноста, сепак оваа активност е многу интензивна и на големо се работи на овие многу значајни измени. Во интерес на одредени здруженија на граѓани со специјални потреби, МВР започна со подготовки за имплементација на новите процедури во работењето.  Граѓаните со специјални потреби се многу важни во нашето општество, затоа МВР одлучи да им помогне.

Браво. Но за што се работи? Кои се и какви се тие здруженија на граѓани со специјални потреби? Здружение на глуви и наглуви лица? Не. Сојузот на слепи?  Инвалиди на трудот, Сојуз на борци….? Не..не.  Ништо од тоа. Тоа се здруженија на заслужни граѓани или  граѓани со посебни потреби. Во овој случај се работи за граѓани со “специјални” потреби. МВР и досега излегуваше во пресрет на овие здруженија, но овојпат се работи за сериозни измени и унапредувања на постоечките правилници , а се со цел да им се олесни животот на граѓаните кои припаѓаат на групата граѓани со специјални потреби.

27-funny-pictures-511

 Значи, се работи за нешто  сосема друго, ново здружение на граѓани со многу посебни, специјални  потреби. Малку необичното име гласи: “Сојуз на граѓани ПАТАЛЦИ” Членови на оваа асоцијација се:

  • – граѓани/активисти со оштетени колена од  активности во канцеларијата  на политичкиот комесар,
  • – граѓани со изразена потреба од активизам заради  себе промовирање и прибирање значајни средства од ЕУ грантови,
  • – хронични снобови,
  • – граѓани самонаречени бранители на човекови права и слободи на ЛГБТ популацијата и  на бесправно и неправедно кривично гонети  опозиционери
  • – и граѓани и политички активисти кои се многу напатени од неостварена желба за власт и од преголема желба за остварување на личната вендета кон некој поединец-член или кон политичката партија на власт во целост

Да , навистина напатени и исфрустрирани граѓани. Но еве за да биде по практично, ќе ги наречеме ПАТАЛЦИ. Да појаснам. Според типовите и карактеристиките на членовите, делува дека се работи за голема групација на граѓани, но податоците говорат за тоа дека всушност една мала група исти граѓани спаѓаат во повеќе од посочените категории. Еве еден пример кој пластично ќе ја илустрира вистинската слика за повеќето членови на оваа асоцијација. Значи,

  •  лицето Н.Н е по вокација новинар (како мал учителките секогаш му ставале срценце и смајли на рачето кога пишувал песничка за пролет) кој со цел за себе промовирање во потенцијален ПР директор, портпарол, Секретар за информирање во градска организација на комираната опозиција , или барем на некоја општина или (дај што и да е) урбана заедница, често пристапува кон оштетување на своите колена од активности во кабинетите на политичките комесари.
  •  истото лице Н.Н е активист со огромна потреба од средства заради хроничниот снобизам  (два елемента кои се право пропорционално поврзани-што поголем е снобизмот, повеќе средства се потребни за исполнување на потребите на снобот)
  •  истото лице Н.Н е бранител на човекови права и слободи  на припадници на ЛГБТ и невини опозиционери  осомничени за криминал  ( тесно  поврзано со предходниот елемент-за да се задоволат потребите од погоре, преку активности во НВО кое се бори за правата на “напатените” лицето се активира и со максимална посветеност дава се од себе за средствата од ЕУ грантовите безбедно легнат на негова сметка)
  •  и конечно, истото лице Н.Н е напатен граѓанин кој уште од  дете (кога Мики за еден глас поткупен со ужинка му ја зема функцијата Претседател на 4 б оделение)  сонува конечно да заземе некоја владејачка позиција, посебно затоа што истиот Мики веќе неколку години чисто за негов инат е во владејачката гарнитура на висока позиција.

Значи, МВР, за да им излезе в пресрет на  ПАТАЛЦИ групацијата, започна со активност и во насока на  измени кои значат дека секоја акција на униформираниот дел на полицијата, и специјалните единици, насочена во правец на лишување од слобода на лице барано од судот, или лице осомничено за  криминал, а член на горе споменатата асоцијација мора уредно да биде пријавена до Акциониот тим на групацијата ПАТАЛЦИ наречен Гандиеви внуци.  Акциониот тим може да биде контактиран и преку веб страната clenstvotoznacimirisloboda.sds .

Доколку по некоја случајност МВР не ја извести групацијата ПАТАЛЦИ за одредена акција, тогаш веднаш се активира Гандиеви внуци  тимот, и почнува со интензивно известување на сите ЕУ институции вклучувајќи го портирот Хелмут и хигиеничарката, тетка Моник.

Според договорот, потпишан со посредување на нашите пријатели од ЕУ, акциите на МВР мора да бидат објавени во Службен весник и во најмалку еден дневен весник и една телевизија со национална концесија a од опозициона провиниенција најмалку 3 дена пред терминот на акцијата, а субјектот ( осомничениот ПАТАЛЕЦ) мора да биде известен со уредна достава, потпишана од осомничениот и најмалку 3 членови на неговото семејство и еден сосед со кој не е искаран (овој услов се испостави како многу тежок за исполнување).

Акциите мора да бидат надгледувани од третата засегната страна, Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает”, и  од Гандиеви внуци тимот, а примената на сила при апсењето мора да биде во корелација со движењето на звездите на небото. Односно, припадник на МВР смее да примени сила врз лице кое треба да се лиши од слобода само ако додека трае акцијата падне некоја ѕвезда. За таа цел е ангажирано Астрономското здружение Соларис, кое учествува во секоја акција на МВР со еден свој член кој континуирано го надгледува небото. Во облачни ноќи забранета е примена на секаква сила, напротив, обврска е  на припадникот на МВР е да му понуди кебенце на осомничениот. Облачно небо подразбира ниски температури и настинки, а никој тоа не го посакува. Аналогно на ова, апсење во дневни услови не смее да содржи примена на сила оф ени кајнд, а кебенцето може да биде заменето со чај од нане со лимун (2 кришки) и 3 месечна претплата на списанието “Здравјето на ПАТАЛЕЦОТ – наш приоритет”.

Доколку се јави потреба од итна акција, односно доколку член на Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает” или на ПАТАЛЦИ групацијата има неодложна потреба од криминална активност, а припадник на МВР се најде во негова близина, постојат две опции. Или припадникот на МВР да се оддалечи од местото на случувањето или да го замоли господинот да биде по внимателен зошто може некој да го забележи.

Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает” имаше забелешки на оваа нова пракса на МВР, и бараше известувањето да биде доставено заедно со доказ за уплатени 2000 денари на сметката на Фондот на трагично уапсените членови на здружението-“Идризово младост моја”. Заеднички јазик е најден и договор е постигнат со помош на Гандиеви внуци, и сега се уплаќаат средства во висина од 1000 денари и секој уапсен добива бесплатен примерок од Билтенот на Гандиеви внуци “Патам значи постојам”.

Досегашната примена на овој договор покажа неколку слабости, но не значителни. Во неколку случаи заради не редовна достава на лимон, чајот бил послужен без истиот. Гандиеви внуци се обврзаа секогаш да имаат по еден лимон со себе за во случај на недостаток на истиот кај органите на МВР. Општо гледано, задоволството е големо кај сите партиципиенти, а “Здружението на граѓани повредени при пад од висината на своето его на висината на својата интелигенција” најави свое учество во активностите за подршка на ПАТАЛЦИ.

Во знак на благодарност, Здружението на Професионални криминални работници –“Златен занает”, најави дека редовно ќе ги посетува домовите на сите членови на Гандиеви внуци и  ПАТАЛЦИТЕ, во време кога домовите им се празни, со цел да им помогнат истите да бидат  исчистени и  да се ослободат од сиот непотребен а вреден  имот. И онака Гандиеви внуци се познати по спартанскиот живот и непотребниот луксуз ги оптоварува. Освен Луј Витон и Сваровски, но тоа е сосем друга приказна.

П.с. Познато е дека кај нас гласините брзо се шират, така и веста  за овие измени во работењето на МВР веќе е раширена помеѓу жителите на КПД Идризово и Истражен затвор Шутка и потенцијалните нови ПАТАЛЦИ таму. Најдобар доказ за тоа се резултатите од последната анкета спроведена меѓу овие наши сограѓани, жители на овие институции. На прашањето што најмногу ви недостига во затворот, одговорите биле следни:

  1. – Сармата на мама – 11 %
  2. – А1 телевизија – 5 %
  3. –  Резервна батерија за мобилен , модел Самсунг Галакси С4 – 21 %
  4. –  Членска книшка од СДСМ – 63 %
Advertisements

TOSLOW4ME

Шо ти е живот. Некад стварно знае да си поигра со нас. Као природава на пример и снегот шо не затрупа у пустинава Авганистанска. Минус 10 и снег до колена. Јеби га, од глобалново затоплуење измрзнавме. Стварно, да не ни се деси 2012 и катаклизмата, као на филмон. Па добро ја сум близу до Тибет и ќе претрчам да фатам место у тоа бродовите. Не, стварно…а женава и децата ќе ги пратам у Охрид. Таму не смее да дојде катаклизмата, пошо Аце градоначалникот ќе го затвори путот кај Подмоље. Тоа ради Скопјанишча беше, али добро ќе послужи и за катаклизмата. Па исти ѓавол ти е дали Скопјанишча ти дошле по плажине или те здесила 2012 и катаклизмана.

Или да ги пратам у Карпуш…кај Стефчо? Он знае да се справи со катаклизмични сценарија. Виде како само он прогласи елементарна непогода у Скопје. Никој друг градоначалник не е спремен ко Стефчо. У Пржино, луѓе аутата ги мењале за пар Хаски и санка, а Водњанци организирале по роднини за секој кој се симнал у Центар  да останел на гости до пролече, или у најмала рука збирале потписи за жичарата од Средно Водно да се продужи до Рамстор. И глеаш, у нивна општина немаше прогласена  катаклизма. Газда Тинекс нејќе да ги узнемирава своите муштерии…сограѓани мислев. Па снег као снег…ние ипак мораме да купуеме…у Тинекс нели. Иначе од Капиштец  до Тафталиџе 2  тополине ги исекоа ради предострожност. Да не ни се деси у пролече да почнат да летаат оние белине од тополите, па Стефче да  реагира мислејки дека е снег и да не ни прогласи елементарна непогода у мај.

Што знаеш…спремен е чоекон…и тоа ту мач. Глеаш сеа објави на сите можни медиуми, на интернет, на телевизија, по весници…насекаде објави …и тоа како  важно, сензационално, фантастично…дека бездомниците у Општина Карпуш имаат отворени врати во општината, за да преноќат и да добијат чај и да се згреат. Браво…само, не знам за кого е оваа информација. Бездомниците сигурно на своите лаптопи и таблет компјутери ќе прочитаат на онлјн порталите за ова, или на своите биг скрин телевизори ќе видат дека Стефчо мисли на нив. Може на своите ајфони  ќе добијат СМС од Стефчо химселф. Весници сега тешко дека читаат, поише ги користат за огрев. Така…акцијата си има свој ефект. Сите дознавме колку е Стефчо хуман. А кога и како бездомниците ќе го дознаат тоа?

Него друго ми беше муабетот….Глеам дека МВР ги престави новите таблици. Ме потсети ова на времето коа се возикавме со екипата по Скопје со моето Фичо од 1966 година. Ех што има проживеано тоа Фичо. Да знае само да збори. Добро, и јас некад бев нефер према него и го губев неколку пути, заборавав кај сум го паркирал. Па едно време не можев да го закључуем и коа ќе идевме у Тропикана ќе го остаев на улица, на булеварот. Тогаш беше друго време, немаше толку пајаци и казните не беа  као сега 3 просечни плати ако застанеш на булевар, а ако паркираш на булевар боље продај го Фичото за да ја платиш казната плус пајакот.

Нејсе…ќе го паркирав Фичото на тревникот(сеа се срамам ради тоа) на тогашен булевар ЈНА и ќе заглавев унутра, у Тропикана. После 2 саата и 12 штока коа ќе излезев надвор, фичото го нема…У прв мах мислиш дека е од штоковите, али не е, тоа ти е редовна доза и не утиче на твојата способост за нормално запажање. Тоа баткиве мои  го избуткале фичото до позади Нова Македонија па иди ти најди го. Него за таблиците ми беше. Се сеќаам еднаш неколку дена го возев без кочници. Мајстор Славе беше на одмор, а сам ме мрзеше да чачкам тоа гуртните. Не беше многу опасно, немаше толку аута по Скопје као сега…а и се возеа Рено 4 и Стокецови, по некој  Фиат милетреченто и чат пат ново Југо 45, па и да акнеш некого, се издржуваше да платиш за поправка. Ај сеа ризикувај така да те видам…Него…лонг стори шорт…ме заустави полиција, и одма знаеа дека неам кочници..пошо не можев да застанам коа ми даде знак, туку застанав сто метра подоле. Ми вика џандарот, …”ти немаш кочници…а..”.. А ја се праам као мутав…..”…да бе…сеа изглеа ми откажаа,  ах тој мајстор Славе пак ме заебал ми стаил половни гуртни…”. Ми вика ај вади ги таблиците. Е тука се заебал…таблиците брат свети Петар не ги вади…му викам ако можеш извади ги ти, ја не сум стручен за таа работа. Се мучеше едно пола саат, пошо без заштрафени немогуче…и на крај ме однесе сосе фичо у станица. Таму некој командир ме позна по презимето, бил пријател на татко ми, и се извадив. Туку…за таблиците …

Замисли сега шо ќе се дешава. Нови таблици и за само 1200 еура моеш што сакаш да си напишеш на таблица. Револуционерна одлука на нашата Влада. Ова значи вистински пресврт за нашиот банкарски сектор. Па сеа има кредитите да идат ко алва. Не се ни битни условите и каматите. Батка…зимај кредит и купуј таблица по твој ќеиф. Па сеа бе можам да напишам на таблица TOMECAR, или 5ROVSKI…Сеа ќе можам да се чаламам со таблици ACETRADE, или MUFCNO1 или специјално за патриоти LOVEMKD, или за партиски фанатици SDSM4EVER. Тооо…браво за МВР.  Генијална одлука која ќе го придвижи нашиот бизнис. Се кладам дека и продажбата на нови аута ќе се зголеми. Сеа дилерите спремаат понуди за нови аута со таблица по избор инклудет у цената. Луѓе ќе почнат прво да ја планираат таблицата и што ќе напишат на неа, па после какво ауто да купат. Плус…Владата ќе има уште еден аргумент дека нема сиромаштија кај нас. Па улициве и онака ни се пуни со бесни коли, сеа и уште на нив таблици од 1200 еура ќе имаме.

 

п.с. Се кладам дека у следниве неколку години ќе имаме и промена у трендот на имињата на новородени мушки деца. Се поише деца ќе добиваат кратки имиња, као Тео, Лео, Аце, Мац, Мики, Тони…за да имаат поише могучност за да си го напишат на таблиците името и  нешто интересно, пошто пишувањето е ограничено на 9 букви.

Ние да не сме Самоа?

Не сакам да се “репетирам” (како што вели една возбудена слушателка на едно наше радио при јавување во живо), ама морам да повторам еден податок кој пред некој ден го објавив овде. Вели…општата доверба кај нашите граѓани изнесува само 9%…Значи…нашиот граѓанин едноставно НЕ ВЕРУВА. Не мислам на религија….Македончето брате не верува никому. Никому. Овие 9 % веројатно се луѓето кои безусловно веруваат во партијата. Ништо друго не доаѓа во обзир.

Жена му му направила гравче со ребра?!?! “Ма каки бре”…додека не ѕирне во тенџерето не верува, дури и кога ќе ги види ребрата, мнооогу е сомничав, па додека не оглода неколку, ништо….не верува. Како не…она ќе ми каже мене ребра. Комшијата му тропа на врата и вика…”..комши бре…ти гори кровот..”… Нееее……”он мене ќе ме мафта, сака да ме стане за да не си ја догледам епизодава од “Мењам жену”…”. .. Дури и сирените кога ќе ги чуе, не верува…мисли дека комшијата купил Турско сиренче од пластичните од Бит пазар па го чека пред врата со фото апарат за да му ја фати фацата кога ќе излета надвор “главом без обзира” и после да ја постира на Фејсбук.

Општа не доверба да ти владеела меѓу нас. Иако…кога ќе размислам…и не е баш општа недоверба. Да не е некаква грешка овој процент. Или политиката не е влезена во тоа истражување. Тоа ќе да е. Па да….инаку…како на пример кога Владата или МВР ќе објави дека уапсила лице(сопственик на медиум) кое е осомничено за криминал тежок 20 милиони евра, педесетина и некој процент од луѓето веруваат а другите велат дека се работи за “намештаљка”, или политички реваншизам. Нема шанси, како може телевизија која ги има “Волците” и “нај добрите” и “нај реалните”вести да правела криминал.

Ајде, да речеме се работи за медиум, иако криминалот си е криминал, макар бил и во медиум. Но што е со новата ситуација наречена “Калдрма”. Нема медиум…нема газда – политички не истомисленик. Има обични луѓе, вработени на патарини, кои(според МВР и нивната истрага) ја оштетиле државата за 2 милиони евра. И тоа 85 вработени и шефови од патарина се уапсени заради криминал. Нееее…. не верува Македончето…какви…не е точно. Не мафтаат овие ..”како да не…2 милиона…а кај се парите?…а…а да ги видиме сериските броеви на еврата…сите два милиона “.

Така….Не верува Македончето ни на својата мајка а не на некој си таму Груевски. “Како да не, сега ќе речат дека се бореле против криминал и корупција…а еве Тасева и Транспарентност велат дека сме паднале на листата од земји според перцепција на корупција, ете сега сме 69-ти, а лани сме биле 62….”  Ете ти…пад од 7 места… Хрватска и Црна Гора се едно место пред нас. Скандал…па што е ова, ние да не сме Самоа?

Види мајката…баш со Самоа сме на делба на истото 69-то место. Е, за никаде сме биле. Ама види, и со Италија го делиме истото 69-то место. Што е сега па ова….и Романија и Грција се зад нас на истата листа. И Бугарија и Србија биле зад нас, и Албанија и Косово и БИХ. Веројатно Тасева сакала да не пофали дека сме подобри од целиот регион, и од 4 земји од ЕУ.

Не…да го соопштеше ова Владата, другиот дел од населението ќе веруваше, а кога НВО ти соопштува, ти едноставно мораш на НВО да му веруваш, “у име партије и другова”. Како беше…чашата до пола е празна, или до пола е полна?

 

п.с. Многу се изненадив. Ја знаете онаа старата…” Од тројца Македонци, еден е комита, вториот е војвода, а третиот предавник”. Е изгледа тоа не важи веќе. Во случајот “Калдрма”, од 85 уапсени, само 7 од уапсените прифатиле да соработуваат со полицијата, и заради тоа не добиле притвор.