Миленко Неделковски

ЕУ предлог решение за медиумска (не)култура (non paper)

  

Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во процесот на евро интеграциите е веќе објавен. Најмногу внимание предизвика делот од извештајот каде се говори за Медиумските слободи, слободниот пристап до информации и за првпат употребениот термин медиумска култура. Еве еден дел од извештајот кој остана сокриен од јавноста. Ексклузивно.

eu-flag-color 

Media freedom and human rights report

 

1.     Пристап до информации

 

  • Секое утро Премиерот да поднесува извештај до опозициските медиуми за тоа колку точно минути ги миел забите (со која рака и со каква паста). Пастата мора да биде купена од про опозициски маркет и рекламите за истата да бидат присутни на најмалку 30 (триесет) опозициски портали плус онаа смешка од портал на оној Саше…Саше забравам му името. 
  • Миленко Неделковски да објави колку точно кози има, од која раса (оргинална боја и старост потврдена со извод од ветеринарна болница). Болницата мора да биде на опозиционер ветеринар (ќе се утврди од неговиот ФБ профил со статуси против СК 2014 и барок). Исто така Миленко да објави кој му ги моча шарпланинците и во кој парк или шума и од кој тендер е платен човекот. Исто така да објави кој му ги дресираше да лајат само по соросоиди и дали додека беше во Кина научи како да ги дресира да мочаат само по колите на соросоиди. 
  • Јанко Јади Бурек да објави колку инчен му е мониторот во студио и која резолуција е. Иста резолуција да му се овозможи и на Бранко Героски (со по пристапна цена заради тоа што е тингл /отвори нов 37-ми весник). Јанко да објави со каква Виледа се чисти истиот и колку пати се пере истата и дали платил сметка за вода, на кој датум и да ги видиме сериските броеви на новчаниците од 1000 ден. Дали се користи Сјај или Доместос (слободен ЕУ пазар) и да се наведе и теткицата од каде купува бурек со месо за појадок. Ако бурекот чини 35 ден. во чии џепови завршуваат 5-те денари кусур (теткицата или продавачката) Ако Јанко ги бара назад, срам да му е.

 

 2.     Медиумски слободи и медиумска култура

 

  • Да се создадат услови и да му се овозможи на Бранко Героски слободно да отвара медиуми (весници, портали, а посебно петпарачки весничиња). Наместо досегашните 3 (три) медиуми годишно бројот се зголемува на  минимум 5 (пет) годишно, а за секој трети со приложени купони од Владата да добие лонци од инокс (за секој петти плус и тенџериња). За еден весник по избор на Героски да му се обезбеди киријата да ја компензира со одредена количина на дневни изданија на весници кои се посебно погодни за амбалажирање (завиткување на тегли со ајвЕр, или по избор љутеница). Месарите на Буњаковец да престанат да му плукаат во меленото месо кое му го продаваат како тазе кучешко, а уствари кучето најчесто е умрено пред Велигден. 
  • Да се создадат услови за Миленко Неделковски кога во својата емисија ги обележува колегите новинари со кругови, да го прави тоа со повеќе медиумска култура и на ниво и да користи фломастери во боја адекватна на бојата на гардеробата на новинарите (да бидат во тон). Секогаш кога споменува давајгази и педери да прави јасна динстинкција дали се мисли на педери у душа или педери по сексуална определба, односно кого сака да го навреди повеќе. Да се направат напори Миленко да престане своите соросоидни колешки новинарки да ги нарекува кози, затоа што со тоа и наштетува на македонската економија, односно, неговите кози се чуствуваат навредени и не даваат соодветна количина на млеко. 
  • Да му се наложи на Драган Павловиќ Латас во една колумна да не употребува БАНДА повеќе од 30 (триесет) пати, а секогаш кога пишува бандо соросоидна да покаже малку медиумска култура и да користи голема буква (Б и С).

top-secret-thumb-medium

Неколку точки од извештајот и препораките за понатамошна реализација ќе ги објавам во друга прилика, кога ќе созреат условите.

Еден пример за политичко-новинарско-професорско-талибанско-предавничка толеранција и медиумска култура

Capturefb0a1

 

 

 

 

 

Втор дел од објавениот таен документ-ЕУ извештај за медиумски слободи и медиумска култура

image

Објавен таен документ-ЕУ извештај за медиумски слободи и медиумска култура

image

Белите мечки на дело

Шит….пак бев во право. Мразам да го напишам ова, но ете повторно настаните само го потврдуваат она што сум го напишал овде како став. Вчера наутро напишав пост “Бели мечки”, за и околу декриминализацијата на клеветата која ја бараат опозицијата и некои опозициони медиуми. Настаните од попладнето само ги потврдија моите тези. Токму тоа што го пишував, тоа и се случи.

Медиум со опозициона уредувачка политика вчера објавил информација која тврди дека “во МРТВ се случил некаков криминал, односно некаква донирана опрема била злоуптребена или отуѓена” и дека била направена финансиска штета.

Ете…тројниот ефект е постигнат. Оцрнет е дел од раководниот кадар на МРТВ, нанесена му е лична навреда и клевета и сега во очите на читателите излегува дека МРТВ и дел од кадарот таму направиле криминал. Најавена е тужба и сега новинарот и медиумот кој го објавил ова стануваат жртви на “режимската”  телевизија(која нели е олицетворение на власта). Дел од опозиционите медиуми веќе направија скандал од ова, нели како тоа МРТВ смее да тужи новинар(а како новинар смее да пишува и обвинува за криминал а нема докази). Сигурен сум дека ова утре ќе стигне и до Брисел.

И сега што? Попусто се и демантите од МРТВ, попусто е да се објаснува пред јавноста дека напишаното не е точно. Штетата е направена, нема назад. Заради ова и ваквите ситуации кои се се почести барам наместо декриминализација на клеветата да се воведе задолжителна казна затвор за докажана клевета.

И за Миленко Неделковски се тврдеше дека е на пат со “Роуд шоуто” на Груевски. Владата демантираше дека Неделковски е на трошок на Владата на тоа патување, односно дека секој новинар може на свој трошок да патува и да известува од активностите на Владата. Знаете какви се реакциите на читателите на медиумот каде што беше објавена веста и демантот….”Како да не, па ние нафта ли пиеме…” Никој не верува дека Неделковски е на пат на свој трошок, иако докази дека Владата му го плаќа патот и престојот нема никаде. Штетата е направена врз Владата и врз Неделковски.

Јас сакам да ја слушнам и да ја видам вистината. Секогаш. Ако некој новинар сака да се бори  за вистината, да истражува и да објавува вести и да открива криминал или корупција, браво за него, уеј ту гоу. Секогаш ќе го подржам таквиот новинарски ангажман. Ете….зошто на пример некој не се сети да истражува околу потенцијалниот криминал на патарините. Јавна тајна е дека тоа се случувало, се случува и веројатно ќе се случува и понатака. Не…енибади…никој…Па нормално дека не…не е политички интересен таквиот случај. Не е курентна роба за нарачателот и  тој не може да поентира против политичкиот противник со таков случај.

п.с. Ако некој сака да игра дрти, да клевети, конструира и етикетира, а без докази, треба да си одговара за тоа. Се надевам дека опозицијата ќе го наполни фондот за купување цигари и овошје на време.