НВО

Биди геј, Mакедонец не е курентна роба

Борци за човекови права, еднаквост и демократија, невладини активисти, новинари и експерти за и слобода и толеранција постојано пишуваат изјавуваат и се залагаат за еднакви права на секој граѓанин, маргинализираните групи и  сите индивидуи без разлика на верска, политичка или сексуална ориентација. Сите се сложни и во еден глас ги подржуваат различностите како вредност, се залагаат за почитување на правата на различните и малциствата од секој вид и најстрого ги осудуваат говорот на омраза и нетолеранцијата. Браво! За секоја пофалба. Но…имаме еден мал проблем .

Проблемот е во нивната хипокризија и  двојните стандарди. Истите луѓе кои своите опоненти и јавните личности ги обвинуваат за нетолерантност, користење на говор на омраза и повикување на насилство и линч кон оние кои се различни, всушност самите  се служат со истите методи. Постојаното користење на термините диктатура, режим и фашизам кога се говори за актуелната  власт, нејзините политики и начин на владеење е ништо друго туку навреда и говор на омраза кон членовите на владејачката партија и сите оние половина милион гласачи кои во неколку изборни циклуси како големо мнозинство ја подржале таа политичка опција.

Користењето на таквиот речник, споредувањето на демократскиот начин на избор на оваа власт, потврден од сите релевантни меѓународни фактори во последните осум години, со изборот и доаѓањето на власт на Хитлер во фашистичка Германија или нарекувањето на оваа власт ненароден режим е токму тоа-чист говор на омраза, нетолеранција и навреда на чуствата на дел од населението кој има различен политички  став и различен поглед на одредени политички прашања. Како на пример различниот однос кон спорот кој Грција го наметна за употребата  нашето Уставно име. Почитувајте ги различностите, нели?

funny-sign-XD-random-27989597-600-444

Од  друга страна, по Евровизиската победа на миленикот на ЛГБТИ лобито и подржувачите на различностите од Европа, голем дел од европската јавност отворено застана во подршка на индивидуалните права  и слободите на изразување на сексуалноста на ранливите и маргинализирани групи граѓани. Се истакнува рамноправноста, толеранцијата и сексуалните права и слободи и подршката која сите различни и обесправени малцинства треба да добија од широката јавност. Некои официјални лица и дел од европскиот естаблишмент, како на пример Австрискиот Претседател јавно ја изразија својата среќа што ете Европа ги подржува еднаквоста, човековите права, малциските и сексуални слободи а граѓаните ја препознале и подржале различноста и гласале за австрискиот преставник. Одлично.

Имам две прашања. Првото е до сите оние Европјани, вклучувајќи го Австрискиот Претседател, кои со сите сили и средства на располагање, отворено, упорно и настојчиво ги подржуваат граѓанските  права, еднаквоста и сексуалните слободи и различностите на сите граѓани,  дали слушнале за Томислав Гошевски? Веројатно 99.9999999999 % никогаш не слушнале за мене. Впрочем исто како што ни јас нити тие не слушнале за некој Ханс Милер од Рајна Вествалија кој е припадник на ЛГБТИ заедницата, на пример. Сигурен сум дека господинот Милер е пресреќен по победата на Кончита Вурст и дека по обемните лобирања и милионите потрошени евра за заштита на неговите права, сега се чуствува многу послободен и порамноправен со мене или со било кој друг граѓанин на Европа. И јас сум среќен заради неговата среќа.

Но Господа, прашајте ме мене дали се чуствувам рамноправен со сите други европјани, вклучувајки го и Ханс. Јас сум жив и постојам. Јас сум човечко суштество со сите потреби, емоции, стравови и чувства, со еднаква желба за нормален живот во љубов и хармонија. Запрашајте се дали како Македонец, како припадник на мала заедница на различни луѓе, со различни посебности и карактеристики, моите права се заштитени? Дали можеби се чуствувам загрозен и обесправен затоа што не смеам да го користам вековното и уставно име на мојата татковина и мојот јазик. Дали сум навреден од одбивањето на соседна земја и нејзината влада да го признае моето постоење и моите права како Македонец. Впрочем исто како и Кончита и Ханс Милер, и јас постојам, и јас сум човек и јас имам права и јас имам потреба од почитување на мојата различност и идентитет.

Господа европски демократи, што направивте вие да ги заштитите мојот идентитет, мојата посебност како Македонец? Знам…непријатно прашање. И знам дека ако сакате, можете да ми помогнете да се чуствувам рамноправен и еднаков со Кончита и со Ханс, да се чуствувам достоен граѓанин на Европа и сите да го почитуваат мојот идентитет како Македонец. Поинаков, свој, различен. Почитувајте ги различностите. Или треба сите колективно да станеме Ханс или Кончита за да се случи тоа?

Второто прашање е до домашните господа борци за права, еднаквост, демократија и заштита и промоција на различностите. Вашите активности се присутни  насекаде околу нас и вашата борба за заштита на ЛГБТИ популацијата како малцински и маргинализирани групи граѓани во Македонија е нотирана и помалку или повеќе носи резултат. Што направивте вие господа, какви и кои се вашите активности во правец на заштита на Македонците како маргинализирана и обесправена групација/нација во рамките на Европа. Што направивте за да запре притисокот од ЕУ за промена на името на нашата татковина? Каде и кога протестиравте против обидите за обезличување на македонскиот јазик и идентитетот на Македонците? Дали за вас правата на еден дел од населението се поважни отколку правата на цела една нација? Не може индивидуалните права да ви бидат поважни од колективните. Тие се комплементарни и мораат да се почитуваат и заштитат. Дали за вас Македонецот и неговите права не се курентна роба за да го заслужи вашиот активизам и ангажман? Јас го знам одговорот, вие одговорете си сами на себе и на својата совест.

Планот

Поучен од искуството со граѓанската иницијатива за подршка на Вања Лазарова да добие статус национален уметник и национална пензија и успехот на истата, јас имам предлог до опозицијата за сет на активности кои би донеле многу поголем ефект за нивната кауза од кршењето на хауба на уште една Лада Нива и неповратната загуба на плати и дневници на несудените насилно верифицирани народни пратеници од нивните редови.

Се надевам дека господата од опозицијата вклучувајќи ги и главните иницијатори на чисто граѓанската иницијатива за подршка на Вања Лазарова која случајно нели, изроди повеќе политички поени за нив отколку целата опозициска предизборна кампања , сватија дека тоа е најдобриот начин на политичка борба. Бидејќи Вања Лазарова е згрижена, а Сашо Тасевски, Ориѓански и Ацо Поповски се млади за пензија (плус јас сум убеден дека тие со индигнација би одбиле такво признание и кеш од овој ненароден режим) еве неколку предлози за делување

funny-sign-picks-384152_350_319

1.)    Да се испратат тимови на млади, наивни ама политички неконтаминирани новинарчиња (ова од милост а не со пејоративно значење)кои случајно ќе најдат граѓани кои во Веро,Тинекс и Рамстор купуваат посебна салама од евтината со 0.3 % месо (онаа со повеќе месо во цревото во кое е спакувана одколку внатре)и да направат драматичен прилог за нив и нивната тажна судбина. Препорачливо е во прилогот да се вметнат слики од озлогласените споменици од Скопје 2014 (со акцент на барок) и изјава на Грчев дека со еден од лавовите на мостот Гоце Делчев ќе може да се купат 376 455 посебни салами со 1.2 % месо и да се субвенционираат-помогнат напатените граѓани. Оти исто така правеле и во Њу Јорк.

-Внимание- да се провери некој од граѓаните случајно да не купува од евтината посебна за маалските  кучиња и мачки скитници. Во тој случај да се изгледа целата “Анти Путин” кампања на CNN за време на Олимпијадата во Сочи во која  се снимаа напатените улични кучиња и  главна поента беше…”Кога за кучињата не се грижи, како ли се грижи Путин за своите сограѓани, посебно ЛГБТ заедницата”

2.)    Да се организира тим на млади независни активисти (кои предходно потпишале изјави  дека активизмот им е идеја водилка во животот и дека и од редовниот секс еднаш годишно  ќе се откажат ама од граѓански активизам и идна политичка кариера никогаш) да дежураат пред бензинските пумпи и да евидентираат граѓани кои полнат гориво од она со пониска цена. Да се провери годината на производство  на возилото и да се вметне изјава на некој од големите дилери на возила дека “Ново си е ново” и дека “Стара кола е ортак на џебот” и дека законот за увоз на половни возила ни ја уништува атмосверата и зеленилото и дека секој треба да си купи ново возило.

-Внимание- да се провери некој од граѓаните да не е од Галичник и околината па од чисто локалпатриотско-традицинални (змија в џеб) причини купува од евтиното гориво.

3.)    Да се направи акција помеѓу членството и посебно на твитер и фејсбук како паралелни универзуми и најревносни граѓани активисти,  да се собираат средства за да се купат неколку возови. Овие два што сега ги има МЖ се малку за да се постигне саканиот ефект на неорганизирана власт, небезбеден сообраќај а со тоа и небезбедна држава и режим кој на својот напатен  народ  не му дозволува на раат да си помине на спуштена рампа и црвено светло. Да се направи кампања на социјалните медиуми со наслов “Зарем ќе дозволиме рампите да не запрат на нашиот пат кон иднината”, влијателните онлајн ликови да направат билбоарди и да ја подржат истата.

-Внимание- Да се консултира Бранко Героски како нашиот најнов и најдобар сообраќаен стручњак, со специјализација на спуштени рампи, црвени светла  и историја на несреќите во Македонија и како човек кој секогаш, па и во траорните деведесети  бараше одговорност за паѓање на авионите и атентатите на нашите Претседатели. Се сеќавате нели.

Јас лично гаратирам дека овие мерки ќе донесат повеќе резултати од сите досегашни опозициски активности вклучувајки го и Саше АНАЛитико и сите колумнисти на Геро заедно.

 

Да се запре најголемиот душман

Batman_Slapping_Robin-барок_wm[1]

smellathan-picsay_wm[1]

picsay-1370779905999_wm[1]

SW-Massive-Disturbance-picsay_wm[1]

awesome3-picsay_wm[2]

picsay-1370949504561_wm[1]

 

Sheldon_Cooper_железничка_1_wm[1]

Маргинализирани умови лакоми по ќеш

Ух…лоша работа мајку му. Се стаив  у мисла. Се некако као пратам по нетов шо се дешава у татковинава и светов, и никако да ме чепне нешто. Никако да  ме заголица по тастатурава ништо има више неколку дена. Ова настаниве ли се за никаде, кој знае. Или па  ова новинариве, и оние вонаби новинари, кои така себе се нарекуваат, а као деца препишуеле на писмена по мајчин јазик , и одувек имале голема желба да седат у скут(кај баба и дедо као мали, а покасно и кај шефот и политичкиот комесар) не знаат да ги опишат како треба. Осим ако не им е директива, нели. Тогаш и те како знаат. Не знам шо е точно у прашање, ама не ме чепна ништо. Се додека не налетав на некоја вест дека некаде некој искинал некои плакати.

Викам мајку му, кинење плакати. Па нема избори, да не сум пропуштил нешто. Знам дека на Б.Ц. одувек многу му се брзало за да дое на власт, и он би сакал ако е можно да пробуе секој 6 месеца. Се старее и треба да се одработи нешто на време. Изглеа малку му е она ситнурија од 180 илјади еврича шо ги добија од државата као бивши прецедател. Нешо као пензија, а уствари  као надокнада за водење на опозицијата и партиски активности и пресови. А Грујо уште па од друга страна увек као испаѓа фер, и му пружа шанса на ванредни избори. Исто као Зозо на мене и Бане Телма коа ни пружаше шанси у ФИФА 2002 на Плејстејшн 2. Па редовно го јадевме 3-4 пути дневно, со по 6-7 разлика. И нашиов Б.Ц. така слично, редовно губи на избори едно 5-6 години.  Ама па шо му е гајле бе…сто осамдесет тисуча батка..пљас, секоја година. Ама, оние околу него коа ќе го сватат ова…тоа не знам. Коа ќе сватат дека испаѓа дека Владата го плаќа Б.Ц. а овој упорно губи.  Него друго ми беше муабетот…

Веста вика…искинати плакати кои повикувале на некој ивент, изложба на некоја си Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализирани групи. Викам ова ќе да е нешо поврзано со спорт. Маргинализирани групи…хмм…Ова ќе да е нешо за навијачиве на Работнички у кошарка, пошо они се задњи на табела. Знаеш сеа како викаат, нерелевантен си као Работнички у кошарка. Сигурно се осеќаат маргинализирани као задњи на табела, а заради тоа се фрустрирани и неможат баш да си вршат сексуални функции по дома и заради тоа имаат здравствени проблеми(болки у глава од сукалото, болки у грб од усисавање пршина и сл.)

Коа зачитав малку и глеам  испадна дека не било тоа. Пак некоја група невработени и напатени  млади седачи у скут  дошле на идеја како да заработат малку паричка, и то од иностранство. За педери било работава. Батка…прај разлика. Има педери и педери. Едно ти е педер у душа, оној шо никад неќе да ти позајми 500 денара до вторник, или оној кој не частел пиво од летото 2004 у Кабрио, или оној кој никад неќе да намести женска и увек става дипс прв на најзгодната цура у друштво, а девојка му е на викенд у Охрид, а ти не си имал женска од лани. Не мислам на тие педери. Тоа ти е педер по карактер, али ке пројде некако, ви се погаѓа по некад дружбата или спортска ви иде као тандем добро. Овде се мисли на педер по сексуална определба, знаеш…буљаш, двоцевка.  Си напраиле некои генијалци невладина и напраиле фино лепо проектче. Пријателите од педерските лобија по Европа фино се израдувале на проектчето и на могучноста да си ја промовираат и рашират педерската кауза и по Македонија и ете ти. Ивентче и …оп…паричка у џебче. И нашите генијалци со наплатено проектче, и Европските педери задоволни. Браво. Само…ме интересира, коа овие од невладиниве ќе сватат дека не е се у пари. Не вреди бе брат заради проектчиња и некоја паричка од некоја амбасада да се промовира педерастија по својата држава, по својот град. Па да помислат малку дека утре може да им се случи нивниот син дома место снашка да им донесе зетко, некој рунтав батка, онака баш зет. Опааа…Тогаш ќе се чудат кој ќе им раѓа внуци, или ќе се задоволат со гледање на внуците од комшиите. Ало бре…

Толку да се биде плиток у памет и лаком по пара, па да се доведе у опасност и продолжуење на сопствено семејно стебло. Неможам да веруем. Заглупеност и лакомост по лесна пара, не глам друг разлог зошо некој би подржувал педери. Ја разбирам друштва и невладини за заштита на животни и домашни миленици, разбирам и екологисти, можам и да разберам али и не да оправдам некакви Архибригади и Плоштади , али не можам да разберам зошто некој кој не е педер би подржувал педери. Осим од шо е природно неинтелигентен  и работи на штета на своите деца, или е лаком по пари. Ма каки бре човекови права. Не ми кажувајте гачки и приказни за мали деца. Кој на педери им ускратил човекови права. Дали некој им забранил да работат? Дали некој им забранил да се школуваат? Дали некој им забранил слободно движење? Не…Па за какви права зборите бе? Зар треба да излезат на плоштад и таму да имаат секс у јавност? Дома нека спијат со кого сакаат, и со својот фрижидер ако сакаат. Не ме интересира.  А надвор, таму фала богу сите сме рамноправни и имаме исти права. Не ме интересираат неговите сексуални фантазии. Негова интима и негова работа. На работа нека си работи најдобро шо знае и никаков проблем. Никој нема ништо да го праша дали имал секс и со кого. Затоа у јавност не сакам моите деца да ги гледаат како ми парадираат или недај Боже се стискаат или љубат. Толку.

Да се вратам на почеток. Стварно лоша работа. Нешо не ќе да е у реду со нашана политичка и опшествена јавност коа неколку дена не ме испровоцираа за пишување, а замисли мораше педериве да се појават за да напишам нешо. Глеаш и од нив некаква корист.

п.с. Може некој од ситните души ќе ме именуе со некакви називи као хомофоб или слично заради овој напис, али око не ми трепнуе. Ја не се плашам од педери нити ги мрзам. Коа они заради пари, или сексуална определба и фантазии можат да си ја промовираат и бранат педерската кауза и нивните права, и  јас имам должност да си ги го бранам  моето природно право на продужуење на семејното име и мојата крв преку моите деца и идни внуци. И секоаш ќе го правам тоа. Ама јас коа снемав работа или пари, не напраив невладина и не земав да промовирам педери заради парите од Европските лобија или амбасади. Се фатив за работа, се потрудив и си го обезбедив семејството.

Порта Македонија vs. јадот и бедата на граѓанскиот сектор

Интересна ситуација имавме вчера, кога на еден наш портал се појави напис од некој господин, или госпоѓа  со име Плоштад Слобода, а во кој напис се критикува  новата Порта Македонија. Чудно име за човек, но таков е кај нас политичкиот живот, па и вакви чудни имиња се можни. Гледате…како една индивидуа, или можеби повеќе нив се задскриваат зад анонимноста. Можеби тоа се рецидиви  од Комунизмот во бившата ни држава кога колективното секогаш беше над индивидуалното. Можно е.

Елем, господинот, или госпоѓата Плоштад Слобода е веројатно некако повразан со една ад-хок основана невладина организација која беше направена заради конкретна причина. Заради “одбрана” на Плоштадот Македонија од изградба на црква. Имаше некои најави дека МПЦ има намера да гради верски објект на плоштадот. Нивните активности, и личностите кои учествуваа во истите покажаа дека оваа невладина организација не само што е невладина, туку е комплетно против владина. Неколку клучни членови на оваа па и на неколку други слични НВО-а се роднински поврзани со актуелни или бивши политичари од опозицијата, роднини на  докажани “експерти” или новинари од опозициона провиниенција. Но ете вчера видовме дека господинот Плоштад Слобода еволуирал. Едноставно, од борец за заштита на плоштадот, прерасна во стручњак по економија, човекови права, за верски објекти, за метеорологија и загадување на воздухот, експерт по социјала, архитектура, историчар на уметност, стручњак за енергетски проекти и патни коридори, специјалист за стечајци и судство. Е секоја част…браво. Се ова се полиња на експертиза на господнот Плоштад Слобода. Сите овие работи се изнесени како критика за актуелната власт а во текстот се критикува Портата Македонија која беше отворена пред некој ден, а која и воопшто не е на плоштадот.

Сите ние другите граѓани на Македонија, огромното мнозинство кое ја подржува оваа власт и нејзините активности, конкретно околу проектот Скопје 2014, ние  не знаеме ништо, не разбираме ни уметност ни архитектура, ние сме една  не дефинирана маса мутав народ со психички проблеми(според нивниот политички  ментор). Тој или тие, Плоштад Слобода не просветлија.

Да се разбереме, секој си има право да си го каже своето мислење. Но тоа е негов субјективен став, и не мора да е точен, или пак некој да се сложува со него. Ете имаме медиуми каде и господинот  Плоштад Слобода може да си го каже својот став, макар колку бил смешен и ступиден, но тоа не значи дека е исправен тој став.

Малку да се вратиме во минатото, не премногу, неколку години назад. Дали се сеќавате како изгледаше делот од плоштадот популарно наречен “кај коцката”. Е сега веќе не е таков, туку на тоа место имаме една грда зградурина која е наречена Лумикс, а која ни донесе само неколку продавници повеќе и една дискотека или клуб. Ништо повеќе. Барем не за општо добро на населението. Нити одбележување на историјата, зголемување на национална свест, ништо. За сопственикот и за тој кој издал одобрение не знам. Инаку…во тоа време на власт и во општина Центар(Грчев) и во државава беше СДСМ.

Зградата Тифани, на крајот на Партизанска пред Главна Пошта, и Малиот градски ринг, урбанизацијата на Централното градско подрачје се исто така дело на кадрите на СДСМ на градско ниво(Грчев). Со Тифани е направена неповратна штета. Заради тој објект сега ние не можеме да добиеме трајно решение на сообраќајот во Скопје, односно не може да се изгради подземна сообраќајница која би требало да оди под зградата и под целиот центар на градот се до новата железничка станица.

Уништувањето на Градскиот Парк со изградбата на Кинескиот зид исто така е “добар” пример за урбанизам. Предвидена е маркичка за изградба на зграда висока 34 метри  и дадена дозвола на инвеститор за изградба во време на предходната власт на СДСМ, а не на оваа сегашната. Тоа што паркот се уништува, не е битно?

Дали некој се сеќава како и кога беше продадена локацијата каде сега се наоѓа Рамстор. Дали некој памети дека плацот беше продаден, да не речам подарен за смешни дваесетина евра по квадратен метар. Одличен бизнис за иневеститорот, а не за државата или народот. Дали се сеќавате кој беше тогаш на власт? Хинт….не е сегашната власт во прашање. Дали некој се сети тогаш, во време на продажбата на овој објект да протестира, и да побара, на пример таму да се изгради парк, за општо добро на жителите од околината. Истите оние жители кои сега пак проттикнати од опозицијата, жестоко се противат на изградба на објект на само 100 метри од истата локација. И тоа објект кој , на пример ќе обезбеди паркинг простор за граѓаните, а не лична добивка на Турски инвеститор.

Дали имавме во тоа време некаков Плоштад Слобода? Дали нашите совесни и општествено одговорни и “независни”граѓани протестираа против било кој од овие горе наведени случаи?  Дали имавме вакви написи по интернет, по портали, блогови, по медиумите(чест на исклучоци)? Дали граѓанскиот сектор се активираше? Дали Брисел беше известен? Дали имавме активности од магистри по се и сешто, експерти, ГЕМ-овци, НВО-а, сороси-мороси…нешто, било што?

Јас ќе ви кажам. Немаше.  Едноставно, немаше затоа што во опозиција беше ВМРО. Кога тие се во опозиција, нема активизам, нема купени медиуми, нема лажни НВО-а. Едноставна е приказната. Нема продавање магла. А секогаш кога СДСМ е во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ на власт, таканаречениот граѓански активизам е во функција. И тоа жестоко се активираат сите овие погоре споменати. Се активираат симпатизери , роднини, ќерки и синови, се основаат и се плаќаат разни НВО-а основани за конкретна ситуација(види пример горе), се манипулира, се спинуваат вести и информации по купените онлајн или електронски медиуми.

Се ова не значи дека ВМРО владее катастрофално, а дека СДСМ е најдобрата власт било кога, туку едноставно, менталниот склоп на Социјалдемократите е таков, да тие не можат да бидат опозиција, да седат на клупа за резерви и да чекаат да им дојде време. Се е ставено во функција само СДСМ да се врати на власт, затоа што тие сметаат дека се над сите други граѓани  и дека имаат некакво природно право на власт.

п.с.Но…се би било фино за СДСМ, само ако не треба да се прашаат граѓаните. Попусто им се сите активисти и лажни НВО-а кои сакаат да прикажат дека населението е незадоволно. Изборите последниве 6 години кажуваат спротивно. И попусто се сите обиди да се прикаже дека на пример, објектите од Скопје 2014 се со лош архитектонски и уметнички квалитет, дека се незнам колку скапи, или дека не трбало таму или сега да се градат, конкретно за Порта Македонија дека била непотребна или копија на Париската, дека незнам само во Казахстан или во Северна Кореја се граделе(еве една и во САД, пред некоја година). Се е попусто…Портата е на место и секој може да ужива во неа и нејзината убавина, и да учи за нашата историја. И така ќе биде со векови. А кому му пречи, нека не ја гледа, кога ќе минува крај неа нека си го стави знамето на СДСМ пред очи.

Па не сме ние Французи ..бога ти…

Чуден народ сме ние. Народот ја прави државата, нели, па аналогно на тоа ние сме и чудна држава. Кој знае како им е на Французите, во обична држава? Сигурно им е здодевно. Не можат да си дозволат, или едноставно немаат глупости како нашиве овде во нашава чудна држава со чуден народ.

Што знаат Французите што е држава …или право и владеење на правото. Пиххх…Тие имале само неколку историски моменти во нивната илјада години стара држава, како Буржуаската Револуција или Марсеjезата и таму некое „Liberte, egalite, fraternite” или неколку светски битни настани кои го придвижиле тркалото на човековиот развој напред. И сега тие и такви Французи, без “Бели мечки” како нашите…без “ситни души” и душички како нашите, Французи без “никаква” традиција и познавање на правото и законите нашле со нас да се мерат, и нам да ни покажуваат како функционира држава и закон. Па ние бре имаме 20 години независна држава…еeeј..20 години. Кај нас секоја шуга може да стане “врвен” политичар,експерт, професор, активист, новинар …ју нејм ит…се што замислиш. Кај нас…посебно за политика и право имаме “експерти” скоро колку “новинари” и експерти за медиуми…тука некаде се.

Да се вратам на Французите, да не се чуствуваат запоставени. Тие и такви Французи, замислете, решиле да применуваат право и да практицираат правна држава и се дрзнал нивниот суд да го осуди поранешниот Претседател Жак Ширак на казна затвор од 2 години условно, заради финансиски криминал направен пред дваесетина години, кога пари од градската каса на Париз префрлил во партиски фондови. Иако минатата година вратил околу 2 милиони евра, тоа не го спаси да биде осуден.

Лелееееее…Па што е бре ова. Па знаат ли нивните “бранители на човекови права”, знаат ли нивните Невладини “фолиранти” за ова. Неговата партија веројатно подготвува сенароден протест на Елсејските полиња или под Ајфеловата кула…Независните медиуми печатат вонредни изданија. БРИСЕЛ ДА СЕ ИЗВЕСТИ….ВЕДНАШ. Леле каква катастрофа….па ова е невиден политички линч…што им е на овие Французиве бре? Па какво е тоа нивно независно судство? Па таму нема ни Д од демократија и владеење на правото. Па како можело поранешен Претседател на државата да се суди. Безобразлук. Можете ли вакво нешто кај нас да си замислите. Ма “неќу ни да замишљам”…па тоа ти е ерес бре. Па кај нас бре еден “млекар”не смее да се суди, да не спомнувам политички комесари и слично….A не Претседател….

Што не прашаат ако не знаат. Гледаш кај нас што убаво е. Влези си во некоја партија, ако е можно “излактај” се малку погоре во некоја партиска структура, ако не, тогаш  можеш и да си станеш “млекарот” на кого му расте канабис во бавча, или  нешто како хистерична Кумановка што ги плука и прска спомениците по Скопје…и брате мили дали смее некој да те чепне? Какви закони бре, какви бакрачи…ништо тоа нема…ти си автоматски над законот.  Па не сме ние Французи ..бога ти…Дури и “белите мечки” можат вода да ти носат и да ти завидуваат. А да не зборуваме за ситуација да си успеал да се “излакташ”…ехеее..Ширак може да плаче од мака. Па каков закон бре…што…лустратори? Абе ајде….во најмала рака ќе јадат молотов на влезна врата од куќата…а ако треба и повеќе.

Лустратори ќе се расправале со нас? Па да ни ја загрозат кариерата и лагодниот живот. Ма има цела булумента од медиуми и “бели мечки” да се активира. Има сите НВО-а и активисти да се запенават од “бранење” на демократските права и човекови слободи на дотичниот. И тоа само заради лустрација…а немој некој да споменал кривично гонење.

Се чини дека сите овие горе споменати имаат разработен безбедносен систем. Нешто како Авакс или Патриот ракетите.Како на Бетмен кога Комесарот сака да го викне и ќе го вклучи рефлекторот на небото да го покаже логото на Бетмен, и овој да се активира и да помогне. Така и овие, слушнав  имаат накој систем, некое црвено копче со логото на ВМРО-ДПМНЕ и кога дежурниот комесар ќе го притисне тоа копче, сите синхронизирано се активираат. Мислам тие де …што имаат чип вграден во главата. Само овие чипови биле многу моќни, па заради тоа се и многу големи. Од таа причина мозокот прво мора да биде отстранет, за да има простор за чипот во главата. И таквите чипувани бранители на каузата(демократија и право и честа на Партијата) има да изгинат ако треба, ама нема да дозволат “одвратниот” реваншистички режим да ги чепне браќата по партиска припадност. Не сме да се дозволи примена на таму некој закони правени по барање од Европа, нели кај која сите сакаме да одиме. Не,…. може закони на хартија…и за по некои таму обични луѓе…ама за нас нема…за партискиот војник и херој…не може.

п.с. И…. за некоја година кога можеби ќе се случи промена на власт, “нормално” е улогите да се сменат…и да се врати “мило за драго”. А Французите? Тие ќе не гледаат од високо и ќе ни се смејат. Ќе ни се смејат на паметот и мозокот кој го имаме. Кој мозок? Па нели нема место за мозокот, чипот е инсталиран во главата? И така е последниве 20 години. И така ќе биде се додека дозволуваме луѓе со чипови место мозок да ни се муваат околу нас. Како муви.