Охрид

Кончита не е тоа што мислите

Викендов се конституираше  новиот Парламент. Да. Шокирачки за  опозицијата, на изненадување на дел од јавноста кој сеуште живее во 1976, и за жал на западните амбасади кои мораа да се потрудат и дополнително  да смислат комплицирани и неразбирливи термини во очебијните обиди со  неутралните изјави и со  дипломатско- филозофско-метафизички речник да ни кажат дека ги заболе средно уво и домалото прсте за нашите глупирања. На разочарување на нивните брачни партнери кои непланирано мораат да ја откажат прославата на мандатот во најелитната локална кафана со певаљка која е плукната Цеца и да се простат од новиот мебел и патувањето во Хургада, новите несудени пратеници од опозицијата со потпис на нотар ги вратија назад мандатите и храбро и одлучно рекоа НЕ.

Нотарот нели му доаѓа нешто како врховен судија на Големото Царство и Светиот Грал.  Пред неговото Височество сите свечено се одрекоа од позицијата, европските плати и привилегиите за фри кафе и кисела вода и неплаќање патарина и паркинг кои таа ги носи и храбро му рекоа не на гласот на народот (не се мисли на емисијата на Томиќ). Па што имаме ние од народот никаков, чуму ни е гласот негов кога партијата вели одлучно и цврсто НЕ. Некои отишле чекор подалеку и слоганот “Партијата над се”, кој ко ѕвезда северница ги води во оваа битка против  злото наречено неправедни и нефер избориго истетовирале на левиот бицепс од внатре(поблиску до срце).

iimages

 

Но, ДИК најде генијално решение. ПТТ ќе заврши работа, се разбира доколку некој дечко од Топаанско случајно во гравчиња не види со кое возило, со какво обезбедување, во колку часот и по која улица ќе поминува пратката. Мандатите ќе бидат пратени по пошта. Арно ама, опозицијата има контра  решение. По темелната и опсежна обработка и анализа на статистичките податоци за поштарите и нивниот начин на работа со посебен осврт на нивниот страв од кучиња и од која раса најмногу, СДСМ на сите храбри пишман пратеници им обезбеди по еден ротвајлер за пред  домашната врата. Но пасаран.

Како потврда на лојалноста некои од “насилно и неправедно” избраните пратеници ги продадоа своите телевизори за да избегнат непотребна провокација од тв преносот и да не бидат соблазнети од чинот на конституирање на Парламентот. Се проширија информации дека некои оделе дотаму да планирале привремено бегство во манастир. Но, се предомислија. Со оглед на историското наследство, да не речам багаж кој го има оваа партија од времето на СВОЗ и самоуправувањето, овој потег можеше да биде погрешно протолкуван од јавноста како чин на помирување на партијата со религијата. Непотребно ќе го мачеа Маршалот и тој по којзнае кој пат ќе се превртеше во својот вечен дом на Ужичка 15.

Сериозно, со среќа новиот Парламент! Само, не сум сигурен како се честита некому нова работа во Парламент. На гробар, полицаец и пожарникар веројатно им порачуваме со среќа и што помалку работа да имаат, на хирурзите мирни и не прмногу лепливи прсти, на гинеколозите чиста работна околина и цветни мириси, а на бабиците што почесто да слушаат прв бебешки плач и малку потазе бонбониери и кафе од барем пола кило пакување да добиваат. Но како на нов пратеник да му честиташ нова работа? Ај со среќа и што повеќе успешни амадмани да имаш? Среќно и да не те фати некоја камера како за време на седница сурфаш по лајф бетинг сајтови, спортски кладилнициили играш кенди креш сага на Фејсбук? Ај со среќа и кога ќе се гласа буџет да бидеш на боледување? Како?

Шегата на страна. По којзнае кој пат покажавме дека по нешто сме единствени во светот. Па да, каде на друго место има насилно некој да те направи паратеник? Замисли…ти си одиш на партиски состаноци, редовно си плаќаш членарина, кога ќе ти дојде ред ја зачистуваш канцеларијата и тоа со воден џогер а не само со метла, кафе вариш за сите секој втор петок и оп…одеднаш стануваш пратеник? Добро, партијата е твој идеал, со пола роднини и пријатели не зборуваш одкако стана активен член , животот  ќе го дадеш за неа и не и замераш што те ставила на кандидатска листа за Парламентарни избори, ама што им е на овие од власта? Како смеат да ти верификуваат мандат и да те направат п(л)ратеник? А ти не сакаш.  Ма со право опозицијата и нивните подржувачи од независните медиуми тврдат дека кај нас има недостаток на демократија и човековите права се кршат на секој чекор. Нејсе.

Викендов нацијата многу ни се растревожи и вознемири. Не, не заради неуспехот на охриѓани конечно освен фамозните и здодевни термини “Градот на УНЕСКО” и  “македонскиот Ерусалим”, новинарите да почнат да го користат и новиот термин “Градот гинисов рекордер” кога пишуваат за Охрид. Орото не успеа да влезе во книгата на рекорди. Злобните скопјаништа ќе речат ете доказ дека сепак во “…Охрид немат љуѓе…”, а охриѓани ќе се жалат дека стружани орото го играле правото(три напред три назад), а пајдушкото требало  да се игра. Но, актуелните градски власти не очајуваат и наместо планираниот данок за туристи наречен “гинисарина”, сега планираат нова давачка која ќе се вика “играорина”. Односно секој турист кој не го знае пајдушкото ќе треба да платиТ порез. Проверка ќе се прави на Подмоље на специјално за тоа изграден полигон. Со средствата од оваа давачка ќе се отворат нови играорни друштва и се повеќе љуѓе и стружани ќе научат пајдушко за да го собориме рекордот. Ете.

Значи ни Парламентот и насилното претворање на  обични луѓе во пратеници ни неуспехот на охриѓани уште по нешто друго освен по ѓомлезето и конобарите да станат подобри од скопјани не ги изнервира Македонците викендов. Евровизија беше шокот за нацијата. Замисли, ние ни во финале не влеговме, а таму некоја Австрија со нешто кое има брада и носи фустани а има шпанско/месарско име победи? Да, Европа и Евровизија и победата на Кончита не извади од кожа.

Па како може бе? Каква е таа Евровизија? Какви се тие стандарди и европјани кога гласаат за ваков чуден створ? Машко ли е, женско ли е? Да не знаеш како да го/ја опцуеш. Нацијата збесна. Почнаа масовно анти ЕУ пораки да се шират по социјалните мрежи. Народот е разочаран и не сака да чуе за Европа. Ма какви бре? Срамота, безобразлук. Песната? Ма кој ја слуша песната, гледај кој ја пееше. И ние во таква Европа ќе влегуваме?  ЕУ скептицизмот рипна до плафон. Не у ЕУ.

Интересно. Не, не мислам на Евровизија. Мислам на реакциите на нацијата. Интересно е како тоа вакви анти ЕУ реакции немавме до сега кога ЕУ со години не држи во чекална и константно се обидува да не обезличи? Зошто низ државата не се ширеше анти ЕУ расположение кога ЕУ со години не тера да си го смениме името и идентитетот, а јазикот не ни го признава како македонски? Ахаааа…Кончита е проблемот….Кончита не боли….Зошто ЕУ да ја сака Кончита е најголемиот проблем на денешницата да дури почнавме да палиме знамиња на ЕУ? Сигурен сум дека некој од генијалните опозициски аналитичари ќе отиде до таму да изјави дека нашата власт ја “измисли” Кончита само за да го зголеми евроскептицизмот во Македонија и плус да ја дефокусира јавноста од конституирањето на Парламентот и насилното верифицирање на мандатите на пратениците. Веќе ништо не ме изненадува.

П.с. Ако добро сум разбрал од последните избори, сега Зоран Заев треба да биде кул дечко  со демократски манири и да ги праша оние 30 % од делегатите на Конгресот на СДСМ кои гласале против  негодали имале добра атмосфера за гласање,  да не речам климите во салата дали добро работеле.

 

Advertisements

Најтешкото-втор дел

Заебаниот филинг као шуга да сум фатил полека се изгуби…па еве скоро 2 месеца поминаа. Плус, коа се вратив, глеам у “мојата” туш кабина стаиле нова завеса. Опааа…као нова женска…нов интимен контакт..мерак. Скраја да е. Ти ибам…овде чоек стварно некој фетиш ќе стекне. Знаеш…муабетот, ако лепчето со крем(кое не знам ради кој закон на физиката, или ради Марфи увек паѓа со намачканата страна на земја) го дигнеш од земја за помалку од 5 секунди откоа паднало, тогаш као со магија, на него нема ни влакна ни прашина ни бактерии. Жими мајка…Е исто и со интимниот контакт со завесата у туш кабина у јавно веце. Ако допирот трае помалку од  5 секунди…си праиш филм као и да не се десил. За веце шољата да не зборам…увек си имаш спремно шишенце хенд санитајзер. Прво убаво ја бришеш  даската со санитајзерот, па дури после седнуеш на неа. Муката ќе те научи на се. Не дека тоа нешо ќе помогне, ама ај…

Желбата да се служиш со јавен тоалет само кога е тазе исчистен те тера на разни трикови и снаоѓање. Ги наоѓаш чек листите за чистење на тоалетите и го запишуеш времето  кој ден и коа  се чистат истите. Така, ќе си научиш коа тачно локалците ги чистат вецеата, ќе ги следиш некое време, ќе им го научиш распоредот, и доаѓаш пред вецето тачно коа они завршуваат со чистењето(срамота е да стоиш надвор и чекаш да завршат). Со огромно задоволство и осмех од уво до уво(као јадницине шо чекаа пред Ејпл продавница за новиот Ајфон, кога конечно почнаа да влагаат внатре) влагаш прв, уан енд онли, у тазе исчистеното веце, со прекрасен јак мирис на “варакина”(некоја америчка варијанта на истата)од кој уши отпаѓаат или после цел ден очи мораш со Прокулин да плакнеш. Ама ако бе…важно прв влагаш у веце и седнуваш на шоља. Као да си прв пут со некоја женска.  Секако ова важи само ако у веце идеш со предходно разработен план и распоред на дневни  активности поврзани со празнење на дебелото црево. Ама ако мораш истата активност да ја извршиш непланирано и ненајавено, под притисок на крвавиот стек од ручекот или равиолите, тогаш е заебано, па може да се деси место прв после чистење, да мораш да го посетиш вецето последен пред чистење. Него…и тоа не е  најтешкото…

Вистинската мука у Авганистан ја осетив после поише од 2 години. Ни талибанците, ни снегот и поплавите у зима, ни 50 степени у лето, ни шкорпиите ни змиите, ни прашината у воздух која ја има толку многу шо можеш со нож да ја сечеш, ни прљавите тоалети  и огромните циркуски шатори полни со Индијци и Кенијци и прљав веш расфрлан наоколу, ни јавните вецеа и тушеви…ништо од  се ова не може ни да се спореди со муката која ќе ја доживееш возејки се со автобус у Кандахар. Да батка…автобус…и тоа едно дваесетина минути спора вожња низ база. Па шо…

Е нишо…само шо аутобусот го вози Босанец. И тоа не обичен Босанец… Човеков шо го возеше аутобусов треба да влезе у анали на балканските држави као најголем фан на турбо фолк. Крај…невидено…нај хардкор , нај сељачки турбо фолк што постои на свет, мене ми се случи да свири у аутобусот со кој се возев низ Кандахар ерфилд. Добро зошто баш мене ми се дешаваат вакви работи? Зошто мене мораше да ми се падне да се возам у аутобус пун со Индијци и Кенијци, и по некој Американец…а возач да биде баш тој? Зошо бе не ми се падна Филипинец возач…као прошлиот пут. Тој бар слушаше Лед Цепелин и Иглси.  

Да се разбереме…имам многу пријатели Босанци. Луѓе…другари…нема збор. Сме делеле и добро и зло, и долари и кафиња, и чорапи и гаќи сме си позајмувале(добро бе…нови..) и по некоја паштета Аргета, македонски ајвар или босански суџук…Ама батка…. Немам зборови да опишам како сум се осеќал.  Буквално боли…. такво е чуството…таквиот турбофолк предизвикува физичка болка. Може најблиску до тоа чуство би било она чуство на гостите у дискотека Парк у Охрид, коа со Бабура  пуштавме Продиџи Фајарстартер, и ќе појачавме средни до крај, а на луѓево на подиум мислиш мозок почињаше да им тече низ уши. Е батка…така се осеќавме сите у тој озлогласен аутобус. Иста мака не спои…истиот терор не зближи…турбо фолкот не натера, ни покажа како можеме да се сплотиме во маката. Да видиш само како збунети изгледаа моите сопатници…како само беспомошно се погледнуваа меѓу себе Америте и Кенијците додека покушаваа да си помогнат едни на други и да исклучат некој звучник  над нивните глави, додека на разглас у аутобусот трештеше Диџеј Крмак и некоја фуфа која и да беше…Среќа нивна што не можеа да го разберат генијалниот, сензитивен и пун со романтика и чуства текст

Вози Мишко белу лимузину

А ја мала па волим брзину

Бела кола улицама круже

Вози Мишко, вози мало брже

Лете кола кад их Мишко тера

Ја сам бољи и од Шумахерааааааааа

А музиката….Мешавина од Арабски и Азиски звуци, синтесајзерот завија, мислиш солзи рони…неизбежната армоника дугметара везе ли везе…А возачот батка…егзалтиран…мислиш ќе полета, сва среќа што максимална дозволен брзина у Америчкиве бази е 20 километри на саат. Или боље…штета шо е ограничена брзината, па морав цели дваес минути да го трпам ова злосторство против човештвото наречено турбо фолк. Во очи на сите мои сопатници им се гледаше неверување, апатија, страдање и на моменти суицидни искри. Во очи им се гледаше дека се шокирани од ваква незамислива тортура. Кенијците сигурно вака не се осеќале ни коа лавови ги бркале по саваните, а Индијците ни средба со кралската кобра не им изгледа толку страшна по ова искуство кое го преживеаа во автобусот наречен терор.

п.с. Хитлер да го имал турбо фолкот нема да морал да користи циклон и разни гасови у гасни комори. Ќе завршел работа по ефикасно со песна. Е тоа е, батка…тоа ти е најтешкото за мене и моите сопатници и сострадалници од фамозниот хорор автобус у Кандахар. Само се плашам кај мене да не се појави Стокхолмски синдром, па да се заљубам у мојот терорист, у турбо фолкот. У тој случај, јавно ги молам моите пријатели и најблиски…некој нека ми ги скрати маките…греота сум да се мучам.

Релативно е…

Ти текнуе едно време коа  масовно се идеше у Грчка на море? Ти текнуе коа се товараа стокецовите или тристачите и фичовците со патлиџан и пиперки, месо у фрижидерче и канта сирење у багажник и сите у Лептокарија или Паралија? Добро, се дешаваше некој постар кец  со прошлајфувана ламела  да не издржи од Скопје до Солун, па уместо на краците, путот завршуеше у Дојран, у Ачикот или Мрдаја, али нема везе. Одмор у Грчка беше ин, национален спорт број еден. После одмор обавезно сите поцрнети као ќумбиња се покажуевме по град. Обавезно носиш бела маица, и шо по црн си, значи подолго си бил на море. Не дај боже да се вратиш бел…па никој нема да ти веруе дека си бил у Грчка на море.


Ја рецимо увек идев у Охрид,(испадна дека Охрид ми е судбина) и чат пат на Хвар или у Дубровник на Бабин Кук, и увек се враќав исунчан, со такозван шанк тен. Едната страна на телово увек ми беше поише исунчана, а другава скоро бела. Тоа од шанкот у Градиште кај шо висевме. Увек потпрен на шанк и јеби га, или само едната страна ти е исунчана, или само грбот, зависи до кај те фаќа сонце, и дали седиш ил се потпираш. И така се горевме до пред некоја година коа научниците рекоа дека сонцето е штетно и дека може да се добие рак на кожа, па почнавме да се шанкаме облечени. Иначе уште има некои до кои не стигнала оваа вест и уште се печат на сонце као гуштери по камењана у Градиште. Јеби га…се е релативно, а шо да кажат скопскине фуфи шо се кварцаат у она солариумите, као у микро печка.


Ти текнуе нели на ова горе. Знаеш за шо зборам коа е у прашање  одење на море у Грчка. Да…сите знаеме и сите идевме. Е па јас не идев. До душа сум живеел у Егејска Македонија скоро една година, али не као туриста, више ради бизнис.  У ствари еднаш сум бил, на 2 дена, со Јохан  кај Кирјако Стела , на Халкидики, у Ханијоти. Јес да више беше бизнис трип  него плежр…ама добро се снајдовме со узото и грчката салата кај Киро на тараса(уше тогаш искачавме на тараса). Да тибам уште не знам зошо легендарната Шопска таму ја викаат грчка, па ќе да е некое нејм ишју, нали типично за Грците.  Само е малку поголема од  Шопската(ова големо ш е ради риспект према салатата над салатите), и има од големите грчки маслинки, иначе со узо или кавадаречка жута и двете добро лежат.  Не знам дали ради тоа што убаво ни легнаа и узото и салатата, али не успеавме да стигнеме до плажа. Тие 200 метара од на Киро куќата до море ни се гледаа џенем.

Ама не ми беше тоа муабетот…Додека ние у почеток на девеести се радувавме на головите на Даре Панчев и титулата Европски шампион на Звезда, и се распраавме со регрутацијата во ЈНА за Сремски фронт и Вуковар и Змејковски ги крадеше тефтерите од воената евиденција Грците беа на влез у Европа. Додека Киро, ама не овој од Стела туку Глигоров и Изетбеговиќ покушаваа да ја спасат СФРЈ, а  во далечната  1992 година се појави  Тото Котуњо и неговата… Инсиеме..Јунајт јунајт Јуроп… Грчка беше више Европска држава. Тачно  некоја години пред тоа, коа беа у фаза на пристапување јас живеев у околина на Солун(да не кажам Солунско поле го освајав уште пред Гоцевата тараса). Батка…тогаш Грчка беше спремна за у Европа исто као што ја бев спремен за писмена по  математика у трета година средно или за испит по марксизам на факултет. Тапа…дрво на дрво што викаше мојот покоен професор Канурков. Друго нешто сакав…

Јеби га се е релативно. Ти текнуе као у тоа време се викаше …”дужен као Грчка”…Вчера глеам на CNN директен пренос од Атина од пред нивниот Парламент и журката шо си ја правеа “радикалните десничарски елементи” и Грчките жандари и ми текна на ова. Унутра пратениците решаваа дал да почнат сите да штедат и луѓево да почнат да враќаат пари, а овие надвор шо убо си се бркаа по улицине. Прво дечкиве ќе бркаат, а жандарите бегаат, и глумат хард ту гет, па праат уште еден круг, да не излезат евтина женска. Ако случајно бегаа  многу брзо, овие дечкиве им фрлаа по некој молотов за по пут. После жандарите ќе се соберат, па ќе бркаат они и ус пут ќе пуштат солзавец и ако стигнат некого, со пендраците ќе му помогнат  грбот да му биде као стомакот, или бар да добие боја као фармерките што ги носи. Тешко на тој со црни фармерки.

Им дојде јацето на гзот и сеа не знаат каде и шо да праат нашиве комшии. Она …”дужен као Грчка”… сега важи уште поише. Не да се дужни, вода у очи немаат а не па пари. И сеа се бунат и неќат да враќаат дугот. Брат, у мое маало дуг е светиња. Као така неозбилно да се понашаш према дуг. Ќе го јадеш биг тајм…нема друго. Коа се излежаваа по плажине и изиграваа туристички водичи, со посебна собна услуга и масажа на теткине од Скандинавија или Немачка, им беше супер. Па толку се преморија и дури на 55 години одеа у пензија. Коа не работеа ништо и чекаа да дувне малку ветре или да загрми и одма пријавуваа штета на нивите и бараа Европски фондови да им платат дупло и коа зимаа по 13 или 14 плати у годината се беше кул. Тогаш им беше ок, е сеа крчмарот дојде со рачун. Нема више на рабуш…

И викам…на времето ние бевме фраери у Грчка(добро ние увек сме по карактер  фраери за нив) и трошевме скоро као Араби нафташи, а Грците не тинтраа ко такви да сме. На времето идевме на кафе у Солун, или коа ќе ни се пријадеше Милка со лешници(не се смеј, у почеток на девеесети Милка беше прајслес и се чекаше као новиот Ајфон шо се чека сеа). А Грците као захвалност од тетките, или од чичковците (склони  кон млади исунчани момци)од Европа за потпуни доживлљај за време на викејшн  влегоа у нивно друштво. Станаа Европска земја бе брат. И…се е релативно. Џабе и тетките и  чичковците, џабе и парите шо ги добиваа у разни фондови. Не ги бидна. Европа ни со 400 милијарди евра потрошени у Грчка, не успеа Грците да ги напраи Европјани. Нема друго чаре…сеа и невните внуци и правнуци ќе враќаат. Е боли…мора да боли.

Само не ги разбирам оние хакерине Анонимус. Секаде каде има демонстрации, конфликти меѓу некакви авторитети и широки народни маси, Анонимус се тука и напаѓаат преку нет. Знаеме за СОПА и АКТА, ај да ги разбереме за Окупај Вол Стрит, за Сирија се во право, или за Либија. Ама у случајов со Грчка, ја мислам дека ја утнаа работава. Владата сака и мора да напраи договор со Европа, зошо дуг си е дуг и тешко се прашта. Зошо Анонимус ги напаѓаат Грчките официјални веб сајтови? У овој случај Грчката влада не е лошиот чичко у филмот.

 

п.с. Замисли толку пари да влезеа кај нас. Их…сите тетки ќе беа услужени беспрекорно, а чичковците ќе ги пратевме кај Грците(пошо тие се поисунчани). Ќе средевме кај секој по дома да си купи сателитска и  биг скрин тв со телетекст заради следење на спортска. Ќе изнакупевме шверцана оргинална брендирана гардероба,  ќе купевме по едно бесно ауто и ќе седевме по цел ден у кафана со ајфонот или  таблетот у рука, и кафе мафе ќе ни беше едина занимација. Чекај…па и сеа е така…???!!! Се е релативно….