талибанци

По што ќе знаеш дека си во Авганистан

Мики, во оваа прилика би сакал да елаборирам неколку  битни елементи суштински за полесно да се разбере како изгледа животот во Американска воена база во Авганистан. Се разбира…се ова важи како општа констатација и џенерал  дискрипшн, а детали и нијанси секогаш има различни во зависност од микролокацијата да не речам базата во која се наоѓаш. Значи кога си во Авганистан:

– На почеток, како гуштер, легнуваш на земја дури и коа ќе пукне ауспух од некое ауто. После некое време и при вистински рокет атак стоиш на отворено и си ја мантраш онаа старата “Гром во коприва не удира….гром во коприва не удира… гром во коприва не удира…” додека гледаш наколу да видиш каде ќе падне гранатата.

– Нај интимен контакт кој го имаш во последните неколку месеци е контактот со завесата од туш кабината. Кога ќе ја заменат, си викаш …”Еј…њу бејб ин д таун …” и имаш чуство исто ко да си фатил нова женска. Прајслес. Негативно во овој случај? Постои можност да навлечеш фетиш на најлон или гума и кога ќе се вратиш дома да станеш редовен муштерија на јавна куќа кај што се исполнуваат спешл риквестс.  Или можеш да добиеш оток на лево око од боксот кој ти го мавнала девојка ти кога си и купил најлонско-гумен веш за да го облече за тебе. Значи ова  може да биде или скапо или болно задоволство.

576563_10202042150989707_668711212_n

– Лежиш под кревет со шлем на глава и панцир на тебе  и на жена ти по телефон и викаш…”Ма нема ништо, ништо не се случува…досадно е, тоа па тоа…” . Корисно во оваа ситуација е што  си ги наоѓаш гаќите што ти ги снема прошлиот јули и гледаш дека парот глувци кои се доселија пред две недели сега веќе имаат принови.

– Од другата страна на оградата кај комшиите, има и зелена тревичка и се изгледа идилично, ама ти никако не сакаш да си таму. Посебно по последниот случај кога излезе дека некој од комшиите од надвор слабо вози па се заби со камионот во капијата од базата. А замисли, камионот бил натоварен со 3 тона експлозив. Па кој ли им дава возачки дозволи на луѓево овде?

– Гледаш околу тебе Индијци, Кенијци и Филипинци и тие те поздравуваат со “Ша има брате” или “ Куде си земо, да ти ебу д`н до пладне”, а од нивните  црвени маици ти се смее аплицирано шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

– Количината на песок во твоите чизми е приближна со количината песок во твојот нос. Твоја среќа што змиите можат да ти се пикнат само во чизми, а во уста и нос само шкорпиите и пајачиштата големи ко еден просечен смартфон. Тоа ако спиеш со отворена уста, што се разбира не е препорaчливо.

– Едноставното одење на туширање во јануари бара припреми како да си аплицирал за астронаут во спејс шатл. Чизми и капа се обавезни, батерија и рефлектив белт сакаш да имаш за да не те изгазат камиончиштата, а топлата вода понекогаш е наградата затоа шо си успеал да стигнеш жив и здрав до тушот.

– Твојот вајарлес интернет е трипати поспор од твојот интернет дома во 1997г , а трипати поскап од твојот интернет дома во 2014г. Кога ќе ти снема вајарлес, значи големиот грд камион пак се паркирал пред врата.

– Не ти треба будилник, те будат хеликоптери или во полош случај … БУУУМ …“Рокет атак, рокет атак…дис ис нот а дрил…ај рипит… дис ис нот а дрил…рокет атак…” Ти стануваш лупајќи ја со глава светилката што ти виси над кревет и пцуеш се живо и си викаш утре давам отказ и си одам дома. Барајќи го прекидачот да запалиш светло ја истураш лименката Фанта точно во левата чизма. Покрај чизмата, најчеста жртва во вакви ситуации е твојот лаптоп кој се крши дефинитивно и неповратно затоа што синоќа гледајки “цртани филмови” (и тоа упорно и до крај за да видиш дали младите на крај ќе се земат)  си заспал со него во кревет. Кога ќе се заврши узбуната си викаш “…значи кој фраер сум јас…. мала криза одма гомна да се јадело…пих…отказ…како не…седи си тука…будалче…земи си уште некоја платичка…”

– Бришење прашина од мебел има сосема друго значење. Кога ќе ти се смачи од оваа активност, едноставно го исфрлаш мебелот надвор и сам си правиш друг. Ова, се разбира никако не смее да го дознае жена ти.

– Се ориентираш во просторот со помош на бункерите…”Кај големиот бункер лево…па кај вториот мал десно…” Е сега, тоа што сите бункери се исти, само ќе ти помогне полесно да се изгубиш. Често поминувајки покрај бункер можеш да налеташ на филмски сцени од софт порн филм. И тоа во сите можни комбинации, машко+женско, машко+женско+машко(пазач од другата страна на бункерот), машко+машко, машко+порно списание и слично.

– Со комшиите стално се расправаш за таканаречената “Ничија земја”. Како што е “Ничија земја”? Па  калта во ходникот од шаторот кај што спиете, а за која никој не признава дека е негова и не презема одговорност.

– 40 степени во сенка е баш пријатно време. На 50 степени во мај си викаш “Тибам…летово изглеа порано ќе дојде годинава” и пожелно е кога сакаш да отвориш врата, пред да ја фатиш кваката да си ставиш заштитна ракавица. Од 60 степени па натака веќе не ти треба струја за да си свариш кафе. Пржење јајца на хауба е преценета работа и изгустирано одамна, па скоро и во Скопје да можеш да го направиш истото.

– После секое јадење, стануваш и ги фрлаш тањирите во канта. Ова никако не смее да ти стане навика, посебно не кога си на ручек кај родителите на жена ти.

– Те казнува воена полиција за возење многу над дозволената брзина, а ти возиш дури 23 км на саат. Ова, посебно ако си од Скопје, и не е ништо ново за тебе и веднаш се вклопуваш, само што многу ти недостигаат семафорите и кавгите со другите возачи.

– Најлесно го наоѓаш патот до најблискиот туш само гледајќи во земја. Само гледај доле и следи ги изгубените гаќи, пасти за заби и сапуни. Плус можеш да си ја збогатиш својата колекција папучи и козметика.

– Има толку добри фризури што гледајќи ги војниците и нивните фризури ќе помислиш дека времето застанало во 2002 за време на светското во фудбал во Кореа и Јапан и си викаш “Оној Роналдо бил далеку пред времето”

– Дур си поврзан дома преку скајп и гледаш утакмица од Лига на Шампиони, никако не прекинуваш дури ни кога ќе чуеш пукање на оградата од базата. Се разбира дека почнуваш да крчиш со уста, правиш разни звуци и го прекинуваш скајп муабетот секогаш кога женати ќе те праша да му позајмите пари на вујко и.

Advertisements

Хаџи џиџимиџарница

Пред некое време кај мене у базава локалците отворија 3-4 продавничиња. Јеииии…нови. Шопинг бејб….шопинг…. Не е баш као Скопје Сити Мол, ама ипак е продавница и можеш да најдеш нешто. Обичен, стар транспортен контејнер со еден тон прашина у него, и коа влагаш мислиш као да си у Мумија двојката, и чекаш некое пајачиште да ти падне на глава, а продавачот сигурно може да пројде кастинг за најновиот Индијана Џоунс. Гарант има по некоја шкорпија или отровен вајпер по ќушоите. Не сум видел, али осеќам дека се  таму, негде под купот “оргинални” Битс слушалици со потпис  на докторот.

Секоаш има по 2-3 деца шо скокаат околу тебе и нудат кинески тракатанци, најчесто шо за ништо нема да ти користат. На полиците  по некој нож од типот “се во едно”, а ни едно не функционира, батерии постари од продвачот(обично празни и бренд за  кој никад не си чул или SQNY место SONY). А и по некој пар аБидас оргинал патики.  Монстер енерџи дринк (ваљда украден од некој воен конвој) во пакети оставени на подот. Принглс чипс “мејд ин нешо на арапски или индиски не разбрав”(којзнае што има во него, ама не сум доволно фраер за да пробам) На другиот рафт по некој Хед енд шолдерс шампон од кој гарант или ќе ти падне косата или ќе ти израснат уште два пара уши.

64-funny-pictures-538

Ипак…ова е некаков ивент, и некаква промена. Во првите  2 години, скоро и да немавме никаква продавница. Шо од друга страна душа дало за лечење од шопинг манија, нели. Али мики, веруј…коа после толку време влегуваш у продавница, коа ќе видиш некаков производ кој личи на цивилизација, макар тоа било и Непалски папучи “ала ЧИК Куманово” или Индиски “но нејм” мобилен телефон, ко да си влегол у друга димензија, ко у Фринџ. Се освежуеш и иако надвор е 52 степена, се осеќаш ко тазе излезен од вода на плажана Лабино  у 1984…

Ама. Пази…препорачливо е првите неколку дена да не одиш. Од искуство. Мое…Имаше случај, пред година-две, овде кај мене, коа отворија една слична продавница (хаџи стор е уобичаен назив за таквите објекти) и коа за малку ќе го јадевме. И тоа биг тајм. На влез у базава, на доаѓање на работа, кај локалците шо работат у продавницата у нивно ауто кучињата намирисале експлозив. Неќу ни да помислам шо ќе се десеше да го внесеа експлозивот у база, у продавница, каде пола ден има по десетина војници и цивили. Затоа батка…најбоље првите неколку дена не влагај кај локалците. Ако решиле да пукнат, ваљда ќе пукнат на почетак, осим ако не се слипери, или као у Ирак шо им се десило кај мојот бивши менаџер Дрејк у база. Го гледаш човекот секој ден, цела година-две. Се смешка и сите ги поздравува. Му даваш стари ципели или маици, по некој долар ситно шо ти се мавта по џебови. Еден ден, ко од чиста мира, аут оф блу , шо би рекле америте, доаѓа до најблиската група луѓе , вади пушка и почнува да пука. Е мука ми е. Од вакви ситуации ми доаѓа да излезам од сопственава кожа.  Следниот ден дознаваш дека талибанците му ги киднапирале децата, целото семејство, и морал да пука…го уцениле. Веројатно веќе еден саат по атентатот и тие се убиени. А кој може да знае.

Затоа….заеби…коа се у прашање локалците секогаш на штрек. Шо знаеш, може на кучето на капија му било преку глаа тоа сабајле, го нервирала вруќина и прашина, и не го намирисало експлозивот.  Туку…друго ми беше муабетот…

Вреди ли?

 

На пешеесе метри од мојата канцеларија, малку на запад, југо-запад поточно, се наоѓа оградата од комшиската ни Авганистанска касарна со типично Америчко име-Игл. Ко што ние си го сакаме Шарпланинецот(кој пак сите сакаат да ни го земат) така и Америте си го ценат орелот и нема-нема, оп ќе наречат некое местенце по него. Добро звучи…Игл бејз. До душа они и Шварци си го сакаат и респектираат, па имаат овде една база наречено Терминатор, и Индијанците си ги ценат  па така мојава база ја нарекле Апачи, али тоа е друга прича. Да се вратам на комшиите.

Прво…да не ја објаснувам многу детално позицијата на базата, ради секјурити ризнс. Као кога укључив ГПС на Самсунгот а Кадруш ме опомена на време да не се зезам многу со тоа. Вика дека сеа Талибаните имале технологија и може лесно по ГПС да ме најдат со 5 метри отступање од точна локација.

-“Да не добиеш една руска качуша сто седмица пред врата”..рече Кадруш и ја се опаметив одма. Него , друго ми беше муабетот…

Игл бејз и комшиите. Едно време редовно одев таму. Понекоаш и секој ден бар еднаш. Со цистерната пуневме некои генератори. Или на секој 3-4 дена одев надвор да проверам дали ни дошла цистерна со гориво, за допуна на резервите. Тоа коа бев гуштер овде и немав поим што се дешава надвор од зидовиве. И така се додека не видов уапсен талибанец и неколку ранети авганистански војници. Тогаш малку се ставив у мисла. Него друго ми беше…

Од мојава канцеларија го гледам грејвјардот на возила кај комшииве у Игл. Можда ги има стотина. Од секаков вид. Камиони мали, камиони големи, хамвија, најмногу пикапи. Изгледаат ко Хулк да ги згужвал и акнал од земја. Некоаш си мислам…којзнае колку луѓе изгинале у возилава. И зошто? Првото такво возило разнесено од импровизирана експлозивна направа(“ај и ди” ко што ги викаат Америве) видов пред 3 години. И тоа кај нас, во базава. Беа донесени две Тојоти-џипови што налетале на нагазни мини во околина на базава. Ги гледав Тојотите секој ден. Доаѓаа кај нас по гориво. Ги полневме секој ден. Едната црна едната бела. Ги користеа цивили, Амери главно. Работеа луѓето како тренери на локалната полиција.

Зошто? Ту супорт деир фемилис, ко што сите контрактори викаат кога барат изговор зашто се во Авганистан. Еден од нив беше момак на некои триесетина години, бивш војник. Крупен..набилдан. Го среќавав скоро секој ден у џим. Вежбаше…одржуваше форма. Имаше убава тетоважа на левата рака. Целата рака му беше истетовирана у боја. Некакво стилизирано сонце, некој оган…јеби га. Не му го знаев името…Ретко  овде прашуеш име…не е битно, најчесто користиш кол сајн…Секјурити ту, оперејшнс уан, фјулс ту(мојот кол сајн он  д рејдио). Контрактор си и тоа е.

Ми кажаа дека во белата Тојота загинал дечкото со тетоважата. На полски пат  налетале на противтенковска нагазна мина. Со него биле двајца локални полицајци. Противтенковска може тенк од 20 тона да оштети драстично. Тојотата беше распарчена. Сите тројца мртви на место. И…сега…Вакви работи те оставаат без текст. Вчера човекот беше у џим. Трчаше, работеше трбушни или бенч. Чекаше ред за ручек пред мене. Не знам дали беше женет…дали имаше деца. Обично разговараш некои смол токс муабети, као за кого навијаш у баскет, кој игра у финале на Исток…колку најмногу си дигнал на бенч или… пак во кујна донеле од сладоледот што го немаше цел месец. Лични работи не се прашуваат. Никој нема време за лични работи. Туку нешто друго сакав…

20120909_064805_Anne_Bubble_Peri

Го нашле позади неговата куќарка. Литванците, специјалци…ги има неколку десетина овде. Биле во патрола и го нашле мртов, крвнички искасапен. Не можам да пишувам за деталите кои ми ги кажаа. Мираџудин, Авганистанец од околинава. Работеше во кујна, чистеше изнесуваше ѓубре. Неколку години така…ту супорт хиз фемили. Секоаш насмеан, поздравуваше секого. На неговите комшии, талибанците им сметало што работи за Америте. Можам да замислам каква порака добиле останатите Авгани кои работат тука со нас.

Во Игл бејз има едно игралиште за фудбал. Големо. Трева баш и нема, а дупки има као кратери, ама ако. Го посетувавме. Често нашиве Амери од базава одеа таму да играат бејзбол. Ние, нормално игравме фудбал. На теренот на авганистанската касарна. И тие доаѓаа кај нас често. Вежбаа на шутинг рејнџ овде у близина на мојава канцеларија. Пред некој месец имаше као и секоаш некое пукање. Не излегов надвор, ништо не обично. Мислев тука вежбаат на стрелиштево.

После 2-3 минути долетаа два Апача и еден од малите шпиунски хеликоптери и кружеа ниско над Игл и нашата заедничка ограда. Објавија узбуна. Долетаа два медиевак Блек Хоук-а. Коа имаш медиевак, знаеш не е на арно. Чекаа десетина минути и одлетаа. После дознавме. Пукањето било на игралиштето. Авганистански војник пукал на Америте кои играле бејзбол. Тројца мртви и неколку ранети бил епилогот додека стражата од наша страна не го убила атентаторот. Се ова на помалку од стотина метри од мојата канцеларија, и на местото кај што игравме фудбал. Од тогаш не одиме кај комшиите во Игл. Оди наоружана патрола со блиндирано возило. Ми кажуваше Ралји, мојот прв менаџер овде дека обично талибанците на Авганистанските војници им ги киднапираат децата и така ги тераат да напраат самоубиство и да убијат што поише странци. Него друго ми беше муабетот…

Секој од нас е овде ту супорт хиз фемили. А која е цената, прашал ли некој?

п.с. Имам една слика, као за документи, обично ја користам за коа аплицирам за виза коа идам на одмор накај Дубаи и накај дома. Се сликавме со Лаки цимерот у Кувајт, пред скоро 4 години. Ни бараа слики за некои беџеви додека бевме на процесинг у Кувајт, на пат за навака. Пред некој ден некој од колегиве ја виде сликата и се запрепасти. Вика човеку…си видел ли на сликава колку ти е црна косата? Се погледнав во огледало и ја погледнав сликата. По ова јас се запрепастив. Човече…сум побелел у косава. Обично поискусните контрактори ќе ти кажат…”Една година во Авганистан е исто како 4 години поминати дома.” Толку побрзо се старее овде

Само во Авганистан…

 

– На почеток легнуваш на земја дури и коа ќе пукне ауспух од некое ауто. После некое време и при вистински рокет атак стоиш на отворено за да видиш кај ќе падне гранатата и си ја мантраш онаа старата “Гром у коприва не удира….гром у коприва не удира… гром у коприва не удира…”

– Нај интимен контакт кој го имаш у последните неколку месеци е контактот со завесата од туш кабината. Коа ќе ја заменат, си викаш …”Еј…њу бејб ин д таун …” и имаш чуство исто ко да се фатил нова женска. Прајслес.

– Не ти треба будилник, те будат хеликоптери или у полош случај … БУУУМ “Rocket attack, rocket attack…” Најчеста жртва у вакви ситуации е твојот лаптоп пошто си заспал со него у кревет.

– Се ориентираш во просторот со помош на бункерите…”Кај големиот бункер лево…па кај вториот мал десно…” Е сеа, тоа шо сите бункери се исти, само ќе ти помогне полесно да се изгубиш.

– Количината на песок во твоите чизми е приближна со количината песок во твојот нос. Твоја среќа шо само змиите и пајачиштата можат да ти се пикнат во чизми. А шкорпиите само во нос или уста. Ако спиеш со отворена уста, шо се разбира не е препоручливо.

– Едноставното одење на туширање во јануари бара припреми као да си аплицирал за астронаут во спејс шатл. Чизми и капа се обавезни, батерија и рефлектив белт сакаш да имаш за да не те изгазат камионите, а топла вода понекоаш е наградата затоа шо си успеал да стигнеш жив и здрав до тушот.

– 40 степени во сенка е баш пријатно време. На 50 степени си викаш “Тибам…летово изглеа порано ќе дојде годинава”, а од 60 степени па натака више не ти треба струја за да си свариш кафе.

– Гледаш околу тебе Индијци, Кенијци и Филипинци и тие те поздравуваат со “Шта има брате” или “ Куде си земо, да ти ебу д`н до пладне”

– Твојот вајарлес интернет е двапути поспор од твојот интернет дома во 1997г , а двапути поскуп од твојот интернет дома во 2013г. Коа ќе ти снема вајарлес, значи големиот ружен камион пак се паркирал пред врата.

– Бришење прашина од мебел има сосема друго значење. Коа ќе ти се смучи од оваа активност, едноставно го исфрлаш мебелот надвор и сам си правиш друг.

– Лежиш под кревет со шлем на глава и панцир и на жена ти по телефон и викаш…”Ма нема ништо, ништо не се дешава…досадно е” . Ус пут си ги наоѓаш гаќите шо ти ги снема прошлиот јули.

funny-dog-pictures-now-panic

– Можеш да ја купиш оригинал кинески Ајфон 5 или најновата игра за Плејстешн 3, ама нигде нема да најдеш Палома марамици. Па нормално, не им се исплати за 5 денари да ги продаваат. Плус, овде железни пари не се у употреба.

– Со комшиите стално се расправаш за такозвана “Ничија земја”. Калта во ходникот од шаторот кај што спиете, а за која никој не признава дека е негова и не прифаќа одговорност.

– Тревата е по зелена и поубава од другата страна на оградата, кај комшиите, ама ти никако неќеш да си таму.
– После секое јадење, стануваш и ги фрлаш тањирите во канта.

– Те казнува воена полиција за возење многу над дозволената брзина, а ти возиш дури 23 км на саат.

– Најлесно го наоѓаш патот до најблискиот туш само гледајќи во земја. Само гледај доле и прати ги изгубените гаќи, пасти за заби и сапуни. Плус можеш да си ја збогатиш својата колекција папучи и козметика.

– Има толку добри фризури што гледајќи ги војниците и нивните фризури ќе помислиш дека времето застанало во 2002 за време на светското во фудбал во Кореа и Јапан и си викаш “Оној Роналдо бил далеку пред времето”

– Дур си поврзан дома преку скајп и гледаш утакмица од Лига на Шампиони, не прекинуваш дури ни коа ќе чуеш пукање на оградата на базата. Се разбира дека почнуваш да крчиш со уста и го прекинуваш скајп муабетот секоаш коа женати ќе те праша да му позајмите пари на вујко и.

А која е цената?

На пешеесе метри од мојата канцеларија, малку на запад, југо-запад поточно се наоѓа оградата од комшиската ни Авганистанска касарна со типично Америчко име-Игл. Ко што ние си го сакаме Шарпланинецот(кој пак сите сакаат да ни го земат) така и Америте си го поштует орелот и нема-нема, оп ќе наречат некое местенце по него. Добро звучи…Игл бејз. До душа они и Шварци си го сакаат и поштует, па имаат овде една база наречено Терминатор, и Индијанците си ги поштует  па така мојава база ја нарекле Апачи, али тоа е друга прича. Да се вратам на комшиите. Прво…да не ја објаснувам многу детално позицијата на базата, ради секјурити ризнс. Као кога укључив ГПС на Самсунгот а Кадруш ме опомена на време да не се зезам многу со тоа. Вика дека сеа Талибаните имале технологија и може лесно по ГПС да ме најдат со 5 метри отступање од точна локација. Да не добиеш една руска качуша сто седмица пред врата..рече Кадруш и ја се опаметив одма. Него , друго ми беше муабетот…

Игл бејз и комшиите. Едно време редовно одев таму. Понекоаш и секој ден бар еднаш. Со цистерната пуневме некои генератори. Или на секој 3-4 дена одев надвор да проверам дали ни дошла цистерна со гориво, за допуна на резервите. Тоа коа бев гуштер овде и немав поим што се дешава надвор од зидовиве. И така се додека не видов уапсен талибанец и неколку ранети авганистански војници. Тогаш малку се ставив у мисла. Него друго ми беше…

Од мојава канцеларија го гледам грејвјардот на возила кај комшииве у Игл. Можда ги има стотина. Од секаков вид. Камиони мали, камиони големи, хамвија, најмногу пикапи. Изгледаат ко Хулк да ги згужвал и акнал од земја. Некоаш си мислам…којзнае колку луѓе изгинале у возилава. И зошто? Првото такво возило разнесено од импровизирана експлозивна направа(“ај и ди” ко што ги викаат Америве) видов пред 2 години. И тоа кај нас, во базава. Беа донесени две Тојоти-џипови што налетале на нагазни мини во околина на базава. Ги гледав Тојотите секој ден. Доаѓаа кај нас по гориво. Ги полневме секој ден. Едната црна едната бела. Ги користеа цивили, Амери главно. Работеа луѓето како тренери на локалната полиција. Зошто? Ту супорт деир фемилис, ко што сите контрактори викаат кога барат изговор зашто се во Авганистан. Еден од нив беше момак на некои триесетина години, бивш војник. Крупен..набилдан. Го среќавав скоро секој ден у џим. Вежбаше…одржуваше форма. Имаше убава тетоважа на левата рака. Целата рака му беше истетовирана у боја. Некакво стилизирано сонце, некој оган…јеби га. Не му го знаев името…Ретко  овде прашуеш име…не е битно, најчесто користиш кол сајн…Секјурити ту, оперејшнс уан, фјулс ту(мојот кол сајн он  д рејдио). Контрактор си и тоа е.

Ми кажаа дека во белата Тојота загинал дечкото со тетоважата. На полски пат  налетале на противтенковска нагазна мина. Со него биле двајца локални полицајци. Противтенковска може тенк од 20 тона да оштети драстично. Тојотата беше распарчена. Сите тројца мртви на место. И…сега…Вакви работи те оставаат без текст. Вчера човекот беше у џим. Трчаше, работеше трбушни или бенч. Чекаше ред за ручек пред мене. Не знам дали беше женет…дали имаше деца. Обично разговараш некои смол токс муабети, као за кого навијаш у баскет, кој игра у финале на Исток…колку најмногу си дигнал на бенч или… пак во кујна донеле од сладоледот што го немаше цел месец. Лични работи не се прашуваат. Никој нема време за лични работи. Туку нешто друго…

Го нашле позади неговата куќарка. Литванците, специјалци…ги има неколку десетина овде. Биле во патрола и го нашле мртов, крвнички искасапен. Не можам да пишувам за деталите кои ми ги кажаа. Мираџудин, Авганистанец од околинава. Работеше во кујна, чистеше изнесуваше ѓубре. Неколку години така…ту супорт хиз фемили. Секоаш насмеан, поздравуваше секого. На неговите комшии, талибанците им сметало што работи за Америте. Можам да замислам каква порака добиле останатите Авгани кои работат тука со нас.

Во Игл бејз има едно игралиште за фудбал. Големо. Трева баш и нема, а дупки има као кратери, ама ако. Го посетувавме. Често нашиве Амери од базава одеа таму да играат бејзбол. Ние, нормално игравме фудбал. На теренот на авганистанската касарна. И тие доаѓаа кај нас често. Вежбаа на шутинг рејнџ овде у близина на мојава канцеларија. Пред некој месец имаше као и секоаш некое пукање. Не излегов надвор, ништо не обично. Мислев тука вежбаат на стрелиштево. После 2-3 минути долетаа два Апача и еден од малите шпиунски хеликоптери и кружеа ниско над Игл и нашата заедничка ограда. Објавија узбуна. Долетаа два медиевак Блек Хоук-а. Коа имаш медиевак, знаеш не е на арно. Чекаа десетина минути и одлетаа. После дознавме. Пукањето било на игралиштето. Авганистански војник пукал на Америте кои играле бејзбол. Тројца мртви и неколку ранети бил епилогот додека стражата од наша страна не го убила атентаторот. Се ова на помалку од стотина метри од мојата канцеларија, и на местото кај што игравме фудбал. Од тогаш не одиме кај комшиите во Игл. Оди наоружана патрола со блиндирано возило. Ми кажуваше Ралји, мојот прв менаџер овде дека обично талибанците на Авганистанските војници им ги киднапираат децата и така ги тераат да напраат самоубиство и да убијат што поише странци. Него друго ми беше муабетот…

Секој од нас е овде ту супорт хиз фемили. А која е цената, прашал ли некој?

 

п.с. Имам една слика, као за документи, обично ја користам за коа аплицирам за виза коа идам на одмор накај Дубаи и накај дома. Се сликавме со Лаки цимерот у Кувајт, пред две и пол години. Ни бараа слики за некои беџеви додека бевме на процесинг у Кувајт, на пат за навака. Пред некој ден некој од колегиве ја виде сликата и се запрепасти. Вика човеку…си видел ли на сликава колку ти е црна косата? Се погледнав во огледало и ја погледнав сликата. По ова јас се запрепастив. Човече…сум побелел у косава. Обично поискусните контрактори ќе ти кажат…”Една година во Авганистан е исто како 4 години поминати дома.” Толку побрзо се старее овде.