Фејсбук

Да мики, сите сме луди на свој начин

 

Во оваа прилика би сакал да елаборирам   неколку мои опсервации на темата “Социјалните мрежи и интернетот општо,  како значајни елементи во процесот на созревање на адолесцентите и градењето на нивниот карактер под влијание на истите”, со посебен осврт на ”Влијанието на политичко-социолошко-општествените девијации и личните сексуални фрустрации во секојдневното користење на социјалните мрежи и интернетот”  …да не речам…кои се и какви се мрчаторите и хејтерите по фејсбук и твитер (затоа што  G+ е  сеуште ирелевантен исто  како  даночна пријава во Кондово или македонски новинар на твитер). Значи какви не има :

1.Политички дегенерирани фрикови (ПДФ)

– Луѓе кои буквално го сватиле она дека човекот е политичко битие, и за нив политикаа  е се. Кога се запознаваат (прифаќаат пријателство на ФБ  или заследуваат некого), прво провераваат политички бекграунд, национална припадност според историски период (антички или старословен-македонец) и:

-дали на профилот има присутни фотографии каде централно место има  македонско знаме со звездата од Кутлеш  (дали се користи Кутлеш или Вергина е многу битно)  а локацијата е најчесто во кафана на маса, или на свадба на прва братучетка.  Што по испотен е носителот на знамето, значи попосветен е на одбрана на истото, односно дека играл на патриотски песни.

-дали на профилот има присутни фотографии со споменици или барокни фасади (задолжително  присутен Воинот и фонтаната, т.е. кандидатот е присутен  на сликата а мудата на Букефал  висат во позадина)

-дали на профилот има присутни статуси и твитови со честитање верски празници и 8 Септември (се мери ниво на посветеност на верникот, дали е споменато Чудото во Св. Димитрија  и во кој контекст…хемиска реакција, Божје чудо  или  политички трик…)

-дали на профилот има присутни статуси или твитови  со бодрење на Македонска репрезентација (било која) со можност за додатно линкање до песната “Излези момче” и спомињање на “клетите душмани”

-дали на профилот има присутни линкови од Јутјуб со патриотски песни со коментари (тука задолжително  се проверува  дали е присутно спомнување на предавници и нивната блиска родбина од женски пол во смисла на пеглање и онадување…пример… “Да им е*ам се живо женско што имаат дома”. Во  некои ситуации се спомнува и мртво, ама тоа се екстремни сексуални девијации, што е сосем друга тема…)

-дали на профилот има присутни барем 3 големи кавги со политичка тематика (тука посебно се внимава на кавга со лице во родбинска врска, што поблиска подобро) и која страна се зазема во кавгите.

-дали на профилот има присутни твитови или статуси со хејтање на се што асоцира на Влада или држава (тука посебно се проверува квалитетот и нивото на хуморот кој се користи и тежина на личните навреди кон членови на Влада)

-дали на профилот има присутни  твитови или статуси со хејтање на се што асоцира на опозиција и предавници (тука се проверува  квалитетот на сексуалните пораки и до кое колено се оди во пцовките…деца, внуци или се живо…или мртво..)

-дали на профилот има присутни твитови со плукање по #Скопје2014 или #барок (се внимава на употреба на изрази каkо француски клуч/да живее Фрчко, топење бакар и  најава на сексуални активности спрема уметничката-творец на истите)

 Ако овие елементи се присутни, стануваш пријател  или заследуваш или обратно ако не се присутни стануваш пријател или заследуваш, во зависност од твоите афинитети и колку е ликот политички контаминиран и од која политичка опција.  Ако случајно некој кандидат е маскиран во невин њуби корисник и го помине овој филтер, на прв знак на појава на некој од овие елементи се пристапува  кон бришење (со предходно добро изанализирани методите и активностите на Ванковска), под  итно анфолоу или блокирање на дотичниот, со предходно плукање и употреба на погрдни зборови.

Кај  ПДФ ликовите не важат родбински врски и непотизам, ако не исполнуваш политички критериуми, едноставно те игнорира или можно е само еднаш годишно честитање на роденден преку ФБ (само текс, без слика со шампањ). Кај овие ликови многу ретко приватниот живот е присутен на личен профил или твитер. Прво рано наутро, се пристапува кон социјалните мрежи и блуење и плукање по се живо од другатата партија а потоа се лајкуваат статуси и профили или се ретвитува од свои политички истомисленици. Следењето на овие принципи и ваквите корисници на социјални мрежи се нај битен елемент во процесот  на регрутација од страна на  партиите на нови политички елементи (лепачи на плакати) наречени КУРТОН-и (Кадидат за Ултра Ревносен  Трол во Организација кај Нас)

photo (3)

2.Сексуално загорени ликови (СЗЛ)

Мики, ова ти се типови и типки спремни за опсервација од Мастерс (не се мисли на тениски турнир) и Џонсон (не се мисли на Меџик). Потенцијално се сексуално опасни, посебно ако не онаделе или биле онадени (да не речам пеглани) во последно време. Што од друга страна ги прави многу  достапни за изи фри секс, без обврски…да не речам уан најт стенд. Ќе ги познаеш по:

– постојано постирање фотографии со еротика:

А) отворена еротика -голотија во форма на …полицаец облечен само во капа и чизми, а капата е на погрешно место, или девојка  што многу се изненадила кога ја сликале па подзинала или напрчила усни,  се наведнала и цело време нешто бара долу (опасност од  потенцијално настинување на јајници затоа што патем заборавила да облече  гаќички )

Б) прикриена еротика – цвет со пчела на него

-Постојано постирање видео клипови со песни од типот ….Vetar duva kiša sipi a pod nama krevet škripi. или …Mala moja dođi da sviramo malkice, ja dok sviram ti mi skini gaćice…

– Постојано твитање со хаштаг #порнопеток #цицки или слично, као ….”ја само се зезам…”, ама од самите твитови се забележува дека се работи за суша како онаа во Судан 1999….. Или секс  лани ќе имав за малку еднаш…а годинава поретко…

Тука спаѓаат и една подгрупа наречена #форевралоун (поприсутна на твитер) или типови и типки константно напатени по “љубав и пажња”. Слично како погоре спомнатите, со тоа што кај оваа подгрупа сексот е ирелевантен, повеќе се трага по “љубав живота”. Препознатливи се по постирање љубавни стихови и фотоси од згодни фраери и риби во не експлицитно сексуален амбиент(…под палма на плажа,со гитара… во самрак на некоја пољанка со цвеќе околу и слично романтично затупување)…твитаат на хаштаг #љубов многу се мили и нежни при дискусија…Секогаш сонуваат за   принцот на коњ, ама обично принцот го нема туку доаѓа фраер кој се однесува како коњ.

3.Вонаби Диџеј Ликови(ВДЛ)

Ова група е застапена главно на Фејсбук, заради карактерот и спецификите на мрежата, иако екстремисти од оваа групација знаат да се појават и на твитер и таму да го реметат редовниот #порнопеток и да дефокусираат.  Знаат со денови да постираат линкови од видеа со песни од Јутјуб. Од време на време има и по некој коментар на линкот од типот…”…мојата….”, ако се работи за љубовна песна, или …”јој где ме наџе”, или “..шо пие кафана…” ако се работи за турбо фолк.

4.И јас имам дете (ИЈИД)

Оваа група корисници на социјални мреже е заради  карактерот на истите поприсутна на фејсбук. Се карактеризираат со тоа што припадничките на оваа група им водат инат и им прават лиги на цурите  кои се припаднички на погоре спомнатата групација #форевралоун и природниот саат им шиба сто на саат. Се карактеризираат со постојано постирање на фотографии од бебе, најчесто нивно (во екстремни случаи се позајмува од сестра или братучетка, само за да покнат  душманките). Бебето е доказ дека коначно се омажиле и дека ревносно ја следат акцијата на владата за зголемување на наталитетот. Машката популација ретко припаѓа на оваа групација, ама ако потпадне под влијание на”бебе и негов осмех” као најако оружје на членовите на ИЈИД , тогаш потполно се посветува на активности од типот…”еве сум со син ми, куре татино да ми ти порасне поголемо…”. Некои повозрасни  корисници се членови на оваа групација дури и кога ќе добијат втора генерација за фалење…таканаречени  “внуци”. Во  екстремни ситуации кај корисници на кои ептен многу им се брза…”да и покажам на онаа кучкана од Центар дека и јас можам”, доаѓа до постирање фотографии кои се  во категоријата…”дај не ме јеби”…односно…”ја мислв дека сум луд, али ова е”…каде се постираат и ехо снимки…од некаде 6-7 месец трудноќа. Да…и ова е видено…

  Човекот мики….човекот ти е најчудното животно  на денешницава….Кој помалку кој повеќе.  А да не беа социајлните мрежи, како ќе ги познаевме ситните лудости на нашите пријатели или непријатели? Да се разбереме…јас најверојатно сум по малку  во секоја од овие групи, ама тоа не ми пречи  да продолжам да се лечам, токму со користење на социјалните мрежи. И полесно ми е. Затоа што секогаш можам да  видам дека има и полуди од мене.

Advertisements

Умната теткица од фејсбук

Теткици почитувам многу. Оние посебно од  друштвото на Рон Џереми или Роко. Ама теткици кои мислат дека се од Бога дадени да делат памет на сите наоколу, без мерка или респект кон луѓето и нивните чувства, е тоа не можам да поднесам. Одењето во Црква не те прави верник, како што ни седењето во гаража што не те прави БМВ. Исто така ни бескрајното одење по школи и факултети не те прави интелектуалец. Интелектуалец е дел од карактерот кој го имаш или не, а не е бесцелно бубање како замена за недостатокот од пријатели или забава во тинејџерските години, најчесто предизвикани од мајка природа која кога те креирала била на тешки дроги, или во најмала рака  мртва пијана.

image

Една “мудра” теткица дели памет по интернет, поточно на Фејсбук. Јас само ќе ја поздравам и ќе и порачам дека пред се треба да си човек, добар човек, човек со срце, со разбирање за оние кои не се исти како тебе, толерантен и пријателски расположен и кон оние кои не го делат твоето мислење. Професор се станува со парче хартија, човек се раѓаш. Ако не, тогаш си грешка на природата. Ароганцијата и надуеноста, посебно поткрепени со физичка грдотија не можат да се прикријат со ниту една диплома на светов.

Мој коментар на еден статус на генијалката:

“Ако Македонија не е држава…па зошто уште сте тука…Зошто живеете на сметка на Македонија и буџетот? И вие себе се нарекувате професорка? Што се бламирате по Фејсбук и се расправате со луѓе кои немаат исто мислење со вас. И кога немате аргументи ги бришете? Дали тоа значи дека ако во живо разговарате, тие со кои не се согласувате ги бришете физички…на сила?? Вие “професорке” можеби имате школо и титули, ама вие немате човечки квалитети за да бидете професорка. Вие ги навредувате и омаловажувате луѓето само заради тоа што немаат ист став како вашиот. Ќе се погрижам никогаш да немате можност да им предавате на моите деца. И на крај….ќе се обложам дека не можете да ме избришете…мислам од ФБ. Инаку вие би ме избришале и од лицето на земјава. Каква исфрустрираност и каква искомплексираност…не можам да верувам…Човек може дисертација да напише. Поздрав и уживајте во својата мизерија…”

wpid-canvasв3_wm.jpg

Туѓото повеќе од своето

 

Македонски менталитет на социјалните мрежи…

1354508781-picsay

 

Да се согласиме дека не се согласуваме

 

Анкетата која ја спровел Mashable покажа дека за време на претседателската кампања во САД, 47 отсто од корисниците признале дека избришале дел од своите пријатели заради “досадните политички статуси од спротивно политичко убедување”. Веројатно очекувале статуси или твитови од типот…”Досадно ми ееееее…”…”шо ли да облечам за вечер…”…”од сите денови во неделата најмногу го сакам #порнопеток  заради #цицки…”. Бај д уеј и порното и цицките најчесто се у доменот  на “лани за малку еднаш, а оваа година поретко…”, ама за тоа друг пат.

Искрено, јас мислев дека таквиот идиотизам, да бидеш “казнет” со недружење или изолирање заради искажан “погрешен” политички став само кај нас го има. Очигледно дека не. Овој феномен е присутен насекаде(тролс ар евривер). Aко ме избришеш или одследиш заради мој политички став, тогаш:

  • Никогаш не си ми бил пријател(си мислел дека ќе имаш некаква корист од мене и затоа си ме додал на фејсбук или си мислел дека сум влијателен па си ме заследил на твитер-со еден збор дупелижач или аскисер по нашки)
  • Ти си тотално политички не писмен( различните политички ставови се нормална работа за нормални луѓе, а ти тоа не си…најверојатно и жена ти(ако уопште некоја сака да ти биде) ја нокаутираш кога ќе ја видиш дека гледа вести на “другата”, не “адекватна” телевизија)
  • Ти си арогантен, исклучив и немаш демократски капацитет(со други зборови, ти си трол, и девојка ти ја шамараш  дури и ако погледне у дечко на слика на билборд)
  • Неколку години си чекал да бидеш крстен(толку си грд/а  што твоите неколку години не можеле да најдат поп за да те држи гол додека те крсти…неколку попови дури биле исклучени од црквата заради тоа)

 

  • Татко ти како дете те кршел од ќутек(веројатно затоа шо на брат ти никоаш не си му давал од сладоледот или намерно си му ги кршел играчките)
  • Другарчињата не си играле со тебе и те викале дебел(види предходна точка  во делот за играчките и сладоледот, пошо си го јадел сам и затоа си се здебелил. На ова само додади тужакање и стомак голем као тракторска гума)

 

  • Девојките/дечковците  те избегнувале како да си шугав(види предходни две точки, само додади природна ружноќа и дебилност…заради шо последна девојка/дечко со кој/а  си бил/а  од срам се одселија во Манитоба-Северна Канада-блиску до поларниот круг)
  • Навиваш за Манчестер Јунајтед(ова е само по себе објаснето, да не речам селф експленетори)

 

Нашето секојдневие само ги потврдува овие точки погоре. Се повеќе луѓе влегуваат во кавга, или екскомуницираат свои познаници, пријатели па дури и роднини заради искажан политички став кој не е ист со нивниот. Ало бре, ало ….доста е….Научете да се почитувате. Научете да се согласите дека не се согласувате, и летс мув он, потоа пак играјте NBA 2013 на твојот компјутер или заедно одете на Таксират. Научете да бидете џентлмени  и фер и почитувајте ги другите, иако не се сложувате околу фискалната политика или факинг споменици и барок.

И не се само “идеолошко политичките разлики” причина за хејтање и изолација. Дури и нормални животни активности како комуницирање,  социјални мрежи и активизам стануваат причина за идиотско однесување спрема секој кој проба да покаже дека има друга идеја…дека мисли различно од “политички подобните”( кој само им кажал дека се подобни?) Активизмот не мора да повлекува политичка припадност или став. Можеме да бидеме и аполитични, и да имаме партиски книшки од различна боја, ама тоа не треба да не спречи заедно да покажеме дека не ни се допаѓаат скопските улици за возење точак. Нееее…мора да си со нас…или си против нас. Еден момак убаво вика…тенк ју енд фак ју. Ја викам ебете се со краставици…пардон мај френч…

Ако мене ми е убава жичарата, затоа шо можам мојата 75 годишна мајка да ја качам горе, на врв(а не затоа шо Коце или незнам кој ја направил, а не твојот) не мораш заради тоа да ме жигосаш или мразиш. Дури и да носам маица со слика од Коце со напис “Коце е најбољи” сепак тоа не е причина за хејт. Научете веќе да живеете како нормални луѓе со нормални активности, кои не зависат од политика и политичка определба. Хејтањето стана спорт број еден во Македонија, на социјалните мрежи посебно. Луѓе бре…почнавте сами себе да се мразите, зошто не ви остана друго…веќе се живо е исхејтано. Калм даун енд гет а лајф…Уште имате шанси да станете нормални луѓе…Додека не стане касно…Живејте малку…

 

п.с. Еден читател во коментарите на гореспоменатиот напис на Mashable,  дал идеја како да се реши проблемот:

 

  • People have to come together. We need one party! One united group!

          – @unitedwithone Генијалец….летс риинвент комунизам…

Еден друг читател на истиот напис му одговара(по малку збунет и изненаден):

  • I believe that what we need is more than one party. One party sounds a lot like Cuba.

         – Cuban_Nerd

Сва среќа што во светов денес  ”збунетите и изненадени” се помногубројни од “генијалците”

 

п.с.с. Поздравете си ги хејтерите и немојте да ги мразите. Поздравете ги моите хејтери. Не ме читаат и не ме “дружат” затоа што некогаш сум искажал политички ставови различни од нивните.. Јас не ги мразам и не се лутам. Само ги сожалувам. Не ми фалат. Само, штета е да се ограничуваме на комуникација само со група луѓе кои имаат ист политички став со нашиот. Мнооогу се осиромашуваме заради тоа…многу…Али…наш народ рекол…”со сила убаина не бидуе”…и буквано и фигуративно…

Тешко нас на стари години…

Ти текнуе на 1999. Мене ми текнуе убаво. Ради многу работи, и лични а и од “историско – општествени аспекти”. Нема сеа ја нешто као….”е внучко…ја коа бев ”…Не..него онака деноиве ми текна.  Ми текнуе на таа година и на мојот прв пут у Рим. Коа ме држеа на аеродром  Фјумичино 2 саата и проверуваа моја лична и финансиска историја као да сум некој белосветски берзански преварант(бар да бев). Откао успеав да ги убедам дека не сум братучед на Џорџ Сорос ми дозволија да влезам у Италија. После тоа продужив   и малку по на север на Италија, у посета на брат ми и фамилијата. Не ми беше прв пут да идам у Италија, оние шопинг авантурите у Трст у осумдесетите се више него леџендери. Карера и Ли фармерки, монтките, парфеми …возењето со “кадилци” шинобусот од  Љубљана до Трст…прајслес. Не дека сум некој светски путник, али осим сите бившо југословенски држави и сите комшиски држави на  Македонија, дел од Европа и Блиски Исток, сум прошол малку и подалеку и подолго од викенд или летување. Ваљда тоа искуство ми дава за право сеа да се праам ташак овде и да кажуем гачки кој- како- шо. Шо знам , може и не???

Него друго ми беше муабетот..  Коа ги гледам сеа нашиве овередукејтед “млади интелектуалци со широки погледи на светот и општествените случувања, самосвесни и вистинска совест и иднина на општеството ”, си викам…тешко нас на стари години. Батка…каде згрешивме??? Кого заебавме толку многу за да ни враќа вака??? Италијаните таа година ми се чудеа коа ќе им кажев дека учев економија и студирав социологија, ама ете неам баш работа у струка. Уствари као и сите наши шо у тоа време идеа у Италија по работа. “Па добро бре…работи ли некој кај вас у фабрика, сите студирате??..”” ми вика батка жабар, кој не е ни малку “општествено освестен”, и осим што се пали на калчото и Интер, не го занима шо у Милано напраиле нова фонтана или како се вика министерот за економија или градоначалникот. Али затоа не студирал 12 години као Венко и ги земал сите можни звања и дипломи , него фатил чоекот да работи на 17 години као физикалец у градежништво. Сеа на 33 години има “мало претпријатие” има своја куќа и вози Ауди А6 за низ град, а Ферарито го вози само за викенди. И сеа….???

Фабриките батка, кај нас ги продадоа у старо железо, а младите ги форсираат да учат до 35 години и да живеат  у сопчето шо некад беше детска и од пензијата на тато да чекаат за џепарац.  Нормално…нит  можеш да се ожениш, нит да се омужиш…па се фолираш дека праиш кариера у  наука и образовање. Као еве “јас инвестирам во себе”. “Учи синко за да не работиш”…ти текнуе на ова. Колку пути сме го слушале сите ние? Не бе батка…земи работи, а не само да тролаш по цел ден и да продаваш памет.  А глеаш колку само нормално е за момак Американец, 25-26 години, белец, да има завршено само хајскул. Човекот си положил за сите можни дозволи за кранови и багери и си работи како кранист. И тој е млад, и паметен, се информира и едуцира сам , низ живот, низ искуство…а не на факултет, кај некој како Венко. Еве го овде, со мене работи. И…срамота е тоа???

Нешто е многу наопаку. Се згреши работава у почеток на девеести. Дебело се згреши. Или…намерно се згреши, за да може некој да се напраи тајкун. Другар ми некаде крај на осумдесети почеток на девеесети у една фабрика од Скопје , нормално у дил со директорот(политички комесар) успеа као член на некаква си комисија да ги продаде машините као старо железо, на кило. “Нормално”  дека брат му ги купи сосем исправните машини за ситнурија и си отворија своја фабрика. А “државната” фабрика отиде у стечај. И….??? Кај  беа тогаш “младите и општествено освестени интелектуалци”. Студираа…учеа по цел ден…немаа време да приметат шо се дешава со државата, со нивната иднина. За разлика од тогашните млади…сегашните пак превише забележуваат шо се случува, ама забележуваат не битни работи и  погрешно реагираат. Сеа синот или ќерката на погоре спомнатиот директор(политички комесар) или некој политичар од пред 20 години е дел од таа младина која нели е многу свесна и совесна, ама никако да изреагира правилно на некоја ситуација. И синот на стечаецот од пред дваес години сеа е дел од таа младина. Интересен апсурд батка….наследниците на злосторникот и жртвата сеа заедно покушаваат на некои сосема нови луѓе да им стават сопки у секој обид да се попраи нешто. И не е битно дал се работи за национално прашање као не мењање на име, или одлука битна за економија као фиксен курс на денар или локална политика на градоначалник као праење споменик или ограда на мост, дежурните генијалци се увек тука да мрчат. По цел ден седи пред компјутер и од дрвото не може да ја види шумата. Заради трошката шо му влегла у око сака да си го извади окото. Ќе треба многу да се потрудам моите деца да не станат такви.

Искрено, многу сум даун…разочаран сум коа гледам какви овчички се самонаречените интелектуалци и луѓето кои треба еден ден да ја водат државава. Наива поголема од Генералиќ. Твитер и фејсбук се најбољи доказ за тоа. Порано  овде пишуев за некакви протести по повод убиството на Нешковски. Политика колку сакаш, правење политички поени и кариера од некои ситни души, а никој не глеа колкава трагедија им се деси на две семејства. Да…на двете семејства им се деси трагедија.  Ќе ме линчуваа шо им се  мешав у лешинарството. После пишуев за некаква елка шо ќе ја праеле у парк, а нема врска со рециклирање или слично. Била некаков симбол на незнам шо. Да…симбол на себе промовирање и чалам и нишо друго.

Сеа скоро истите млади надежи ќе праеле ограда од луѓе на мост. Оф мори мајко….Па онаа(нејќам името да и го спомнам) професионално и сексуално нереализирана госпоЖа се залета да напише колумна во Вест и да проба да дае гол од офсајд. Од кај знаеш може шефот ќе и каже…” брао ма, коа ќе напраиме 12-ти опозиционен весник, ти ќе бидеш уредник”. Дотичната напраи драма од еден статус на фејсбук или еден твит. Пак политика истрча на терен…. авторот на идејата …”е при­лич­но оми­лен и ци­ти­ран од ог­ром­на, ма зас­тра­шу­вач­ка ма­са луѓе”….леле..леле…Демек…младите интелектуалци немале работа и пари, и сите, ама “застрашувачка маса на луѓе” се налепиле на идејата, па за парите шо ќе се потрошеле за оградата на мостот, тие ќе стоеле на мостот уместо ограда. Колку генијално…глеам и у Њу Јорк сите 45000 бездомници и клошари стојат уместо ограда по мостовине низ градот, а градоначалникот Блумберг им плаќа на нив, место да праи ограда. Којзнае колку само струја  троши Њу Јорк за осветлување на мостовите и градот, па глеам у потпун мрак е цел град, нали да има пари за гладните. А слушнав и дека Обама ќе ја срушел Статуата на Слободата, ќе ја истопел и ќе им ги поделел парите на граѓаните. Аха…..Тешко нас на стари години….

п.с. Да не испадне дека проповедам некаква демагогија. И јас студирав, ама и работам од своја седумнаеста година. Почнав како чистач на магацин. Слично ко Итаљанот, само шо ја сеа немам Ауди и Ферари…имам Опел, а Ферари никад не сум го симпатизирал. Одувек сум бил за Мекларен Мерцедес. А не ми пречи градењето и убавиот изглед на градот…ма кој и да го правел тоа.

Линч за колумнистите и неистомислениците

Не можам да верувам. Каква мрачна, жална и  јадна ни е интернет јавноста. Колку зли и лоши луѓе имаме во Македонските  интернет кругови.  Колку несреќни и исфрустрирани и изманипулирани  млади луѓе висат по социјалните мрежи, по блоговите и форумите. Колку само зла крв има меѓу нашата интелектуална младина. Дојде до таму да луѓето се напаѓаат, навредуваат на лична основа, се етикетираат и осудуваат само заради изнесен став, заради изречено или напишано мислење. Браво.  Успеа политиката да не раздели и доведе до дното. Дојдовме до таму да безмалку  сакаат да  линчуваат човек заради тоа што неговиот став, неговите размисли се различни од нивните.  До таму ли дојде? Ајде генијалци потсетете ме кој убиваше и линчуваше заради идеи и изразени ставови?

Колумната на Тони Науновски во Нова Македонија предизвика огромен број реакции и вистински фронтален напад  врз него, посебно на твитер и на фејсбук. Човекот е навредуван на лична основа, и тоа толку многу и толку одвратно да моето домашно воспитување не ми дозволува да пишувам за тоа. Нормално, нема контра аргументи и аргументирано полемизирање, туку анализа на авторот, неговата елоквенција, способност за анализа и извлекување заклучоци, неговите интелектуални способности, па кој му ја дал дипломата,  па дека бил доктор ајван и да си ја запали дипломата. Инаку, Тони Науновски е еден од нашите најмлади доктори на науки, на 28 години.

Срамно и бедно е како се однесувате и го навредувате на лична основа. Па тој никаде никого не спомена по име и не навреди лично. Ако не ви се допаѓаат неговите идеи, полемизирајте или едноставно игнорирајте. Со однесувањето на цела една генерација млади “интелектуалци” на социјалните мрежи и во јавниот живот ние само добиваме потврда дека едноставно нам ни фали национална свест. Како инаку да протолкуваме хејтање на се што барем ќе замириса на национално или обид за потенцирање на националното. И тоа зошто? Заради тоа што спротиставената политичка партија го прави тој обид за подигање на националната свест.

Неверојатно е како заради смешни партиски препукувања, многу млади не можеа да си дозволат да се израдуваат на 20 годишнина на независност.  Повторно, заради тоа што другата партија е организатор. Или заради партиска нетрпеливост да не се подржи изградба на споменик на личности од нашата национална историја, напротив, да се исмеваат и личностите, и градителот и споменикот. Заради партиски ставови и недоразбирања не успејаа ни да се израдуваат на успесите на националната репрезентација во кошарка. И тука хејтање, исмевање. Еден Американец со Македонски пасош повеќе се радуваше.

Само преку овие три примери јасно се гледа дека кај голем дел од младата интелигенција, партијата и партиската агенда е поважна и поблиска до срцето одколку националното и  љубовта кон своите, кон сонародниците, кон нацијата. Во бившата заедничка држава, во нејзината армија, старешините имаа обичај за вакви случаи да речат…”У случају рата, стрељати”, затоа што едноставно ќе ти станат внатрешен непријател, ќе ја завртат пушката против тебе, во твојот грб. Мислите ли дека ако утре зарати, некој од овие ликови ќе застане на браникот на татковинтата? Дека некој ќе сака да го даде животот за Македонија? Да..?? Исто како и 2001-ва кога “татини синови” отидоа на кафе во Солун и останаа 6 месеци. Јас можам да се обложам дека нема тоа да го сторат дури ни ако нивната партија ги повика.  Едноставно, кај таквата младина не постои чуство за припадност и лојалност кон никого. Се ова е последица на повеќе од 60 години обезличување и поделба на Македонската нација. И повеќе од 20 години труење на нацијата со партиски поделби, говор на омраза и политичка нетрпеливост. И сега тие млади луѓе наместо да помогнат во обидот на власта да го зајакне националниот идентитет, тие хејтаат се што е во тој правец направено.

Инаку, обидите на оваа власт да се обнови и зацврсти националното чуство најмногу се минирани и сатанизирани токму од политичките ментори на тој дел од младината која секојдневно ја гледаме на социјалните мрежи. Младина која побрзо би прифатила плоштадите да ни наликуваат на соц-реалистичките бетонски грдотии како во Узбекистан или Казахстан , отколку на нив да има споменик кој ќе го изгради спротивната политичка опција, без разлика дали споменикот е на Александар Македонски, Цар Самоил или Гоце Делчев. И токму затоа што спротиставената политичка партија го изградила споменикот.

Можеби Тони не го понуди вистинскиот лек, но дијагнозата му е точна. Нашето национално ткиво е труло, и тоа таму кај што треба да е нај здраво, кај младите. Затварањето граници можеби е предрастично, но Тони никаде не напиша дека ние треба да ги затвориме границите, туку дека ако веќе се случи, може и да извлечеме некоја корист.  Можеби ако младите стручни и школувани луѓе останат дома, во Македонија, и ако престанат слепо да ги следат политичките елити и заради удоволување на суетите на истите не се закрвуваат со симпатизерите на другата партија, можеби еден ден ќе почнеме да среќаваме млади луѓе обединети и со силна национална самосвест. Луѓе кои и да заминат од Македонија, барем ќе заминат како Македонци, а не како аморфна не идентификувана  маса.

Можеби и можам да разберам да се бара објаснување или дури и одговорност ако некоја идеја предизвика реакции на јавноста или контроверзи, а доаѓа од политичар кој можеби е во позиција да реализира таква идеја која можеби за дел од јавноста е неприфатлива. Но ако заради колумна на обичен граѓанин се случува ова, тогаш не ме изненадува се поприсутниот говор на омраза на интернет. Што е следно…палење на весниците кои објавуваат колумни кои не ни се допаѓаат. Простете, кои не им се допаѓаат на политичките ментори. Или заседи за колумнистите и нестомислениците? Каде вака…..???

п.с. Да му порачам на Тони, да не се грижи премногу. Нападите не се кон него лично, туку кон подржувачите на владата и нејзината политиката која е во правец на зачувување на Македонскиот идентитет. Ситните души во твојата колумна препознаваат подршка на таа политика. А пак останатиот дел од јавноста во тие ситни души ја препознава нашата јадна, бедна и килава опозиција. Трагедијата е што таквата опозиција се обидува и нас да не направи такви. Ние секако нема да го дозволиме тоа.

Глобализацијата и антиквизацијата во Авганистан

Написов е оригинално објавен на 9 мај минатата година, на стариот блог Авгантура, кој веќе не постои. Сметам дека ќе биде убаво и новите читатели од време на време да добијат пристап до некој од старите написи.

 

Да. Светов отиде по ѓаволите. Како? Па така. Седам пред Кинески лаптоп, во Американска база во Авганистан. Корејски климатизер ме лади додека грицкам Американски чипс и пијам Узбекистански(којзнае колку е озрачен, Русите на времето каде тестираа нуклеарки?) сок од ананас. Ги разгледувам предизборните препукувања во Македонија преку интернет и уживам.

Прво уживам зошто е пријатно свежо во канцеларијата , а надвор е веке преку 35 степени и уживам во предизборието. Многу е смешно и забавно кога се гледа од дистанца. Среќен сум што сум на 5000 километри од дома во овој вжештен период . Уживам да ги гледам реакциите на двете страни на меѓусебните провокации. Awesome. Уште повеќе уживам да ги гледам реакциите на тие реакции на квази интелектуалците, квази новинарите, разноразни експерти, божем блогери, жими мајка стручњаци и загрижени за слободата на новинарството и самонаречени борци за демократија. И тоа од двете страни. Луѓе влезени во филм дека тие се од Бога пратени да го бранат неукиот и неписмен народ од “лошите чичковци”. Секако, секогаш лошите се оние другите. Замислете народот ништо не разбирал, овие лошите му го поматиле умот и сега ќе дојде Бетмен да ги спаси. Да не е жално би било смешно.  Не ми е криво што ме лажат, криво ми е што мислат дека им верувам, велеше еден мој пријател кога му ветуваа зголемување на платата овде во Авганистан. 

И што се нема да видиш и прочиташ. Ниски удари, лизгачки стартови со две нозе, лактови во око, влечење за дрес…што нема. Како да гледаш Реал и Барцелона кога се млатеа пред некоја недела. Само уште судија им фали да почне да дели црвени картони. Но… party has not yet started, уште има да се вжештува. Интернет, посебно социјалните мрежи(зошто секогаш новинарите кога ќе го споменат ова го кажуваат само Фејсбук, а во множина пишуваат, a твитер, G+) е полн со партиски активисти од двете страни маскирани во горенаведените фолиранти. На овие избори интернет стана вистинско бојно поле, уште крв што не потекла по мониторов. Ќе биде забавно. Туку, да не спомнувам крв многу многу…скраја да е.

Муабетот ми беше за светот, ама ете,  не може човек да избега од жешката предизборна пролет во Македонија, па дури ни во Авганистан. Додека чекам да дојде цистерна со гориво, која патем е Шведска Сканиа со регистарски таблички од Осиек или Горажде а наполнета со Кувајтско гориво и ја вози Авганистанец, велам светов отиде. Колегите од Индија и Непал во другата канцеларија чекаат да дојдат Романските војници со Англиски воени возила за да им наполнат гориво. Глобализацијава не изеде, не сомле. Чудо направи. Но човек се навикнува на се. Во нашава ситуација во Авганистан, најбитно е тукашните “лоши чичковци” Талибанците да не н` вознемируваат со Руските и Кинески ракети. Глобализација…тоа ти е…

п.с. Како придонес во предизборната битка и антиквизацијата како една од нај жешките теми во таа битка, ке објавам две фотографиикои можеби и сум ги објавил веќе, ме мрзи да проверувам. На нив се наоѓа тврдината на Александар Македонски(или Велики, кој како гледа на антиквизацијата) која се наоѓа во непосредна близина на мојата база. Александар стигнал и до овде. Си велам…да не се сетат Авганистанциве па да се антиквизираат, да ни го земат Александар. Ете…тие имаат и оригинални артефакти…Кој знае.