ФОБ Апачи

Дома

Се започна многу порано од 26 Ноември 2009 кога за прв пат полетав кон Блискиот Исток на пат за Кувајт и потоа Авганистан како моја конечна дестинација. На мојата авгантура и претходеа дваесетина месеци аплицирање, непроспиени ноќи и висење по интернет форуми и портли за работа во воена зона и собирање информации како да се добие работа. Тие кои ме познаваат знаат најголем дел од мојата Авганистанска приказна. Тие кои не ме познаваат, можеби еден ден ќе имаат прилика моите мисли, сеќавања и приказни да ги прочитаат во некое печатено издание во вид на збирка раскази. Здравје.

1694. Толку денови поминаа од првиот лет во непознато. Толку ноќи поминаа во најголем дел преспани во шатор полн со граѓани од земји од Третиот свет, преполн со прашина, шкорпии, глувци и пајаци големи колку кутија за кондури и понекоја змија, нормално…отровна, затоа што во Авганистан не постојат не отровни змии. Половина од времето во овие 1694 деноноќија ги поминав во една канцеларија 2х2 со едно биро, две столчиња, една кинеска клима, корејски телевизор со индиски тв канали и јапонски фрижидер. И многу, многу тага и носталгија, по малку работа, многу одговорност,  нервоза, возбуда, онлајн среќни моменти со најблиските и пријателите, во живо несреќни моменти со гранатите и непријателите.

Видов и срушени хеликоптери, уништени тојоти како Хулк да ги згужвал и удрил од земја, пукање околу канцеларија…гранатирање и самоубиства…ранети и заробени талибанци…убиени војници додека играат фудбал…На едно место заградено со зидови од 4 метри,  со големина на едно просечно скопско маало а наречено ФОБ Апачи, видов и среќа и несреќа во количини колку за три просечни и нормални држави. Непосредно работев со дваесетина луѓе од 7 различни нации и уште поразлични карактери. Креирав преку 20 000 документи, испратив преку 13000 мејлови, примив уште повеќе. Заработив една пнеумонија, седа и проретчена коса, болки во кичмата од седење, стрес од алармите, пристојна сума долари на сметка и маки и јадови заради пропуштени мигови на радост и блискост со најмилите. Заработив и пријатели какви никаде и во никакви други животни ситуации и околности просечен човек нема шанси ни да ги сретне.

Дојде време да се заврши мојата Авганистанска авантура. Дојде време да ставам крај на едно поглавје од животот. Никогаш немој да жалиш за нешто што си направил во животот. Треба да ти е жал за нешто што си можел и си требал да го направиш, но не си го сторил тоа. Јас не жалам за ништо што сум направил во овие 1694 денови. Се надевам дека моите најблиски го мислат истото и дека ја разбраа мојата авгантура како неопходен дел од нашите животи. Знам дека е така, и токму заради тоа и заради нивната подршка јас се ова повторно би го направил.

На 18 Јули 2014 година завршува мојот престој во Авганистан. Се враќам дома.

 

Advertisements

Ама се ова му се случува на некој друг

….наеднаш се огласиле сирените за узбуна. Се разбегале сите кој по бункери, кој залегнал во прашината, а Мац ко прав џомба кој секоаш знае кај има дупка во оградата и кога има најмалку гужва пред Грин Бинс, начекал слободен телефон и ми се јави. А што да мислам бе мики? Каде по ѓаволите одам јас? Како бе узбуни и гранатирања? Нај црни мисли ми се мотаа по глава. Авганистан беше зверот шо ме чека со отворена уста за да ме лапне. ММЕ, човекот е најчудното животно и на се се навикнува. Мац воопшто не реагираше на гранатирањето, а јас доживеав стрес на 6-7000 километри од него.

Покасно, ќе го доживеам и неговото. Ќе научам да живеам и со гранатирање, со рокет атак. За  првите 24 дена во Кандахар, имав преку дваесет напади, по некогаш и 2-3 дневно, некои и секој ден во исто време. Во даденото време, ние земавме кафе и сокче и точно пред да се огласат сирените одевме во бункер. Покасно, само си продолжувавме со кафето, каде и да бевме, и не реагиравме воопшто. Како да не не засега нас. Ко да не сме во најопасната земја на светот, на најгранатираното место кое го нарекуваат Рокет Сити.

И ти си продолжуваш така, иако ќе чуеш дека граната синоќа погодила контејнер со купатила и  тушеви и за среќа не есплодирала. Само скоро да му ја откинала раката на Амерот кој во тоа време се туширал. Дупката на контејнерот е закрпена, а јас  ја гледам на секое одење во Кандахар. Колку за потсетување  каде сум и  дека не треба да се опуштам премногу.  Да не се опушташ премногу те потсетуваат ситуации како мојата од 2011. Додека навидум се изгледа  “нормално” и се си е во ред, ти како и вообичаено си вечераш а на двеста метри од тебе млада Кенијка  се враќала од работа кога се случи нападот. И таа,  како и ти и веројатно огромното мнозинство во базата си мислела дека нападот е далеку. Токму како што сите ние секогаш што си мислиме. Кармата имала друг план. РПГ-то паднало на 5-6 метра од неа и не експлдирало. За нејзина несреќа, рикоширало и ја погодило право во стомак. Потоа собиравме парична помош за нејзиниот погреб. Штета. Дваесетгодишна девојка.

20100724-N-6538W-266-1-660x462

Авганистан е необично и чудно место. Најопасното парче земја на планетава, каде може со месеци ништо да не се случи, а во миг, во секунда се да заврши. Како несреќата со Индиецот кој беше овде кај мене, и доби трансфер во друга база. Првиот ден во новата база  имало гранатирање и човекот го изгубил едното око. Или се е вообичаено и нормално, се додека една вечер група талибанци не успее да влезе во базата преку оградата и ти ќе завршиш цела ноќ во бункер, цврсто стискајки го малото ноже во десната рака и мобилниот во левата. За да можеш последен пат да се јавиш дома ако веќе навистина дојде крајот.

Ама се ова му се случува на некој друг. Секогаш си со таа мисла. Исто ко што сообраќајките во Скопје секогаш  му се случуваат на некој друг. Никогаш не можеш да знаеш дали  аутото што доаѓа кон тебе додека преминуваш пешачки кај Рекорд ќе застане или не, ќе те удри или не. Исто е и со гранатата….

Авгантура (1)

Се почна случајно…

           Да, баш така. Као и што најчесто биднуе. Као коа ќе налеташ на симпатијата ради која се потиш на минус 12, а ти само шо си ја дојал десетката со кромид и немаш мастика. Случајните работи се дешаваат случа….ех…ех…ете…еве го Емир на врата…другар ми од проперти департмент  и ме прекина…Па да…осум саат сабајле, ја уште не доручкуван, а тој ко по обичај доаѓа на чај-муабет. Емир е еден од ретките луѓе со кои можам со саати да седам и дискутирам на теми као курсот на доларот, за Нексус ил Галакси, зашто е Пандев бољи од Џеко, колку е просечна плата у Босна и каква е нивната макроекономска политика, каде се десил нов воен конфликт и дал има шанса да се отвори нова работа за контрактинг компании ко нашата или шо се десило у базава од последниот наш заеднички чај до сега. Да не речам чај трач парти…па скоро секое сабајле.

Иначе, млад момак…дваеспешест години…тазе женет, се ожени на предпоследниот одмор у март, редовен посетител на теретана, да не речам џим. Добар е у баскет, али стално го јадам зошо неколку пути со репрезентација ги мавнавме квалитетно. Тузлак, оргинален Босанец, чиј покоен татко е роден у Кичево, као дете на офицер на ЈНА. Ја уше го викам и Галичанец, пошто е малку тежок на трошење пари, да не речам ко змија да има у џеб. Иначе мој бест френд  у последниве година и неколку месеци. Али друг пут за тоа. Друго ми беше муабетот…

Се почна сасвим случајно. Као и што најчесто бидуе. Ја у тој период бев у фаза на обезбедуење егзистенција за моите најмили преку најпознатата и најзастапена транзициона професија кај нас(после кладењето и лепењето плакати пред избори) скопски таксист. Да се разбереме. Ја сум ти олд скул фраер, и шо се тиче работа, од работа, ени кајнд…не се срамам, нити се плашам. У моја кариера, сум поминал десетина различити работи, као берба на овошје у Грчка, газда на дуќани у мала трговија, кондуктер, дистрибутер на пиво, диџеј, софтверџија, до газда на радио и таксиста. Актуелнава работа што ја имам сега е најбоље платена, најлесна али …има едно али…..Авганистан бејб е тоа али…Ок…секој преферира лежерна работа(као оваа задњиве 3 години што ја имам)а добро платена, али…Не е изводљиво бе батка, баш секоаш.

Ја сум имал неколку ситуации у живот, од кои би можело да излезе сценарио на добар трилер, да не кажам драма ил краток документарец. Затоа и нормално ми е да коа треба да се обезбеди семејство…ќе работам се и сешто. Така и таксирањето у еден период у живот ми беше занимање кое поштено си го работев. У тој период често комуницирав со Драган, момак од радио браншата, со кој се знаев баш преку тој дел од мојот бизнис живот. Човекот имаше некои контакти  и  само шо заврши работа да оди на брод. Некоја ентри левел работа, у кујна или магацин, али дај шо ке даеш беше работата и за него. Тоа дружење ме наведе да пробам нешто у тој правец. Седнав, почнав интезивно да барам инфо по интернет, научив доста, спремив резиме и аплицирав на неколку места. Глеаш како едноставно изглеа? Се собра у една реченица, али се работи за непроспиени ноќи пред компјутер, зевање по форуми и најчесто без резултат.

И така, се деси….на 26 април 2008 у Скопје, у  Лисиче…кај мене дома. Сабота сабајле, у моето веце, при редовниот сабајлечки ритуал на празнење на дебелото црево. Ја сум ти еден од оние фраери кој за светските настани и домашните политички срања највише сака да се информира седејки на веце шоља.  За да бидам спремен ако случајно ми се присере од лигушите што си даваат за право да не трујат со нивните глупи идеи “каков треба да биде” нашиот живот. Најчество ничим изазвани, а као резултат на нивните  фрустрации од несреќно детинство и бубуљичава младост. Се кладам дека со такви типови никој не играл сервис, жмурка на топка или да сакал да мења стрипови со Текс Вилер или сликички од фудбалери од свецкото  у Аргентина  1978. Сто посто ниедна од женските у седмо не била среќна да биде повлечена за киката од некој од нив.

Значи, шо се деси. Ко шо знеме, ја сум ти роден контраш и нормално весниците никад не ги читам ко секој, од задна страна. Ја ти почнуем од средина. И  така…тој ден прво шо видов коа го отворив Дневник беше оглас. “КБР ве повикува да ја пробате вашата среќа и да ја искористите можноста за работа во динамична средина со можност за добра заработка и напредок во кариерата”. Хмммм…

Прво…пошо бев мамурен од висење по интернет, ова “динамична” ми се виде каo “драматична”, и си реков некој се зеза. После некоја година сватив дека и двете придавки одлично го опишуваат мојот престој у америчка  воена база наречена “ФОБ Апачи”, у југоисточен Авганистан. ФОБ(Форвард оперејтинг бејз) Апачи ти е мое живеалиште скоро три години. Овде пишуем (главно) за тоа. Од самиот почеток, на шољата у моето веце, у пролече 2008, па до денес. Преку Кувајт, Дубаи, Кандахар и 6-7 пути и 50 иљади километри натака-навака. Поминати се точно 3 години од мојот прв лет за Кувајт преку Истанбул, со план да стигнам у Авганистан. Ииии…. стигнав. Се после тоа  е историја.

Огласот ме изненади….Имав слушнато за КБР, знаев дека наши, главно кумановци масовно летаат за Ирак, па и за Авганистан преку таму некоја америчка фирма. Сум слушал дека таму живеат и работат у амерички воени бази. И дека кешот е сасвим ок, да не речам ту мач гуд. И толку. Не…се сетив и на оние тројца кумановци шо беа киднапирани и неколку дена ги имаше по сите светски вести. Жално…не ги најдоа никад више. А…шо знам…си реков. Ја, као прво, идењето у Ирак ил Авганистан , преку КБР го знаев ко топ сикрет. Ко некоја секта да беше у прашање. Ко илуминати ил масони да станале кумановцине…батка, на швалерка  не кажуеа детаљи, а не некој друг да дознае. Али…ова ме изненади.

Наеднаш.. сикрет ис ривеилд. Фирмата шо ги усреќи кумановци, допринесе да им се покачи цена на квадратен метар станбена површина(чак има и зграда у Куманово шо се вика Ирачанка, или Авганистанка беше)…фирмата шо омогучи еден куп нашинци да се рашетаат по светот(и добро да заработат), од Хјустон до Дубаи, Багдад ил Џибути(уз пут многу од нив се губеа по аеродромине, али тоа е друга прича). Фирмата шо напраи еден куп кумановки да се понашаат ко Холивуд бичес на Родео Драјв, беше тука, у Скопје…у Холидеј Ин. И тоа со оглас бара луѓе за работа. Сеа шо праиме….шо би рекол еден наш познат фраер…

Нишо…Истата вечер седнав и аплицирав. Тоа касние ќе се покаже као најголемата грешка која ја прави секој кој покушава да добие работа, посебно у странска фирма. Ја напраив и ја. Аплицирав без да се информирам доволно. Батка, тоа е ко да идеш на дерби, без доволно инфо и да улеташ на погрешна трибина. Ќе го јадеш. Траст ми…ми се десило и мене. Али тоа е друга прича. У оваа ситуација ја само го земав постоечкото резиме шо го имав за работа на брод и (без адаптирање=глуп напрај се дека си најбољи на свет) аплицирав на некоја позиција шо нема везе со резимето. Џабе после, продужив да висам по форуми и да читам и барам инфо уше поинтензивно. Идев пред Холидеј ин и висев пред влез као битолчанец шо виси пред скопска дискотека, али џабе. Кумановци си доаѓаа, си беа прозвани и си влагаа. Понекое време излагаа окезени ко њуби твитерџија коа влијателен ќе му ретвитне твит или ко тинејџер после прв петинг со малата. Батка..така си извисев едно 4-5  дена, и тоа касние ќе се покаже дека бил последниот пут кога КБР дошол у Скопје, а ја кикснав и тоа биг тајм, ко Лејкерси  сезонава у НБА.

У ствари…како беше она…секое зло е за добро…рибата смрди од глаата, ако не измила зуби, брат за брат-сирење за бурек…како беше бе…Неврмајнд, излезе дека у ствари и боље шо не ме викнале на интервју, пошо на крај на приказнава ја добив и боља работа и боља плата и 2-3 години поише договор. Учи се на туѓи грешки е правило кое го поштуем, али на свои грешки е најефективно. Ја од оваа ситуација излегов со еден тон информации, упознав неколку луѓе кои, касние ќе се покаже ќе имаат битна улога у авгантурава.

Продужуе…..

п.с. Чисто као инфо. Глеам дека има доста луѓе кои се интересираат за работа во странски компании. Овој блог пред 2-3 години имаше функција да објасни и да информира луѓе кои ги интересира контрактинг работа оф ени кајнд. Во тоа време масовно се отвараа слободни работни позиции и наши луѓе добиваа работа и доаѓаа у Авганистан. Не сакам да ме разбере некој погрешно. Лично на разни начини директно или индиректно сум помогнал да се вработат барем дваеаетина(бар за толку знам) Македонци. Некои уште се тука и уште сме пријатели. Некои не. Јас бев првиот Македонец во Апачи.

Следните 1-2 години дојдоа и си отидоа(си дадоа или добија отказ)од Апачи 15-20 Македонци. Јас сум уште тука. Единствен Македонец. Вкупно во Авганистан во мојата компанија нема повеќе од 200 луѓе од Македонија, и  веќе една година не примаат Европјани(у Авганистан нас не викаат Европјани, шо е малку смешно…нали). Во меѓувреме блогот продолжи да живее со други теми, ретко беше спомнуван Авганистан. Така ќе биде и понатака, само разликата е дека со овој пост продолжувам да пишувам за мојата Авгантура, за се што ми се случуваше во овие три и повеќе години. Без никаква намера да помагам или објаснувам вработување. Посебно што во моментов, бар во мојава компанија е неможно. Барем за сега…Али, никад не реци никад….Секогаш има нови договори и нова можност…Ова четиво и сите продолженија само можат да помогнат во собирањето на информации. Од мое искуство…информациите се најважни во оваа работа….