фудбал

Ај шишај ме ко Роналдо

Злато, кажуј што имаш да кажеш денес и следните триесет дена да не ти чујам глас, освен кога ќе ме прашаш дали сакам уште едно ладно пиво. Утре почнува Светско првенство во фудбал.“

Ајде сега признајте колку од вас во средата на 11 јуни сакавте ова да им го кажете на жените. Сакавте, ама да се биде маж не е секогаш лесно. Посебно знаејќи го фактот дека жените често се многу нервозни и опасни по околината. Ситуација која е најекстремно изразена во три-четири случаи. Кога имаат добиено, кога нема да добијат, кога онаа гускана од работа Роза, за свадбата на шефот ќе облече исто ко моето тиркизно хаљинче со гол грб и посебно кога има цели 30 дена фудбал на телевизија.

Рака на срце, а даљинското во другата рака спремен да го бранам како Русите Ленинград, морам да се признаам дека многу мажи храбро ко провладин новинар и дрско како опозициски експерт/активист го направија овој потег и на крај дебело им се исплатеше. Или само така се чинеше. Тактиката “шизик на ризик“ најчесто се исплати, освен кога СДСМ го бојкотира Парламентот а Филе ќе им откаже љубов и ќе им збрца нож во грб како некои бивши А1 новинари на опозициската кауза.

80-funny-pictures-740

А жените од друга страна реагираа во зависност од тоа колку ги чуле приказните на ниво на еротски легенди од постарите колешки со нивните предходни искуства со слични ивенти за некои таму исунчании набилдани Италијани кои трчкаат наоколу во шорцеви. Некои не доволно информирани а понесени од општо познатиот факт дека мажите во средни години се привлечни скоро како и работно место во државна администрација, се прелажаа и очекувајќи и надевајќи се дека фудбалот се игра до пензија а поучени од предходните првенства и посебно моментите на размена на дресови, мислеа дека пак ќе ги гледаат Баџо или Алесандро Неста. Со доза на алиби протест како кога центарфор ќе промаши зицер од 2 метри па после ќе се убие од карање со судијата за да добие корнер, така и тие “си легнаа на брашното“ и прифатија триесетдневно фудбалско “мачење“.

Други пак кои се потрудиле и изгуглале “Роналдо ужива на плажа“ или “Балотели повторно ги покажа стомачните“ на изненадување на посилниот пол без поговор прифатија и со две раце потпишаа да учествуваат во “тортурата“. Ама со додадена мала фус нота колку за тактичка финта “аман више од ова фудбалот ама ќе ти учинам и само ако те чујам да се жалиш кога со другарките од работа ќе одам на викенди у Грчка “.

Така им успеа трикот во исто време да излезат жртва, а плус да добијат убава шанса пак да го гледаат оној Шпанецот “како ли се викаше на Шакира мужот“ и да навиваат Португалија да влезе бар во полуфинале а Роналдо секој свој, па и туѓ гол да го слави со соблекување на дресот пред камера. Подоцна се покажа дека и двете категории на “напатени госпоѓи“ измачени од глупавиот фудбал и нервозниот маж кој никако да излезе од дома цел месец и плус мораат да му прават разни мезиња, додатно се “напалија“. Да, точно си пишува…“напалија“ а не “напатија“. Посебно откако ги видоа испотените млади Италијански фудбалери во новиот модел тесни стреч дресови. Чекај, чекај…фудбалот сепак бил интересен спорт. И ете ти ги дамите седнати пред телевизор окезени од уво до уво како навивачи на трибина кога ќе се видат на семафорот и ќе сватат дека пола свет ги гледа на телевизија.

А мажите? Па ние ете попусто се уште живееме во заблуда дека фудбалот е само наша “машка пасија“ и надеж дека барем во страста по трчање по бубамарата ќе се одвоиме и гордо ќе се издигнеме над приземните страсти на нашите госпоѓи. Ма тешко. Абе никако. Посебно одкога светот се смени и откако се повеќе фудбалерите личат на фото модели и манекени, манекените личат на девојчиња, а манекенките личат на дванесетгодишни момчиња. Ако не можеш да ги победиш…придружи им се.

Прашањето од почетокот на колумнава под притисок на околностите и извештаите од Пентхаус, или Фридом Хаус беше, сеедно…мутираше. “ Жено, ај седи да гледаме. Еве Хрватите пак ќе играат. Да де…оние што ги сликаа голи во базенот. Сакаш да донесам по едно пиво? Ај, а после ќе одам до теретана“

Една…

 

Го слушам колегава до мене на телефон збори. Изглеа куќа праи дома, има некои мајстори. Му објаснуе на другар му молерот за боја на фасадата…

”- Ало…ти реков фанта боја…Ф А Н Т А …тибам….абе не миринда..глеј бе….ја му викам фанта, а тој….абе нијанса као на оранж нешто, ко на Холандија дресоите.”

“ – Абе не им се плави, плави се коа играат у гости, дома коа играат им се ко Фанта. Е како бе не си ги гледал дома коа играат, па против нас играа. Тогаш коа на Жути само Сент Мирен или Сент Гален, кој беше… го заеба.”

“- Да, само ЕДНА го заеба за 30 и кусур иљади. Да….ја имаше прво јаче и не му ја дае….а ти…шо си запнал со таа миранда….лелееее”.

Појаснување за оние (мада сигурно не се многу) кои не се занимаваат со најзастапента спортска активност кај нас – кладењето.

-Сент Мирен и Сент Гален се некои градчиња вукојебини у Шкотска или Швицарска беше, кај шо има фудбалски клубови составени од водоводџии и поштари кои играат у седма Ц лига.

– ЕДНА ти е најголемиот непријател на сите кладионичари, а најголем пријател на сите газди на кладионици. Многу битен елеменат на социолошкиот моменат кладилница и легендарното…”ме заеба само ЕДНА”.

04.02eupol1
Најважната споредна работа во Македонија, кладењето ти е , батка, збир на општествено коцкарски активности поврзани со цело дневно зевање у билтен или телетекст, нарочито за викенди, а проследено со финансиска загуба на пари, и материјални добра. Прво, и многу често присутно, заборавање на дел од гардеробата, како чадор, јакна, џемпер или кеси од Веро и Кам Маркет у кладионица. Следствено на ова, а специфично за Аеродром и Лисиче, субјекат на губење/заборавање е адидас тренерка-ГОРНА. Кладење има значајно влијание у социолошко-фамилијарни односи у наши семсјтва. Посебно коа елементот ЕДНА ќе наступи на сцена. Тогаш материјалното (дал столица, дал прозор) најебуе и се претвара у филозофско прашање (кај ли да најдам пари за поправка/нов прозор).

428065_10151375168355176_203963580_a

ЕДНА, исто така утиче и на редовено упражњавање на брачни обавези. И у двата случаја, коа е присутна а и кога не е у питање, т.е. коа ја нема. Коа имаме утицај од “ЕДНА”, доаѓа до гореспоменатите нус појави(финансиско-материјално-филозфски) шо изазива настануење на принудна сексуална апстиненција под утицај на психолошката состојба наречена ЉУТА. Истата кај скопјани може да се сретне и дообјаснета со познатиот турцизам- ИФРИТ. Ова углавном настануе коа мушкиот партнер е тој кој е субјекат под утицај на ЕДНА, а женскиот партнер е ИФРИТ ЉУТА. У такви околности до упражњавање на сексуални активности нема ни под разно. Не помага ни обеќање за ванредно цело месечно усисавање на прашина и три пути прекуредно носење на аутото на перење. У случај коа женскиот партнер е оној кој ги забораил тренерката и кесите у кладионица, и подпаднал под утицај на ЕДНА, неаме сексуална апстиненција, т.е. на мушкиот партнер не му смета финансиско-материјално-филозфски моменат од кладењето И загубата, и истиот е увек спремен да упражњава брачни обавези. Секоаш и у секоја прилика. Со или без госпожата.

Неаме упражњавање на брачни обавези, да не речам секс и у случај да ЕДНА од кладионица не е присутна т.е. настануе ситуација позната као “фатив лифче” и доаѓа до значаен финансиски инпут у домачи буџет. Тука иаме ситуација на друг моменат исто така наречен ЕДНА, али у сасвим друг контекст. Мушкиот партнер приступуе кон прослава со најбољи другар преку социолошко друштвената активност наречена …”На по ЕДНА”. У зависност од место на живеење оваа активност се одвија или пред гранапче, или пред кооперација, а многу често и у било која биртија, по могучност у најближа, а трае док има од жутата, или док не дое време за дератизација и дезинсекција на локалот. И се така до следече коло, или до искачање на следна допуна на билтен. СРЕЌНО.

Мали, не лупај голмана

Пред 30-40 години, по Скопските маала редовно доаѓаа патувачки групи, нешто како подвижни забавни центри, ние со еден збор ги нарекувавме “рингишпил”. Секако, оваа за нас како деца невидена забава се состоеше од мал и голем  рингишпил, разни флипери и фудбалчиња…веројатно некое мало вовче кое се врти во круг…можеби една приколка за газдата, и персонал кој обично беше локален, од маалото.
Оваа изрека, или предупредување до нас како посетители обично го користеа сопствениците на масите со пластични фудбалери наредени на метални шипки, кои ние ги нарекувавме “фудбалчиња”. Исто онакво какво што имаа Џои и Чендлер од Френдс во нивниот апартман. Се играше двајца против двајца, еден играч играше со средниот ред и нападот, а вториот со одбраната и голманот.

И …деца како деца…кој подобар и поснаодлив, кој неспретен и спор во реакција, ама сите запалени по фудбалчињата, абе цел ден би останал да играш со нив. Скоро како кога ќе се качиш на комшиската цреша, и не се симнуваш се додека не те стегне стомак и мораш да истрчаш државен рекорд до најблиското веце, макар тоа било и кај комшијата.
Нејсе. Во жарот на играта, најчесто кога се играа тренинг мечеви, или на “онака”…кога напаѓачкиот дел од тандемот беше профи и си играше мајтап со противничката одбрана, ти како одбрана немаше многу работа. Како Касиљас, на пример кога Реал игра против Леванте. И во тие моменти на досада, се случуваше да си се “забавуваш” со бесцелно вртење на рачките од фудбалчето. Но…голманот беше така поставен, да за разлика од останатите три реда од тимот беше ограничен на полукружни движења. Така…вртејки ги рачките, голманот правејки само полукруг, завршуваше со силен удар во масата проследен со силен звук кој се слуша кога ќе удриш парче пластика во дрво.

FAS_Foosball_table_1

Ова беше моментот кој го активираше горе споменатото…”Мали не лупај голмана” Најчесто газдата, а понекогаш и персоналот на секој ваков звук, на ударот на голманот од ивицата на масата се активираше со оваа реченица. Тоа беше првата опомена. Ако продожиш понатаму со таквата активност…следен чекор е фаќање за уши…и исфрлање надвор од објектот, или местото , најчесто обично прашливо пољанче каде се поставени флиперите и фудбалчињата. Ако за време на оваа воспитна мерка се однесуваш бунтовнички и се обидуваш да му го споменеш женскиот дел од семејството на дотичниот чичко, тогаш добиваш “клоца у гз” и банирање од објектот во одреден период. Така настана …”Мали не лупај голмана”…Еден вид жолт картон за детските палавости.

Подоцна, ова го користевме секогаш кога некого сакаме да опоменеме дека прави некаква глупост, нешто забрането, некоја постапка која е надвор од нормите на однесување, или кога не е прав во кавгата, односно кога нема валидни аргументи. Најчесто се користеше при кавги или дури и обични дискусии, кога не се сложуваш со соговорникот. Не знам за други маала…ама кај нас во Лисиче ова е познато, и ние израснавме со оваа изрека.