Gosevski

Job well done

Ете….” Justice has been done”….како што вели Претседателот Обама. Најголемиот непријател на САД и на мирот Осама Бин Ладен е мртов. Човекот кој стои зад најголемите терористички напади на Американска територија е убиен при обидот на Американските специјални сили да го уапсат во близина на Исламабад, Пакистан. Пакистанските безбедносни сили помогнале со информации,а акцијата ја извеле Американските специјални сили.Целата операција траела 40 минути,и можно е да е убиен и еден од синовите на Бин Ладен, а уапсени се 2 од неговите жени и 4 деца. Job well done.

Безмалку после десет години од нападите на 9 септември 2001, правдата е задоволена. Ал Каеда остана без основачот, финансиерот и лидерот.

Добро…тоа се новинските извештаи, голите  факти. Што би значело ова практично? И што би значело ова за нас,овде во Авгантурава по Американските воени бази во Авганистан.

Прво, интересно…Осама живеел во вила во Исламабад , а не во пештерите во Авганистан. Попусто се плашевме од него…далеку бил. Шегата на страна. Ако е шефот мртов…не значи и дека организацијата е мртва.Секако, ова е голем удар за Ал Каеда, но не и крај.

Американскиот Стејт Департмент ги извести своите граѓани ширум светот дека се можни терористички акции против Американските граѓани. Се очекува одговор на Ал Каеда. Лошо…ова воопшто не е добро за нас овде.Ке видиме, времето ке покаже. Безбедноста е подигната на највисоко ниво.

Друго, веднаш почнаа реакции од колегите. Дали ова значи дека ке привршува ангажманот на Американските и НАТО силите овде? Дали и компаниите кои работат  ке имаат последици. Не. Нема никако да влијае на нашиот ангажман во Авганистан. Компаниите си имаат договори со Министерството за одбрана,и ке си продолжат со работа. Планот за повлекување на ИСАФ од Авганистан започнува во септември оваа година,но ќе трае до 2014. Со голема можност да продолжи и потоа.А LOGCAP IV договорот е до 2017 година.

Секако ова е важен историски настан,но се надевам ништо драматично нема да се случи со нас овде.

п.с.Драмата беше вчера кога Манчестер изгуби од Арсенал. Октај го искрши зидот од собата, а јас уживав. Што им требаше сега да го нервираат човекот пред пат за дома.

R.I.P. Барк

Повеќе од 6-7 години минала овде,во Апачи. Веројатно цел нејзин живот.Така ни пренесоа колегите кои беа подолго овде. Секогаш мирна, секогаш пријателски расположена. Освен кон локалните, Авганистански работници, и тоа оние кои повремено доаѓаат да работат овде. Нив не ги сакаше…постојано лаеше кога ке дојдеа во близина на бензинската каде работиме, а каде што таа живееше. Го штитеше својот дом.

Сите други беа за неа пријатели, посебно ние од бензиска. Пријатели повеке од 14 месеци колку сум овде. И сите колеги кои подоцна доаѓаа ја прифаќаа, а и таа нив. Имаше и други кучиња, доаѓаа и заминуваа. Таа беше постојано тука, дел од тимот, како член на семејството. Секое утро не дочекуваше со мил поглед и весело мафтање на опашот. Секоја вечер ја остававме со колегите од ноќната смена.

Неколку пати лошите луѓе се обидуваа да ја фатат, да ја отстранат од базата. Не разбирам зошто…никому не пречеше. Еднаш  ја фатија , ја однесоа…но таа се врати истата вечер. Не сакаше да го напушти својот дом.

Овој пат за жал успејаа. Не бев присутен, на појадок бев со Октај. Дошле неколкумина, ја нападнале во тесно, кај магацинот зад канцеларијата. Успеале да и стават инекција и да ја однесат. Ја нема од тогаш…веќе четврти ден. Беше стара,  уморна. Веројатно и здодеа да бега, веројатно почуствува дека и се ближи крајот.

Оаа го најдов некаде на интернет, убаво напишано за кучињата и луѓето.

“Грижи се за мене и кога ке остарам, оглувам, ослепам, кога забите ке ми паднат и кога ке бидам неподвижен. И за тебе некој ке се грижи. Староста е иста за сите. Испрати ме на мојот последен пат. Немој да речеш: не можам тоа да го поднесам или тоа нека се случи кога јас не сум присутен. Со тебе се е многу полесно, тоа ти е долг за верноста, за нашата убава младост.”

Мака ми е….многу ми е мака што не бев тука да ја испратам. А за лошите луѓе…се надевам дека нема да имаат ни пријатели ни живот, а ни старост каква имаше Барк. Знам дека таа сега е на подобро место, каде што нема лоши луѓе.

Колку е мал светот….

Ова се потврдило безброј пати досега. Да… и јас сум бил неколку пати сведок. Не само заради тоа што на едно мало парче земја како што е оваа база каде што сум, имам прилика да запознаам луѓе од Индија , Непал, Кенија, Авганистан, Сиера Леоне, Босна, Романија…

Една ситуација од пред некој ден уште еднаш ја потврди ова изрека. На работа ми пријде еден американец и гледам зачудено ме гледа , ме загледува во маицата и покажува кон неа. На маицата логото на Скопско, а типот ми вели…”еј…чекај…го знам овој знак….што беше ова…чекај…”…јас комплетно збунет, па едно  време му велам…”можеби си го пробал ова пиво некогаш”. Типот наеднаш скокна….”па да…па сум го пиел тоа пиво…живеев една година во Скопје…имав куќа во Сопиште…”, па почна да ми раскажува дека работел на изградбата на новата Американска амбасада во Скопје, и дека многу уживал во Скопскиот ноќен живот, па  бил редовен гостин  по локалите во ГТЦ и на Кеј. Се одушеви човекот што ме сретна. И самиот ми рече…”small world man…small world…”

п.с.  Добра реклама за Скопско…а…нема потреба за плаќање…само сигурно ќе уништам добра количина пиво кога ќе одам на прв одмор…ех бар да го има во Кувајтама ке морам да чекам до Истанбул…..

Во авгантура!!!!!

Или…..во 04.30 тргнуваме за Кандахар, Авганистан. Значи дојде и тоа. После сите овие среќни и помаку среќни настани во изминативе 65 дена од нашето прво доаѓање во Кувајт…следна станица е Кандахар. Мислам дека сме луѓе со најдолг процесинг во историја на овие фирми што работат во Ирак и Авганистан. Но заврши и тоа и сега следува она за кое се подготвувавме цело време. Со среќа на сите што заминуваат или заминале,или допрва треба да заминат во оваа Авган(истан)тура!!!!

BE SAFE!!!

Конечно…..ама навистина конечно…..

После подолга пауза и не објавување на постови, еве ме пак. Многу работи се случија од 12 јануари до денес. Да ви се извинам што неможев да објавам ништо…има доста причини за тоа. Но…

На 19 јануари летнавме од Скопје јас , Рамбе и Игор. Летот до Истанбул …ок…таму го сретнавме Исмет…и по некоку часа чекање влеговме во авион за Кувајт….ама…заради невреме…неможевме да полетаме повеке од 2 часа. И си отседовме во авион.Надвор …невреме…мраз и снег…мораа да ги одмрзнуваат крилата. Малку хорор ситуација…ама ајде се среди, и пак како минатиот пат касневме повеке од 2 часа.

Во Кувајт  сега нова ситуација, не носат во хотел Краун Плаза(еден од најдобрите во Кувајт, и нам ни е познат затоа што тука бевме неколку пати во декември и потпишувавме документи), не чекираат на рецепција….и не носат во соби…ама во зградата до хотелот. Таму се сместени сите вработени во хотелот и ние од нашата фирма(освен Американците).

Значи сместувањето слично како и во Мабула во декември, само нешто по лошо. Добро, нема да бидеме тука многу долго, како минатиот пат кога поминавме 35 дена. Околината е многу подобра, се е поблизу до центар, и има многу близу големи маркети и секакви продавници, за разлика од Мабула каде бевме по изолирани. И стандарно тргнаа работите.

Во канцеларија сите не препознаваат од минатиот пат, сите се френдли расположени  и сакаат да помогнат. Стандардно почнавме да се однесуваме како туристи и да си шетаме по молови и шопинг центри. Само еден ден имавме предавања околу фирмата и нашата работа. Но….

Се случија  некои проблеми околу нашите резултати од декемврискиот лекарски преглед. Тогаш бевме 4 пати во Бритиш клиник. И добивме потврда од директорот дека е се ок со сите нас. Но…тогаш беше друга фирма, сегашната наша фирма ги прифати тие прегледеи…ама…некои работи не им се допаѓаа.

Најпрво на Рамбе му побараа да направи нов тест за маларија(на првиот имал лош резултат), а по ден два  рекоа дека има шеќер. И малку нервоза кај нас…можно е да го вратат дома. Следниот ден и на сите ни рекоа да одиме на килника уште еднаш и да добиеме една ревакцина, а мене да ми проверат притисок(минатиот пат ми бил на граница на дозволено).

И така на проверката и овојпат се појави висок притисок кај мене(работа заради која те враќаат дома). Докторот ми даде неколку совети и вели се гледаме за 6 дена. Можеби најтешките денови за мене досега. Рамбе(го завикавме Шугар бејб) доби добри резултати за шекерот, а јас шест дена бев на строга диета(само овошје и малку зеленчук, 5-6 литра вода дневно…многу лук и ништо друго, ама навистина ништо).

И Исмет ми се придружи неколку дена.Конечно….на вториот тест, резултатите одлични, докторот вика се “се гордеам со тебе”. Поминав…….

И сега за два дена завршивме се останато….и потпишавме конечни договори. Официјално сме вработени, со сите привилегии и должности, и почнаа да се бројат деновите до прваа плата.  Нашите стари колеги од денес почнуваат да доаѓаат тука…сите ке бидат за некој ден овде. Сега сме што велат ready to fly…очекуваме вечерва да летаме за Авганистан. Конечно…..

п.с.Овојпат немам слики(имам нешто, ама се во мојот телефон…можеби друг пат…)